Ме зезаш така? Ако е смислата таа и на 13 и после 13 нема да прифати. Што моето дете и децата на тие ко мене претставува закана за општеството? Зошто тој колективен имунитет не работи? И убаво ти рече Битер, за тебе нула кома нешто не е бројка, ама во таа нула кома нешто е мојата внука, знаеш колкава голема бројка за мене е таа? Ко планина. Ако нема студија за поврзаноста, а има само не можам да седнам на пц да ти оратам, како тогаш нашите деца добиваат пемпеле од Европски болници дека нивната состојба е последица од вакцина?
Ок, ТБЦ на страна. Останатото? Сериозно Битер, дај или со бројки да збориме, или ич да не збориме. Вака е без везе. https://science.education.nih.gov/s...ics/guide/teacher/Mod2_disease-occurrence.pdf Еве малку статистика, 1997-1999, и период помеѓу 2001-2003та година. Ова е за САД.
Како не работи, објасни се. Еве ти официјален линк погоре, еве ти сликичка. Не навлагам во што ако муабети, затоа што ти што ќе правиш ако утре некој детето ти го киднапира од пред куќа, или од школо? А ако шлепер ви ја удри колата додека возите? Тие споредби не се релевантни и немам намера да ги дискутирам. Бидејќи, и јас на мојата мајка сум тој промил, па ете и од дома искачам, и антибиотици пијам, и кола возам, и вакцини примив, и многу други работи. Ништо и никој не ти гарантира 100% безбедност од се. Стакленото ѕвоно е измислено, иако ти е субјективно тешко тоа да го прифатиш. Не дискутирам повеќе со што ако. Или сериозни прашања, или со другите членови дискутирај на таков начин.
Се дур децата ги гледаш како бројки нема да не разбереш. И еден единствен изолиран случај во цел свет да е, за мајката е најважен и најстрашен и од тука почнува се. Јас сум убедена дека вакцините со кои сме се вскцинирале ние и овие сега не се истите, не е истиот состав, не е исто ништо, од таму и сите тие последици кои порано на прсти се броеле а сега се секојдневие.
Имаш право не се. Овие се далеку побезбедни. За почеток, и таму кај што имало жива, веќе ја нема. Ако некоја болест не ја знаеле пред 100 години ( и пред 20) не значи дека не постоела. Знаеш, многу работи се открија минативе 20 години и многу работи се поуспешни. Тие пемпелиња убаво сподели што се и како се. И извини, ама пак ќе кажам - ќе дојде ден да почнат да умираат деца од заборавени болести, тогаш ќе сфатите.
Не сум статистичар по професија па да зборам со бројки, гуглањето статистики ми е губење на време, тоа што го знам е од лично искуство и искуство од најблиските, тоа ми е доволно за да се определам против вакцините. Не ми требаат ни статистики за да го променам мислењето во однос на вакцините, не се образувам од гугл, статистики итн, не викаат за џабе прашај паталец а не гаталец, ете тоа ми се статистиките со бројки вакви такви, гаталец. И еве уште ово, се прима вакцина за тетанус така, зошто при секоја повреда прво ти ставаат тетанус, нели си заштитена или бидејќи нема никаква трајност значи не те заштитува мора повторно да се прими, повторно тогаш која е потребата на бебе да му ја даваш вакцината.
Ти си знаеш, што да ти кажам? Науката не е на твоја страна, ако тебе не ти се релевантни овие информации, и да ти нацртам исто ќе е.
Науката е баш на моја страна, светски реномиран научник имам во семејството која што предава на 5 реномирани универзитети по светот, се бави со генетика и не си ги вакцинира децата (свекрва ми) , професор на медицински факултет (татко ми) не ги вакцинирал децата, брат ми, мм, доктори, децата не вакцинирани......статистики не ми требаат, не мора да ми црташ, нацртано ми е веќе ама против а не за.
