Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Аутизам не може да добие од било што, може од вакцината.

    Кој ве лаже дека ќе се вратат прастарите болести?
    Кај мене не се вакцинира од тбц веќе скоро 60 години, нема ниту еден нов случај на тбц во тие 60 години, од полио не се вакцинира 5 години, нема нов случај, ниту пак епидемии како што го залажуваат народот.


    Во амишката заедница има спровдено повеќе научни студија и на основа на тие студија е докажано дека нема ниеден случај на аутизам во нивната заедница.
     
    На galapce, mama89, papillonP и 4 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.390
    Допаѓања:
    103.194
    Пол:
    Женски
    Ако не одат на лекар не значи дека не постојат, види јас 3 години не сум се појавила на лекар освен за бременоста па сум живо суштество и тврдам дека сум поздрава од претходно кога киснев по ординациите. Тоа е народ кој е исто така подлежен на истражување поради нивниот начин на живот.

    Недајбоже да те снајде судбината на родителите на деца со последици од вакцина па да те видам дали ќе го дадеш во институција да живее како билка или ќе се бориш за него со сите сили. Според тебе треба секое второ дете да се стави во институција, оти толку деца се со некаква дијагноза во државав. Седи си трај си и свиркај си дур не те снашла бељата, недајбоже да те снајде. Нажалост запозната сум со многу судбини на дечиња со пп, ретки болести или синдроми, на ниеден од родителите не им текнало да си го остават на милост и немилост на институции па се борат со фондови, комисии, конзилиуми и суетни доктори за да си го спасат детето. Па така еден Цако со Даунов синдром пали и жари на светско ниво и покрај својата состојба, пишува поезија, говори на светски сцени, води емисија и е досега единствениот студент со Даунов синдром кој кај и да е ќе дипломира. Тие се луѓе како нас, без разлика дали е вроден синдром, ретка болест, ментална попреченост или последица од вакцина.
     
    На galapce, Moira, mama89 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    МОЕ МИСЛЕЊЕ.
    Потенцирано.
    И јас си имам читано мои работи и јас си имам свои заклучоци. Точка.
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.428
    Пол:
    Женски
    Како е една приказна?
    Сама прееска напиша дека мед персонал не носи никаква одговорност спрема личноста која се вакцинира.Па таа зема плата само за боц боц?Или е платена за да се грижи за пациентите?А што подразбираш под грижа?
    Нега на пациент,предупредување од можни ризици,земање анамнеза..тоа нели е нивна одговорност?
    Можеби кога би се погрижиле сите околу тоа не би имало ни толку нус појави при вакцини.

    За да се знае дали дете е целосно здраво треба систематски преглед ,да се земе во предвид дали скоро пиело антибиотик или не,дали има алергија на било што.Штета што се послабо се практикува тоа по здравствените установи
     
    На Eli23, stefanija70, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Не ми ги извртувај зборовите. Должна е да информира што и како треба, да посоветува според она што е докажано, а не според како на неа и се чини. Да објасни што е придобивка, кои се ризиците. Итн.
    И јас сум оштетена од мојот матичен доктор. Но тоа што матичниот доктор е незаинтересиран, не значи дека вакцините се лоши.
    Ни антибиотик не се пие туку така, ни анестезија не се става туку така.

    И на крај, и од пеницилин се умира, никој не знае дали некогаш во животот некој ќе стане алергичен. Па употребуваме пеницилински лекови.
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.428
    Пол:
    Женски
    А со оглед на тоа дека НЕ не информираат автоматски превземаат одговорност сакале или не.
    И дај престанете да се убедувате едни со други.Случајот на керка ми е со тапија и со печат затворен и потврден од хрватски лекари дека вакцината штета направила.И несакам повеќе да дискутирам празни муабети.
     
    На Eli23, stefanija70, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Јас не сакам да терам муабети кога е некој лично засегнат и субјективно ги гледа работите.
    Посебно не на јавен форум.
    Но бидејќи сама спомна - што конкретно е дијагнозата? И колку такви случаеви се појавени статистички?

    Би преземале ризик само кога на родителот ќе му се одземе правото да одлучува и да биде задолжително вакцинирањето. Сега за сега, во РМ може да не се вакцинира, затоа и не може да бараме одговорност. А ако е задолжително и се нема право на избор, тогаш да.
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Добро ај нека го направат задолжително, каква одговорност после би превземале?
    Ќе го чуваат болното дете, ќе го лекуваат, што?

    Или пак ќе убедуваат дека нема врска нованастаната болест со детето, може ќе фрлаат некој денар и ќе си продолжат да си боцкаат.

