И ти си доволен пример за генерализација. Одлично. Здраво пак. За каков вид чума зборуваш? Ги има неколку. Најмалку во три наврати истиве правеле разор. Бактеријата е пренесеувана преку глодари. А гледам имаш познавања, па не би требало да поставуваш вакви прашања. Карантин, топлина предизвикана од пожари и слични мерки, биле дел од нештата кои ги превземале тогаш. Дали претендираш на тоа истото да го правиме и денес?! Навидум налудничаво, ама им давало утеха, ако ништо друго. Иначе, се појавува како резултат на промени во животната средина. Знам дека знаеш. Во денешно време, за ова постои терапија која истото би го држела под контрола, доколку не, настапува смрт во рок од неколку дена. Пак, кажи и фала на медицината. Се умирало тогаш, имунитет ради, колективен имунитет кој бил намален, а детерминиран од животните фактори. Биле погодени и од војна, глад, нехигиенски услови и гледаш, истото носи последици. Сеедно, не би требало да го употребуваш ова како аргумент против денешната вакцинација. Оти тоа така не е. Ах да, уште нешто тука важно. Пиеле вода од загадена река, која всушост самите ја контаминирале. Глодарите почнале да изумираат, што од глад, што од болеста. Исто било со луѓето, се спасиле единствено оние кои имале среќа да немаат контакт со заразен. Така се повлекува и чумата. И ти сега сакаш да ми кажеш дека немало вакцина, па супер, чумата сама се повлекла. Се повлекла, ама повлекла и милиони жртви со неа. Ја избришала Европа. Замисли колку би било се поинаку, да имало вакцини во 14 ти век. Знаеш, од тогаш, медицината почнува да се реформира. Вирус кој повторно би се покренал, би имал многу помали последици за разлика од оние во минатато, доколку опстои високата стапка на имунизација. Нема да кажам ништо повеќе од ова, освен дека секако, не изнесувам небулози. Вистина е дека наишав по сеќавање, ама сеќавањето многу добро ме држи. Не велам да ми веруваш на збор, а и не би требало. Барем јас не верувам во се што ќе прочитам тука. Ама жалам, не го листам гугл пред напишам. Не сакам, а и немам толку време. But. Секогаш на страната на науката. Сигурно се сеќаваш на епидемијата со заушки. Брат ми ги имаше. Вакциниран е од истото и ги прележа на нога, без ризични последици. За разлика од негови невакцинирани другари. Зошто е тоа така? П.С. Стварно мислиш дека ако продолжи да опаѓа стапката на вакцинација, болестите сеуште ќе ги нема? Уствари во право си. Ќе ги нема, оти ќе има нови, мутирани.
Здраво. Со оглед на твојот одбирачки начин на мојот севкупен пост, веројатно можам да заклучам дека се сложуваш со останатото изнесено, а коментираш само со она што не се сложуваш. Одбери која сакаш чума, ако сакаш и хеморалгична треска. Не е поентата како изгледа клиничката слика на чумата. Поентата е дека немало вакцина, и смртноста на болеста се намалувала, за да на крајот исчезне. Вакцина не го решила проблемот. Исто како и за дифтерија иако постои вакцина, болеста била на својот крај кога е пронајдена. Јас стварно не знам како да ти нацртам. Уствари еве, ќе ти го дадам мојот математичар кој преку проста (x,y) табела ке разјасни. Издржи, само 6 минути од твоето време. Верувај ке ти се разјасни. Логично и просто. Ептен. Значи, ја знаеме клиничката слика. Со соодветна терапија болестите се држат под контрола, откако евентуално ке настанат. И кај вакцинираните и кај невакцинираните. Сите детски болести, осем полиото, кое за жал во последните 50 