Тврдам дека не се побезбедни, во прва прилика ќе ти пратам цели студии да се увериш. Јас исто ко Битерка не сум баш вична во пребарување ама имам пријателка која ме снабди со куп материјал кој јас и го побарав и доволно беше. Јас не убедувам никој да не вакцинира, за разлика од тебе, јас само го бранам мојот став зошто не вакцинирам јас лично, е тука е основната разлика меѓу нас секташите кои не си ги вакцинирсме децата, така не нарекувате, и оние кои се за вакцини и се убедени дека моето невакцинирано дете е закана за нивното кое патем и е заштитено од тие болести, чуму паника? Разбери, само го бранам моето дете од нуспојави наведени во СЗО, со ситни мали букви ама наведени и постојат, за кои ти негираш дека постојат. А пемпелињата се медицински досиеа од еминентни европски доктори кои докажуваат дека Ј***** има епилептични напади после примена ДиТеПер, Н***** има дијабет тип 1 после примена ММР, М**** исто ко Н*****, Л*** исто ко Ј*****, И**** има автоимуно заболивање и аутизам по примена ММР... Тие се дечиња кои се во моето најблиско опкружување. Тие не се промили, проценти и научни статистики, тие се деца за кои секој ден душа ме боли и срце ми се кине, извини што ќе бидам субјективна и нема да си го вакцинирам детето. Мене студии и статистики од тука натаму ама ич не ми требаат.
Студии нема ниту еден од нив направено, не им е тоа област на специјалност, ниту пак се адвокати против вакцините, едноставно познавајќи го составот, трајноста, одбиваат да си ги вакцинираат сопствените деца. Тоа ти е како гинеколог хирург кој одбива да прави абортус, негово право, не значи дека ќе застане до оние што протестираат, што се пролајфери.
Ангел, полека. Јас никако не те нареков, тоа прво, а како второ, како што си ти убедена во едно, јас сум во друго. Се надевам дека и од се друго со мали (и поголеми) бројки го заштитуваш детето? Не мораш да ми одговориш. Нема да правам такви муабети. Што значи е нивно мислење, спротивно на останатите доктори и специјалисти кои не го делат истото со нив. Ти како дел од тоа семејство нивните ставови ги сметаш за релевантни, но, од друга страна, прифати и дека најголемиот дел од докторската фела не се согласува со нив. И ако некој одбива да направи абортус, не значи дека е во право. Останатите 99% прават успешно. Можда жена му нема да абортира, тоа нема причина да биде пречка за останатите жени на светот.
Не, не реков ти ме нарекуваш, скраја да е, ние комуницираме на темава и може не се слагаме ама во друга категорија да бидеме истомисленички, велам така не нарекуваат оние кои вакцинираат, сме биле секташи, самиот збор ти кажува се зар не? Лошо се изразив, се извинувам. Во врска со заштитата на моето дете, јас не се имам откажано од медицината, моето дете ќе оди на педијатар, ќе прими атб кога ќе има потреба, ќе добие и секундарна медицинска заштита ако недајбоже затреба, ама некако сум убедена, а за тоа ми потврдуваат и многуте случаи во моето оплружување дека ќе биде така, дека ќе имам здраво дете. Да не чува бог само, оти се друго е излишно. Јас детето во стаклено ѕвоно не планирам да го чувам, ќе оди и на планина со нас, ќе трча по цели денови со татко му, ќе го изнесам надвор уште пред да направи 40 дена затоа што сметам дека воздухот и сонцето, какви такви ги имаме овде, не се повеќе штетни од вакцините. До 40 дена од дома нема да излеземе ама на еден месец ќе трчаме во диспанзер да го боцнат, иронија.
Јас работам (сега на породилно продолжено) како бабица, цело работно време сум опкружена со доктори, скоро ниеден не си ги вакцинира децата, не се само тие од моето семејство, така да нивните мислења и искуства ми се многу по релевантни од статистики некој што си ги извлекол од гугл. На предавање од работа сум одела и за и против вакцините, тие за против ми се поаргументирани од тие за, секоја родилка што ме прашала за мислење сум го дала и сум оставила сама да си одлучува, тука прашуваат пред да го боцнат, немаат право како во Мк да адмиснистрира било какви лекови без предходна согласност од родител, за вакцини па да не правиме муабет.