    Инаку чим има казни, судски те теретат значи е задолжително, ти што предлагаш да им се упаѓа дома на тие што не вакцинираат и со сила да се вакцинира?
     
    На stefanija70, galapce, slobodka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Еднаш го поставив прашањево но не добив ниеден одговор, па да се обратам повторно.
    Ме интересира, дали оние коишто се против вакцините и не ги вакцинираат своите деца, не ги вакцинирале со ниедна вакцина досега или се работи за одредени вакцини?
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Па познавам доста луѓе кои не вакцинираат и не се казнети.

    Но, по однос безбедност на вакцините, ако зборуваме објективно, според сите статистики, дефинитивно е многу побезбедно да се вакцинира, отколку да не се вакцинира.

    Инаку нешто најдов како пример, не ја знам позадинската приказна, но факт е дека е real life scenario.
    [​IMG]



    Како поинаку би ги заштитиле оние кои сеуште немаат створено имунитет, или оние кои боледуваат од болест која ги спречува да бидат вакцинирани?

    Да не зборувам за НИТУ една единствена студија која го докажала постоењето на врска помеѓу аутизам и било која вакцина.

    Меѓутоа, веројатно освестувањето и согледувањето на вистинската објективна слика ќе биде во оној момент кога бебиња ќе почнат да умираат од нели, болести против кои нивниот имунитет треба сам да се избори.

    Со оглед дека е 3 ипол и ми се спие, набрзина изгуглав статистички како сето ова изгледа, a да не биде некоја точка.мк статија.
    http://www.hrsa.gov/vaccinecompensation/

    Вака Америте пресметале.
    http://www.hrsa.gov/vaccinecompensation/data/statisticsreport.pdf

    Станува збор за колку има пријавени случаеви на повреда од вакцина.
    Еве неколку ќе издвојам.

    DTaP, на администрирани 83,052,184 дози, пријавени се 202 случаеви. Во проценти, помалку од 0,5.
    MMR, на администрирани 80,115,475 дози, пријавени се 173 случаеви.

    Ризик поголем имате од многу лекови кои се даваат (и ги давате) на децата, а и сами ги консумираме.

    Јас нема потреба да објаснувам повеќе на темава, освен ако некој не се потруди да ми понуди бројки кои го побиваат мојот (и оној на СЗО) став.
     
    Последна измена: 16 април 2016
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.390
    Допаѓања:
    103.194
    Пол:
    Женски
    Имаш и такви и такви, зависи од родителот. Јас не да вакцинирам воопшто додека сестра ми прекина по МРП, а знам и такви кои ставиле само во родилиште вакцина.
     
    На papillonP му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.238
    Пол:
    Женски
    Аκо НЕ ваκциниρате воопшто, дали тоа тρеба да го нагласите и да ви биде заведено во мајчина κнишκа или шо знам... зошто еве јас тρите пати κога се поρодив нит ме пρашаа, нит ми κажаа, едноставно на ливчето на отпуст си пишуваше κога е пρимена ваκцината.
    Најмалиот ми е тρи месеци и не сме пρимиле од новите сеуште, последно ни ја одложија поρади што имаше бρонхопневмонија, да помине мин. еден месец.
    Κρвна слиκа сеκогаш им пρавам дента κога ги носам за ваκциниρање, исκρено нит ми побаρале а и матичната со тρиста молби ми дава упут:envy:
    Сеκогаш доκтоρκата пρегледува и κажува κоја ваκцина е и дали има/ нема ρеаκција.
    Сестρите κои боцκаат κонтаκт остваρуваат само аκо случајно се сρетнеме со очите(facepalm) мене само ме плаши дан дадат гρешна ваκцина ( имаше случај сκоρо κај нас, со мајκата лежев на детсκо). Значи тρеба очи отваρањ внимание од таκов фаκтоρ-човечκа гρешκа или без анализи да се ваκциниρа.
    Лично мене ми се случило со κонκρетна κ.с. педијатаρ ми вели не ваκциниρај почеκај, таа на диспанзеρ вели може да ваκциниρаш одлучи си ти:^) абе јас не сум доκтоρ!!
    Сум ЗА, ги ваκциниρав и ќе пρодолжам.
    Само тρеба очи отваρање

    И би ρедаκтиρала само едно пρашање до сите, а особено до @CameliaMiller κоја спомена погоρе ( се знае κое дете не е за ваκциниρање) ноρмално κога е болно или неκои ислκучоци да не навлегувам... κонκρетно за здρаво дете со κρвна слиκа - на мое баρање пρавиме, обична од пρсте, доволно ли е? Еве κонκρетно κај тρите мои деца од ρаѓање до сега (5 год, 3 год, и 3 мес)на κρвната слиκа сеκогаш линфоцитите се повишени и сеκогаш оκолу 70%. Офф топиκ сум може, ама тоа ме буни, сρедниот син ρади тоа често ми го пρезаκажуваа за ваκцина, дуρи и на хематологија сме биле за ρазмасκа и паκ одговоρ не сум добила ( само ми јавија телефонсκи со вρедностите и толκу) извинете за офф топиκ ама може неκој ќе ме насочи
     
    Последна измена: 16 април 2016
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Бубале, ќе ти одговорам најдобро што можам, но не сум ниту јас доктор по професија.
    Најчесто покачените лимфоцити значат дека организмот се бори со некоја инфекција.

