Кај нас ги боцкаат во школо, ама со најава претходно. Па и ние кога примавме вакцини не известуваа нас и родителите. Не пак сега кога учителките се главни низ групи на вајбер и фб. Плус мора да имат здр.книшка. Последно брат ми кога примаше, се јави мајка ми на учителката да каже да не му ја стават. Има примено. Не кревајте паники без потреба. Ни боцкат без најава ни пак прават систематски.
@mami blue значи можат ревакцините и подоцна да се примат? Не ми е јасно мене до колкава возраст може да е одлагањето, зошто некои доктори велат до 3 години максимум.
Na ucitelkite na moite deca im e kazano deka bez moe odobruvanje vakcinacija ne Na decata im e kazsno dojdst li za vakcins dr da si narsmat tasnite i pravo doma ako ima problem nekakov da mi zvonat odma Tri godini odbivam vakcini ni nekoj se javil ni pokana spored zskon sum dobila Prakat livcinja zs da se javsm na vakcina ama bolnicata do skoloto ,pa ucitelksta na deteto ja dava deteto ja nose doma Taka da jas zakonski ni sum primila poksna ni sum odbila vakcina
Инспекторката што не повика за порамнување ни кажа дека по најнов закон, може до 5тата година најкасно да се одложат вакцините.
Која вакцина? Оти ММР во прво одделение е прва ревакцина, после првата вакцина на 13 месеци. Да не збориш за ДТП? Оти таа што беше на 4 години ревакцина ја укинаа, сега се прима на седум полни мислам. @forumce родителот мора да биде известен без оглед на возраста на детето. Дури и средношколец да е, бидејќи се работи за малолетно лице. А не мора да оди со него.
@kristina.k Имаме плаќано веќе еднаш. Сега гледам упорно пак праќаат покани. @vitamina Повеќе на заплашување ми личи.
јас мислам ммр ревакцина немам примено.До 6 години живеев во Германија.Паметам мн добро кога дојдоа во школо да не боцкаат.И јас им реков дека во Германија сум боцкана.Тогаш немаше моб за да се јават на мајка ми.И така работата си остана на тоа.Не сакаа да ме боцкат ,бидејки не беа сигурни што имам примено.Бидејки бев прво одд претпоставувам дека се работеше за ммр ревакцината.
Мислам дтп ја боцнале,ја немала примено Офф незнам колку можат да се одлгаат,со големата ќерка која има 7ипол сите редовно ги примавме,со малата која има две ипол,до годинка ги прими сите_овие поливалентните и ме фати страв за понатака,сепак реив да ја прими и ммр ,од оние родители сум што повеќе сум за вакцинирање,така што ја вакцинирав пред три недели.матичната ми кажа наводно може да се одложува оваа до три години,така и постапив,иако кај што вакцинираат демек не искараа дека мн сме задоцниле ама не им обрнав внимание
Искрено не ја знам постапката, не очекувај дека би добила званична вакцина-аутизам дијагноза. На едни пријатели, кои живееа надвор чинам Германија, лекарот им дал дека е аутистично пореметување, и ги насочил во кој правец да ја водат битката со индиректно кажување. Колку знам детето делува сега ок, многу мачна работа, третманот одеше со некакви суплементи кои дејствуваат во стомакот, и очајно високи хигиенски услови и воздух. Храна специјална програма, а суплементите ги чинат 2000 Евра месечно, еве веќе 5 години. Луѓето иако добро ситуирани се во се потешка финансиска состојба. За почеток, погледни го филмот Vaxxed, имаш линк на 126 страна од темава. Во вториот дел, мој став е дека секоја недадена вакцина е добра одлука, иако е почнато. The less, the better. 19 Евра се Германија, и 18 Евра Австрија. Тоа е мотивацијата на тамошните лекари, ама на крајот родителот одлучува. Зошто да се правдате? Вие сте родител и Вие одлучувате за секоја медицинска интервенција до полнолетство. Согласно законот, имате право на одлука само не знаете. Во Скопје мислам дека е напуштена праксата за вакцинација по школи, еве веќе неколку години. Јас одбив директно, и за двете деца. Ние не вакцинираме. Крај приче. И ние исто внимававме на имунитетот со оглед дека сеењето на вакцинираните деца може да биде и до 2 месеци. Ти е гајле. Имаш став, и имаш законско право да одбиеш. Постои група на фејсбук која се занимава со ова, каде ги имаш сите потребни документи, ако системот реши да те брка. Медицинска пракса не смее да се врши надвор од званични медицински установи, според закон. Иако таков закон нема, добро е што го измислиле ова попуштање. Изгледа им се преполни фиоките со предмети со оглед дека настанува огромен отпор. Не си регирала на време и немало кој да те поучи. Приклучете се на групата Вакцинирањето - право на избор, слободата над сѐ Во files се е скоцкано, сите потребни документи.
