името отсекогаш не и било ММР туку порано беше МРП. Нема поента да се натегаме зашто утре пак ќе станеме од спиење со истиов став. И немојте како вирус да напаѓате луѓе кој се за вакцини и кој вакцинираме. Сепак сите си знаеме најдобро како треба за своето дете. Сигурно ниедна мајка свесно нема да му наштети на своето дете, а со одредени постови нас кој вакцинираме не напраивте индиректно како да правиме некој грев т.е. као да сме го земале и од балкон да ќе го фрлиме. Дискусијава ја завршувам зашто нема поента се вртиме у круг, па на крај сепак си се држиме за истиот став. Кога ќе сум во можност ќе сликнам ММР дека се примаше на 24мес зашто сеуште видот ме држи и знам што прочитав. Добра ноќ.
шо има да сликаш кога погоре имаш службен весник на р македонија или твојата слика е поважна од службен весник отвори види
Дали ММР, дали МРП, истата вакцина е. ММР значи measles, mumps, rubella, така ја нарекуваат во англиско говорно подрачје, кај нас се вика МРП и значи морбили, рубеола, паротит. Истите болести, исто е се'.
не се тракај без потреба ммр од секогаш се примала на 13месеци дали 2004 година или 2006 година исто ти се фака за македонија зборам за друга држава не ме интерсира и за да не тропам напразно еве ти службен весник на рмакедонија за2006 година имунизација да не се мачиш да бараш поточно за ммр пише на страна бр 19 https://www.google.com/url?sa=t&rct...DB706389.pdf&usg=AOvVaw3Q9Aik-U0qNPD-XNJMpm3u
Вчера не пишав за ова... види, вирусите вбризгани преку вакцината и вирусите кои на природен начин дошле во нашиот организам, не го активираат имунитетот на ист начин. Човечкиот имунитет е многу комплексна работа... има прва, втора, трета линија на одбрана на организмот. За да може еден организам правилно да се избори со вирус, потребно и пожелно е да се активираат сите линии по својот редослед. Што не е случај кога се вбризгува вирусот во организмот, се активира директно третата линија на одбраната која што треба да се справи со вирусот со целата негова јачина (колку и да е ослабен во вакцината). Ако се активирани првата и втората линија на одбраната, третата линија се справува со многу послаб противник отколку првата одбранбена линија. Ова само малку сликовито да ти го прикажам, инаку не е баш така едноставно. И да, тоа и кажав, сите сме на ризик, целото човештво е на ризик. Нема индивидуалец кој е поштеден од ова.
Процентот на невакцинирани моментално во Центар и Карпош е поголем отколку процентот на невакцинирани од Косово коа имаат дојдено за време на војната. Срамота е голема колку свесно одиме назад во времето и сакаме да се вратат епидемии на болести за кои некој се мачел да ги искорени. Се ближи времето кога луѓето повторно ќе умираат од дијареа! Свестете се мајки. И не ги слушајте тие муабето за квалитетни/неквалитетни вакцини. Има неколку фармацевтски компании во Европа кои изработуваат вакцини, и насекаде ги носат од тие три компании. И заштитете си ги децата, вакцинирајте ги!
А што со тие деца кои е докажано дека не смеат повеќе никаква вакцина да примаат ? Во болница ни кажаа дека предизвик и успех би било за него ако не се заразело од вакцинирано дете замисли тоа значи дека вакцинирсните деца се подвижни вируси , а невакцинираните да ги чува Господ од болести ...
Како е докажано дека не смеат да прима вакцини повеќе? Вирусите ги има НАСЕКАДЕ околу нас. Како ти ќе бидиш сигурна дека твоето дете што не е вакцинирано се заразило од вакцинирано. Глупости... Или пак сто пати поголема е веројатноста да се зарази од друго невакцинирано? Невакцинираното дете е потенцијална болест не само за самиот него, туку и за сите околу него невакцинирани. Колективниот имунитет ни опаѓа... И со тоа придонесуваме тие вируси уште повеќе да живеат, уште повеќе да станат отпорни. Зар не е срамота во 21 век да имаме епидемија на морбили? Уште еднаш ќе кажам, неписмен народ сме.
Има кај што го тестираат детето дали смее и дали организмот може да ги издржи тие вбризгување на вируси т.е дали има доволно имунитет да се бори , а по лоша реакција од вакцина на моето дете е стопирано со вакцинирање , а другото по редовен распоред има примено сите вакцини ,како и МПР на 13 месеци , така си добив совет од доктор дека моето дете што е вакцинирано може да го зарази другото дека не е вакцинирано , логички веќе е јасно што сакаше да каже . Тука може да се убедуваме и докажуваме до бескрај ,ама само една е вистината , болестите ги има секогаш и секаде без разлика дали си вакциниран или не , бидејќи и покрај вакцинација ако имунитет ти дојде на О некој вирус одма се активира и секако мора да се бориш , морбили сите прележуваат , некој ги пребродува брзо некој по бавно , сега по ново си е нови вакцини нови болести ..
