Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    а што ме сметаш ти мене?Зар како родител не бев по лекари,по испитувања? Цццц

    некогаш рецка на муцка нематеч
    ама ако нека ви е на чест на вам


    @Cosmi за жал даваш мн контрадикторен одговор.Ем тврдиш дека е подобро спречити отколку лечити ем немаш одговор зошто и покрај вакцините пак доаѓа до болест.Јас агресивна?Јас културно те прашав.Тоа што ти поима немаш да одговорш е друга работа.Изговори изговори
     
    На verba, Annath, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    Не сум имунолог ниту епидемиолог затоа не одговарам зошто и покрај вакцините доаѓа до болест,но живо ме интересира што би се десило во светот ако се укинат сите вакцини на едно 20 години?Ако го земеме фактот дека во Африка каде немаат можност за вакцинирање секоја година умираат илјадници деца од сипаници?
    Вие невакцинираните имате одговор?
     
    На theowndemon, stevemila, sofi2107 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    U
    Ubavo ti pisala @Cosmi da ne ja nadopolnuvam nema potreba, ako ti kako roditel si resila da ne vakciniras nema potteba da se nafrlas na nas rodirelite koi vakcinirame i na koi mirna i cista ni e sovesta, bidi si smiren a ne agresivna, a deka bolesta kaj sekoj organizam doaga pa toa e normalno be majko, neznam sto si ocekuvala deka ako vakciniras tvoeto dete nikogas nema da nastine, ili razboli toa go nema nigde, tuku rabotata e toa sto kaj nevakcinirate imunitetot nema da bde tolku jak za da se izbori za razlika od vakciniranite!!!
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    чудно имам тригодишно дете невакцинирано и сосем здраво и право.И доста со тоа агресивна.Ти мене прва ми се нафрли со реченица :од кај па ти знаеш дека детето ти е оштетено од вакцина?
    Како јас да сум малоумна м?


    и самата имаш дете кое е предвреме родено и знаеш мн добро која болка и страв е додека детето ти е по болници и е неизвесна работата.Ама македонски менталитет е ова.
     
    На Annath и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  5. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Интерсно видување, да поведеме дискусија за тоа:

    -Тие секојдневно бараат информации велиш, затоа се несигурни. Според логиката на нештата кои ги кажуваш, претпоставувам ти не читаш ништо на таа тема и затоа се чувствуваш сигурно?

    -Како ти донесе одлука што ќе правиш со детето, бараше информаци, гуглаше или донесе одлука без барање на информации? Или нема потреба да бараш информации, доволно е да се следи оштоприфатеното однесување на групата без да се поставуваат непотребни прашања. Тоа е правилото на стадото, историски така сме стасале до оваа точка. Тој што се одделува многу од стадото го јаде волкот.

    -Како се чувствуваш кога ќе прочиташ некоја научна студија која покажува причино последична врска помеѓу состојките на вакцините и оштетување на мозокот или автоимуно заболување? Ги отфрлаш како невистинити или не се замараш со нив, друг нека го анализира, си има доктори за тоа.

    -Од која болест се плашиш и вакцинираш? или сите се опасни?

    -Што мислиш за научните студии кои покажуваат многу мала ефикасност на вакцините? Ги отфрлаш како невистинити или не се замараш со нив, друг нека ги анализира, си има доктори за тоа.

    -Дали сакаш сам(а) да одлучуваш за важните работи во животот или некој друг постручен да одлучува за тоа.

    -Дали се сметаш за сигурна личност или за личност која се сомнева во се?

    -Дали сакаш политичарите кои те водат да пукаат од самодоверба?

    -Твоите родители и родителите на твојот маж немаат примено ниедна вакцина. Зошто сеуште се живи?

    -Дали мислиш дека вакцините го спасиле човештвото од страшните болести на минатото?

    -Колку болести се искоренети со помош на вакцините? Повеќе од 10? Или сите?

    -Ти смета ли тоа што фарма индустријата донела закон со кој се става над сите закони, и никој не може да ги тужи за нус појавите на вакцината?
     
