Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.355
    Допаѓања:
    286.417
    Тука крвна слика пред вакцина, или општо и при болест, не ти даваат, не па ваков тест(facepalm).
    Ама ќе прогуглам за овој тест и неговото значење.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @kristina.k , сега кога спомна за оток на ногата, се сетив. Колешка од МК имаше вакво нешто со поголемиот, после вакцинирање го болело ноџето, отекувало и не можел убаво да оди, кривел :| Со крвна слика секогаш направена, се во ред, ни настинки, се чисто, ама после вакцините ова му се случи два пати, еднаш на отприлика година дена, на следната пак истото. На ревакцини после не го однесе. Го носеше на ортопед, на други специјалисти, се беше во ред, ништо не најдоа. После некое време само помина. А никој не и кажа што и како се случило.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.436
    Пол:
    Женски
    јасно ми е ..

    туку друго нешто ми упадна во очи.Зарем сеуште вакцинираат колективно во школо?Денес кога ја зедов големата од школо ,излегоа сестрите од вакцинација.Со куферчиња со униформа.Зарем тоа со закон може така?Дали знаат родителите?Јас овде не видов родители со децата да излегуваат.Од каде децата знаат да кажат дали се болни/здрави,кога им е правена правена кс,аб кога пиеле последен пат.Не ми се допаѓа ова.
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Да, сеуште вакцинираат така. Паметам дека и мене ме вакцинираат така, а така функционираат работите сеуште. Ако не сум грешка, последна вакцина во средно беше, на ист принцип.

    Туку, знае некоја од вас што стана со вакцините против рак на грло на матката? Ме интересира што точно се случи, не беше задолжителна, некои девојчиња ја примија, некои не...
     
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.502
    Пол:
    Женски
    @green.eyes моето веднаш по примањето отекуваше во ногата кај боцнатото и имаше големо црвенило. Се јавив кај докторката веднаш, рече да следам ама не било ништо, немало потреба да го носам. Од други искуства од мајки гледам дека немале никакви нуспојави после тие вакцини, а негде прочитав и дека требало да пријавам тогаш. Плус детето ми го вакцинираа секогаш со изразен дерматит на лице, според нив нема врска тоа, а јас тогаш не бев доволно информирана и им верував, за подоцна во групите за атопичен дерматит да прочитам дека воопшто не се препорачува вакцинација со таква состојба.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.455
    Допаѓања:
    172.062
    задолжителна е од пред две години мислам
    се вакцинира кај девојчиња со полни 12 години
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.603
    Допаѓања:
    201.923
    Пол:
    Женски
    Да, поголеми деца вакцинираат. Првачињата одат на систематски со родител. Јас бев со син ми минатата недела, ги мереа, им земаа крв, урина, отисоци од стапала плус уште некои прегледи, меѓу другото и ммр ревакцина. Секој родител пред вакцина влегуваше на преглед со детето кај докторката. Јас одбив вакцинација со изговор дека секогаш претходно се консултирам со матичен педијатар за вакцини и дека ако веќе ја прима, ќе ја прими на полни седум години. Сакаше да ме убеди да го боцнат, ама не дозволив. Од 18 деца само тој не е вакциниран. Кога слушнав дека ќе има систематски преглед, почнав да му давам имуностимулатори, оти и да не е вакциниран, сега е изложен во школо, колку и да сакам, не можам да го изолирам две три недели, немам како да го оправдам тоа отсуство, а не сакам да губи часови.
     
    На Mayyya, eli25 и joy1 им се допаѓа ова.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    На детево стапалцето му отекувало, кај зглобот доле :^) Ај кај боцнатото се јавува оток, ама долу кај зглобот? Од каде? Плус болки да не може да стои на ногата. Многу чудна ситуација :|

    Се надевам се е во најдобар ред со лепотанот твој :hug:
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.502
    Пол:
    Женски
    @green.eyes реакција невообичаена, добро е што не го вакцинира повеќе.
    Добар е сега, го немам однесено после година, дерматитот уште не мачи, а покани стигнуваат од време на време. :hug:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.548
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој месец слушнав од пријатели дека таму јас каде што живеам во македонија едни луѓе привеле во притвор зошто не си ги вакцинирале децата и доколку сакале да излезат од притвор им рекле да ги вакцинираат.
    Искрено не можам да поверувам во оваа глупост ама сепак .. што знам зошто да лажат!
    Се вознемирив многу!
    Што ако не сакам да го вакцинирам детето зарем ќе ме однесат в затвор :^)
    Немам коментар. После овој муабет престанав да зборувам оти забележав дека муабетот не ни одеше на иста брановита должина околу ставови.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Нема врска муабетот. Може на суд да одиш само, ништо повеќе.
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.502
    Пол:
    Женски
    @friendy и парични казни има.
     
  13. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.764
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е најголемиот страв, дека во прво одделение ке дојдат за вакцинација без да знаат родителите и дека ке им стават на сите :(
     
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Кога ќе тргне детето на училиште ќе си кажеш дека без твоја дозвола несмеат да го вакцинираат.
    За брат ми, мајка ми имаше кажано на учителката и само него не го вакцинираа.
     
    На alisijad му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.603
    Допаѓања:
    201.923
    Пол:
    Женски
    Не смеат без родител да одат деца на систематски, така што не се грижи. Кое дете ќе ти даде да го боцнеш или прегледаш без да има родител до него? Има деца што не знаат ни да се соблечат сами, така што родителот мора да биде со нив. Освен тоа, беше кажано дека секој мора на докторката за време на прегледот да спомне ако детето имало стомачен вирус, температура или операција во последните 3-6 месеци, ако има скоро прележано некоја заразна болест или прима лекови, сето тоа заради вакцинирањето.
    Инаку јас зборев со учителката на син ми на почетокот на учебната година, и и кажав дека не сакам да го боцкаат било како без моја дозвола.
     
    На alisijad, mami blue и LiliBoz им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.502
    Пол:
    Женски
    @alisijad нема шанси, претходно најавуваат систематски преглед. Плус тоа како ќе стават ревакцина кога ќе има тогаш голем број деца без прва ммр вакцина, а и ќе има деца што подоцна примиле, а со тоа се одложува и ревакцината.
     
    На alisijad и LiliBoz им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.548
    Пол:
    Женски
    И не мене не ми е верен муабетов..
    Дали е пуштен ради заплашување не знам иако ми докажуваа упорно дека било вистина кујзнае..
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.603
    Допаѓања:
    201.923
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно, зошто сите тие закани, уцени, казни? Зошто не го прават ова во Германија или Обединетото Кралство (примерите што ги наведоа @danichap и @vitamina) - таму вакцинацијата е доброволна, кај нас задолжителна? Зошто?
     
    На Lolo5, vitamina, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Овде без родители одат.
    Постои ли таков закон или?
     
  20. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да не бидете известени,не се секирај
    Лани наставничката нагласи дека ке примаат вакцини и заедно со децата бевме и ние,воедно и систематски имаа.само едно дете беше вакцинирано,изгледа,ревакцина немало примено ко помало,на другиве деца им презакажаа 7 год кога ке наполнат
     
    На alisijad и duffi им се допаѓа ова.