МОРБИЛИ=МАЛИ СИПАНИЦИ, еве на тоа мислев, зошто сеа имаше епидемија на овие сипаници, за кои ИМА вакцини. http://www.mrt.com.mk/node/39360 Еве за лани бројот на заболени од туберкулоза бил 267. Но каде има колку од тие 267 биле/не биле вакцинирани? И дали биле РЕВАКЦИНИРАНИ? Лесно е да кажиш бројот на заболени од туберкулоза бла бла... А што точно работите? Поврзано со медицината или одржување хигиена? И размислете колку би биле заболени доколку би биле невакцинирани??? Колкав би бил бројот? И секоја вакцина не е 100% заштитник дека нема вие да заболите во иднина. Процентот на ефективност е 90%-100%.
сестра ми беше вакцинирана од се и фати се.Има прележано и морбили и заушки. работам поврзано со медицина. Болните сами си одржуваат хигиена .Наше е картон да им отвориме,лекови секој месец да им дадеме ,ртг да им правиме,арб во спутум да испитаме.Друго шо те занима што работам? епидемија? со десетина заболени епидемија? епидемија имавме скоро на стомачен вирус со преку 2000 заболени за една недела само кај нас.Е тоа е епидемија
Аман веќе од тој колективен имунитет, како слепец за стап ми е зборот. Еве кај мене не се вакцинира од туберкулоза веќе 70 години, значи тој фамозен колекивен имунитет не постои а нов случај на туберкулоза нема, објаснување некое, Од полио исто не се вакцинира последниве 20 години, нов случај нема, каде е сега тој фамозен колективен имунитет?
полио мислам дека ја укинаа и во Англија пред мн мн години ради масовното појавување на леукемија кај децата после вакцините.Не се сеќавам дали полио или хиб беше.
25 души на ниво на две општини беше. А пред две години имаше 110. Не ти е алармантно? Мислиш дека глупи се докториве што изгласаа епидемија?
Свако чудо за три дана.Зборуваа неколку дена за епидемија сега ги нема никаде,си најдоа нова занимација. ти кажав и првиот пат.Вакцинирај.Дали јас и останатите ке вакцинираме,ке бидеме вегани или месождери ,дали ке се лекуваме со аб или алтернатива е лична одлука.Не е твое да нарекуваш некого неписмен поради тоа. пријатно од мене
Да, ама вие спаѓате во високоразвиена држава каде што хигиената и условите за живот се на високо ниво. Во Македонија, од друга страна, сеуште има голем број семејства (во поголем процент Роми) кои живеат во субстандардни услови и едвај преживуваат. Е, затоа кај нас сеуште се вакцинира за туберколоза.
Иако ова ми делува како од ракав информација со процентиве, треба да осознаеш една работа. Бројот на вакцинирани дечиња се намалува. И тоа не е тренд во Македонија, тоа е насекаде. Во Македонија повеќе расте бројот на невакцинирани во поголемите градови, отколку во руралните делови. Се ближело времето коа ќе умирале од дијареа. Циркус. Се ближи времето коа поголем број на родители ќе сакаат да се информираат околу вакцините. И кога ќе се судрат со неучинковитоста и очајноста на вакцините здравата логика ке ги натера да ги одбијат. Поентата тука е само дали некој ке сака да се информира повеќе. Еве јас ќе ти посочам многу добра студија со компарација на здравствената сосотојба на вакцинирани и невакцинирани деца. Многу добро се гледа какво е здравјето на вакцинираните а какво на невакцинираните дечиња. Не се големи, посвети им внимание, и многу ке ти се разјасни. Сама ќе одбереш какво детенце сакаш. http://www.oatext.com/pdf/JTS-3-186.pdf http://www.oatext.com/pdf/JTS-3-187.pdf Во Америка НИКОГАШ не се вакцинирало со ТБЦ. Бројот на заболени НИКОГАШ не бил голем, туку во рамки на просекот. И таму верувај, не само Роми, туку огромна популација живее во субстандардни услови. Впрочем,ТБЦ во Македонија, 99% вакцинирани.
