Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.177
    Допаѓања:
    88.662
    Пол:
    Женски
    Секоја одговорна личност за сопственото здравје или здравјето на своето дете ке постапи така,при повреда каснување ке си прими на клиника она што докторите го имаат во протокол серум,вакцина,оние другите ке си играат руски рулет.
     
    На oblace1, Someonespecial, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Некој од нас не согледал. Редоследот е овој.

    - Научник ( научници ) разгледуваат можности кои се во спротивност со стандардното СЗО клише, како можност да се открие причинител. Конкретно Аутизам и вакцина
    - Новинар навлезен во темата, кој прави сублимат од тие истражувања, и тоа само задржувајќи се на резимето и резултатот - никако не навлегувајќи во кор работата на научниците.
    - Истиот новинар, внесува и други научни трудови, кои во ист или сличен контекст согледува и други поврзаности.
    - Ги објавува резимеата. Заклучоци може и немора да даде. Читателот ја пали логиката.

    Еве да погодам. Дали ја знаеме целосната структура на вакцината ? Дали знаеме дека вакцините покрај останатот содржи и делови од абортиран човечки фетус ? Еве просветли ме, и кажи ми што прави тоа во организмот ?
    Јас не знам колкав број на гени се вбризгуваат. Дали прават погубни антигени ? Со оглед дека автоимуните заболувања се искачија во толкава мерка, кој знае ( некој веројатно ) колкав хазард прават.

    Ако сакаш, можеш да провериш, дека сеуште многу од детските вакцини содржат. Подлистоците на вакцините ги имаш на сајтот на МЗ. Таму каде што е тргнат, заменет е со алуминиум. Тој се вбризгува директно во крвта. Токму алуминиумот е најприсатен во децата со аутизам. Сигурно не пиеле апчиња.
    И живата беше добра дур ете некои други научници не докажаа спротивно. Најмалку 5 децении употребувана во вакцини. Зарем не мислиш дека е прашање на време кога и со алуминиумот ке се случи истото ? А до тогаш, што правиме со сиротите мали хрчки од напи деца ?

    Да, точно. Надворешна средина, и телесните системи на заштита. Поистоветуваш алуминиумски прозорец со вбризган алуминиум во крвоток.

    Да. И јас би сакал вакцините да се магичната заштита. Ама низ призмата на историјата, не само што не се, туку и се сеач на истите болести за кои се вакцинира плус добиваш уште поголеми очајности.

    Јахта :) Од големите.

    Поривот на истражувањата кои почнаа токму во моментот кој настана кога се роди син ми. Бидејќи и јас израснав во размислувањата дека вакцините го спасиле светот. На тој форум, кога се отвори темата, се фрлаа дрва и камења по мене. Подоцна, многу од родителите, дојдоа до истите заклучоци до кои дојдов и јас. Требаше само да чепнат.
    Јас не убедувам. Јас изнесувам мои размислувања. Ако мислиш дали сум некако мотивиран. Да. Човечки. Финансиски се мотивириани оние кои убедуваат за вакцини ( не членови на форумов ) и оние кои прогласуваат епидемија на сипаници на 5 деца. Тие ако немаат корист, тогаш имаат барем по некое фармаколошко шетање.
    Во Германија, докторите земаат 18 Евра за дадена вакцина. Државата стои по страна. Јас добивам едно големо ништо. Евентуално јахта чекам :)


    Ти изнесуваш информација, мислам дека ти си таа која треба да ја обезбеди. Јас не сум гугл стручњак. Јас сум само читач и логичар.

    Исто се незаштитени како вакцинираните.

    Ме фативте :) И мене и јахтата :)

    Да. Еве сеа ке ги лоцирам и ке донирам.

    ЕДИТ: Ги најдов.
    Основана фондација која се бори за посигурни вакцини. Тригерот за основање бил проблемот на ќерката на основачот, после примена вакцина. Користат податоци од VAERS и плаќаат научници кои немора да ги лажираат резултатите да бидат во корист на производителите.
    Благодарам за поентирањето. Ке ги контактирам и ке одвојам дел од моите скромни приходи од јахтата кон нив. Барем знам дека финансираат слободоумни научници и лекари.

