Тоа ќе го одлучам јас,.Убав поздрав,за останатите проблеми во здравството кај нас ке напишам мое видување кога ке има тема,бидејки тоа што го пишуваш е друга тематика од вакцините. Не го тргнале ,нема таков случај во Хрватска.Грешка имаш,имаше случај околу обврската за вакцинирање. Го знам,Poljak повеке реагира зошто вакцината мора да биде обавезна,а Лидија Гајски е класичен шарлатан, но на другата страна го имаме i Bernard Kaić. Твојата одлука е во ред ,но не наведувај други со ц/п постови,мојата е во ред исто така. И не одговори би ги пратил своите невакцинирани деца во Африка на пр?:
Ич немам грешка а памтењето ме служи добро. Некаде 2005 година, пред да се роди син ми. Ти веројатно тогаш не си се ни замарала со ова. Нејсе, Birds born in a cage, think flying is an illness. Изгледа само 23 секунди од видеото. Толку додржа Знам како е да си во кутијата. Сум бил како тебе. Жал ми е што немаш слух за директна дискусија. Дали би ги пратил моите невакцинирани деца ва Африка, е добро прашање. Јас како родител, ке им го кажам мојот став зошто не се вакцинирани. А тие, ако некогаш одат во Африка, ке треба сами да одлучат. Може само да им предложам да не одат во Афричка земја која претходно поради експерименти и вакцини е толку здравствено клекната, што е извор на зараза од самата аеродромска зграда. Жалосно но скоро цела Африка е жртва на политички егзибиционизам, и е почва која големите ја користат за тестирање на сиротите жители, експлоатирајќи ги до бесвест. А тие, несвесни, за корче леб, се прифаќаат. Вакцините кои им се даваат неретко се тестни, а редовно се сејачи over and over на болести кои навистина, поради други причини требало да се минато. Дојдоа Африканци и источњаци низ цела Европа. Што се случи ?
Ќе ти одговорам поопсежно кога ке имам време.Сега на кратко,имаш грешка,а Инаку итекако сум запозната и со него и со другите,бидејки моите деца се родени 2002 и 2006,јас не сум во кутија, ти си ,во онаа антивакциналната ,не си ли сигурен во својата одлука,и после 12години сеуште се докажуваш по форуми?веројатно те има на многу.... Твоите деца да одлучат сами ради твоја одлука,браво? Преврлуваш одговорност? Ќе ги вакцинираш доколку се повредени,каснати против тетанус,беснило ? Имаш женско дете?Ќе сносиш одговорност околу опасноста од рубеола? Што се случи, се појави дифтерија некаде од refugee ,знаеш каде ? СФ не ме интересира.Може да пробаш на подфорум фантастика.
Еве јас ќе те почекам да ми одговориш. Ете, земи ги сите прескокнати работи во протекнатите неколку страни откако се појави на темата. Кутија анти-вакцинална нема. Има стереотип. За вакцините. Нема ни лобија анти-вакцинални, има фармаколошки на пример. Нема ниту анти вакцинаши, термин измислен за да се дисквалификуваат логичните размислувања, и е директен атак за дискредитација ако некој не размислува како мнозинството. Јас во мојата одлука сум сигурен 100%. Дали ти си сигурна во твојата, ете и тоа да ми кажеш кога ќе имаш време. Јас не се докажувам по форуми, немам потреба. Можеби срамежливо се обидувам да натерам некого да посегне по повеќе информации, по логичности, реалности. Она што во „моето време“ беше срам дури и да се праша. Вистинска реткост е некој да почне да истражува, разговара, повторно со лекари и стручни лица, и да се обиде да размисли, а да после сето тоа одлучи да вакцинира или продолжи ако почнал. Не е срамота да се смени став, не е срамота да си различен од околината. Сакаме да дознаеме пред а не после дадена вакцина, бидејќи улицата е за жал едносмерна, а не се ретки и очајностите ( ги имаш и тука на форумот ) на родители кои дознаваат кога веќе процесот и штетата се иреверзибилни. И ајде, повторно, ќе те почекам. Прашањата кои накнадно ги постави, веќе ги имам одговорено, во просек на секои 20 страници наназад, со каратери слични на тебе. Ме замрзува пак. Како и повеќето мои истомисленици кои не вакцинираат и тераат со животот без да сакаат да коментираат за својата одлука бидејќи сметаат дека е залудно губење време со ликови „ем тп ем упорит“. Можеби тука е мојата единствена грешка. Веројатно ми е премногу драг приемот на нови членови во стадото на вакцинално освестеното племе Добивката е преголема. Имуно неоптеретено детенце, секое едно ново, спремно да се срави со предизвиците и на тековните настинки, без компромитација од вакцини и нивни аѓуванти, кои ете низ историјата ни покажале долгорочни очајности. А требаше барем еден линк од студиите наназад да прочиташ. Еден. Ти за жал ни своите не ги читаш.