Ова според некоја официјална статистика или од ракав податоци? Сакаш да кажеш дека Америка треба да ни биде репер за здравство и грижа за пациентите? Тебе може да, ама јас никако не би сакала Америка да ја земам за репер. Не би рекла дека 99% од ромската популација се вакцинирани, напротив. А всушност, поголемиот процент од заболени се Роми (ова според мои сознанија, немам никакви официјални податоци) За другиве вакцини не знам, ама за ТБЦ некој да убедува дека е неефикасна и беспотребна ми е смешно. Ај ако не да се вратиме пред 100-тина години кога умирале како глувци
од пациентите во нашиот град само еден годинава е ром.Има доста Македонци и Албанци останатото Меѓу болните имаме деца на лекари,неколку професори,ученици од приватни школи,и слично. ова во контекст дека само сиромашните заболувале...
Кој рече само сиромашни? Генерално, туберкулозата е болест на сиромашните, ама дека само сиромашни заболуваат не знам...
ок де ајде нека не биде сиромашни.. дека рече најголем процент се Роми а знаеме најголем број од нив во какви услови живеат .Затоа те демантирав.
Не реков дека си неписмена, самп рече дека работиш во болница, а зборуваш дека не треба да е вакцинираат. До сега сум била во контакт со безброј доктори, професори и никој не е против вакцинирањето. Така да медицинар не би зборувал дека не треба да се вакцинираат. Сепак се‘ е ваше право, и на ваша совест за вашите сопствени деца. Не е од ракав, информација од проф. д-р. Никола Пановски - специјалист микробиолог. Ако на вас ви одговара да е од ракав, мислете како сакате.
еве зашто едно медицинско лице ти е малку, еве уште едно, јас. и јас сум против. патем медицинар е збор за барака-кафич во склоп на факултетот, не за медицинско лице.
сега си само студент.Кога ке влезеш да работиш низ тие врати ке сватиш дека мн раб не се како што се прикажуваат на тв Толку...
Вакцинирав до година, до ММР. Потоа направив пауза, односно ја одложив. Но, оваа тема одсекогаш била енигма за мене, па од тоа што јас сум се консултирала со стручни лица за сега сум со заклучок не вакцинирам. Едноставно страв ми е и има премногу сомнеж во мене. Ми беше објаснето дека во возраста кога се прима оваа вакцина најчесто настануваат промени кај децата кои често се поврзуваат со симптоми на аутизам. Дека едноставно се поклопуваат временски. Дека дококолку детето е родено без никакви компликации и 1, 1.5, 2 години не покажало никакви значи на аутизам не значи дека покасно нема да ги покаже. Дека лоша случајност е примањето на вакцината во истиот период. Не негираа дека е возможно детето негативно да реагира на вакцина, но за да се утврди истото е потребно толку многу анализи и испитувања, дека едноставно давање на финаланата дијагноза, еден од спектрите на аутизам, не е доволно. Дека истиот може да се активира од толку многу причини, пред се генетиски или недостаток на некои материи кои допринесуваат до побавен развој во некои области од детскиот развиток. Дека сите оние кои без таков вид на детални анализи, кои е потребно да се направат во западно европските болници, не треба да ја прифаќаат така лесно дијагнозата за своето дететнце. Дека истата генетика, односно ген дефектот, може да го има и другото братче/сестриче, децата од другото братче сестриче....
Па, најголем процент се Роми и луѓе кои живеат во субстандарадни услови, така ли е? Сега ако тврдиш, за да докажеш поента, дека тие деца на лекари, професори и сл. се мнозинство, тогаш е друго, ама мислам дека и ти знаеш дека не е така Јас не сум медицинско лице и можно е да грешам. Еве, нека ме исправи некој. За вакцините... Малава е вакцинирана до ММР. Тука направив пауза и сеуште истражувам иако сме на мисла да ја вакцинираме сепак. Само чекаме погоден термин (во превод, сеуште не сум 100% сигурна, го чекам тој 0,001 што ми фали за да бидам сигурна и спокојна дека одлуката ни е исправна)
Зошто да откривам? Таа кога ќе дојде време сама ќе одлучува без разлика на моето звање или твоето. Тоа што таа сега го гледа на факултет не е нималку близу до тоа што стварно е медицината на клиника т.е. во државните институции. И во ред е. И јас истото може сум го велела некогаш. Живи били па видели резултат и од вакцини и од невакцинирани.
Па за да биде релевантно за тие кои го читаат и на кои им потенцирате дека сте медицински лица. Ем сум мед.лице ем не кажувам која ми е стручноста. Ако е така не спомнувај воопшто.