Па тоа е нашата држава. Алачки не доби кривично иако уби старец ама затоа родителот ке добие кривично бидејки несака да вакцинита дете-апсурд. Колешката моја не го вакцинира детето.Има 5 год и досега не добила покана за суд.Значи на кој како ке му се посреќи.
Cekajte malku, jas ako dobro procitav krivicnata e za gradinka koja nema da zapise nevakcinirano dete, a ne za roditelot. Inaku i jas poznavam lica cii deca ne se vakcinirani so nitu 1 vakcina i nikogas ne dobile ni opomena.
Joy, ova od linkot na yarre li? Navistina nabrzina go citnav ama kako sto vidov na kraj zatvorskata kazna e spomnata za vraboten oe gradinka koj ke bara potvrda deka e redovno vakcinirano deteto, a ne za vakcinalen status ili ako nema da se zapise nevakcinirano dete zatoa sto e storitel na 2 krivicni dela: nesovesno rabotenje i vrsenje diskriminacija.
Не е од него. Подолу членката правничка напиша дека волонтирала во суд каде имало доста кривични за родителите кои не вакцинирале редовно.
nie se zapisavme vo Bitola vo gradinka i nemavme problem so vakcinite.Ustvari moeto dete e vakcinirano do 6 ili 7 mesec starost ,a potoa ne samo me prasa doktorkata koga ja zapisuvav dali e vakcinirana jas i kazav kako sto e i mi rece vo red nema problem.Taa samata mi rece neznam sto im e poentata na roditelite cii deca se vakcinirani,a se plasat od nevakciniranite deca. (ova e van temava ali ako ima nekoja majka od bitola me interesira za gradinkata koca vasileva neka pise u licna poraka)
Што правите.со.поканите кои ви ги праќаат од здраво дете,дали имате последици со невакцинирањето штом сте од.битола, бидејќи нели.се.најголеми токму тука.притисоците?Дали ќе продолжите со вакцинацијата?
Od Skopje sme momentalno ziveme tuka,a do sega mi stignaa dve pokani za vakcinacija i tolku bese. Ne poveke ne ja vakciniram pozz.( kako bese za kirilica da pisuvam sum zaboravila )
pravnicka2, го виде ли линкот што го постирав ? Го виде ли дописот од Мин.за здравство, ( втора страна ) ? Да тоа е детската дискриминација е здодело, и не смее никој вработен од градинката да врши таква дискриминација Браво за доблесната докторка од Битола. Уште еднаш, согласно овластениот државен вакцинирач ( втора страна од дописот на линкот ), Министерството за Здравство, ниту една друга институција не е надлежна за прашања околу вакцините. Градинките НЕМААТ никакво законско право да бараат, ниту имаат некакво упатство од Мин, за Здравство. Напротив. Alt+Shift
@yarre Ова известување е од 31.08,2015 година како што прочитав.Значи јас ти зборувам за период пред 6-7 месеци. Сега може работите се изменати.
↑ krivicni? pa toa e golemo zlodelo!!! Да тоа е детската дискриминација е здодело, и не смее никој вработен од градинката да врши таква дискриминација @yarre pravnicka2 spomna deka koga volontirala deka imalo krivicni za roditelite na toa mislev vo postot. Jas pretpostavuvam deka bile prekrsocni, no se e mozno.
pravnicka2, Известувањето е од 31.08.2015. Тоа известување не е промена која настанува од 31.08.2015 туку информација која ја информира тековната состојба каде што јасно се вели дека градинките не се во надлежност на Министерство за здравство. Тука мешаме 2 работи. - Постапки кои се водат и ги има против родители кои не вакциирале за кои ти не информираш, за кои не знаеме резултат. Се додека не добијат финална завршница може и да се милион случаи. Јас на пример знам за многу случаеви каде системот прекинува постапка уште во случајот на „порамнување“ особено кога родителот точно го знае своето право, кое согласно тековната законска регулатива може да одбие вакцинирање. - Твојата констатација „со закон мора да ти биде вакцинирано бидејќи нема да ти го примат во градинка“, што како правник приправник е мноу дезинфомирачки и се надевам дека во твојата понатамошна пракса, како правник, адвокат, или судија, прво ќе провериш по законите, па ке се изјасниш.