    Дур не се појави епидемија на сипаници во 99% вакцинирана популација :)
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ја читам темата неколку дена информативно и чисто од интерес за една контроверзна и долго актуелна тема.
    Па така, пред да пишам да напоменам дека сум далеку од деца и ваква одлука, дека ја сфаќам чувствителноста со која е обвиена тематиката и не се дрзнувам да осудувам одлуката и ставот на ниеден родител, посебно не на оние со лични примери.
    Не сум со 100% дециден став по прашањево, но повеќе сум за отколку против вакцините.
    Иако скептичноста, стравот и ставот против вакцините се смета за conspiracy-like, јас не би го ставила ова прашање на ниво на налудничавите теории на заговор, поради тоа што, како што реков - сфаќам дека се работи за избор во кое е вмешано нешто најчувствително, здравјето на детето.

    Јас памтам кога бев околу 11-12 години, по медиумите се крена јака фама за ХПВ вакцината и нејзините страшни нус појави низ светот, од која и самата тогаш се исплашив. Мислам дека на крај ја направија незадолжителна или задолжителна само за конкретна генерација и нашата ја одмина, не знам точно.
    Не верувам ниту сега стопостотно во фармацевтската индустрија и посебно нивото на нашето здравство. За некои од вакцините што има информации и искуства за многу сомнителни случаи - разбирам скептичност, ама не сум за негирање и бојкотирање целосно на сите, па дури и оние основните.
    Скроз сум против идење до тие крајности да се негираат воопшто вакцините од нивното создавање како цивилизациски напредок со заслуга за искоренување на старите заразни болести. А невакцинирање и во случај на повреда или каснување од животно ми е тотално неразумна одлука.

    Сметам дека постои anti-vaxxers кампања и дека медиумите со сензационалистички наслови поттикнуваат страв од вакцините.
    И да, од тоа некое време што ја читкам темава, тешко е да не се приметат два члена што буквално сите мислења изгледа им се овде. Не ги тагнувам оти не сум компетентна за повеќе од личен став и за да се цитирам и расправам, ама ќе се пронајдат... Ѕorry guys, немам секако ништо против вас оти не ве познавам, ама тоа што на форум сте се зачлениле исклучиво за убедување на една конкретна ваква тема делува доста напорно, и колку и да ви е смешно - изгледа чудно и по малце сомнително.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    @Cosmi , како за личност која спие мирно, многу напната ми делуваш. Наспаните луѓе покул се.
    Според тоа што го прочитав, ти сметаш дека анти-ваксерите се толку глупи, и несигурни, што својата глупава одлука да не вакцинираат мора да ја оправдаат со докажувања по форуми. Као демек, така си се тешат дека го направиле вистинскиот избор.
    Искрено да ти кажам, вртев неколку страни наназад, и приметив дека баш тоа и ти го правиш. Ако спиеш мирно, и ако сметаш дека си го направила вистинскиот избор, тогаш не гледам зошто се притресуваш и ги навредуваш луѓето. Дали можеби ти пробуваш да си докажеш самата себе нешто?
     
    На augustd, do-re-mi, Centurion и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.177
    Допаѓања:
    88.662
    Пол:
    Женски
    На што следи одговор од yaree
    Ги наведуваш и убедуваш луѓето,и не за јахта туку за наоѓање душевен мир.
    Значи на секоја несигурна мајка ти сугерираш,а модераторите спиеле.Недозволиво е ова што го правиш.

    Доволно е да кажеш не сум ги вакцинирал а,не неук да сугерираш линкови и статии!


    Неспособноста да се поврзат падот на вакцинираните со појавите на епидемии на заразни болести укажува на слабо разбирање на светот околу тебе!

    Прекин на вакцинација во Русија и епидемија со страшни размери,те прашав еднаш ,сакате ли вие антивах, да тестираме ?

    6000 луѓе умрени и 120 000 заболени 1994,а како е денес со вакцинации и ревакцинации спорадични неколку случаи,но сепак ако сакаш да одиш таму,вакцина против дифтерија е задолжителна.

