Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    759 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    237 глас(а)
    23,8%
  1. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    И уште нешто од мене гледам сум изоставила да искоментирам,не сакам овде лугето да ме сватат несериозно дека се обидувам некого во нешто да убедам, сте пишале сум барала помош да ве убедуваат...
    Еве еден пример дека ги гледате нештата како што ви одговараат за жал, свесно или не свесно.
    Мене ми е повеке од jacно дека вашите веруванюа и убедуванюа не можат да се сменат, jac таму културно ги замолив родителите кои имаат повеке време и искуство и информираност со зеолитот да се приклучат на дебатата во врска со зеолитот, бидеjkи пласирате неверодостоjни информации и се чуствувам како да се обидувате да ме направите будала и мене и упатствата на др.Велков, а таму има илjaдници луге на кои им помогнала.И не таа не промовира нешто што може да се купи со пари, или бара пари за совет, кажува едноставни упатства за живот.
    Пушта апел до лугето да не им ги полнат парите на фармацевските компании врз штета на своето здравje.
     
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Благодарам на учтивите предлози, за кои верувам дека знаеш како би завршиле особено во стереотипна средина како нашата.
    Немам никаква причина да плашам билокого, јас не сум баба Рога. Најотворено и најдоблесно ги споделувам моите сознанија околу вакцините, кои за разлика од твоите, моите се двострани. Е сега јас не сум крив од тоа што го предизвикуваат вакцините, јас само информирам, и коментирам, и секогаш се обидувам во моите дискусии да разговарам со секого, и со паталец и со гаталец. Ги разбирам и едните и другите.

    Твојот систем и пристап ми е познат, класика стереотип, и дали мислиш дека сум јас некакво чудовиште ?

    Не е ич. Побарај разговор со д-р Кишман, претставникот на СЗО во Македонија. Токму линковите со графикони ти се супер, само за жал фали годината на епидемијата во Македонија. Верувам дека и ти сама ке воочеше исто.

    Ако веќе вакцините имаат позитивни страни ( за мене не ), тогаш многу е просто равенството на одлуката
    - Дали да вакцинираш за болести кои не постојат и не се животозагрозувачки, третирани на време ако се добијат, + да добиеш болест од самата вакцинта ( како полио на пример )
    или
    - Да не вакцинраш, и ги превенираш случаите на автоимуни заболувања јавени веднаш или покасно по вакинацијата ( имињата не им ги спомнувам да не се плашиш )

    Моето истражување и информирање за состојбите во светот и кај нас по ова прашање, ми дава доволно сигурност за ставовите што ги поделувам тука, а секако, во сето тоа има најмалку ( како што викаш ти иронија )
    Зошто некој кој е против апла видливите последици од вакцинирање би бил ироничен ?

    Во секоја држава се повеќе се зборува за ова, се повеќе родители се одлучуваат да стават крај на оваа догма, но никаде ама баш никаде не се квалификувани како иронични.
    За жал, и во оваа работа сме последни во светот.

    Мојот единствен мотив се здрави дечиња, неоптеретени од инквизицијата на вакцините и нивните моментални и трајни последици.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Ајде малце да го размрдаме господинот Бил Гејтс, очигледно „кривицата“ е моја за него, па со оглед на неговиот став за светската популација, верувале или не, веке е патентиран составот на вакцината за контрола на популација ( Birth Control vaccine ) Дали се користи во стандардниве вакцини ? Кој знае.

    Бројот на патентот е United States Patent 5733553
    http://www.google.com/patents/US5733553

    http://patft.uspto.gov/netacgi/nph-Pars ... RS=5733553 ( линк до патентот )

    Патетнот од далечната 1998 година, може да биде додаток на секоја вакцина.

    Ете толку од „хуманоста“ кон светската популација. Ке се чудиме после зошто неплодноста е како вирус.