    На yarre, Annath и *Лорена* им се допаѓа ова.
  6. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Prvo ke te molam da ne se izjasnuvas taka bidejki navistina deluvas mn nervozno i ostavas los vpecatok, vtoro zboruvas za nevakciniranjeto deka e najpravilnata rabota ok neka bide taka ama nemoj da si dozvolis a kako sto si dozvoluvas da ne ubeduvas nas roditelite koi vakcinirane i treto sto mesas sea moeto dete dali bilo predvremeno rodeno ili ne ne e toa temata na muabet, da makedonski mentalitet sum.
     
    Последна измена од модератор: 5 декември 2017
  7. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Секако дека имаме. Но зошто ти не се потрудиш да го најдеш тој податок.. Што без вакцина, ќе умреме ли сите? Големото непознато. Ти се плашиш од незнањето. Тебе те плаши една обична сипаница a не те плаши епидемијата на автоимуни заболувања и аутизам, кој во последните 30 години има пораст од 250 пати?


    Чиста ти е совеста? Зошто, баш ме интересира? Затоа што постапуваш по закон? Како ја смири совеста кажувај, да се спасиме и ние несигурните.
     
    На yarre и joy1 им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.462
    Допаѓања:
    172.104
    Секој родител си го познава најдобро детето
    Се дрзнуваш да и речеш ОД КАЈ СИ СИГУРНА ДЕКА Е ДЕТЕТО ОШТЕТЕНО ОД ВАКЦИНА
    да ти одговорам јас
    писмено немам бидејки докорката несакаше да потпише дека ек летне од работа а усно ми кажа да последица од вакцина е
    и не , не е цвренило и осип имам пишано наназад да не се повторувам
     
    Последна измена од модератор: 5 декември 2017
    На Annath, joy1, alisijad и 2 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Кога општ лекар ми рече: Не знам што да ти кажам, ни сум да ти кажам да вакцинираш, ни сум да ти кажам да не вакцинираш, јасни ми се некои работи за вакцините. Ми кажа пожелно е да вакцинирам зашто почнале да се јавуваат болести кои порано ги имало и кои можат да бидат смртоносни, но тоа што овде си прават бизнис и профит со вакцините е друга работа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    не не ,не извртувај зборови во недостаток на аргументи.Мојата дискусија почна со општо прашање на која вие кои вакцинирате поима немате од одговор.Еве цитирај ме каде јас реков дека правилна е одлуката да не се вакцинира?За разлика од мене ти не направи нас ГЛУПАВИ бидејки не вакцинираме.Мојата одлука да престанам да вакцинирам е донесена врз лично искуство,а не поради статии на нет.Сакаш твојата одлука да биде почитувана но ти не ја почитуваш другата страна.
     
    На artemidis и Annath им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Темата е за вакцини за или против.Ве замолувам секој нека си го каже своето мислење без навреди.
    Доколку се продолжи со навреди истите ќе бидат избришани.
     
    На theowndemon и Centurion им се допаѓа ова.
  12. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со @iloveyou29
    Не треба после некој аргумент некој да се чувствува глуп. Тоа се случува овде, некој се чувствува глуп заради својот избор и ја напаѓа спротиставената страна. Неконструктивна дискусија.
    Јас како противник на задолжителната вакцинација, никогаш нема да советувам некого да не вакцинира. Изборот секогаш треба да е слободен, без притисок врз родителот, врз база на сите достапни информации. Не ги напаѓам оние што мислат поинаку, секој има право на избор и секој сам ги сноси последиците.
    Штетните последици од вакцините (или од недостаток на вакцините) секогаш се на терет на родителот. Никој не ви признава ако настане оштетување, кај што животот ќе ви се уништи, уште пострашно е што општеството ќе ве изолира, ќе ве направат малоумни. Дури и да признаат штета од вакцина, здравјето никој не го враќа. Штом последиците ги сноси родителот, тогаш треба да го сноси и правото на одлучување. Всушност, тука е најголемиот конфликт на темата вакцини. Ништо на овој свет не е задолжително, но во некои земји се практикуваат задолжителни вакцини (диктаторски, банана држави). Тој закон се коси со многу други закони и повелби и како таков е нелегитимен и треба да се отстрани.

