фала богу па оваа уште малце ке ја решат од функција Инаку скоро гледав клип за девојчиња вакцинирани од хпв .Одма после вакцината добија грчеви на телото,почнаа да се виткат ,се изгубија скроз.Страшно каква реакција
Ауууу со две деца се вратила епидемијата на голема кашлица, страшно, со цели две деца е прогласена епидемија на голема кашлица, страшно!
Србите викаат: Затресла се гора, родио се миш. Прогласување епидемија на две дечиња е тотална глупост. Исто така мора да се провери сојот, да не дечињата се заразени од самата вакцина или од некој тазе вакциниран во нивна близина. Вакцинираните дечиња се сеачи на болестите за кои се вакцинира најмалку 15 дена по вакцинацијата. Кај син ми во училиште пред неколку години другарчето во клупа закачи голема кашлица. Син ми невакциниран - не. Заплашувањата со епидемии, и секако ограничувањата на правата на избор останаа единственото оружје со кое што располагаат системите. Кој како ќе проголта.
Не се вакцинирани и не е од вакцина. Не е ни епидемија,туку камбек на искоренета болест.Никој не ни спомна епидемија.
Е не е епидемија ама болеста се вратила токму ради тие две дечиња, хммм, досега имало многу случаи по 2 дечаиња и вакцинирани и невакцинирани па не се кренало паника. Лани имало седум во едно школо од 460 деца, па никој нит чул нит видел. Уосталум малку битно е дали се или не се вакцинирани, особено во ситуацијава.
Мораше да нагласат дека се невакцинирани,како капак на кампањите за невакцинирање.И уште нагласија дека заради нив вакцинацијата со ММР вакцината опаднала за 60%,богами тоа е масовно делување.
А кај има кампања за невакцинирање? Јас од родител невакцинирач не сум видела кампања сем што се советуваме на фб, форуми и слично, си видела ти овде некој да напиња да не вакцинирате? Тие што се неодлучни прашуваат, ние одговараме, толку! Јас лилно не се убедувам со никого и не вршам кампања врз никого. Околу мене и периодот кога се роди син ми имаме неколку бебиња во фамилија, никого не убедував, сами си одлучуваат.
Тоа не се кампањи, таму нема родител кој седи и убедува, се советуваме како правно да постапиме, како се соочуваме со градинките, како да избегнеме вакцимација во болница, ама се тоа кај родители кои веќе се одлучиле, ете ние одлучивме, пристапивме кон групата и толку. Па самата активност на групата ќе ти укаже. Никој никаде не убедува, тоа е право на избор на секој родител, тоа е тоа за што се залагам како родител јас и верувам секој кој му посакува добро на своето дете.
Јас немам ниту добро ниту лошо мислење за ваквите страни,ама самиот наслов би ме замислил искрено.Резултатот од делувањето на ваквите "кампањи" да ги наречеме е веќе спомнат погоре,за 60% снижена вакцинација на ММР.Сепак мора од некаде да чуеш или да се информираш за да се одлучиш на таков чекор,а ваквите страни токму тоа го прават.Настрана родителите кои се решиле заради нуспојава или уште пред да се појават ваквите страници.
За ова зборев. Мимикријата ( непокажување на симптомите ) која ја прави вакцината за голема кашлица, само прави да преносителот не е ниту свесен дека ја носи болеста и ја пренесува. https://www.sciencedaily.com/releases/2015/06/150624071018.htm Анти- вакцинални кампањи не постојат, туку постои желба ( ако постои нели ) за целосно информирање. Медаљата секогаш има две страни, нели ? Вистинска реткост е да една информирана единка, вакцинира, или продолжи да вакцинира, кога навистина ќе се информира, барем за составот на вакцините, и додатоците на истите.
дека се нели вакцините најиспитувани, најбезбедни, се најнај- затоа тука стои нели дека така случајно може нели и смрт да настане по примање на вакцина и како да не се плашам од вакцини после? Јас лично порано не бев против имунизација и против самиот процес на вакцинација ама кога почнав да проучувам имунологија и кога почнав да читам што има и другата страна да каже за вакцините-се запрепастив, и единствениот моментален факт е дека има нешто неиспитано во вакцините нешто страшно нешто поради кое не спијам кога ги вакцинираат децата на најблиските, нешто шо не треба да се занемари, не треба да се става под тепих туку треба да се испита да се открие и да се направат вакцините максимално безбедни, и се изначитав информации и од едната и од другата страна- и сите ми имаат логика така да у секој случај глава да те боли од многу информации. А зошто почнав да истажувам за вакцините - поради неколку случаи на појава на аутизам непосредно после примање на вакцина и тоа кај здрави прави деца кои предтоа не покажувале никакви знаци на некое пореметување. И заклучокот е: Бог нека ни е на помош шо и да одлучиме...