Да ти одговорам, Нема потреба да ти ги читам наназад одговорите ,те видов уште на првата,втората страна,јасен ми е профилот,ти си од тие најопасните "out of box " мислители односно читај еуфемизам за "појма немам што зборам,ама гуглам како змај".. Не се докажуваш,и не коментираш,нели, а 5 години пишуваш тука, а кој знае и на колку форуми уште за да си најдеш мир за својата одлука,а во исто време ширејки дискретна пропаганда.Тоа значи едно ,со години не спиеш мирно. Што се однесува до мене веке реков,секогаш на страна на вакцините 100% и спијам мирно. Не пишувам опседнато и ексклузивно како тебе само на оваа тема,имам многу интереси секаде. Кој сака ке се информира каде треба ,епидемиолошката математика е посложена малку за вашата логика.. Покрај тоа што и секој лек е отровен,никој од вас,нив, нема да ја одбие класичната медицина кога ке настапи болест,бидејки лечењето е одење по патот на помалото зло исто како и вакцините. Разно разни блогови , страни, лекари без ниедно истражување или труд или пак платени и отфлени истражувања со лажирани податоци од истражување на детски роденден на примерок од 9 деца вам ви се логични ,но не и на илјадници лекари и научници со дебели научни трудови за вакцините, кои ете не знаат нели,и ги потценувате,во кутијата се ,сите се тие платеници од фармако мафијата, а парадоскот е всушност дека предводниците на пропагандата која ја пропагираш сакаа да извлечат големи пари од фармако индустријата. И едно е барем јасно ниту едно метаистражување не докажа дека штетата од вакцините е поголема од користа,толку. Логиката дека нема потреба децата да примат вакцина поради болест која непостои , е смешна бидејки ги нема најмногу поради вакцините и 95% вакцинираност на населението. Разбирам залагање за подобри вакцини,за подобра контрола на квалитет,за промена на календар ,ајде и право на избор но отфрлање и закопување на главата во песок не го разбирам. Дали ни треба уште еден циклус на осакатени од полио,угушени од дифтерија за да ја научиме лекцијата? Ни треба. Бидејки 5-10% од луѓето забораваат дека се избришани или доведени на мал број голем број болести кои сееле смрт и денес го имаме ова што го имаме,а веруваат во доктор-мафија и дека секоја од тие болести може да помине со чајче од афрички бршлен и лежење на кауч од недела дена. Кога би загустило ,да речеме како последната епидемија на дифтерија во Русија сите би трчале по вакцина,не би се коцкале со животите на своите деца,и би ја отфлиле сериозноста на оваа болест. (добро е да се сетиме на случајот на детето кое почина од дифтерија во Шпанија,невакцинирано од идеали,па родителите се бранеа дека биле информирани дека болеста е искоренета.) А да полемизирам со испрани мозоци во својот најраскошен сјај од антивакцине пропагандата немам намера, може да пробаш со Jenny McCarthy и останата научна антивакцине екипа.