    Романија 2016 ниска имунизација од 80% што се случи,умреа ли 17 деца од сипаници ?

    Да,од сипаници подобро штити лековита кал,а од полио, чај од врба и гледање во сонце!

    Секое невакцинирано дете никако не е позаштитено од полио од вакцинираните деца,и тоа треба да му биде јасно како ден на секој анти вах фанатик.
    Досега таква студиja па ни лажирана не постои!
    Секој антивах може да не се вакцинира,да одбие лечење,може да се лечи алтернативно,хомеопатски...итн

    Но неможе на своето дете да му ги наметне своите аматерски медицински идеи,туку е должен да му ја пружи најдобрата медицинска грижа базирана на медицинските препораки.Да ,докторите грешат во некои одлуки ,но секако помалку од некој што се едуцирал преку нет.

    Кого навредив?Линк?
     
    Последна измена од модератор: 10 декември 2017
    На makedonkamak, Sofronko и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.122
    Пол:
    Женски
    Јас не, а пак уште помалку ти. Стандарднното клише е официјален став. Благодарам за објаснувањето.

    Јас знам колкав број се вбризгува. Ич. Ти кажав, надреализам. Отвори очи и не сонувај јахти. Клетки, клеточни линии, а не фетус. Колку и да звучи застрашувачко, се тоа е прочистено. Во крајниот резултат, производот, не содржи ниту една клетка која би предизвикала трансфер. За тоа се потребни нуклеински киселини. Дури и тогаш, ова што го презентираш тука е небулоза, оти се потребни многу поинакви техники за истото. Со неколку клетки тоа не може да се случи, а не заборавај дека минуваат процес на чистење за да ги отстранат токму тие клетки. Нема погубни антигени. Автоимуните заболувања, имаат друга дефиниција. Заболувањата ескалираат, поради фактот, не знаење да се објаснат во минатото. А не дека ги немало, па сега вакцините ги иницирале.

    Не поистоветувам. Укажувам на фактот дека го внесуваме и посредно и непосредно, а не сме ни свесни за тоа. Вакцината е лимитиран број на боцкања и алуминиумот во истата не може да доведе до ризик фактори, само заради тоа што некој доктор кој сакал јахта да си купи, така рекол.

    Не се магична заштита, но доволна. Тоа што не сакаш да видиш, не е до мене. До колективниот имунитет е. До тебе е. И до јахтата.

    Ти изнесуваш мислења кои се еднакви со неофицијални ставови. Има разлика од официјален податок до научна студија на доктор шарлатан. Едно време читав дека рак се лечи со сода бикарбона. Има и такви кои веруваат во ова, не велам не.

    Едит:
    Неоспорителен е фактот дека тимеросалот го напушта организмот многу брзо и истиот се разградува, за разлика од живата во храна. Алуминиумските соли ги има и во мајчино млеко, замисли. Алуминиумот е опасен само во големи количини. До сега, такви, кои би предизвикале болест или состојба, во вакцина не се пронајдени. Во претходниот пост, ги споменав таблетите, зашто мал милион од истите се врз база на алуминиум, а се упетребуваат за терапија. Не сакаш да прочиташ нус појави и еве гледам колку од нив се случуваат. Ич. Ниту па некој ги одбива ради алуминиумот. Всушност, истото важи за сите лекови. Ама ајде, со хомеопатија ќе се лечиме.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
    На oblace1, andromedae и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Што се нема да прочита човек. Живата била безбедна и за 30 секунди го напуштала организмот без да прави никаква штета, тоа било оппшто познато. Алуминиумот е исто така фарса, целосно е безбеден, многу читате научна фантастика. Клетките од човечки фетус се прочистени, толку многу ги переле хлор, што се целосно неутрализирани и оставени се само оние делови што не прават автоимуни заболувања. Автоимуните заболувања, тоа се оние работи што не ги разбирате. Ако не верувате во ова, вие сте лаици.