    Еве како CDC (Центар за контрола на болести и превенција ) го крие бројот на спонтани абортуси поради вакцината H1N1

    Немојте само со сензација ниту конспирација во линковите, со оглед дека се државни институции.
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Искрено yare ништо не ме чуди од ова, не само преку вакцини на милиони начин прават да се намали популацијата.
    За Бил Гејтс кажав но мене ме правеа дека не знам што зборувам..
    Погледнете го следново видео колку други работи не уништуваат, се прави чистка, јас разбирам не е добро и ако не има премногу, ни тогаш не би можеле да живееме, но има други начини да се реши тоа, не на ваков подол.
    http://www.youtube.com/watch?v=YjTxjOhgSo8
     
    На Mama25 и yarre им се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Во контекст на релавантноста на реномираните сајтови како реномираниот WEBMD, елегантно се дознава кој е спонзор на ваков реномиран сајт, претпоставувам ке видите и самите.

    http://www.webmd.com/lifetime-of-vaccines/default.htm

    Тука е земено на пример информацијата за животниот век на вакцините. Погледнете го банерчето.

    Па имате дури и информација колку пари за реклами дал Мерк. Е сега, клучно прашање. Зошто некој би се рекламирал на веб, и би дал огромни пари за реклама, ако се работи за вакцини, а ете нели вакцините се оние кои редовно и стандардно би се примале, без потреба на реклами. Колку е логично да се рекламира водовод ? :)

    И бројките согласно званичниот сајт од Мерк, колку пари истуриле за реклама ( да, џебовите им се длабоки па немаат проблем да ги напраат подлабоки ) .

    Сиже со официјални линкови околу парите имате тука


    И неможам а да не спомнам графици повторно, овојпат многу повеќе ( видете го и видеото интересно е иако нема врска со темата ) каде јасно се гледат тековите на болестите.
    Кога ке имам повеќе време ќе го преведам ова. Точно и концизно со бројки и графици, низ 200 години. Повеќе од доволно да покажат, колку тоа вакцините не спасиле. |(

     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    За потребите на друго прашање, барав инфо кога е воведена ММР вакцината во МК, и најдов една многу интересна информација :)

    ММР во МК

    Оваа вакцина е за прв пат воведена во МК во 1983 година, и тоа со само 1 доза, се` до 1997 кога била воведена и втората, за наше добро нели :)

    2008/2009 имавме епидемија на заушки нели. Официјалните статистики велат:

    „Од пријавените случаеви кај кои се знаел статусот за вакцинирање (а тоа биле 86.7%), 19,5% НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ, 37% биле вакцинирани со 1 ММР доза, 34,4% со 2 дози, 0.6% од накнадно вакцинираните лица (со ММР вакцина за луѓе од 15-26 години).“

    Еве ви официјална статистика за добробитоста и ЕФЕКТИВНОСТА на ММР вакцината.
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    ПРОТИВ

    - Зошто се набавуваат вакцини за кои не знаеме какви се и што има во нив.

    - Зошто многу од вакцините (со намера) се да се добијат подоцнежни болести како рак, стерилитет (за помасовно заболување и уништување на населението кое станува помногубројно)

    Интересен факт е дека, речиси сите научници и доктори кои работаат во лабораториите каде се прават вакцините изјавиле дека не ги вакцинирале своите деца. Ова сигурно има добра причина, нели !?
     
  8. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Денес се вакцинирав од ХПВ па ке видиме.. :)
     
  9. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Co срека нека ти e,не го кажувам ова со ирониja, caмо здравje ти посакувам, ако не се лажам до пред некое време имаше масовни кампанюи за вакциниранюе во Мак од таа вакциина зашто рокот на траенюе беше при краj.
    Против сите вакцини сум, но таа е наjмалку истражена, имаше многу случаеви со нус поjaви дури и смрт, зошто девоjчина им давате да експериментираат на вашето тело.
     
    На Silver.E и lolyta777 им се допаѓа ова.
  10. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    http://www.thelibertybeacon.com/2013/02 ... s-a-child/


    60 лабараториски испитуванюа потврдуваат за поврзаноста на ракот со вакцините од детството.
    Вистината полека испливува на виделина.
    :x
     
    На Silver.E и yarre им се допаѓа ова.
  11. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Почна полека народот да се буди од зимскиот сон кој траеше десетици години наназад но кулминацијата допрва доаѓа бидејки ова е само почеток.
    Мајки во борба против вакцинирањето

    Стотици загрижени мајки деновиве војуваат и дебатираат на социјалните мрежи на темата вакцини за своите деца. Многу од нив се решени засекогаш да ~ го свртат грбот на традиционалната медицина, оти се преплашени од последиците што ги предизвикуваат вакцините.