Најопасните мислители. Е да, ретки сме ама не има. Кој колку може И права си, чичко Гугл ни овозможува да дознаеме нешто што претходно не сме можеле, поради деценискиот информациски блок. И да, повторно тоа се студии за неучинковитоста и очајноста на вакцините. Како инаку ке дознаевме за високо канцерогениот аѓувант SV40 кој со години се буташе по вакцините? Ке претпоставувавме зошто канцерот се шири како грип и ке го обвинувавме новото време, без и овој податок да го земеме во предвид? Па и истите овие што предлагаат вакцини, пред 50 години предлагаа пушење Камел цигари. Жал ми е, погрешен заклучок. Обиди се пак. Ако сакаш. Браво. Бра-во! Храбро. Нема што. Да читнеше малце во подлистоците на вакцините, оне бели ливчиња што доаѓаат со нив ? Или похрабро и полесно е да не знаеш. Јас не знам дека ако си член на форум мораш да пишуваш во повеќе теми. Модератор ? Има модератор тука ? Дали темава е анализа на член или темата ? Еве, уште чекам да ми ја објасниш твојата. Еве и само со твоите линкови. Другите ич не ччкај. Е зависи. И за ова не си во право. Ама па сеа тука збориме за вакцините. Во протекнативе страни откако влезе во темата имаш барем 10, а наназад, барем 100. Дали ти се одважи и прочита барем една или онака на памет си збориш. Еве одбери една што по тебе не е точна, па да седнеме да видиме. И да рекетирав некого, прво досеа ќе ме убиеа, или нагло, ќе се повлечев, а тука ќе ви испратев слика од мене и јахтата ми на Тенерифе Џабе. Пак нема да го видиш. Сама го тураш превезот. Да. А како тоа може да е така, кога епидемиите на болестите биле на исчезнување, кога е измислена поедина вакцина. Да прочиташе барем 20 страни наназад пред да скокнеше во темата, и тоа ќе го научеше. Според историја. Тоа се две поврзани работи. Добро е што прифаќаш право на избор, бидејќи со тоа разбираш дека имунитетот на стадото е само фикција. Подобри вакцини - нема. Најдобрите се недадените вакцини. За ова да го разбреш треба да истражуваш. А нејќеш. Кој ја закопува главата во песок ? Никако. Особено откако ке дознаеш дека вакцините и вакцинираните единки се сеачи на болестите одреден периот после дадена вакцина. Што праиме со циклусот на новонастанати автоимуни заболувања, чиј почеток коицидира со овие новиве, „прочистени“ вакцини. Дали знаеш дека нема кумулативна студија за вакцини ? Јас познавам ( и запознавам) се повеќе доктори кои во нашава ни Македонија се противници на вакцинација, и своите деца не ги вакцинираат. Ајде давај линк да го видиме Ајде и за ова давај линк. Па кој те тера да пишуваш во темата. Ако си добра во тема лак за нокти, немора да си на сите добра. Или мора во сите теми да пишуваш. Срцка Ти благодарам што не удостои со твоето присуство тука. Извини брзам, со Џени сум на пијачка
@Cosmi navistina te podrzuvam vo celost za se ona sto go napisa za vakciniranjeto bidejki istoto mislenje go delam so tebe a veruvam i site onie majki koi sto vakciniraat no ne sakaat da se vpustat vo debatava bidejki tuka ima tn "vodaci na kampanja" protiv vakcini pa i odozgora plus ie im nabijat griza na sovest zosto donele PRAVILNA za nas a NEPRAVILNA za niv odluka za vakciniranje, na temava pocnaa i da se nadminuvaat nekoi granici vo odnesuvanje i na nisto ne lici,sakam be da vakciniram.i da go zastitam moeto dete i sea sto?ke me ubedite deka ne sum vo pravo?? Vo pravo sum!!! Predlagam do site majki koi se izjasnile na temava za vakciniranje da si napravime edna zaednicka tema pod ime vakciniranje kade sto ke gi spodelime nasite iskustva, simptomi i se sto odnesuva okolu vakcinite, bidejki tuka debatiranjeto e izlisno, nervozno, a preminuva i na navredlivo!! Tolku od mene
Па вакцинирај бе душо, никој не те убедува во спротивното. Ниту пак има нешто навредливо во темава, барем јас, еве, не прочитав. Во право си во тоа дека ти, само ти одлучуваш што е најдобро за твоето дете, но не можеш да бараш да не пишуваат луѓе кои имаат спротивен став од твојот и аргументираат против вакцинација. Целта на една тема е размена на мислења и ставови, а не трескање од земја дека само ти си во право, а другите не знаат ништо. Дискутирај како што треба, а не во недостаток на аргументи да тврдиш дека темава е навредлива, оти не е.