години се реплицира токму од вакцината што е докажано од сојот на полито земен од примерот заболени. Јас медицината не ја оспорувам, но во секоја медицинска интервенција барам логичност. Кај вакцините логичноста едноставно ја нема. Ке повторам добра идеја, за жал не е издржана. Разгледај низ историјата од времето на Едвар Џенер, па наваму. Историјата е одличен показател. Особено во делот на подобрување на санитарно-техничките услови и стандарди на живот. Алелуја! Ете, така се повлекла и Чумата, и ајде сега на истата графа ( Математичарот погоре ) погледни ги и останатите. Се пали сијаличето ? Да. И кај останатите болести исто. Се појавиле, предизвикале милиони жртви и по својата природна траекторија, псоле подобрување на условите за живот, и хигиената спласнале. Е, после тоа дошле вакцините. И го спасиле светот Како го знаеш ова ? Ете нејќеш да видиш дека во реалниот живот herd immunity едноставно не постои. ( За пластично, дали човек вакциниран од сипаници на свои еве 50 години, вакцинран од сипаници во детска возраст е заштитен од сипаници ) Тоа е и поентата. За нешто да научиш прво треба да сакаш. За да донесеш став треба да ги видш двете страни. На гугл има многу разнолики информации, но истотака можат да се најдат мноштво на студии повторно од лекари и научници. Кои со своите ставови ги градат повторно на научни истражувања. И јас сум на страната на науката. Особено кога таа е независна и некомпромитирана. Треба да е така, ама за жал не е. Не е секогаш.. Тие научници кои мислат со своја глава, барајжи ги реалните аргументи ( Вејкфилд, Томљеновиќ, Шајбнер....) и еден куп други, неможејки да сокријат работи кои апла ги гледаат, ја напуштаат војничката индоктринираност, и неможејки да лажат и сокриваат, се изложуваат на понижувања на нивните колеги кои не сакаат да ја напуштат удобноста на професијата, па за тие цели и ке замижат на вистината. Ау да. Се сеќавам одлично. Тогаш отприлика од заболените 50-50 беа вакцинирани со невакцинирани. Во истото време имаше епидемија и во Англија. Она што еден лекар на А1 тогаш изјави е дека епидемија на заушки се јавува циклично на секои 10 години од првото воведување. Македонија ја облежа 10 годишнината исто како Англија. Како ја прележаа другарите? Како прележуваат заушки вакцинирани, а како невакцинирани? Како се третираат вакцинираните а како невакцинираните ? Како можеш да докажеш дека болеста некој ја прележал полесно или потешко? Дали имаш организам кој е и вакциниран и невакциниран? И ако вакцината за заушки званично штити до 5 години, зошто тогаш се дава толку рано? Нели е подобро истата да се даде во пубертетска возраст ? Да. Баш така мислам. Така мислат и некои научници и лекари ( дури и наши, ама обично позади завеса ) Бркајки детски болести добивме автоимуни епидемии. Правиме баба роги од 15 случаи на сипаници. Бркајки глувци, не плеска слон. 30 години твојот мурал СЗО препорачува вакцина со висококанцироген SV40 за да резултатот биде, упс извините грешка, а канцерот после тоа да коси како грип.
Зошто тогаш ако се исечеме на нешто рѓосано не тераат веднаш во болница и боцкаат инјекции против тетанус? Нели сме вакцинирани и штити? Татко ми пред некое време си ја исече раката и му ставија три инјекции за да не се инфицира повеќе.
Мене како ми објаснија е дека ако немало ревакцина последните 5 год, мора нова. Не дава траен имунитет. Боцкаат серум (за моментално дејство) и две ревакцини.