@yarre логично и најпроста математика ми е ова со убедувањето околу вакцините дека е се заради пари.. Друго обајснување немам Ионака светов покоси по све живо и диво само за финансии и нивни лични милиони в џеб па така и околу вакцините.. Убав процент убави пари па зошто да не не се нивни деца нели?! Логички.. За греота сме само ние најобичните смртници на светот.. А се е веќе доволно кристално чисто и јасно. Кој да и го врати 6 месечното починато бебе на мојата пријателка? И милион да и дадат не и вреди ништо... Во оксворд со писма од фамилија на фамилија нудат по 3000 фунти за носење во универзитетот дечиња за да им извршат тестирање на вакцина?! Овие будаливе бенефити само тоа чекаат.. Го имам лично видено писмото упатено на моја пријателка.. За испитна вакцина.. Што повеќе да пишам?!
Бебето беше родено живо и здраво без ниту еден дефект или било што. После вбризгана вакцина за неколку дена туку така од еднаш од нигде никаде почина. Знам дека мајката тврди дека е од вакцината, истата е поборник и упорно докажува и укажува на секаде. Верувам дека случајот и на суд е испратен. Ама нели како и секој ваков случај никаде го нема во јавноста истакнато никој освен нели алармантоноста на "епидемии" што кружи оти не вакцинирале. А послидиците од вакцинирани бебиња и деца зачудувачки никаде ги нема.
За жал здравството е комплетно заштитено и тешко дека ќе се докаже на суд нешто. Тешко на тие родители и деца.
Не. Со оглед дека жена ми е нутриционист, се трудиме преку исхраната. Види, една од главните причини се парите, иако можеби првичната замисла имала хуман карактер. Во фармакологијата не одговара здрав и умрен, се друго е муштерија. А вакцините се одличен генератор на скапи болести, дури и гратис да ги даваат. Секој човек кој сака да загребе по информации ке дојде до овие непобитни факти. За жал генералниот став е дека не сакаме да загребеме. Таа човечка особина е добро искористена. Добивме експлозија на автоимуни болести кои немаат врска со генетика. Денес е ден на дијабетичарите. Дијабетесот е автоимуна болест. Ако сакате сами побарајте ја онаа никава статистика за возраста на дечињата со дијабет после MMR, ете само во Македонија. SIDS - sudden infant death syndrome. ( ненадејна смрт кај доенчиња - измислена дијагноза за оправдување ) Пријавена е како несакана реакција од вакцина, која ја има во подлистоците за вакцините. Производителите не го третираат како последица, иако како пријава го прифаќаат.
Јас мислам дека сеуште постои вакцинација по школите без дозвола на родител, посебно во помалите места. Еве пред една година имаше во Македонска Каменица вакцинирани девојчиња во седмо одделение со ХПВ вакцина без знаење на родителите. Родителите поднеле тужба против училиштето не знам до каде стигна случајот. http://fokus.mk/devojchina-bez-dozvola-vaktsinirani-od-hpv-roditelite-ke-go-tuzhat-uchilishteto/ Колку што се сеќавам имаше и друг случај со друга вакцина, не можам сега да најдам. Јас не би оставила на случајност, најдобро е да се даде до знаење на учителот, а и детето да се предупреди. Скоро читав за вакви случаи во Србија, не сме ние подалеку од нив. Исто имаше кај нив во Нови Сад мислам прекин на ладниот ланец поради прекин на струја во диспанзерот каде што се чуваат вакцините, па им стигна препорака што побрзо да се потрошат вакцините, а и колкава би била материјалната штета. Се прашувам кај нас како се чуваат вакцините и во каква состојба се ставаат.
