Закани и уцени ? Па така може дома да се заканува и уценува. Одлично си направила со упатување на инспекторката да ги користи правните нормативи, која очиглено не ги познава со оглед на фактото дека во моментот не постои закон/правилник кој вакциналниот статус на детето го зема за мериторно за посетување на градинка. Во најмала рака може да ја тужиш за дискриминација. Потребните документи ги имаш во групата на фејсбук, спомната наназад. Постојат две струи на родители кои не ги вакцинираат децата кои правниот аспект на законите во МК различно го толкуваат. Едните ( Здравје на игла не влегува ) поведоа постапка за уставност на одлуката за „задолжителна“ вакцинација, и уставниот суд ( осем еден судија, чинам Наташа Габер ) гласаа за отфрлање на иницијативата. Другата струја ( Вакцинирањето право на избор -слободата над се ), се базира на постоечката законска регулатива која ако фино се разгледа, се гледа дека постоечката законска регулатива во РМ заедно со потпишаните меѓународни конвенции, кои се над законите во РМ, е дека вакцинацијата како медицинска интервенција- е право на избор. Проблемот е што низ судските лавиринти, ова право родителите мораат да го докажат, за да на крајот родителите бидат ослободени од обвинение. Вакцицнацијата не е задолжителна, ама некогаш мора да се докажуваш. За среќа, поголемиот број на родители глатко ги одбиваат вакцините и немаат проблем со системот. Во помалите градови, родителите се изложени на поголеми проблеми, за разлика од Скопје. Изгледа дека системот не знае што да прави со огромниот број на невакцинирани и може да се случи да го ограничи правото на избор како во Хрватска. Битките и малтретирањата се различни ама родителите кои се убедени во ставот за неучинковитоста и опасноста на вакцините - не потклекнуваат. Некој тера судски, некој плаќа казна само да се раатиса, некој средува со пријатели.... Инаку, Врховниот европски суд смета дека Вакцините не нудат безбедност која е очекувана од нив!!! „administering of the vaccine is the most plausible explanation for the occurrence of the disease and the vaccine therefore does not offer the safety that one is entitled to expect... ... because it causes abnormal and particularly serious damage to the patient“ (art.41) http://curia.europa.eu/juris/docume...g=en&mode=req&dir&occ=first&part=1&cid=838310 .
Искусни девојки сакам да ве прашам нешто зошто мене многу ме испаничија. Имам познаничка чије бебнце е гонинка ипол. Не и ја ставија ММР на годинка зошто девојчето беше болно па ја одложуваа на неколку пати. Пред некое време девојчето фати варичела од градинка и ете ја два иопл месеци никако да и поминат брунките по телоото, како цели отворени рани и се. Неможеа да ја носат на одмор, се во бело ја облакаат, ангажираа жена да се грижи посебно за неа....лудило. Ја носеа по болници и надвор од државата и сите им рекле дека болеста има земено голем замав зошто девојчето не било вакцинирано на време од ммр.Можно е оваа ситуација да е од непримена вакцина??
Да не не е варичела? Има бактериски инфекции на кожа кои се слични на варичела. Инаку ммр вакцината нема никаква врска со варичелата.
Можи да е, не знам како на дијалект се вика овчата сипаница или варичелата. Ако е тоа, немам објаснување зошто не се чисти кожата, освен ако не е инфицирано со некоја бактерија, бидејќи велиш дека брунките и се како отворени рани. Брисеви нека направат, да видат што е. Па и докторите не се толку заангажирани?
Малку подолго видео е ама се совпаѓа со сите мои предзнаења за вакцините и за убедувањата од средината дека вакцините се корисни и осудата за тоа што не вакцинирам
Согласно постоечката законска регулатива, вакцините во Македонија СЕ право на избор. Одговорот на прашањето кога најкасно може да се вакцинира е : - Никогаш. Правните постапки се разработени во група спмната малку поназад во темата. Ако ме прашаш мене, за оваа состојба тригер може да е и некоја претходна вакцина, а треба да се провери дали е можеби атопичен дерматит, како кај мој колега. Кај него, дијагнозата бепе поставена во Германија, каде лекарот од прва го констатирал како поствакцинална компликација. Многу, премногу често, вакцината е тригер на разни кожни проблеми, особено ако во семејството веќе има такви индиции. Псорјаза на пример, кај некој од родителите или кај баба/дедо, честопати вакцината тригерира вакви последици. Тука неставањето на ММР нема ама баш никаква врска. Од аспект што би било коа би било, невкусно е да се констатира дека ете, од недадена вакцина има проблем. Од недадена вакцина, неможе да има проблем, може само да го нема. Каков циркус.Реакција на недадена вакцина Да не ти фали едно НЕ, пред „се корисни“ ?
Мене нешто не ми е јасно. ПО тоа што го знам во Мк вакцините сеуште не се задолжителни. Епа на кој основ казната е 500 еу?!?!
@LiliBoz епа знам дека неможе ,ама има луѓе или ќе си платат или ќе се предомислат ќе си вакцинираат @augustd во право си вакцинираните деца нели по дифолт се заштитени зошто тогаш се плашат од моето невакцирано јас треба да се плашам нели
По основ што институциите на системот сакаат да ти ги презентираат така работите, и потоа народот и родителите веруваат дека лагата која ќе се повтори 100 пати е вистина. Знаењето е сила.
Добро прашање. Системот те казнува по еден закон не земајќи во предвид друг закон кој го дерогира провиот. Директно. За жал на системот треба да му го посочиш ова. Ама дали знаеш дека можеш? Дали сакаш ? Дали ти е можеби полесно да платиш и не вакцнираш ? Се работи до убеденоста во ставот. Ако системот те закачи, а ти не се браниш ( ако не знаеш како или едноставно не сакаш ) системот ќе те казни. Просто. Затоа, ако имаш став да не вакцинираш, за жал треба да се потковаш со твоите законски права, кои треба да ги браниш пред системот. За среќа, релативно малку луѓе биваат казнети, обично се таргетирани уплашени ( од системот) родители, и провинција, а никако Скопје. Туку да не иде постов во ветер, преведена ( на српски додуше ) првата од серијалот Truth about vaccines. Документарецот, одлично поставува прашања и бара целосни одговори за вакцините. Тука се оние прашања кои докторите нема да сакаат да Ви ги одговорат.