Што е работа? Јас само културно те поздравувам. Еве нов вовед. Поздрав. Повторно не ти пали логиката. Позната сум по долги постови, обожавам конструктивни дебати. Јас би да типкам до утре, ама времето ми е ограничено. Две мали деца, работам, а најчесто куцкам од телефон. И искрено, многу го мразам тоа. А и вчера, се бев засегнала за друга тема. Ти го постави прашањето, кое очигледно невешто го избегнав. Не сакав да се објаснувам, ама ме повлече за зборови. Сега ми објаснуваш во што е поентата? Многу убаво ја разбрав, затоа и ги доловив причините за стивнување на болеста. Точно е дека вакцина не го решила проблемот, ами со големиот број жртви ШУ прајме? Сакаш веројатно да ми кажеш, дека ради денешните хигиенски и останати услови, нема шанси глодари или останати да пренесат болест, која секако дека, би била помалку фатална со вакцина. Интересна логика. Минутите во бројка 6, ги користам за да ти го напишам ова. Ветувам, со повеќе време, радо би да разгледам се што имаш постирано. Иначе, кога ќе црташ, те молам и набои ми. Ја сакам многу црвената боја. Патем, контурите гледај да се убаво засенчани со црна. Еј, па здраво трет пат. Повторно лоша логика, или можеби избрзан заклучок. Различни ставови, студии, преписки, форуми и останато во врска со имунизација, јас читав уште во текот на мојата прва бременост. Став, секако дека имам. Зарем мислиш дека за сосема спротивното би пишувала тука? Не те негирам. Во право си. Но што ако се појави нешто такво денес? Дали имаш гаранција дека таква болест нема да се случи и нема да однесе милиони жртви, дали нам не би имало шанса да ни се случи војна, елементарна непогода, глад итн. кои би придонеле до промена на животните циклуси? Ми се чини дека тука, повторно доаѓаме до колективниот имунитет. Знам, затоа што со имунизација, се вбризгува вирусот во организмот, во прочистена форма, па секако дека последиците од невакцинирани и вакцинирани не би биле еднакви. Сигурна сум дека знаеш зошто се нарекува имунизација. Го поттикнува имуниот систем. А гените, се одговорни за другата работа, фактори кои влијаат на единката од надворешната средина, се одговорни за болеста. Организам без имунитет и со имунитет, ич не е исто. Не. Ама затоа ти го гледаш тоа. Одговорот на прашањето во заграда е не. Но дали човек невакциниран од сипаници и човек вакциниран од сипаници ќе ги имаат истите симптоми? Зарем нема вакцинираниот да помине полесно. Еве ќерка ми имаше сипаници. Вакцинирана е секако. Но нецели 2 дена, со многу блага форма на пликови. Без чешање, температура и останати симптоми. Знам, зашто споделувам мислења и со други родители и јасно ми е како поминуваат други деца. Дали знаеш што значи рубеола и бремена невакцинирана жена и колку е тоа опасно по плодот во неа? Супер. Добра тактика. На прашање одговараш со прашање. А овие рааботи требаше да ги одговориш ти. Тебе ти беше поставено прашањето како поборник против имунизација. Јас знам дека брат ми нема последици, оти гледаш ми е брат. Немаше симнат оток, за разлика од неговите другари, за кои, ако не јас, знае тој. А третманот, не знам, но би требало да е еднаков. Мој другар, сега на 30 години, не векциниран, на жалост трпи последици поради симнат оток. За кои, не ни сакам да пишувам. Е сега, те прашувам тебе пак. Зошто е тоа така? На тема возраст и вакцини, би се согласила со тебе. Но тоа не е условувачки фактор кој би нудел гаранција, онаква каква што ти или јас бараме. Кои се тие наши што препорачуваат не за вакцината? Живо ме интресира. Па половина фамилија ми е во здравство. Не би рекла дека некој од нив сака да им наштети на моите деца, нивните родени внуци. Пред да се одјавам, вистината е дека ме плаши имунизацијата, но поголем ми е стравот, без истата. Ај, поздрав пак.
@Lianna Anna ништо лично само се осетив повикана на твојот одговор во еден од твоите многубројни цитати па решив да аплицирам бидејки имам големо искуство околу сипанициве конкретно. Вакцинирана сум. За жал и од што требало и од што не требало, и во македонија и во еу повторно ревакцинации. Сипаници прележав две. Од која втората екстремно брутална со тешки маки и последици. Чинев тогаш ако не умрам нема кога. Да така околу ова прашање од искуство ќе ти кажам дека вакцината не ми помогнала да прележам лесно ниту 1%. Логично испаѓа дека се зависи од организмот а нити најмалку од вакцината. Поздрав.