Маја, мојата другарка е лаборант. Разговарав со неа на долго и широко по ова прашање, одговорот беше дека вакцините ме биле третирани според упатство и строгите мерки, биле оставани отворени, не биле чувани во фрижидер итн.. Таа по ова прашање вели " вакцините во мк не се безбедни". Ова се дел од разговори и случки што јас ги знам, од мое искуство. На крајот од денот секој си верува во што сака. Нормално. Сите ние овде од искуства, од едуцирање, од разговор, од толкување си имаме став. Секој со своето. Ова го пишувам за да не помисли некој дека разубедувам. Не, секој нека верува во што мисли и сака и смета дека е најправилно. Јас зборувам за мои искуства и за мене.
Од кои болести денес не се умира благодарение на вакцините? Незнаеш ни да ги наброиш болестите, нели. Прогуглај малку па одговори.. Она сака 'наука'. Само не е способна да ја види ни кога ќе ја удри во лице. Yarre и прати материјали, таа воопшто не ги прочита, туку продолжи да кажува од нејзината богата ризница на знаења. Или народски кажано, вергла. Овие две 'медицинарки' и ако завршат медицинско училиште, пак ќе немаат никакво познавање за вакцините. Причината е едноставна, на факултетите по медицина не се изучува ништо за вакцините. Проверете по учебниците или прашајте некој доктор. Но, така е и во другите земји во светот: Најнови вести за ефикасноста на вакцината. Епидемија на 'смртоносни' заушки (што сите ги прележавме на времето). Што мислите колав е процентот на вакцинирани vs невакцинирани? http://www.syracuse.com/health/index.ssf/2017/11/mumps_update.html Сите разболени се вакцинирани. Не е ни чудо затоа што вакцината има ефикасност од само 15%: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4140044/ Поимот herd immunity, едната медицинарка се расфрла со него. А сум 1200% сигурен дека не знае каков тип на вакцини се дифтерија, тетанус и пертусис. Не знае дека тие вакцини по дизајн не спречуваат ширење на болеста, туку дека се за лична заштита. Зошто? Затоа што се токсоидни вакцини и затоа што не е можно да се направи ефикасна вакцина против бактерии. Што се однесува до вирусните вакцини, повеќето го губат дејството после неколку години.Сите што се постари од 20 години немаат никаква заштита од болестите против кои штитат виралните вакцини. Yarre прати материјали во кои се гледа дека процентот на herd immunity е многу мал дури и ако сите се вакцинирани, паѓа на едноцифрена вредност. Види чудо едно, нема масовни епидемии од кои гинат сите како глувци. Сите мои членови се во медицината, чекај и јас да напишам колку се разбирам од темава. Јас сум за наука и учам медицина, а вакцините се излезени од медицината. Јас и науката и медицината се сакаме. Овие неуки луѓе на форумов, мора некој да им каже дека се грешка. Сега ќе видат тие.. Благодарени на науката, денес може да се види дека повеќето локални епидемии се случуваат од тип на вирус кој го има во вакцина, не е див. Сите вакцинирани деца може да го шират вирусот неколку недели откако примиле вакцина. Со децении пробувале да ги умртват вирусите во лабораторија со жива, антифриз или други отрови, но според зборовите нивни 'пак се случувало да оживеат и после 2 недели изложеност на жива', кој е еден од најјаките отрови на планетава. После тоа останува големиот проблем на транспорт и чување на вакцините, кои мора да се на константна температура. Како што видовме во документот во Србија, вакцините им се расипале, па решаваат да ги потрошат што е можно побрзо. А Wakefield го осудија за етика.. Напишав еден пост со научни студии и факти, но продолжија препкувањата од типот јас знам, сите ќе умревме ако не беа вакцините и вие не верувате во наука. Медицинарките се кријат зад поимот наука. Им нуди заштита против неуките. Но при секоја конфронтација со медицинарките, се покажува дека немаат никакви знаења за вакцините ниту историјата на болестите против кои треба да заштиттуваат. А тие лица утре ќе не лекуваат кога ќе влеземе во здравствена институција.