Читај ги душо погоре коментарите во стилот срцка (иронично кажано) со џени на пијачка исто така иронично, ти го сметаш ова за културно дискутирање за спротивставени ставови??на ништо не личи,одвратно
Mislam nema potreba da se raspravate.Ne vredi.Jas vakciniram.No go pocituvam pravoto na site koi ne vakciniraat.Sekoj odlucucuva za svoeto dete i gi snosuva posledicite od donesenite odluki
Никој не се расправа до моментот кога поради одсаство на аргументи се оддалечува од топикот на темата. На изобилие од ставови и студии поткрепени од научна фела и лекари, проткаено со еден куп директни искуства, каде единствено се бара пука логика, што осем лични (дис)квалификации остануваат како аргумент? Не сум лекар ? Има ли лекар тука ? Дали само лекарите имаат знаење ? Дали можеби некогаш белиот мантил е токму оној кој го смалува видеокругот за можност за личен став ? Зошто токму некои од лекарите не вакцинираат, а шепкаат на блиски и пријатели за тоа ? И нападнатите мораат да се бранат, особено кога некој модератор не ги усмери токму во темата на топикот, или барем ги опомене. „Срцка“ и „Џени“ имаа смајли. Баш имунологот др Сладољев од Хрватска части вечер Со јахтата од провизијата идеме да го посетиме Др. Вејкфилд. Еве, ќе го гледаме и германскиот документарец попат, да не заборавиме некоја од нашите племенски размислувања Не е забранет. Германциве чудна нација Се вика Man Made Epidemic
Многу вознемирен и сиромашен одговор за еден надри стручњак за вакцини,проследен со масакрирање постови и пубертетлијски епитети.Интересно. Линковите ги знам,се едни исти поставувате вие пропагаториве,повекето од нив медицински отфрлени и лажни со искривени и непотполни податоци,ниту пак познаваш статистички доволен примероци за да тврдиш колку лекарите вакцинираат, мешаш баби и жаби,па немам зошто да ги коментирам твоите фикции но досега не видов линк на научна студија која докажува дека Невакцинираните деца се позаштитени во случај на појава на дифтерија и полио? Има ли таков? Секој со нормален ум може да го провери животниот век пред и по вакцините кога се избришани цели народи ,а допрва за едно 15 год.што не е далеку ке ги видиме доказите благодарение на анти вакцине пропагандата . Немаш појма за невакцинираното дете починато во Шпанија од дифтеерија и за епидемијата на дифтерија,односно за експериментот на воведување незадолжително вакцинирање во Русија 90 тите години, која доведе до епидемија на дифтерија и умирањето на илјадници лица од истата. Скап експеримент,нели, дали се сложувате да го пробаме? Но да потпишете вие антивакцинашите дека нема да примите ништо во тек на заразата и да бидете евидентирани за идни генерации за да го научат cost/benefitot. за да немаме вакви кампањи понатаму. Дифтеријата и полиото се први на табелата за вракање ,во случај на пад на колективниот имунитет и невакцинирање. Сите теоретичари на завери да си ја погледнете.Побарајте кај имунолози,епидемиолози. Слободно не вакцинирајте ни за беснило ни за тетанус,чисто да бидете доследни на одлуката,но во случај на последици ке треба да си сносите одговорност од небрежност. Знаете ,вие сте исти тип на луѓе како оние што веруваат во гледање на сонце,само што тие го прават на себе ,.а вие ширите хистерија од страшните вакцини на други,благодарение на таа хистерија имаше и смртни последици,како со детето во Шпанија. Вакцините,се секако поголема заштита од алтернативната медицина што ја нудите вие антивакцине дилетантите. Благодарам Повторно погрешна информација. Сладољев не е имунолог ! Туку биолог! Но дел од преварантска екипа со Гајски која добро заработува со книга .Профитери. Ова е класичен пример за тоа што го пишувам,форумот е јавен,и вакво подведување и наговарање млади и неодлучни мајки треба да биде санкционирано.
Може благодарение на вакцините не не косат дифтерии, тетанус, пертусис, ама не косат канцери,леукемии и тоа ги косат најмалите и најмилите. Деца од година две дијабет и тоа најчесто после примање на ммр на кое и јасно стои во упатството на вакцината дека дијабетот е можна нус појава, и уште еден друг куп нус појави, свашта има во составот незнам дали сте го прочитале и место тука да си водите дијалози и да се карате кога веке се сметате за компетентни објавете и објаснете го составот на вакцините. Сладољев не го знам ама ете сега прогуглав пишува дека е имунолог и биолог . али сосема небитно за него дајте објаснете го составот на вакцините имаше понапред во темава да не барам сега немам време сликано состав од вакцини , беа пишувани и состојките и ниедна не беше наивна.
