И јас не верувам многу во колективен имунитет. А што се однесува за вакцината против ТБЦ, остана само таа во болница, прашање на време е кога ќе се укине и таа како вакцината на седум години. Оти не штити воопшто. На вежби беше кажано кај тбц болни да не се влегува без оглед дали е човек вакциниран или не, оти ништо не штити од тбц, само силен имунитет.
затоа ова е форум нели? бираме колку ќе откриеме од нашата приватност, наше право е исто како што таа или ти имате право да верувате во што вие ќе одберете. и јас пред да се породам велев едно а откако родив и зборнав со одредени ликови сменив мислење.
Samo sto tie javno ne kazuvaat deka ne vakciniraat. A inaku jas sum vakcinirana od se i se imam prelezano. I varicela i morbili i zauski i zoltica i crna kaslica... taka da ne bi rekla deka se mnogu efikasni vakcinite.
Рековте медицински лица. Тоа е многу широк поим и според тоа како и пристапивте на студентката упатува дека сте доктори и соодветно постручни и со повеќе знаење. Со тоа, јас која ја следам темава добивам впечаток дека со доктор се прави муабет, а сакам да знам од која област.
Нема врска. Доколку го напишиш со голема буква и во наводници би се однесувало на бараките. А инаку медицинари се нарекуваат и докторите, сестрите и тн и тн.
Па пиши медицинска сестра. Очигледно тебе повеќе те омаловажува професијата, отколку тоа што го прават од страна. Како што реков, медицинско лице е широк поим. Не може да се расфрлате и со тоа да сакате да додадете тежина на своите зборови, а после да се браните/правдате со напад. Ако јас се прашувам, верувам на доктори.
Факт е дека вакцините не даваат 100% сигурност. За ништо денес не можеш да бидеш 100% сигурен. Меѓутоа благодарение на нив денес не се умира од разноразни “лесни“ болести.
Вакцините не штитат од болести, ами од последиците на истите. Вакцинирам и сум за вакцинирање. Не велам дека од нив нема последици, но сметам дека последиците без вакцина се пострашни.
Едно ми е јасно читајќи по темава. Дека денес машала една личност за повеќе теми станува експерт. Ако работите на своја рака, зошто тогаш пак и воопшто одите на доктор? Ако се сметате над сите овие доктори, научници, истражувачи кои се залагаат за наше подобро утре. Отворете си интернет (како и за вакцинирањето), видете симптоми и лекувајте се. Сите некако си кажувате свои факти и мислења од рекла-кажала. За некоја волку осетлива тема, според мене, лица кои се стручни би требало да делат совети и да изнесуваат факти. Останатите немаат легитимност, бидејќи не е ова за избор меѓу светли или темни фармерки на пазар купени. Се работи за жив човек. Сигурно и куќа ако градите, нема да ставите темел како што е редот и како што сметаат градежниците. Според некои од вас, глупи би биле и тие кои ќе стават темел на куќата... За крај би сакала да ја прочитате оваа статија https://www.facebook.com/haris.babacic.5/posts/10155709639947418 од еден млад доктор, најдобар студент на неговата генерација, завршен со 10,00 просек кај нас. А @LiliBoz ти прочитај ја последната реченица каде е напишано медицинари...
@LadyR а ти да вратиш неколку страници назад и да прочиташ дека има и мајки што пишуваат од сопствено лошо искуство со вакцините, пред да кажуваш дека е рекла-казала муабет.
@kukla21 па секаде досега имам пишувано дека сум сестра.Што е спорно тука?Да мене ми беше професијата понижувачка никогаш немаше да се залагам да го работам тоа.Од финансиска гледна точка можам ништо да не работам а работев оти сакав.
http://www.makedonski.info/show/медицинар/м еве ти што значи медицинар. Така да не верувам дека и ти медицинар како што викаш. Бидејќи секој медицинар го знае значењето на зборот.
фала за линков, се гледа дека си студент а не вработена. повеќе не дискутирам зашто немам намера никому да се докажуваме заврши факултет, вработи се, роди па ќе збориме.
Значи вака. Вакцина се става на здраво дете, кое не е болно (не смее ни носот да му тече), чија што крв му е добра и тн и тн. Нормално е после вакцина (не кај сите деца) да има некои реакции од вакцината. Телото си создава антитела кои ќе реагираат со “непријателите“ во крвната циркулација кај нас (бактерии, вируси и тн.). Различни луѓе имаат различни нивоа на имунитет за одредени болести. Затоа некои после вакцината имаат температура, се разболуваат почесто отколку другите, потење, црвенило, треска или во најлош случај алергиска реакција (која би можела да се случи и при консумирање на некој тип на храна). Какви други лоши искуства освен овие имале мајките? Ментална ретардација? Не верувам баш Не мора да работам или да родам за да знам што е медицинар
дискусијава со тебе е крајно непотребна, непродуктивна и од моја гледна точка смешно е да се докажувам со студенти. поздрав и секое добро.
@LadyR прочитај ја темава малку подобро и ќе разбереш. Не станува збор ни за алергиска реакција, ни за температура и слични нуспојави. И колку за информација настинато дете ни во диспанзер не примаат за вакцина, ниту па сега некоја мајка без крвна слика или со вирус го носи на вакцинирање.
Па кога не ти одговара и кога немаш аргументи да се спротиставиш, ќе ја сметаш за непотребна. Барем не викај дека си медицинско лице овде, а кога те прашаа од каква точно област не кажуваш (по фактите кои ги зборуваш очигледно е дека не си). И тоа што сум студент на општа медицина, не ме прави да се чувствувам нешто помалку важна од вас, баш напротив. Поздрав
Не убедувај. Секој родител го прави и бира она што смета дека е најдобро за своето дете. Точно е дека има сведоштва од родители со болест од вакцина после истата. Но точно е и дека има сведоштва од родители кои не ги вакцинирале децата, а ради истото се каат. Некои работи се неповратни. За сега, нема ниту еден научно издржан труд дека вакцината предизвикува она или ова. Се се базира на експериментални глувци, како и на сведоштва. Јас ги вакцинирам децата. Нема што немам прочитано. И не знам навистина уште со кого не сум се консултирала. После ммр, некој месец подоцна, ќерка ми имаше проблем со говорот. Како мајка која бараше одговор зошто и од што, веднаш поврзав со вакцината. Се разбира дека не беше од тоа, ами проблем беше слухот и сосема други причини за истото. Само така се беше поклопило. Се надевам разбираш што сакам да кажам.