    Госпоѓата со лекари во фамилијата досега не прочита ниту една статија. Она се си знае. Помалку и лаже и вреѓа, но така знае. Досега не кажа ништо корисно на темава, ниту еден факт. Но таа се залага за наука а оние што објавуваат научни статии за штетните дејства на алуминиумот и живата и за неефикасноста на вакцините, тие се хомеопати и лаици. Очекувавме повеќе од докториве на темава. Но кој рече дека е доктор/докторска фамилија? Доктор ќе кажеше нешто корисно, госпоѓава се става во филм за одбрана на вакцините како татко и да ги правел. Најверојатно сакала да стане доктор, но не успеала. Сеуште мисли дека вакцините се модерна медицина. Викаше дека не се дава вакцина против тетанус за рана, туку само серум, откако и кажаа дека се дава и вакцина, го смени мислењето и рече дека така треба.

    До госпоѓата која се посомнева, оти некој не пишува на друга тема. Те молам игнорирај ги сите мои пораки во иднина. Јас реков уште од почеток, нема на никој да сугерирам ништо. Нема да дебатирам со лажни доктори на темава. Од време на време ќе објавувам студии.

    Продолжуваме со официјални податоци. Ме заинтересира на 'епидемијата' на 'смртоносните' сипаници во Дизни и дојдов до следните податоци:
    -131 заразен.
    -0 мртви
    -57 невакцинирани, 74 вакцинирани
    -најмногу биле присутни два стрејна на вирусот, едниот бил див (60%), вториот од вакцина(30%)
    -се разболеле и 9 медицински сестри, нормално, сите вакцинирани, повеќето и со потврдено присуство на антитела за морбили (потврден вештачки имунитет) но тоа не ја спречило заразата.
     
    На verba и yarre им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.177
    Допаѓања:
    88.662
    Пол:
    Женски
    Гледам дека освен убедувања,колегата yaree редовно си ја постирал антивакцине фејс групата,што било дозволено ,јас можеби сепак наивно залутав на темава незнаејќи дека има намена е убедување и врбување луѓе од ликови кои редовно ја "одржуваат" .
    @Centurion
    Без лажење и манипулации,еве го постот,пишував она што го знам дека се става серум
    Инаку:
    Од службена препорака
    Имаат протокол,колку го спроведваат незнам,но тоа и не е поентата,туку дека ако имате потреба ,ке трчате сите а нема да држите антивакцине теории на заговор.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
    На Lianna Anna и Sofronko им се допаѓа ова.
  9. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.764
    Пол:
    Женски
    Во однос на муабетот од пред некој ден за серумот и вакцината тетанус..ова го најдов на еден од порталите поврзано со нападите од кучето во Лисиче пред некој ден. Изјавено од доктор. Значи се прима вакцина а не серум.


    „Повредите претходно им беа санирани и исчистени, а кај нас се прима профилаксата, односно вакцина. Во случајов бидејќи станува збор за домашно куче дадена е само вакцина против тетанус, на оние пациенти кои немале примено. Никој не е хоспитализиран”, вели д-р Стевановиќ.
     
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Добар чери пикинг со прескокнување ( одмолчување ) на констатациите кои не ти се по воља. И секој нов пост нафрлање нови. Познато. За жал не одиме во правец на квалитетна дискусија, а можеби тоа и ти е целта.
    Нејсе.
    Се додека стандардното клише не е независно од „независните“ производители и „независните“ верификатори, барем моето дете нема да биде испитно глуфче по системот „ко преживи причаќе“.
    Се додека има судир на интереси, и катадневни дрмања во тие институции кои го креираат официјалниот став, ти повели па вежбај учинковитост и прочистеност. Знам дека не се плашиш. Или барем така кажуваш.
    Лакомоста на тие од клишето ја подигна свеста. Алчниот задник, за воведување нови и нови вакцини и нивниот хазард врз човекот доведоа, да и оние најблиндираните почнуваат да се прашуваат:
    „ Како јас тоа не верувам на ХПВ вакцината ? А верувам на другите ? Зарем не е истиот производител? Верувам дека треба да има вакцина и проитв пролив? .......“

    И сега веруваме дека алуминиумот е цедевита за организмот ? Од каде е алуминиумот во децата со аутизам ? Непосредно го внеле, како бебиња преку стругање на алиминиумски профил и директно го ушмркале, а така завршил во крвотокот ?