    - Сигурна сум дека Македонија е дел од еден суров експеримент, па кој преживее ќе раскажува, се дел од коментарите на мајки на социјалните мрежи.

    Во дебатите се впуштаат и лекари, хомеопати и разни надрилекари, некои ги тешат, некои уште повеќе ги подгреваат нивните сомнежи.

    - Не ги вакцинирам децата. Јас сум родител што се информира за с` и добро ја проучив проблематиката со вакцините. Тие не се безопасни како што се пропагира. С` уште не постои голема студија која долгорочно ги истражува кумулативните последици од вакцините во организмот. Вирусите и бактериите се одгледуваат на животински ткива, пилешки ембриони и на клетки од абортирани човечки фетуси, а за тоа родителот никој не го информира, вели Kристина М, мајка на две мали деца.

    Таа додава дека родителите не добиваат информација за зачестеноста на несаканите ефекти, кои не се само покачена температура, туку имаат разни нарушувања, заболувања, кома, па и смрт.

    - Н` убедуваат дека штетни последици од вакцините нема, а во самите упатства пишува дека има. Само здраво дете смее да биде вакцинирано, во спротивно ризикот од штетни последици е поголем. Kај нас, пред вакцинирање децата се прегледуваат само површно, без крвна слика. Од живата полио-вакцина може да се добие болеста полио, а родителите за тоа не се информирани. Во Македонија со децении нема забележан случај на болест од полио од див вирус, а има случаи на заболување од полио токму од вакцината - вели Маја М, мајка која е сериозно внесена на дебатите на „Фејсбук“.

    Вакцини на избор

    Педијатрите во земјава се без сомнеж за вакцинирањето и велат дека тоа е единствен начин децата да се спасат од страшните болести што се закануваат од сите страни.

    - Децата секако треба да примаат вакцини оти тие ги штитат од смртоносни болести. Kај нас има одличен одѕив на имунизација, дури над 90 отсто и тоа е предвидено според закон. Точно е дека дел од мајките се загрижени кога станува збор за вакцинација, но секако ризикот од вакцините е стотици, илјадници пати помал од заболувањето што се превенира со вакцинацијата. Исто така, точно е дека вакцината, но тоа е многу, многу ретко, може да предизвика и моментна смрт, тешки алергиски реакции, многу ретко нарушување на нервниот систем или воспаление на мозокот. Речиси дваесетина години работев на имунизација на деца и од мое искуство вакцините во Македонија се со проверен и добар квалитет, вели педијатарот Леонардо Kамењарски во клиничката болница „Аџибадем-Систина“.

    Но, стотиците мајки се повикуваат на законот за заштита на пациентите, каде што во еден член стои дека секој пациент има право да одбие определена медицинска интервенција, освен ако медицинската интервенција чие одлагање или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот или на другите лица, а тоа би предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица.

    Докторка која се занимава со хомеопатија во Скопје, инсистира да остане анонимна, вели дека вакцините се апсолутно непотребни.

    - Против вакцинација сум. И имам за тоа и научни медицински објаснувања. Еве да го земе примерот со вакцината за полио. Порано луѓето се заразувале со полио преку фекалиите, кога имало септички јами. Но денес живееме во толку контролирани услови, па децата не стигаат така лесно до заразени фекалии. Исто така и туберкулозата и дифтеријата денес многу успешно се лекуваат со антибиотици, затоа и не е потребна вакцинација, вели хомеопатката која поради специфичноста на изјавите сакаше да остане анонимна.

    Во Европа веќе десетина години децата не се вакцинираат од туберкулоза, оти сметаат дека болеста е доведена на маргините на исчезнување и дека успешно се лекува со антибиотска терапија.

    Разни мислења

    Вакцините содржат мртви или ослабени форми или деривати на патогени честички. Тие го тераат имунолошкиот систем да „мисли“ дека е нападнат од одреден вид патогени, се активира за да го уништи и да го спречи повторно да го инфицира лицето.