Кривични беа,баш и за тоа дискутиравме во судот. Санкцијата беше парична казна или казна затвор до три години. Не само во мојата пракса како правник туку и во мојата пракса како родител.Мислам дека напишав погоре-Кога го запишував детето во градинка,ми побарај потврда од советувалиште дека е редовно вакцинирани и убаво ми кажаа дека доколку не му ја донесам потврдата за редовна вакцинација нема да го примат во градинката.Е сега во секоја градинка може е различно,јас го кажувам моето искуство со моето дете. Инаку колку што знам јас само се изјаснив за случката која беше настаната односно постапка пред суд за невакцинирано дете која незнам како заврши бидејќи убаво кажав не присуствував.Ако сакаш верувај ако не игнорирај.
Еве јас како знам: да, треба да однесеш потврда за вакцини, дали и кои се примени. И може да не ти го примат ако немаш било каква потврда, папирче, нели поради некомплетна долументација и сл. Ама ако однесеш и папирчето вика дека детето нема примено вакцини (постои ова? не сум баш сигурна) тоа не смее да биде основ за непримање во градинка. Сигурна сум дека градинките прават вакви глупости, ама не смеат, и тоа ретко кој родител го знае. Спискај таму да видиш како ќе зацвичат одма. Они играат на таа карта, да мислиш дека е по закон
pravnicka2, Јас не го оспорувам твоето искуство како родител. Но ти тука настапи и како правник приправник. Спомна искуство дека ти барале потврда при упис во градинка, а тоа го надогради дека постои закон, кој ете не постои. Градинките не се пазарски тезги па секоја да има свој аршин. Аршинот е ист за сите. Не смеат да бараат, а тоа се поткрепува и со дописот од министерство за здравство ( патем одличен документ во пропратната документација за упис на дете чии родители одбиваат вакцина, при упис во градинка ). Не се работи за неверување или игнорирање, немам причина да не ти верувам. Секако дека постојат постапки против родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Предничат судовите во Битола, Берово и Кавадарци. Магијата е сознавањето на правата кои ги има секој родител, а тековната законска регулатива тоа му ја овозможува, односно одлуката за вакцините да биде стриктно негова. За жал системската поставеност е таква да родителите мораат на суд да ги докажуваат. Јас само прашав по кој закон се раководиш ти, не како родител, туку како правник. Се останато и овлаш кажано е само груба шпекулација и непознавање. Те молам немој да шириш дезинфомрации за непостоечки закони, особено како правник приправник
Закон за заштита на населението од заразни болести Член ЗЗ Имунопрофилакса се спроведува со вакцини (вакцинација) или со примена на специфични имуноглобулини (серопрофилакса). Вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус инфлуенца тип Б (Хиб) и вирусен хепатитис Б. Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис. Прочитај во законот,не можам се да ти цитирам-на работа сум
@yarre Да се надополнам,види став 3 Закон за основно образование IV. ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ Член 45 (1) Детето со поаѓањето во основното училиште стекнува статус на ученик. (2) Ученикот ја следи наставата и учествува во другите активности утврдени со наставниот план и програми за основно образование и воспитание. Член 46 (1) Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година. (2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. (3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. (4) Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување. (5) Основачот го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците.