    Јас овде гледам само омраза од една група кон друга, а не и желба да се научи нешто повеќе на темава. Како ќе донесете информирана одлука доколку не се потрудите нешто да научите? Редовно ги читам вестите на оваа тема. И досега не сум видел легитимна проваксерска расправа. Секогаш истите лаги:
    -шансите за нус појава се еден на милион (а не 1/40)
    -противниците на вакцините се неинформирани луѓе кои лажат, а во пракса тоа се луѓе кои имаат повеќе информации на оваа тема од скоро сите доктори, докторите не знаат најдобро дали треба да се вакцинира, тие не учеле ништо за вакцините на факултет, не постои такво градиво за изучување. Денес антиваксер ќе ви даде легитимни научни студии, а докторите само еден лажен збор.
    -ќе се врателе болестите, кои никогаш не ни биле искоренети со вакцина,
    -ќе се разболеле вакцинираните деца од невакцинираните (најголема глупост во проваксерското лоби),
    -сипаниците биле смртноносна болест,
    -се лаже цела јавност дека вакцините искорениле некоја болест но онака дискретно без да се прецизира, затоа што во науката е потврдено дека ниту една болест до сега не е искоренета,
    -зборуваат за herd immunity а не знаат ни што значи,
    -по милионити пат го спомнуваат ендрју а веќе има стотина студии кои ги поврзуваат вакцините со болести на нервите,
    -тврдат дека вакцините се безбедни и ефикасни без ниту еден доказ, само така нафрлаат
    -и други слични небулози.
    За случај на детска сипаници се крева паника, а за тоа што здравството е трет најголем причинител на смртност никој не зборува. По 10 милиони луѓе годишно се убиени од здравството, нели е логично да се дискутира на тоа по медиумите или треба да продолжат да се плашат луѓето со детските сипаници, кои се побезопасни од грип. Да, тоа ќе го дознаете доколку прочитате за болеста. Се плашите ли од грип? Доколку не се плашите не треба ни од сипаниците (морбили) затоа што имаат помала смртност.

    Ако мислите дека сега има премногу вакцини, тогаш знајте дека во план е да се зголеми бројот на вакцините уште многу, од 70 дози на 200 дози.И други нормални детески болести ќе бидат етикетирани како смртоносни и ќе се воведи вакцина за истите, во диктаторските држави како задолжителна. Понатаму, планирано е и возрасните да се ревакцинираат, на секои 2-3 години, до смрт. Затоа што некој ќе почне да се сомнева во целата идеја, како може старциве да се живи ако вакцината има ефикасност од неколку години. До 2025 година, профитот на вакцини треба да порасне од 50 милијарди до 200 милијарди. А понатаму, небото е границата. Веројатно за 100 години од сега ќе сакаат да го исперат мозокот на целата популација да мислат дека сме живи единствено заради вакцините и дека ќе умреме за 5 минути без дневната вакцина. Страшна, но поприлично веројатна дистопистичка иднина. Некои од нас имаа 3 вакцини, нашите родители една или две, но нашите внуци и правнуци ќе имаат по 150-200. Ако тоа не ве плаши, тогаш немате што да изгубите и ич не се секирајте.

    Не се карајте но земете и прочитајте нешто, ќе се чувствувате подобро и посигурно. Расправа се прави со аргументи.
     
    Последна измена: 5 декември 2017
    На jacqueline.s, yarre, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  13. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    @Centurion постот врв ,мн.убаво кажано ☺
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    @Centurion
    Се информирав ,одлучив и вакцинирав од прва рака,пола фамилија ми се лекари.
    Студии какви студии, како оние на шарлатанот кој од како ја извади аферата со аутизам призна дека креативно ги толкувал резултатите,такви студии да читам,не фала.

    Гледам ги дискредитирате останатите лекари или фармацевти кои тврдат дека вакцините се добри.
    Компетентни сте за тоа?
    Се плашам од непознато,да ,па кој не се плаши?
    што би било кога цела човечка популација не би се вакцинирала ?

    Податок за полио и жртви од полио пред вакцината и по во ејкс ју, имате ли?
    Во Хрватска веке 15 годсини нема детска парализа благодарение на вакцината!
    Финска и Јапан ја тргнале вакцината против пертусис па ја вратиле,исто и Шведска и Германија,Англија зошто?
    Хепатит Б бескорисна ли е ?може ли да преживее бебе ако се разболи ,а е невакцинирано?
    Дифтерија, тетанус никој никогаш не може да ги исчисти нивните спори во земјата ,од тука потреба и за вакцина,просто ко грав.
    Туберкулоза,не е опасна ,ја нема или не знам што ,не мора да се вакцинира,а што ако се појави и повлече туберколозен менингит,што после?
    Сипаници не биле опасни,кој го кажува тоа?А најопасниот резултат од невакцинирани сипаници знаеме кој е?
    смртоносен паненцефалитис .