    - Ако некој е изложен на патогени микроорганизми кај некој вакциниран, нив ги дочекуваат антитела што ги уништуваат, а имунитетот на тој вид е сличен на тој што се стекнува по природен пат. Некои вакцини мора да се примаат повеќе пати во текот на животот бидејќи имуниот одговор ослабнува со текот на времето како што е тетанусот и црната кашлица, вели педијатарот Тања Р. Стојановска.

    Вакцините се прават на неколку начини, но за секој тип целта е иста, да го стимулираат имунолошкиот систем без да се предизвика болест. Со законска одредба пропишано е кој точно вакцини задолжително на децата им се даваат во нашата земја. Тоа се против: туберкулоза, дифтерија, пертусис или народски црна кашлица, детска парализа или полиомијелитис, мали сипаници -морбили, заушаки -паротитис, рубеола, и хепатитис Б. Според законот, имунизацијата се спроведува плански и под контрола на надлежните здравствени установи за цело население. Сведоци сме на разни мислења за вакцинацијата. Иако повеќето лекари и родители, сепак, замижуваат и ги вакцинираат децата.
    Мариjа Тасев #

    http://www.youtube.com/watch?v=Q4Xl-eR83Qo
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  12. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Нема никаква врска тоа што е напишано во текстот. Нема најдено никаква поврзаност на ракот со вакцините. Тоа се неколку стари текстови кои ги ставиле заедно и напишале контроверзен наслов. За сите тврдења постојат официјални податоци кои ги негираат истите тврдења. Нема можност да поставам повеќе линкови истовремено, ако некој е заинтересиран, можам да му дадам линкови.
    Па баш за овие ваквите дискусии зборува текстот и убаво пишува кој е против вакцините, загрижени испаничени родители кои читаат сешто по интернет и надрилекари, бајачи, хомеопати кои немаат врска од медицина и сакаат да се во тек со модерните алтернативни движења и да си ќарат некој пациент. За вакви дискусии може да се зборува во темите во подфорумот Алтернативна медицина.

    Родителите со право се загрижени и испаничени. На интернет може да се прочита сешто, секакви шпекулации од кои повеќето немаат никаква научна основа. А лекарите заради нивниот елитизам не се достапни да дадат релевантни мислења и преовладуваат лаичките мислења.
    Вистина е дека вакцините имаат ризици и несакани ефекти, но бенефитити од вакцините многукратно ги надминуваат несаканите ефекти.
    Но работата е што кога се гледаат индивидуалните бенефити во општество каде генерациите се над 95 проценти вакцинирани и кога се многу мали шансите и невакцинираните да се заразат заради општиот имунитет, кај родителите се јавува себичен и оправдан порив да го заштитат детето и од ризикот на несаканите ефекти на самите вакцини, па затоа се јавуваат секакви лаички дискусии на форумите кои се движат по разни линии и од разни аспекти и настануваат мешаници од мислења.
    Немав време да го гледам цело видео и другите епизоди, затоа нема да коментирам за видеото, ама сакам да кажам што мислам за поврзаноста на аутизмот и вакцините.
    Во САД скоро 1,5 процент од децата припаѓаат во некоја од состојбите на аутистичниот спектар и тоа е огромен број. Знаеме дека студијата која ги поврза вакцините со аутизмот во 1998 беше отфрлена како нерелевантна, и оттогаш многу пати се докажа спротивното, ама нонстоп се пишува за поврзаноста.

    Мене многу би ми било мило кога би се нашла надворешна причина за аутизмот затоа што таа причина би се отстранила и понатаму не би била ризик и закана. Но досега нема научен доказ за надворешна причина, напротив сите докази упатуваат на генетска причина која постои од самото зачнување на плодот или во почетокот на ембрионалниот развиток. Може да се најде некоја надворешна причина која делува на мајката, ама вакцините кои се даваат на бебињата не се причина за аутизам.
     
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Надрилекари и бајачи не стасале до лекцијата за вакцините, а хомеопатијата е стандарден дел од лекување на пациенти во склоп на болничките институции во развиените земји.
    Дури и во нашиот Медицински факултет веќе почна специјализацијата по хомеопатско лекување.
    Не мешај баби и жаби. Конечно е направена регистрација на хомеопатски лекови и тие веќе може да се најдат на полиците на аптеките, и тоа не како алтернатива, туку како стандаден медикамент.