Ја следам темава постојано и се уште не можам да се одлучам како да постапам. Многу чуствителна тема, со оглед на тоа дека сите им посакуваме само најдобро на нашите дечиња. Кога ги читав линковите од претходните постови, си мислев дека готово решена сум да не го вакцинирам бебето. После го наоѓам ова и пак ми створа хаос во главата и мисла дека треба да вакцинирам: https://www.whattoexpect.com/child-...about-vaccine-side-effects.aspx?XID=iOS_share Многу различни и спротивни мислења, статии. Јас не знам што да правам... Што да се одлучиме, им посакувам само здравје на дечињата.
И јас кога се мислев прашував во темава. Ама сепак, според неа не би се водела, нема многу научни докази постирано, повеќе лични мислења. Има премногу истражувања, има одговори на сите оние прашања и теории, што се секираш ако детето твое е вакцинирано, болестите не изумреле поради вакцините и сите други аргументи кои ги прават оние кои не вакцинираат, па дискусија околу колективниот имунитет и дека оние кои поради медицински причини не можат да вакцинираат се заштитени од тој имунитет, кој ете, е се помал поради зголемениот број на невакцинираните, па и овие кои не смеат да примат вакцина може да бидат жртви... Од друга страна сме во Македонија, па само слушаме од ваму или таму ги носат вакцините, небезбедни се, не се ракува со нив правилно, што е причина за грижа, иако не може да знаеме колку е веродостојно, а другата работа е што сепак вакцините како и се друго во фармацевтската индустрија може да имаат несакани дејства. Иако нели, ако се земе колку луѓе се вакцинираат процентот не е голем. Но, што ако е моето? За аутизмот многу исто има да се чита, ама на крајот се сведува на што човек ќе верува, која страна ќе ја одбере. Јас лично ги ставив вакцините во првата година, за среќа помина без никакви несакани дејства. ММР не сум ја ставила, не знам за тоа се уште како да постапам. Ама не сум поборник ниту за вакцинирање, ниту за невакцинирање. Иако е грижа за јавното здравје сметам дека не сум уште доволно информирана.
Не сум мајка, ама кога ќе бидам ќе ги вакцинирам децата со сигурност. Студирам општа медицина. Верувај, не тресам глупости. Вакцинирана сум, и до сега немам од ништо заболено. Ни јас, ниту брат ми. Ниту сипаници имаме фатено, ниту заушки нити ништо. А сум била со контакт по цели денови со луѓе кои имале. Ако не бев вакцинирана ќе беше така? Имам дете во градот кај што живеам, мајка му одбила да го вакцинира. Сега детете е големо, го чуват во стаклено ѕвоно, бидејќи секогаш е болно. Ниту еднаш како мал не си играше со нас децата. И плус, има МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА како последица од невакцинирањето. Си доби како награда за невакцинирање Haemophilus influenzae тип Б. Знаеш што е тоа и што предизвикува?? Знаеш дека 1 на секое 20то дете умира? Тоа сакаш да се случува?
види види ти студираш јас еве работам 10 години во болница.И? сипаници ке фатиш.Во тоа биди милион посто сигурна.Како студент на медицина срамота е да кажеш дека поради вакцината не си фатила затоа што вакцина против ВАРИЧЕЛА кај нас нема така да ке те фати ајде ти кажи ми колкав е заболен бројот на туберколозни во Мкд и покрај вакцината? јас можам да ти кажам бидејки бев во контакт со нив долги години на раб.
Јас искрено секогаш мислев дека ќе вакцинирам кога ќе имам, дете. Се роди син ми, на два месеци одам за да го вакцинирам, се испостави слаб хемоглобин 9.9. Да почекаме некое време ме советуваше педијатарот. Крвта полека се зајакнуваше, и кога постигнавме добра бројка, се премислив. Еве сега ќе правиме година, не сме вакцинирани освен со првите две во болница. Имам време да се премислам
веројатно има некаде затоа што на годишно ниво праќаме детален извештај во центарот на јавно здравје.
Океј, мислев дали имаш да приложиш како аргумент, зашто инаку можеш да кажеш само од твое искуство, а ние треба да поверуваме. Ти сепак доаѓаш во контакт со одреден број пациенти, не на ниво на цела држава, притоа можеш и да додадеш или да одземеш во зависност од тоа како ти одговара. (не велам дека би го направила тоа, но кога споделувам туку така работи, без поддршка е сосема можно да се изведе.)
мене ми е сеедно дали ке ми верувате.Јас знам она што јас го гледам и тоа ми е повеќе од доволно.Ако стварно ве занима ке прогуглате,и ке најдете.
Во ред тогаш, мене не ми е воопшто доволно тоа, затоа и реков погоре во мислењето дека не треба врз основа на темава да се донесува суд за толку важна работа како што е здравјето на децата. Баш ќе видам дали и што официјално може да се најде.