    Не, не е убиец ни здравството ни фармако индустријата напротив многу од нас функционираат и живеат секојдневно,благодарение на нив,а вие останатите верувате во SF ,теориите на заговор,и билките на баба Рада бидејки лицемерно е да обвинуваш и да ги користиш услугите на лекарите и фармацијата.

    Трендот на невакцинирање или анти вакцина кампања за мене е негрижа за здравјето на децата иако се прават обиди да се докаже дека е обратно.Социолошки феномен и игнорирање на знаењето.Што се случува всушност.
    Обиди за аргументирање зошто против :
    -наводни ужасни болести како последици на вакцинирање
    -сотонската фармако индустрија која измислува болести за да не вакцинира.
    -нема детска парализа ,зошто да го вакцинирам.(facepalm)

    А во исто време отвараш можност твоето дете да биде резервоар на зарази и да го загрозиш здравјето на твоето дете!
    За вакцинирање не сакаат обврска во друштвото ,а при болест користат солидаризација на друштвото.

    Некомпетентни родители информирани на нет стануваат стручњаци со 2 часа гуглање, и донесуваат одлука да не вакцинираат.

    Луѓето треба да се едуцираат од стручни лица ,а не да читаат небулози на нет,благодарение на тие едукации од стручни лица вакцинирањето во земјите каде не е задолжителна е 95% по протокол,тоа доволно говори,не потребна обврска туку едукација.
     
    Последна измена: 5 декември 2017
    На Baby-bubu, theowndemon, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Вакцинирајте. Зошто? Затоа што со помош на вакцина, детето полесно ќе се избори со одредена болест.

    Вакцинирајте, ама на ваша одговорност. Зошто? Затоа што како и секој лек, вакцината може да има нус-појави, само што појавата не е дијареја, повраќање или осип, ами многу посериозни болести за кои сеуште нема лек.

    Прифаќам исказ - не вакцинирајте, ама на ваша одговорност.

    Задолжителна вакцинација. Зошто? Превентивно...

    Колку за информација, доктори не ги вакцинираат нивните деца тука, ниту пак лековите ги купуваат во наши аптеки. Иако звучи како дезинформација, не можам да кажам детали заради приватноста на одредени личности, па информацијава нека биде само муабет рекла-казала. Дали ќе верувате или ќе мислите дека лажам, вие си знаете, на ваша одговорност.
     
    На theowndemon, *Лорена* и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R дали тоа дека докторите не ги вакцинираат овде значи дека со тоа тврдат оти нашите вакцини се со лош квалитет?

    незнам која година беше 2008 мислам(зимата,имаше и записник) вакцините беа транспортирани во обичен пик ап и во кутија место во фрижидерчиња.Затоа што доволно ладно било надвор ;)
     
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ќе го оставам тоа прашање неодговорено, ама сметам дека доволно напишав за да можете сами да извлечете заклучок.

    Претходно постирав и линк за сомнителниот увоз на инсулин и вакцини, не е тешко да се поврзат работите.
     
    На Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.437
    Пол:
    Женски
    јасно е како бел ден де
    мада повеќето се прават слепи овде
     
    На Annath, Rebecca_R и LiliBoz им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    За оние што сакаат да читаат линкови,еве линк од најпрестижниот журнал за медицинска наука кој постои од 1869 и содржи безброј публикации се околу вакцините и проблемот околу нив.
    За сите контраверзи околу вакцините
    http://www.nature.com/news/2011/110525/full/473436a.html

    И уште нешто, со невакцинирањето не правите штета на своето дете во случај да се разболи ,не на вакцинираните туку на децата кои поради х причини неможат да примат вакцина.!
    Надевајте се само дека нема многу родители кои се против вакцинирање во спротивно децата ке настрадаат од колективна неодговорност!
    Но,во случај овој тренд да продолжи ,време е да почнете да се грижите за своите внуци!
     
    На oblace1, Sofronko и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Де бе просветлете ме како може да се врати изумрен вирус?Знаете ли дека токму од тој ослабнат вирус што го има во вакцините може да се зарази здрав човек преку изметот на бебето на пр?