    Но, причини за невакцинирање најчесто се: претходна алергиска реакција на вакцина - што е и најчестата нус појава, детето да не биде болно/да не прима антибиотици во периодот на вакцинација. Најчесто се алергични на неомицин, но бидејќи веќе примале вакцини и немало алергиска реакција, не би требало тоа да ти е грижа.

    Други ситуации кои не се однесуваат на тебе, се кога детето боледува од некоја болест, како канцер, ХИВ, прима стероиди..

    Ако твоите деца се генерално здрави и во периодот на вакцинација не се болни, не би требало да има никакви посериозни реакции, освен нормалните - висока температура или оток.

    Ова се информации кои матичните педијатри треба да ви ги кажат, и не можам да поверувам дека ни крвна слика не бараат. Покачените лимфоцити не пречат за вакцинација, доколку нема и други симптоми, но намалените тромбоцити пречат.
    И јас би правела така - барем 1 месец да е здраво, и дента да има добра крвна слика.
     
    На Pcelka94 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Камелија, што е, страв ти е само твоите деца да не го превземаат ризикот од администрирање вакцини? :)
    Опушти се, вакцинирај си и спиј мирно, за другите не бери гајле, зошто не берат ни најголемите и најјаките држави во светот, секаде постои и се прифаќа Изјавата за невакцинирање на различни основи.
    Со среќа на сите во борбата, се уморив веќе од секакви објаснувања :)
     
    На kjukli, bittersweet, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Јас немам свои деца.
    Цело време се обидувам да разговарам со издржани работи, но тоа е залудно кога никој не ја гледа пошироката слика.
    Ниеден доказ не постои за аутизми и слично, но на крајот, кој во што сака може да верува.

    Инаку, статистички, тешко дека само моите невакцинирани ќе останат.
    http://www.cdc.gov/mmwr/preview/mmwrhtml/mm6341a1.htm
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Kако не постои корелат помеѓу тешки болести и вакцините?
    Самата ги изгугла статистиките од СЗО или кој да беше, на толку администрирани вакцини, толку реакции и бидејќи испадна помалку од 0.5% не било страшно.
    Прашај ги тие родители чии деца се во тие 0.5% дали е страшно или не, да си однесеш здраво, право дете и после цел живот да чуваш болно дете.

    Аутизам немало во времето кога требало јас да се вакцинирам, не сум вакцинирана затоа што татко ми не сакал да ми се вбризгува непотребни отрови во организмот, освен за Хеп-Б кој ги примав на работа никоја друга вакцина не сум примила.
    Брат ми исто не е вакциниран оди со доктори без граници во најзагадени, најсиромашни делови од светот па од ништо не се заразил, а и вероватноста да го штити вакцина која ја примил пред 30 години и повеќе се еднакви на нула а ако не те штити тогаш која е потребата воопшто да се прими?
     
    На galapce, Tajnaotrovna, Pcelka94 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Значи Битер, реков и во претходниот пост.
    Додека не покажеш црно на бело една студија која заклучила тоа што го зборуваш, ќе си правиме рекла казала муабет.
    И размисли што ќе правиме со 5 месечно бебе со туберколоза, рубеола, заушки...
    А статистика ќе ти извадам ако сакаш и од сообраќајки. И од многу други работи. Со многу пострашни проценти.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.390
    Допаѓања:
    103.194
    Пол:
    Женски
    Ами на 5 месеци бебе не е заштитено од рубеола и заушки воопшто, на 13 се вакцинира, за твц не сум сигурна кога беше точно. Што до 13 месеци?
     
    На kjukli и joy1 им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.940
    Па тоа е смислата на колективниот имунитет.
    Детето од 5 месеци да нема од кого да префати. Зависи од нас и нашиот имунитет.
    Можеме да бараме статистика на сите овие пред 30-50 години, и сега.
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Кај мене не се вакцинира за ТБЦ веќе 60 години, нема колективен имунитет, нема ниту заболени и сега чему вакцината.
     
    На kjukli, Annath и joy1 им се допаѓа ова.