Надри стручњак ? Не. Само обичен читач на тоа што стручните го кажуваат. Модератор ? До кога ке се толерираат личните квалификации ? Па немој срцка да коментираш фикции. Некои фикциите ги доживуваат како реалност дури откако ги почустуваат на своја кожа. Не можат поинаку. Точно. Ти го провери ? Ајде да го видиме тоа што го провери. И прогнозава со гатање е интересна. Па затоа ти велам. Дај да видиме за тоа дете. Што се се случило. Потекло, причина, начин...Имаше и епидемија на сипаници во Дизниленд во 99% вакцинирана популација, па дознавме дека е спин направен за потреба. Како и епидемијата на сипаници во МК, од цели 11 заразени, и тоа од истиот сој како во вакцините. За став треба егзактност, никако површност. Уау. Сатанизација. Море на клада да се горат Токму ако истражеше ќе го видеше ова. За cost-benefit релацијата. Прво види како и кога нестанале. Што ? Благодарам на препораката. Не прифаќам. Башка, вакцина за беснило кај луѓе не постои А не. Немој со поистоветувања. Адресата ти е погрешна. И дај го детето од Шпанија. Која алтернативна медицина ја нудам ? Да. И билолог. И имунолог http://www.slobodnadalmacija.hr/nov...nih-ce-oboljeti-od-opasnih-autoimunih-bolesti Ги погледна линковите ? До кога ќе збориш напамет ?
Туку, да одиме понатаму? Повторно „некои други“ аглиски научници доаѓаат до исти сознанија со Др. Вејкфилд. Ама интересно е што веќе ги „склопуваат коцките“ за сите можности за добивање аутизам. И во коцките, повеќето се врзани со вакцината а оние кои не се, тогаш тоа е индиректно, Мене ми требаше околу 3 саати, натенане да разгледам. Колку убаво се објаснети сознанијата. Сиже? После низата докази дека тимеросалот во вакцините може да предизвика аутизам, доаѓа научен труд од Велика Британија дека причинител на аутизмот може да биде и алуминиумот користен како адјувант во вакцините. Кој сака...долго опширно, ама вреди. https://medium.com/@jbhandley/did-british-scientists-just-solve-the-autism-puzzle-5a7eacc77415
Аргумент без спецификација и вредност. Експериментални глувци се се што имате. Некој навистина перфидно ја прикажува реалноста. Или само не ја согледал до крај. Какво ти е ова мнение? Треба да научиш да правиш дистинкција меѓу генетски трансфер во човечки клетки преку вакцина и веќе постоечките гени во организмот. Нема веројатност, дека во нашите организми се вбризгани толкав број гени, кои создаваат погубни антигени, штетни за нас и како такви иницијатори на болести. Вакцините поминуваат редовен процес на прочистување. Погодувај зошто. Ниту една вакцина не содржи тимеросал, освен оние за сезонски грип. Оние кои им се даваат на помалите деца, од истиве, исто не содржат тимеросал, оти за нив има посебни дози. Човечкиот организам внесува повеќе жива преку храна, за разлика од вакциналната доза. Алуминиумот е во минимални количини, а не се работи за негово постојано вбризгување во организамот, за да има вакви нереалистични стравови. Алуминиумот во вакцината спречува таложење на антигени и токсиди. Знаеш ли колкав процент на луѓе е на таблетарна терапија врз база на алуминуим? Во надворешната средина, постојано сме во контакт со концентрации на речиси целиот вакцинален состав. Смешно е да се зборува, ама истиве се во многу поголем концентрат, за разлика од самата вакцина. На крајот, Вејкфилд и нему сличните, воопшто не се релевантен извор на податоци. Ниту приложеното во линкот. Лесно може да се побие. Превенцијата е подобра. И тежи повеќе од не лимитираните измислени компликации, лажирани податоци и секако експерименталните глувци. П.С. Те познавам од друг форум. Те читав на родители и деца. Прости ако се лажам, а доколку не, човек навстина би се запрашал која ти е целта на ваквите убедувања.
Повторно паушални одговори.Нема одговор за дифтеријата во Русија ии Шпанија ,бараш линк,а си гугл стручњак за вакцини. Да се вратам на најбитното,Одговор на прашањето уште еднаш Како Невакцинираните деца се позаштитени во случај на појава на дифтерија и полио? Едит:Читам си ја терал пропагандава и на др.форуми,сепак бев во право. И инаку повеќето „студии „кои ги постираш се финансирани од Dwoskin Family Foundation анти вакцине финансиерите кои ве држат во заблуда се додека не се појави болест од минатото.
Да кажам лично искуство за тетанус. Примав пред некоја година - прво ми ставија серум, па после вакцина. Ова на имунологија на клиника.