    Јас сум заинтересиран, вака твојата констатација е млака вода.

    Колку ке бев среќен ова да беа шпекулации, и изјави дадени од молери.... Ти стварно не гледаш или сеа не правиш улави сите ?

    А не ти е полесно сето ова да го наречеш будење на свеста и слободен пристап на информации ?

    Која студија се отфрли за поврзаноста, ајде да бидеме конкретни.

    Надворешна причина што делува на мајката ? Хммм што би можело да е ова ? Космичко зрачење од Плутон ?

    Секаде во светот се зборува за убитачната штетност на вакцините, конечно и кај нас се проговори, ама изгледа ти упорно ги констатираш стереотипите на минатото, каде информацијата била строго контролирана.
    Еволуцијата во свеста нема да сопре.
     
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    За хомеопатијата може да зборуваме во соодветната тема. Ако добро се сеќавам започнавме, ти даде твое мислење, јас ти одговорив и така заврши. Жал ми е што иако има интерес за хомеопатијата, нема дискусии во таа тема, мислам дека јас ја преплавив со моите одговори.
    Но, како и да е, хомеопатите не се доволно квалификувани да даваат совети за вакцинација.
    http://www.cdc.gov/vaccinesafety/update ... tsheet.htm
    http://www.uab.edu/avrc/vaccine-myths?start=11
    http://children.webmd.com/vaccines/news ... us-vaccine
    http://usatoday30.usatoday.com/news/hea ... 50390580/1
    http://www.cdc.gov/vaccines/parents/vac ... fects.html
     
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Хомеопатијата која ти толку упорно ја девалвираш, и ја ставаш во групата на надрилекарство, е во рамките на стандадното здравство. И да, Хомеопатијата е строго против вакцинацијата.

    Немој те молам, погледни кои се спонзорите на CDC и компанија
    Ова се само констатации ( читај приказни ), без ниеден релевантен доказ или бар студија.

    Немањето студија на пример за кумулативно дејство на вакцините, не значи дека нуспојави нема. Не им одговарало да направат таква. Ова е само еден пример.

    Не си ми добар соговорник, многу од изнесените работи ги прерипуваш со коментар, за се фаќаш за web страните кои прокламираат вакцина без ниту грам истражување.

    Си видела дете со проблем од вакцина ?
     
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    За хомеопатијата повели во темата за хомеопатија, нема потреба тука да се зборува за тоа.

    Чекај, чекај. Некои работи не ти се јасни.
    Констатации врз основа на научни студии и истражувања. Не постојат порелевантни констатации од тие добиени со научни истражувања.

    Постојат безброј студии за кумулативните ефекти на секоја вакцина.
    Оди тука и барај http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed
    Немав време кога ти одговорив, пред два саати, еве сега имам време, ќе пробам да одговорам. Страните не прокламираат вакцини, туку промовираат научни докази.
    Искрено немам многу деца во фамилија, јас и брат ми сме веќе возрасни, вакцинирани сме со сите вакцини, една братучеда има петгодишно дете кое е вакцинирано. Кај соседи и пријатели кои имаат деца си се вакцинирани редовно и немаат проблеми заради вакцините, немам други случаи.
    Значи немам видено дете кое имало проблем заради вакцините, ама не знам што би сменило тоа.

    Ова што сум пропуштила од претходниот одговор:
    Не е полесно, бидејќи не е будење на свеста, туку будење на себичноста и неморален порив со што прават штета во општиот имунитет и зголемуваат шанса за епидемии.
    Многу студии ја отфрлија поврзаноста на вакцината со аутизам.
    Еве некои:
    http://www.sciencedirect.com/science/ar ... 0X03002718
    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19128068
    http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1 ... D8A.d04t02
    http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1 ... x/abstract
    Ако не знаев колку си сериозен ќе мислев дека се зафркаваш. Гледам дека не ги ни дочитуваш одговорите убаво. Види убаво што имам напишано. Причината за аутизам е генетска, ако се најде надворешна причина тоа е нешто кое делува на мајката за време на бременоста, а не вакцините кои се даваат на бебињата.
    Не констатирам никакви стереотипи, гледаш дека давам нови релевантни научни истражувања.
    А тоа што може да се прочитаат секакви мислења не значи ништо ако не се потврдени со доказ.
     