Неколку страници наназад согласно пропагандните портали и нивните препишувачи, во Романија умреле невакцинирани деца. Еден од врвните имунолози во Хрватска доблесно ја објаснува вистината. http://promise.hr/mediji-lazu-djeca-u-rumunjskoj-umrla-od-gladi-i-teskih-bolesti-a-ne-od-ospica/
Јас лично сум за вакцинирање на деца. Девојчето ми е редовно вакцинирано, освен со ММР вакцината која и ја ставив после третата година(можеби требаше порано) Немаше реакција( температура, осип, повраќање..) од ниедна вакцина. Здравје и другите две деца планирам да ги вакцинирам. Сепак секој си одлучува за своето дете.
http://www.ringeraja.mk/statija/autizmot-se-pojavuva-dodeka-plodot-e-vo-utrobata_5302.html?page Еве нешто околу вакцините и аутизмот.
Ако малце логично размислуваме, тимеросалот со години беше дел од вакцините, одобрен токму од научници и центри за контрола на медикаменти. И после декади на користење, оп не е добар. Оставал трајни последици. И цигарите беа одобрени од научници и лекари во педесетите години од минатиот век. Аѓувант SV40 користен во вакцините преку 50 години, како високо канцероген, Се чудиме што канцерот коси како грип ? Науката нерето е крива, што низ историска призма се покажува. Колку колатерална штета е направена, може само да се погодува. Аутизмот квалификуван како генетско заболување стигна до број помал од 1 во 50 деца, додека различните спректри се почести. Многу сакам да дознаам како генетиката е крива за оваа епидемија. Ако и некое неродено детенце има потенцијал за некакво генетско пореметување, пред да се вакцинира, треба ДЕТАЛНО да се испита, дали можеби вакацината со нејзините аѓуванти ( додатоци ) не може да е тригер. Автоимуните заболувања просто косат и се во огромен пораст. Билокој лекар, кој неможе да ти дијагностицира болест, ти вика - генетика. После скандалот на лажирањата на податици во студија, каде намерно се уништувани докази, ваквите изјави јас би ги земал со голема прептазливост. Особено ако истите имаат билокаква врска со некој фармацевтски спонзор и истите се прават во контролирани локации.
Денес добив закани и уцени од санитарен инспектор дека од септември моето дете нема да оди во градинка ни под разно, лично она ќе ургира. Поднесов изјава за невакцинирање, не ми е стигнато ни порамнување. Кажав да поднесе постапка против мене, да не се занимаваме со уцени. Во меѓувреме спремам претставка до Народен правобранител. Отидов и до градинка, немам проблем од таму, но ги запознав со случајот и за било што да се обратат кај мене. Дури ми беше кажано дека моето дете е извор на зарази и не смее да биде во средина со деца да не ги зарази. Овие зборови како мајка многу ме заболеа. Нели децата се вакцинирани, се заштитени? До кога ќе притискаат? Страшно е.
Мене не ми е јасно како воопшто нема излезено никаква петиција за "Вакцинирањето да биде право на избор!". После толку барања и петиции за продолжување на породилно отсуство и што ли уште не, како не им текна на родителиве бе да побараат вакво нешто? Прва ќе се потпишам! А верувам и дека во експресен момент ќе се соберат потребните потписи. Јас како потенцијална идна мајка, исто така сум против вакцини! Па ова што се влечеш по судови, по правобранители и што те омаловажуваат по градинки воопшто не е во ред. Сите имаат право на избор, а во оваа суштинска сфера(според мене) правото на избор ни е одземено.
Затоа што кај нас сеуште вакцинацијата не е задолжителна, право на избор е мислам. Ако грешам исправете ме. Сите би сакале да не се малтретираме и да не стравуваме за нашите деца, ама едноставно кај нас ништо не е едноставно. Ете тргнете и од иницијативата за породилно, референдуми за рудник кој убива цело население во еден од најеколошките делови на државава, нема слух за народот власта.