на канал 5 во утринската емисија сега ќе има тема аутизам-причини за појава и сл, за вакцини, па која сте слободни гледајте и после пренесетени нешто нас, јас сум на работа не можам да гледам
Секој знае дали да вакцинира или не. Јас ќе вакцинирам. Никој не може да докаже од кај е аутизмот. Не дај боже кај никој само тоа ќе кажам.
Завчера бев на вакцина ммр со син ми. Прво кај матичната па кај педијатарката во диспанзер дискутирав по саат време, за кс, за самата вакцина, нус појави.. Двете ми напоменаа дека биле во Ск минатата недела на некаков педијатриски собир,имало две нови дечиња со дијагноза аутизам на восраст 2.5 и 3 години, а едино заедничко на двете деца било што НЕ БИЛЕ вакцинирани. Друго, и самиот аутизам не е конкретен наод кој може да се препише како стриктно реакција на нешто одредено ( пр.вакцина ), туку е широк спектар на нарушувања кој има наследна варијабла на фактори и генетски предиспозиции. Лично познавам детенце кое НЕ Е вакцинирано и за жал има некоја форма на аутизам ( на 6 години не зборува друго сем мама ). Исто, споменувате дека ммр може да ја дадеме на три години. Од каде таа информација? Црно на бело? Во картонот стои на 12 месеци, а дека имаме право на избор за вакцинирање дефинитивно немаме, туку е со закон утврдено и конкретно тие кои имаат три+ деца знаат дека надоместокот не следува ако не вакцинираат. И само да напоменам - не сум медицинско лице, туку само родител, и сум засегната од сите информации до кои сум дошла на оваа тема благодарение на слободниот говор на интернет. На ист начин дојдов до информација дека гумените бомбони се штетни, зошто содржат вештачки бои Е и конктретно беше наведено кое бројче на Е предизвикува каков вид на рак.. Цигарите и чадот се исто штетни, научив конкретно што како...Мобилните исто..И ред други информации поткрепени со истражувања и факти. За вакцините, за жал, прочитав само мислења, сомневања, тврдења - за негативните појави, а за корисноста и штетноста од невакцинирање наидов на истражувања и факти со конкретни бројки, проценти, називи.. Пак ќе кажам, јас сум САМО РОДИТЕЛ! На оваа тема лаик, ама засегната мајка!
А што сте се фатиле само со тој аутизам?Како да не постојат други потенцијални ризици Штом сте вакцинирани не берете гајле од не вакцинираните ете заштитени сте Не вакцинираните деца во Македонија се гледаат како посебен ендемски вид
Абе не можеме да гледаме така на работите. Може да е здраво право па и други ризик фактори да постојат. Ако е вакцинирано дали е се во ред му се тресеш, ако не е вакцинирано дали ќе биде се во ред па се тресеш. Секогаш за се постои страв. Ако гледаме така треба да пазиме сите на се. И ние за нас и за нашите деца. Секаде секогаш постои некој ризик. Пак ќе кажам. Недај боже кај никој.
Па баш би требало да се покаже кои се потенцијални ризици, како зошто..све,секоја информација. А аутизмот е најспоменуван како нус појава, затоа. Јас вакцинирам и сум за вакцини, нели, поради тоа што сум така информирана и порасната со сознание дека вакцините не' имунизирале нас и логично најдобрата заштита ја сакаме и за нашите деца. И јас сакам да добијам памфлет со вакцината како што добивам и со парацетамолот или амоксиклавот. Па на едни смоки има декларација и наведено алергени и подвлечено, дефинитивно сакам и вакцината даго има тоа. А во клас од 30 деца ако се вакцинирани 29 а едно не, тоа едно е потенцијален ризик за останатите - цитат од информативните канали до кои сум дошла,пак велам јас сум лаик,само родител кој го сака најдоброто за своето дете ко и секој
Како ке е тоа дете ризик за твоите ако твоите се вакцинирани и нели наводно заштитени? Побарајте во вакцинација памфлет за состав на вакцина...нема да ви го дадат.Прашајте зошто не ви го кажуваат составот на вакцините? мене најмалце ми пречи дали ти вакцинираш или не.Мене ми пречи што се плука по родителите кои не вакцинираат,ги уценуваат .. Гледаш и самата дека надомест за трето дете не ти даваат ако не го вакцинираш.Тоа доволно зборува.. Од фармакологијата нема поголема мафија на денешницата... Прво ги исповакцинаа сите години уназад,пола популација оболе од рак и леукемија,па ги праќаат на хемо и на крај лекот за ракот го кријат Тоа е еден магепсан круг кој ке се врти така уште некое време
Имунизацијата не е вечна. Затоа се прави ревакцинација. Затоа ќе се враќаат болести кои ги немало со децении.
Според тоа што читав, невакцинирано дете може да оболи пример од полио и во директен контакт со вакцинирано вакцинираното ќе се зарази, да, ама клиничкатс слика ќе е каде каде поблага кај вакцинираното, а невакцинираното е изложено на поголем ризик. Барав и памфлет, овде нема, во други земји има. Се сложувам дека све е бизнис и дека вакцините се коктел од состојќи и секој организам делува различно. Ама тврдење дека заради вакцини се вратиле изумрени болести е тоа аман не!!! Родителите имаат права и обврски за своите деца дефинитивно си одлучуваат и одговараат тие за нив. Јас сум вакцинирана и моите деца ги вакцинирам. Се е ризик, и пилешко од бразил со хормони е ризик, и воздухот загаден и водата затрована е ризик.. Вечна тема на дискусии ќе е оваа, немам ни цел да убедувам/ разубедувам, само како родител се интересирам и барам докази, факти...
Не те убедувам ни јас тебе бубале Јас исто сум родител и го сакам најдоброто за моите деца и не велам дека мојата одлука е правилна.Имам милион пати овде кажувано како на керка ми после вакцината на 6 години и се фати говорот.И која тортура и борба ја водев ја знам само јас.Затоа малата кога се случи ова престанавме понатака да ја вакцинираме.И не постои виша сила што ке ме уцени да вакцинирам. А за пилешкото што го спомна..мн е едноставно не купувај не давај.Толку Постојат начини мн нешта да се одбегнат.
Значи... не ми е смешно нечие лошо искуство далеку било, смешно ми е да се верува на све што се чита на ФБ. Кој може да потврди дека секој пишува вистина на ФБ.
Знам @joy1 сме дискутирале овде и ти кажав колку го почитувам секој твој став на секоја тема и ми значат твоите совети како мајка и стручно лице, а јас како засегната која ме уценуваат да вакцинирам за надомест почнав да истражувам за вакцините зошто самиот услов да ми плаќаат ама да вакцинирам ме копка. Затоа барам, читам,се интересирам... Не се карам убедувам и сл. И самите доктори ги напнувам да дадат доказ, потврда..нешто.. Еве за некој месец ќе ја вакцинирам мојата 6 годишна. Знам дека е анонимно и си ја чувате приватноста си ги штитите децата.. ама дури и да ве излажале во тинекс за цена се крева свеста и се зборува, а тек ако се има доказ за вакво нешто особено за децата кои сите знаеме како мачно сме ги создале, кажувајте, анонимно, ама назив на наод,причина, на што е реагирано, и сл. Не само до тебе, извини,немав цел да е ова лошо, се надевам ме сфаќаш што сакав да потенцирам
Во постови мн уназад на темата имав напишано мн нешта Од болницата кај што сум била до името на лекарот,до дијагноза,лекови...се И жустро ме нападнаа тогаш
Сум за вакцинирање. Мислам дека го подобрува имунитетот на многу малите деца. Нема да им трае тој имунитет од вакцината доживотно, ама мене ми беше повеќе страв да не го вакцинирам, отколку да го вакцинирам. Од 1 година оди во градинка и морав. Тоа е. Малечко беше многу и многу ми беше страв од поголемите дечиња да не префати нешто, бидејќи кога го земам од градинка - сите групи се во една просторија, бебиња и најголеми 5 годишни, ги чуваат со дежурна воспитувачка. Тоа додека беше многу мал ми беше загрижувачко.
@♡BuBaLe♡ вакцнините може да ги ставиш било кога... ама им ги лупаат на бебиња и деца, поради послабиот имунитет. Матичниот педијатар на децава ми кажа дека за ММР дека може да се одложува до 4 години, да прооди и прозбори детето, со тоа да се исклучи како причина за аутизам. Таа е проваксер, јас уште не сум баш убедена дека има корист од вакцините, ама не сум ни начисто со тоа дали да вакцинирам или не. Некако ми натежнува кон невакцинирање, бидејќи нема еден доктринарен став... лекари кои до вчера биле проваксери, денес се против. Затоа ми е, недоследни се, па не знам што да верувам. Големиов последно е вакциниран на 18 месеци, таа на 4 години не ја прими. Но еве, одложена е за 6 години, верувам дека ни тогаш нема да ја прими. Ама ако излезе прилика да се оди во странство, ќе морам да ги вакцинирам и двајцата, нема да имам избор... освен да не одиме никаде.
Училиштетo е зaдoлжителнo и не смеaт дa не гo примaт дететo. Дoдекa не прими првa вaкцинa гo немa вo евиденцијa пa oд кaј пoкaни и кaзни, 6 месеци сме веќе уште ништo не ни стигнaлo.