@Lianna Anna тоа како некој ке реагира е мн индивидуална работа.Ако твојата реагирала добро по прележана вакцина мојата ете не реагирала.Сестра ми ем вакцинирана ем кога фати заушки доби панкреатитис.Тоа е една од компликациите при заушки.Каде е тука таа фамозна заштита?Или ете жива е па фала богу на вакцината е жива? еве незнам дали има некаква поврзаност ама јас како родител кога правам компарација помеѓу моите две деца,разликата е огромна.Малата е три години и нејзе само еднаш и имаат дадено да пие аб.Она не е вакцинирана сем бсж(во болница) .Втората ги прими сите вакцини .Нејзе не ја одмина ниту една детска болест или вирус.Има стварно мн полош имунитет од малата.И првите две години глава не кренав од антбиотици.Настрана што после се деси она што се деси. ве читам ке сме умреле од дијареа.Не берете гајле пред тоа ке умреме сите од ракови и леукемии.Кој знае зошто а? за три дена дознав за 3 дечиња со малигнитет.Бројот на заболени стварно рапидно расте и тоа е мн страшно. не се мачете да објаснувате дека е до радијацијата,храната,воздухот.Дрн дрн
Ве разбирам и двете. Уште во првиот мој пост на темава, кажав дека има различни сведоштва и од вакцинирани и од не вакцинирани. На жалост и едни и други, кој со фатални кој со благи симптоми. Сепак, тоа не е доволно, да го смени мојот став на темава. Засега. Поздрав до вас, а особено Џој до тебе. Алиса, да.
толку од заштитата од вакцината значи а и да не била вакцинирана може ке поминеа исто толку добро како сега кога е била вакцинирана тоа никој не може да го знае како би било кад би било
Зборувам за симптоми и последици, не за заштита. Со вториот дел од коментарот, се согласувам. Но е ризик, според мене, поголем без вакцина.
Ако и за симптоми и последици може ке поминела исто толку добро како и сега тоа неможеме да го знаеме со сигурност и ете вакцината не ја заштитила првичната намена на вакцината е да те заштите
А што е работата ? И јас исто како тебе, од почетокот на темава се држам до конструктивност. Долгите дебати се одличен начин за размена на ставови, но и менување на истите. И мене времето не ми расте у саксија, ама ако веќе држам до дебата, истата ја водам темелно. Ако не, нема ни да влегувам. Ама нели секој со својот начин на конструктивност. Значи, ајде пак. Светски епидемии, многу жртви, чумата и треската немале вакцина. Болеста ја снемало. Дифтерија , светска епидемија, многу жртви. Бројот на заразени опаѓа драстично Епидемијата е на сам крај, . Е ТОГАШ вакцината за дифтерија ја спасува планетата. Дали ме разбираш ? Абе да ја изгледаше таа 6ка, ке ја унапредевме дискусијата, ако не и ја скратевме И сеа Гугл чини или не чини ? Еднаш вака еднаш така. Консолидирај ги мислите. Ради контруктивност, не ради друго. Јас, за да не биде досадна нашата преписка, бо евентуално наредните ке се задржам стрикно на темата, а твоите досетки и релативизирања, ке ги прескокнам. Не. Не сакаше да видиш зошто колективниот имунитет не постои. Запали ја конечната конструктивност, и те молам кажи ми дали 50 годишен човек е можен дел од колективниот имунитет, ете за заушки, ако милуваш. И мене ме учеа во школо дека вакцинација е имунизација, ама не е. Имунизација може да настане само со прележување на болеста, а со вакцинација само зголемува број на антитела, кој број воглавном се зголемува од разни aѓуванти, подлоги и останати работи. Зголемениот број на антитела нипошто не е доказ за имунизација. Тоа ако си читала „ на времето“ ке си го дознаела. И стандардната медиција, се сложува дека се претпоставува дека со зголемениот број на антитела настанува имунизација. Доказот на неучинковитоста се токму примерите на заболување, особено епидемиите, во 99% вакцинирани популации. Имунитет на стадо ? Цело стадо заболело Ете, додјовме и до нелогичноста. Учевме дека вакцинте треба да заштита. Ама ете, ако не заштитат, и да се задобие болеста, тогаш полесно ке се помине. Нема доказ, претпоставка е. И за што таквое е вакцината ? Руски рулет, дали ке ме заштити, а ако не ме заштити дека можеби ке пројдам полесно ? 