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Не планирам да ја заморувам темата, коментари за се изнесеното имаш наназад.
    Знаеш ли што значи "кумулативно" ?
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Знам, вкупно.

    Исто знам која ти е целта, во ваквите дискусии кога антивакцинерите ќе останат без аргументи почнуваат за недостатокот од тоа големо истражување кое би требало да ги покаже разликите помеѓу вакцинираните и невакцинираните.
    И поназад на темава имаме зборувано за тоа, и немам време да пишувам реферати повторно.
    Еве линк ако реално сакаш да се информираш, можеш да прочиташ за едно такво истражување за разликите помеѓу вакцинираните и невакцинираните.
    http://scienceblogs.com/insolence/2011/ ... t-there-t/

    Знам дека нема да го прочиташ и дека нема ништо кое би ги променило твоите ставови, ама можеби има некој кој ќе го прочита.
     
  19. jabolkoto

    jabolkoto Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Овде не зборуваме од аспект на веќе извакцинирани возрасни личности,туку од аспект на родители,кои веќе се свесни за нус ефектите на вакцините,чии нус ефекти никогаш не ги кажуваат пред вакцинирање,освен, детето ќе има или нема температура од оваа вакцина.Е сега кога знаеш што се може да се случи,секако ќе се замислиш дали да го боцкаш или не своето дете.Значи родителите имаат можност да мерат ЗА или ПРОТИВ вакцината,а не како порано.Кога веќе сопмнав порано,па и тогаш имало д-ри кои не вакцинирале,знам за двајца педијатри чии деца (двајцата имаат по 2 деца) не биле вакцинирани и сега би требало да се личности на возраст од 40 до 50 години.
    Добро бе експерт,зошто упорно со толкава енергија и посветеност го браниш ставот ЗА,кој можеби ќе го промениш кога ќе имаш дечиња,луѓето се менуваат,не во симисол се ветрушки па менуваат мислења,созреваат,осознаваат,како родители се јавуваат и други инстинкти и чуства итн.Сите имаме различни мислења и треба да го почитуваме и туѓото,ова важи за сите.
    Заборавив да кажам,во претходните постови напишав што ни се јави од вакцината за хепатит б,а исто го ставив и упатството за пациенти од производителот за истата вакцина,какво е чуството кога ќе прочиташ нус ефект мултиплекс склероза,оптички невритис,па и другите да не ги набројувам. :worried:
     
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Затоа што имам читано за оваа проблематика и гледам дека никој не одговара на темиве со научни докази, туку само со шпекулации и паника. Сакам да дадам друга перспектива на темава, и сега им паѓа чудно што јас се согласувам со досегашните широко распространети мислења кои се ЗА вакцините.
    Значи широко распространетото мислење е ЗА вакцините, алтернативното мислење кое се промовира е ПРОТИВ вакцините, а има и трето ниво, а тоа е научно оправданиот став кој е ЗА вакцините затоа што така кажуваат научните студии.

    Не знам зошто дискутирањата ги сфаќате толку лично или како притисок, јас немам никаква намера, едноставно сакам да дискутирам со факти.

    Точно е дека се јавуваат инстинкти и чувства кај родителите, ама став не се форимира врз основа на нив, туку вистински став се формира врз основа на факти и докази. Затоа и дискутираме, затоа што постојат различни мислења, е сега некои се оформени врз основа на шпекулации, а некои врз основа на докази.

    Секој има право на свое мислење, ама нема право на свои факти. Нормално е фактите да се темел на мислењата, ама има и такви кои се основани на недоволно информации и се разбира и тие ги почитувам, ама и се спротивставувам против нив.
    Точно, се појавува страв кога ќе се прочитаат можните несакани ефекти, ама има нешто што се вика пресметан ризик, се калкулира колку се лоши можните ефекти и колкав е бенефитот, и досега фактите велат дека вакцините имаат многу поголеми бенефити отколку несакани ефекти.