@MamacitaBuena грешка си, секој вработен си плаќа пензиско и здравствено осигурување. Ако немаш државата ништо не ти дава, се на приватно си плаќаш.
Ограничено е, според мене, размислувањето дека сите болести на денешницата потекнуваат од вакцините. А загадувањето, пестицидите, радијацијата, нездравиот начин на живот и еден куп други фактори кои и тоа како влијаат на “модерниве” болести? Сите ние/вие имаме право на сопствен став и мислење, меѓутоа тоа не не прави експерти за да тврдиме нешто што воопшто не е вистина. Едно е сопствен став, друго е факт.
Благодарам на исцрпниот одговор,сега тоа ми е јасно. Имам 24 години и работен стаж само една година,и тогаш плавите картони ги добивав од фирмата заедно со платата.Сфаќам. Како невработена подолго време,добивав од фондот за здравствено осигурување. Значи речи- кажи, здравството севкупно е огромен светски бизнис без кој не се може.
@AngelOfArh Епа нели е она против вакцините. Бев во дилема дали да и се верува неа или пак на медицината. Потоа кога видов дека препорачува гледање во сонце, а за тоа доста сум читала еве и сајт на некој што отворил како последица од гледањето во сонце каде е наведена и оваа др. Слаѓана Велков. И кога видов за што се работи и колку не чини тоа сфатив дека уствари не треба да и верувам. Затоа што прво сака да се одвратиш од вакцината. А потоа секоја болест што ќе следи ќе направи само да навлезеш во гледањето во сонце како тоа да е излезот на секоја болест не знаејќи во што се впушташ. Потоа кога видов дека го продавала и тоа чудото мојот заклучок е таков каков што е. Можда директно нема наведено блиска врска меѓу гледање во сонце и вакцина меѓутоа знаејќи дека и оваа докторка го препорачува тоа, а јас знам дека тоа е многу лошо, значи ако лаже за ова поточно за гледањево во сонце тогаш како да и верувам за нешто толку деликатно т.е вакцина? Затоа сето тоа е поврзано и објаснив како дојдов до тој заклучок. Можда мислиш дека ова е обична јога, гледаш во сонце и толку и можда не си прочитала за луѓето што пателе од гледањето во сонце па затоа не можеш да ја увидиш поврзаноста на се ова. Еве го сајтот за кој што пишав http://gledanjeusuncesangejzingmamaciprevara.com/tekstovi/76-hvala-bogu-nisam-jedini И ако не поверуваш на зборовите од овој сајт те молам немој коментари од типот зарем во овој чудаков веруваш? Да да како не ѓаволи му излагале. Затоа што не е единствен. Јас само сакав да кажав пак како дојдов до тој заклучок ништо појќе. Ни тебе ни никого да убедувам. Се надевам дека сега ме сфати како си ги повржав тие работи. Секое добро и имај убав ден
Пестициди, загадена почва, ред други работи се неспоредливи со штетните состојки во вакцините. Мешаме многу работи. Лекари кои откриваат многу работи за штетноста на вакцините, остануваат без лиценци. Родители оштетени од вакцини зборуваат јавно, ние ги осудуваме, не било така, лажат... Да не сме им во кожа... Илјадници случаи чекаат на оштета, се влечкаат предмети по судски лавиринти, тоа е рекла казала. Добиваме евтини вакцини на тендери, и тоа е лага. Вакцинирани деца оболуваат од истите болести за кои се Вакцинирани. Факти, факти, факти до бескрај... Кој како сака нека постапува за негово дете, јас знам како ми е кога чекам рочиште ко да сум сторила не знам какво кривично дело,... Јас знам како ми е кога се преспитувам СЕКОЈА вечер дали правилно постапувам... Дали е лесно? Не е... После осудувајте...