Вакцина и серум за тетанус се прима при повреда САМО АКО НЕ СИ ВАКЦИНИРАН ИЛИ АКО НЕ ЗНАЕШ КОГА ПОСЛЕДНО СИ ВАКЦИНИРАН. Вакцината се смета дека штити десет год. До тогаш титарот на антитела е добар, сепак кај секој човек е индивидуално, кај некој трае повеќе кај некој помалку, се зависи од имунитетот. Значи ако некој е вакциниран пресно и за тоа има потврда во книшка или картон, нема да добие вакцина при повреда. Спорите на бацилот на тетанус сеуште се присутни кај нас, во земја во нечистотија...и затоа е подобро да се прими вакцината отколку на своја рака да дознаете како изгледа човек кој има тетанус. А верувајте, не би сакале да знаете...
Не е точно дека само кога не знаат за тетанус вакцината ја администрираат при повреда. И кога ЗНААТ, ја ставаат, зошто НИКОЈ, ама баш никој, не знае дали телото реагирало ''како што треба'' и создало антитела во тоа време. Ај сега едно прашање за имунитетот на ''стадото'' (колку добар збор човече ) CDC утврдуваат, после 6-70 години употреба на вакцини дека периодот на заштитеност е 10год, затоа сега таму во УСА добиваат ре-вакцини на секои 10год, за грип секоја година, а ТДаП и во време на бременост, за бебето да било заштитено откако ќе се роди до ставање на првата ДТПер вакцина () Значи, ако периодот на заштита е САМО 10 години, КАКО се оддржувал имунитетот на стадото во сите овие 4-50год?
Јас сум за вакцини,ама кога детето ќе пркне, не како што прават во Македонија само што излегло бебето од матака, му бапнат вакцина. Инаку ние пред некој ден ја примавме првата вакцина за рота вирус,оти не смее да се одложува за детето да може да формира имунитет, оти во првата година се најранливи,ако се заразат. Сега засега нема некоја голема реакција, иако ми дадоа флаер со опишани ризици кои може да ги предизвика вакцината.Меѓу останатите ризици во најлош случај стоеше и како искучително редок ризик преплет црева во првите 7 дена по примањето на првата доза или уште поретко втотата доза.Потпишав и детето прими вакцина. Но,ако заболи детето од рота вирус пред година исто има големи ризици кои се животозагрозувачки. Останатите вакцини ќе ги прими малиот после една година,кога ќе потпорасне и зајакне.Мало ми е бебе од 2 месеци да прима 6 валентна вакцина.Иако стоеше дека може да се прима 6 валентната со рота вирус заедно,што ми е многу. Позитивна страна тука е што може да бирам за мое дете дали и кога ќе прима вакцини и кои од вакцините ќе ѓи прима,а кои не. Не навлегувам во тоа ако некоја мајка одбие вакцини и ако мисли дека тоа е подобро за детето.Моментално тоа фали во Македонија секој родител да си одлучува за неговото дете,а не да мора законски да се вакцинира нешто што не се сака.Секој нека си има слобода и нека си прави како му сече паметот. Во контекст дали превземаат докторите одговорност за нешто? Зборам за Германија.Не и немало да биде.Фино лепо добиеш за се објаснување за што треба да направат.Ти се објаснети целата постапка и ризиците со кои се соочуваш за време на постапката и после тоа.И ти сам свесно потпишеш дека ѓи знаеш ризиците. Пример за скрининг во бременоста во 12 недела,потпишав дека знам дека скринингот е само процена за тоа дали бебето е здраво (има шанси да не е и да има Даунов синдром),со тоа докторката автоматски се оградува од одговорност,ако нешто се случи и недај Боже се роди дете со оваа болест. А, не само за тоа за се се потпишува...и операција да правиш имаш ризик да не се разбудиш. Исто, кога ме правеа серклаж-ризик да го пукнат водењакот за време на процедурата или да се испровоцира предвремен пораѓај..што без него многу поголеми беа шансите да не ја износам бременоста.Од две зла го бирав помалото и направив.