Решив да се вкучам во дискусијава и со текст чисто колку да го споделам и моето мислење и искуство на темава без никакви тенденции. Моето дете ги има примено трите вакцини во првата година (две шествалентни и една петвалентна), сите со доцнење (така случајно излезе). Детето ми е здраво, до сега освен 2 настинки кои поминале за ден- два со чајче и сируп не сум имала потреба од никакви медикаменти (како антибиотици) и сл. Дојде ред за ммр и јас како и повеќето родители реков стоп. Можеби и малку доцна, зошто кога ќе имам второ дете нема да го вакцинирам воопшто. Се договоривме со сопругот добро да се информираме од различни страни пред да донесеме одлука дали да продолжиме со вакцинација.Меѓу другото договорив средба со докторка во диспанзер во Скопје која цел работен стаж (30 год.) работи на вакцинирање на деца. Средбата беше договорена преку пријатели и таква и беше- пријателска. Докторката имаше став- ЗА вакцинација (нормално) иако и самата ми кажа дека има случаеви со негативни последици од вакцина и дека ни таа ни било кој друг не може да ми гарантира дека на моето здраво право дете нема да му биде ништо после вакцината. И реков добро како после ваква изјава јас при здрав разум да го вакцинирам моето дете и да си играм руски рулет. Ми рече: "помал ли и ризикот твоето (машко) дете да фати заушки и да остане стерилен или да прими вакцина? Дали можеш да живееш со стравот и мислата дека ти ќе бидеш одговорна ако детето не може да има потомство зошто не си го вакцинирала заради глупости што ги читате на интернет?" Иако ставот не го сменив, ниту пак верувам дека некој ќе може да ме убеди во спротивното (еве останувам open minded за секој случај нели) малку ме погоди таквата изјава што ме декларираше како себична мајка. Знам за многу машки кои и во подоцнежни години прележале заушки па имаат дечиња, не е дека по дифолт ќе биде стерилен. Ама да не се расправам, зошто како што реков средбата беше преку пријатели, а докторкава доволно љубезна да ме прими не ја продлабочив дискусијата за заушки. Ја прашав за чекањето до 3 години за ммр- за нели детето убаво да прооди и прозбори и ми рече дека е тоа чиста глупост која ја измислиле тие, самите лекари. Зошто имало многу родители кои тврделе дека детето одело и зборувало пред вакцината (а тие мислат дека не било така) па ете за некаква си "сигурност" на родителите почекајте да прооди и прозбори убаво. И на крај до кога можам да ја одложувам вакцината: до 5 години (за ова мислам дека некој и погоре имаше пишувано). Еден ден пред да наполни 5 години (навистина не знам што е со претцизноста во ден, час) да го однесам и ќе ја прими ммр и дтп заедно Чекај малку викам, мене ми е страв од коктелов во ммр а ти ми викаш и заедно со дтп??? Немаат врска едната со другата ми рече. -Јас од крушка ли паднав? Па сите во истиот организам се вбризгуваат истовремено, како може да немаат врска? Средбата заврши со уште поголем сомнеж кон вакцините воопшто. Во меѓувреме слушам за еден куп оштетени дечиња од вакцини посебно во Србија и знам дека ви се тоа моабети на комшивката братучедката ама тоа се реални луѓе. Мојава логика ми вика здрава нога во трн да не ставам и така и ќе биде. Времето ќе покаже дали грешам и за тоа ќе платам со здравјето на син ми. Ако мислевте дека е лесна одлука и дека не мислам на тоа секоја вечер пред да заспијам, се лажете. Не ги осудувам тие што вакцинираат, вакцинирав и јас. На мене (за жал) ми остана да вагам и да мерам кое е помало зло и кое да го изберам. Сега мојата одлука е таква. Не спијам мирно ни вака, нема да спијам мирно ни да вакцинирам- тоа е: мајка сум.
@*Лорена* Заушки може да фате и вакцинирано дете, нека не те мота таа докторка. Јас во основно фатив, а знам дека тогаш повеќе деца заразија од заушки. Сите вакцинирани. Во петок треба малата да ја носам на ДТП вакцина. Акал немам, не знам што да правам после сѐ што читам. Страв ми е.