@pravnicka2 1. Јас добро го познавам законот за заштита на населението од заразни болести. Како и секоја друга медицинска интервенција ( како што е вакцинацијата ) пациентот односно неговиот старател има право да ја одбие спрема Законот за здравствена заштита, согласно лична или верска определба. 2. Ти кажа дека градинките со закон бараат доказ за примени вакцини. Јас за тоа ти препишувам дезинформација, бидејки таков закон не постои, дури и Мин. за Здравство се изјаснува дека тоа градинките не треба да го прават. 3 Основно училиште. Да, постои барање да се приложи вакцинален статус ( односно препишано од порано школите љубат да кажат - Потврда за примени вакцини ). Тука има квака, која ја користи само оној кој знае. А тоа е дека школото бара, но нема правно дејство, односно во законот за образование не стои дека детето нема ( или не смее ) да се запише ако таква потврда не се донесе. Така на пример се запишани моите деца, и еве успешно без икаков проблем се одбиени вакцините во прво и второ одделение. Според законот за основно образование, член 46: „(2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.“ - Ова само значи дека треба да се достави соодветен документ за вакцинскиот статус на детето, во никаков случај не и дека детето мора да биде вакцинирано за да биде запишано. Училиштето е должно да Ви го запише детето ДУРИ и да не доставите таков документ (картон за вакцини), и тоа е сосема јасно наведено во следниот став од истиот член: „(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.“ Законот не го условува запишувањето со ништо друго освен со реонот, и притоа законот НАЛОЖУВА запишување под закана за глоба доколку училиштето не го стори тоа, наведено во член 172, став 1 : „Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако : (алинеја 16) - не ги опфати учениците од својот реон“ Доколку немате такво картонче, давате изјава дека таков картон детето не поседува, бидејќи не е вакцинирано до сега, доколку сакате да задоволите суети кај комисијата за упис, но тоа не морате да го сторите, бидејќи нема законска санкција доколку не го сторите. Фино си ги нашла законите, но со оглед дека не те интересира, само си ги препишала а не си ги проучила нивните правни лекови.
Дефинитивно не се разбираме! Сакав да кажам дека вакцинацијата е со закон задолжителна за определени вакцини,а не дека има закон со кој управата на градинката е овластена да ти бара потврда за редовна вакцинација.
Благодарам на појаснувањето. Ти напиша вака: Со закон мора да ти биде вакцинирано бидејќи нема да ти го примат во градинка Ниту едното ниту другото правно не се издржани, нема тука недоразбирање. За второто видовме дека нема законска регулатива а за првото ти го објаснив погоре, ама ајде вака подробно. Во нашата правна регулатива, Законот за заштита на правата на пациентите (сл весник на РМ 82/08, исто така е усогласен со начелото на информирана согласност, и го отфрла патерналистичкиот приод. Во член членот 3 во ставовите 1-4, јасно е ставено задолжението за почитување на определбите на пациентот: Заштитата на правата на пациентите се заснова на начелата на хуманост и достапност Начелото на хуманост се занова на: 1) почитување на личноста на човекот како хумано суштество 2) почитување на личната самоопределба 3) физичкиот и психичкиот интегритет на личноста, како и сигурноста на човекот 4) почитување на приватноста на личноста Начелото на информирана согласност е вкључена во законот во член 6 став 1 : „Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција“ Вакцинирањето Е медицинска интервенција и тоа според член 4 став 2: „„Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активностсо превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација штоја презема овластен здравствен работник.“ Правото на одбивање на секаква медицинска интервенција е нагласено и во член 14: 1) Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица. 2) Прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција пациентот го изразува со потпишување на изјава. А дека тоа може да го стори и родителот за своето дете се содржи во член 15 став 1: 1) За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа без негова согласност, за деловно неспособен или малолетен пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата од член14 од овој закон ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот. Според член 7 од истиот закон лекарот е ДОЛЖЕН да го информира пациентот за сите аспекти на предложената интервенција, како и за неговите права: Пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде потполно информиран за: 1. својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена нарезултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзинитенајчесто очекувани компликации; 2. препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно спроведување (програма за третман и рехабилитација); 3. можните предности и ризици при спроведувањето, односно поради неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции; 4. своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции; Несомнено тоа информирање треба да се оствари со цел пациентот пациентот да ги добие неопходното количество информации за да може да ја донесе својата одлука, дали ќе ја одобри предложената медицинска интервенција (во дадениов случај вакцинација) – информирана согласност, или пак ќе ја одбие. Од правна гледна точка, вакцинирањето без информирана согласност може да се смета како ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА!