Јас зборам во прво лице, за себе како родител. За мене тоа е исправно, за другите не знам, не навлегувам и не коментирам.
Значи малку ме фаќа паника на ова: http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...арија&id=f86e0c55-c7e2-4159-b09b-89f4d6b24e0d Што во случај на појава на морбили во МК? Сепак најранлива категорија се малите.
Гoлемкoтo дo сегa сo три децa беше вo близoк кoнтaкт кoи имaa мoрбили , не префaти ,ги имa применo сите вaкцини и имa 3 ипoл гoдини , a другoтo дете ми имa 16 месеци и имa сaмo првa шестoвaлентa применo нa 2 ипoл месеци и другите не смее дa ги дoприми , oргaнизмoт не му ги прифaќa бaш , десетинa денa пo вaквинaтa имунитетoт скoрo нa 0 му дoјде и рекoa сестрите се дoдекa дететo не дoбие имунитет кaкo штo требa немa дa примa вaкцини вo никoј случaј , прaшaв дaли требa некaкви дoкументи дa вaдaм декa немa дa ги дoпримa другите и тие кaжaa декa немa никaквa прoцедурa , пa тaкa дa решив другите немa дa ги дoпримa не би дa ризикувaм , пo битнo ми е дететo oткoлку зaкoните нa "држaвичкaвa" нaшa , aмa зa среќa ни мaлoвo не прифaти сипaници oд децaтa , a бaш се исплaжив и психички се припремaв зa кaкo дa ги изгурaме тие неделa две сo мoрбили .
Моментално во еден од основните судови се води постапка поради смрт на 4годишно девојче, кое по примена ревакцина на дитепер добило шеќер и ситуацијата и се искомплицирала. Нормално заташкано од страна на властите да не се обелодени, а ревакцината магично е преместена на 6год, без објаснување. И други деца добиле дијабетес. Да се гледа малку и на другата страна, а не само да не заплашуваат со епидемии секој ден.
Нема да се мешам во ставовите на другите мајки,јас ќе си го кажам својот. Не планирам да не го вакцинирам своето дете.Зошто?! Затоа што верувам во медицината која стигна толку далеку и верувам во работи од кои никој нема никаква финансиска корист. Од општа култура знам дека вакцината содржи мртви вируси кои не се доволни за да се разболи вашето дете туку создава антитела против истите за да се избори против болеста. За нус појавите од нив не знам што да мислам,ќе одложувам колку можам.Ама... Подобро дете со аутизам,отколку мртво!!
Остај настрана мртви вируси, што правиме со алуминиумот? Ако веруваш на вакцините, зошто одложуваш, па и си спремна на нус појави, па и аутизам... Невакцинирано мртво дете, мртво од што? Колку контрадикторен пост...
Нормално дека е контрадикторен мојот пост затоа што и самата бев против вакцините пред да се роди син ми,потоа размислив кој од двата ризика е поголем. Лично за мене,нема да можам да си простам ако се случи нешто бидејќи сум била од ретките кои не вакцинираат. А од друга страна ги знам и ризиците пропратени од вакцинирање и се решив да одложувам колку може . Јоу1 статистики не ме интересираат,доволно е еден да се разболи од фаталните болести а тој еден не сакам да е моето дете ☺
Не не зборуваме за разболување Ти спомна смрт на деца кои не се вакцинираат.Како може тука статистика да не те занима.
Има Има и смртни случаи и деца со последици Еве и @augustd погоре посочи пример директно од суд На самата декларација на дтп вакцината стои предупредување дека како последица на вакцината може да дојде до ненајдена смрт кај бебето.
Поентата ми беше ете нема да го вакцинирам и цел живот живеам со ШТО АКО... И мене не ми е бајка кога го носам и го гледам како плаче,после се мачи дома една недела и се тресам над него ама го носам со една намера само-да биде заштитен. Сите се наслонуваме на тоа Ех нема баш моето дете да биде,но никој не знае неможам на жими мајка така. Алал ви вера на вас како се одлучивте. Изгледа треба да се избегаваат темите за разговор како религија,политика и ВАКЦИНАЦИЈА хаха мала шала Ама стварно нема некој кој ќе каже јас сум во право,така треба да биде,ова се фактите итн. Сите со свое мислење и решение на крај. Толку. Реадактирам-ако стои така на декларацијата која е тогаш поентата на вакцината?!Да го убие побрзо од самата болест?И кој одговара за тоа кога државен закон е да се вакцинираат,а државата секако не одговара...М?
Ај мртви вируси... Ами жива, алуминиум, и други тешки метали... Пилешки ембриони, па и антифриз. Идејата за вакцини е ок, ако во себе содржи само тоа што треба. Зошто постојат чисти вакцини кои не се достапни за обичните смртници како нас? Тие коштаат по илјадници евра, и само богаташи можат да си ги дозволат. Не вакцинирам и точка!!!
Ова документирано и потврдено од доктори или само рекла - казала муабети? Оти од таквите ми е преку глава. И од едните и од другите.
Не знам дали прочита, имало такви кои со 1000ка казна прошле, ослободени од вакцина, за ум, за другите. Свашта!
Ова озбилно? Ти мислиш дека има родител од рекла казала што се одлучиле? Аферим! Така ти е коа веруваш на рекла казала.