нашата реакција ја има во декларацијата на вакцината ммр како можна нус појава што треба повеке од тоа неврологот кога го прашав дали е од вакцина дали има и најмала шанса да е од вакцина рече може ама никој нема црно на бело тоа да ти го напише И треба ли повеке муабет од ова? или и покрај се да се правиш слеп и глув едно е да слушаш о дрекла казала друго е кога ке осетиш на своја кожа и не е само аутизам каде се епилепсии ,алергии,леухемија,канцер,стерилност ???? и тука за епилепсија си цел живот на терапија знаци вечити пациент и вечен профит има од тебе додека си жив нормално ,исто и за леухемија канцер грдни пари се вртат во лечење ,испитувања
Ќерка ми има 4 и пол месеци и сега треба да направиме ревакцинација на таа шестовалентна. Првиот пат кога ја вакцинирав немаше ни тт ни оток. Но, фати страшен запек 5 дена со постојано плачење. Оваа недела треба ревакцинација да направи, а ич не ми се оди оти знам дека ќе тргам маки, ќе и го нарушам цел ред, а супер ни оди. Како и да е ќе ги направам овие преостанати 2 ревакцинации на оваа вакцина. Но, се мислам што понатаму, мојот став за или против не е оформен, ниту имам искуство на блиски. @joy1 Ако не е тајна и нескромно, ќе можеш ли да ми кажеш од која ваквина имавте нус појава?И, секако, доколку може и накратко да ми кажеш во што се состоеше проблемот? Може и си кажала веќе, но не можам да се снајдам...
Жено божја, као да ти објаснам, Велков не ги измисли овие нуспојави од вакцините, не е ороводец во кампањата која сами така си ја нарекувате а воопшто ненодиме наоколу и не тераме кампања да родителите не вакцинираат, напротив, обратна е ситуацијата. Значи како да објаснам, не мора нејзе да и веруваш, отвори светски студии, отвори сајтови признати. Моментално со синио испитуваме нешто, ако де докаже ќе добие од СЗО документ на светско ниво признат кој го ослободува од сите вакцини. Зошто син ми би бил исклучок а комшичеѕжто не, а? Мани ја Велков, читај студии.
Значи тие го прават најголемиот геноцид над човештвото. Ама се така добро замаскирани,ехх... Одат рака под рака со општеството,што ќе ти наметнат тоа ќе правиш. Огромна сила,па пробај спротивстави се.Неможеш,освен да одиш да живееш некаде како домородец на некоја планина. Ние зависиме од нив,тие зависат од нас.
@BirMelek таа што ќе ја примите сега е втора доза, петвалентна, и има уште една доза, шествалентна. Ревакцинацијата почнува на 18 месеци, втората ја укинаа на 4 години беше, остана само таа на 7 години.
Значи ова е друга вакцина? После на 6м ми рекоја уште еднаш треба боцкање. Страв ми е и од примање и од непримање
Сум читала признати сајтови, сум прочитала се и сешто. Ама пак не знае човек во што да верува. Се прашуваш што ако згрешам ако не ставам вакцина или обратно. Моментално моето мислење е ова, што не значи и дека е последно. А на која страна е тоа што си го пишала од лично искуство?
И научни студии не викаат дека аутизам се добива од вакцина, туку нивото на алуминиум највеќе делува на некои мозочни процеси кај луѓе кои носат определени гени, не кај сите, да поттикнат аутизам или други оштетувања. Дитепер е три дози на 2,4,6месеци со ревакцина на 18м.
@BirMelek истата вакцина е, има втора и трета доза, оваа сега што треба да ја ставите не ја содржи само течноста за хепатит Б, петвалентна е, а во наредната ја има и таа, шествалентна. Мојот со петвалентната помина најдобро, никаква реакција, а од првата и третата доза имаше оток на ногата и температура.
Имам пишувано на неколку теми од форумот, внука ми после 2 години испитувања од последица од вакцина имаше аутистични промени кои беа резултат на аутоимуно заболување. 2 години примаше цитостатик, 7м кортико, сеуште е на имунотерапија, не смее да се вакцинира, не смее многу работи и зборува многу тешко. Боли многу, оа затоа многу ќе внимавам за син ми.
Жал ми е многу што испаднало така. Човек стварно треба многу да размисли. Не знам што да кажам. До негде ајде ќе речеш штетни се, ама па кога ќе размислам дека и јас сум примила вакцини и ништо не ми е фала му на Бога. Во нашето време мислам дека немало вакви испади од вакцини. Или па имаат некакви измени сега овие вакцини?
Луѓе, писмени сте, знаете англиски скоро сите. Одете во диспанзер, земете упатство за вакцина и прочитајте нус појави на вакцина и ќе правиме муабет со факти.
Дитепер на шест месеци третата доза синми ја поднесе потешко. Температура,го болеше ногата,плачки.. Бев предупредена за таа и си очекував. Од другите две немаше проблеми.