Видиш, и јас работам во болница, па имам поинакви исуства. Остај го Гугл на страна, статистиките не се новинарски натпис, туку од официјални извори. Што се однесува до релевантноста, јасно ми е дека оние најблиску до тебе ти се најрелевантни, видиш. исто е и кај мене. Во Македонија, колку што јас знам (не тврдам) родителите потпишуваат дека на своја одговорност не вакцинираат дете и никој не ги чепка. Имам таков случај во потесна фамилија. Неколку мислења поназад се обидов и тоа да го објаснам. Во медицината не постои магично стапче за ништо, ниту нешто е 100% безбедно. Затоа се е пресметан ризик. Тие што така ве нарекуваат, не треба воопшто да им се замараш Со последнава реченица ме пресмеа бе Ангел Да знаеш дека си во право
За среќа на Фери и Битер не живеат во државава и за нивните деца одлучуваат они, убаво рече Фери, ти даваат црно на бело што и како па бујрум одлучи. Кај нас со најситни букви е напишано се и уште до скоро не ти ни даваа да видиш состав на вакцина а камоли нуспојави. Дека потпишуваш изјава дека не вакцинираш и си мирен ич не е така, напротив, на глава ти стојат санитарни инспекции, судови и казни кои што ако ги платиш за еден месец ти се на 50% попуст ко да си прошол на црвено или си згазнал крава на селски пат. Среќа имаат некои очигледно ко на Камелија фамилијата па не ги дрмаат ама некои немаат баш среќа па уште не се израдувале ко што треба на чедото им стига пусулче со 300 евриќи казна. Фери кај нас вакцина за Рота вирус мислам нема а децата по најмалку еднаш во детството прележуваат, познавам и такви кои на 3 месеци им фатиле бебушките, да, тежок и мачен е вирусов, ама овде ич не се дига фама околу него. Обично после лежење на детска клиника за бронхитче или пнеумонииче децата се враќаат на гастро со рота вирус, тоа научивме ланската зима од искуството на внука ми по детска клиника, лежеше и на гастро и на кардио и се изнагледавме на свашта.
Апсолутно да, изјавата во светот значи СТОП, тука завршува вашето со мене и моето дете, само во Мк изјавата значи АЈДЕ, спремна сум, се гледаме по инспекции и суд И ве интересира ли КОЈ одлучува за нас и нашето здравје, кој одлучува која вакцина ''мора'' да се прима, која нова болест ќе се спречува со ''нова'' вакцина? CDC е, така? Е па, CDC си направи одделна фирма, целосно приватна, и според нив ''непрофитна'', која функционира на принцип на ''донации и спонзорства'' и од таму си ги влечи сите средства ''потребни за развој''. Кој го интересира, листата е тука: http://www.cdcfoundation.org/what/partners#category-299 Merck, Glaxo, Sanofi, Novartis, Pfizer - 5те најголеми производители на вакцини се само мал дел од листава на спонзори и донатори на CDC фондот. Конфликт на интереси ли се викаше ова? И нешто тотално ирелевантно со темава, ама и те како поврзано со начинот на размислување: И ВМРО тврди дека сме во постојан економски раст, дека просечна плата е 21000 и нешто, дека сме први според Дуинг бизнис и дека странските инвестиции не' спасија од кризата, кога вистината е дека за пензиите и платите на административците секој месец се зема нов кредит, платата на поголемиот % е под 15.000ден, кај нас има се' само Дуинг бизнис не (кој има фирма знае за што зборувам) и, откако им прекинаа субенциите на странските инвестии, сите го ставија клучот и заминаа назад. Ме сфаќате нели? Камелија, ми должиш одговор за ''имунитетот на стадото''