4 или 6 дена ? А што ако не ја добијам болеста ? Син ми седеше со другарче во клупа кое после вакцина од црна кашлица доби црна кашлица. Син ми невакциниран. Не префати. И двајцата, и син ми и керками протераа сипаници на нога, невакцинирани. Тоа се вика имунитет. Траен. Да. Знам и што значи ако истата ја прележала на мали нозе. Еден куп има со вакцинирани од рубеола, со рубеола во бременост. Обично ја добиваат во друшво на тазе вакцининрани дечиња. Ич не е такктика. Јас не употребувам тактики во комуникација по форуми, А и воопшто. Сакав да ја разбудам логичноста. Третираш последици од болеста, наместо да ги видиш иницијалните причини. Видиш, белиот мантил е за жал некогаш и јарем на луѓето кои работат во медицината. Медицинското устројство неретко личи на војничкото, каде не е дозволена своја мисла, туку треба да се биде слеп follow-ер на фелата. Повеќето од нив не знаат ниту сакаат а ниту можат да излезат. Така се воспитувани. Систем мајстор-чирак, начин кој и тие го застапуваат со новите генерации. Повеќето се убедени дека вакцините го спасиле светот, и крај на прикаската. Оние што јавно ке проговорат, бидуваат каменувани токму од остатокот на медицинското стадо. Јас во МК знам 12, со кои сум имал личен контакт. Секако позади завеса, бидејки луѓето си го штителе лепчето, а сите од нив не ги вакцинирле своите деца, па и своите внуци. Што мислиш, дека со нив ке седнеш, ке кажеш - Добар ден и дали ги вакцинирате своите ке ти кажат не ? И не се плаши. Од вакцинацијата. Нели ретко удара гром у коприви ? Мал е процентот нели ? Кој е процентот ако е недајбоже кај твоето дете ? 100 ? Поздрав и од мене Има надеж.
@yarre приметувам дека си доста информиран(а), на оваа тематика, па доколку можеш да ми одговориш за начинот на кој се утврдува дека аутизмот е последица на ммр вакцината, кои испитувања се тоа и дали е тоа возможно во Македонија. Големата примаше до ммр и прекративме. Нема ни да ја прима. Малото примаше до пола година и сеуште сум во недоумица дали да ги прими последноте дози од веќе примените и повторно да прекратам кај ммр или веднаш да прекратам, без да ги прими последните дози. Сепак ме интересира оваа информација како инфо плус.
Моево ги примаше двете на 2 и 3 месеци што се. Третата односно на 5 месеци не, ревакцини нели. И не планирам повеќе да го носам, зборував и со нашата докторка, рече ваше право е, колку што се вакцинирани овде толку и не се, вакцините не се задолжителни и пресудни, не те убедуваат на ништо и не се замараат, сакаш вакцинирај сакаш не. Твое право. Рече да пријавам за да не ми досадуваат со писма. Што сум прилично позитивно изненадена од реакцијата. Индиферентни се по ова прашање.
Исто е и во Германија. Потпишав дека одложувам и дека одбивам вакцинација и тоа беше се. Мислам дека они касираат пари, 14 евра по вакцина, за секое вакцинирано дете, па не и беше на педијатарката баш по ќеиф, ама не ме убедуваше. Само ме интересираше другава информација.
@vitamina не е ревакцина, туку трета доза. На 18 месеци е првата ревакцина тука. Моето тие три дози ги прими, имаше оток на нога и температура од сите, се јавив да кажам во диспанзер, не било ништо. За другите не го носам и јас, иако настојуваат, не знам како ќе се оправдаме.
@danichap на малата можеш igA тест да направите.Да испитате ниво на антитела.Ако е мн снижено не се вакцинира.Тестот се прави за да се испита евентуална вродена слабост на хуморалниот имуно систем кон одредени состојби на организМот.