    Јас изнесувам секакви мислења на научници и лекари, кои држат до себе. Кои ризикуваат топла научничка и докторска фотеља. Кои размислуваат со своја глава без влијанија.
    Шарлатани се оние кои лажат под влијание и го лажираат официјалниот став. А Овци се тие кои ги слушаат, без ниту трунка желба да се запрашаат дали е се тоа така. Дали можеби медаљата има и друга страна, само поради фактот што низ децениите, ставот дијаметрално се менувал.


    Да? Истражувањето на мојот лик ? Тука има прашање и одговор. Наведување ти се снило.

    Не сум знаел дека треба да направам консултација со тебе како треба да одговорам.

    Дали знаеш како се случи сето ова ? Бидејки истражуваш ликови а не сознанија, врати се наназад на темата и ке дознаеш, конкретко како настрадале и од кого се заразиле и за што е употребена оваа состојба, во какви услови живееле, каков бил нивнот медицински третман, и најважно, точно од што починале.

    Другото, не го коментирам. Позната демагогија.

    @Cosmi

    Гледам дека освен убедувања,колегата yaree редовно си ја постирал антивакцине фејс групата,што било дозволено ,јас можеби сепак наивно залутав на темава незнаејќи дека има намена е убедување и врбување луѓе од ликови кои редовно ја "одржуваат" .

    Таа група не е група за и против вакцини. Погледни поубаво. Дадена е во конотација дека во Македонија постои легално право на избор. Само родителите не го знаат тоа. И неретко тоа право треба да го докажуваат.

    Многу си бре површна :)

    Глупоста за колективниот имунитет исто наназад го објаснивме користејќи логика. Чепкаш, па прочепкај и за ова.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
    На Centurion, do-re-mi и joy1 им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.177
    Допаѓања:
    88.662
    Пол:
    Женски
    Од што починале ,да погодам, нехигиена и низокживотен стандард,Уште една антивакс теорија на заговор.Не,фала.
    И јас чекам студија како невакцинираните деца се позаштитени во случај на полио,па не дочекав одговор.
    За дифтеријата во Русија исто,
    За детето во Шпанија невакцинирано што почина исто,со напомена дека кај уште 8 деца била пронајдена,но бидејки биле вакцинирани ,не се разболеле.

    Да,ја видов, класична антивакцине група која на оваа тема било дозволено да се промовира.

    Глупоста за колективниот имунитет е веке виден низ историјата и бенефитот од него,но не секој го разбира нели,секако нема да го читам објаснувањето на еден лаик самопрозван стручњак за вакцини.
    Всушност Herd Immunity е најдобро илустриран со дифтеријата во СССР!


    Во недостиг на аргументи не ја потценувај мојата интелигенција.
     
    Последна измена: 10 декември 2017
    На Lianna Anna и Sofronko им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Си читате селективно. По протокок даваат серум, па вакцина. За каснат од куче. Тоа е таа профилакса.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Погодувањето те води во погрешна насока. Дознај. Нема теории на заговор.
    Дознај ги сите параметри. Прочитај што напишав.
    За оформување на став не гледај само како упрегнат добиток со заштитници за очи.

    За да добиеш став треба да посочиш конкретен случај. Ти само додаваш нешто што си читнала некаде без да истражиш. Еве за да загребеш, обиди се да дознаеш потекло на полио во последните 50 години, како и потребата за негово реименување.

    Пак погрешно. Пак не читаш, и исфрлаш констатација без да разгледаш. Прилично самоограничувачко. И интелигентно ;)

    Ајде една загатка.
    - Колкав треба да е процентот за функционирање на колективниот имунитет
    - Колку имунитет има 40 годишен човек
    - Колкав е процентот на луѓе над 40 годишна возраст
    - Каков е односот на вкупната популација во однос на овие две групи, до 40 и над 40

    Земи ги сите официјални ставови. Можеш. Интелигентна си :)

    Никако! Се трудам да ја искористиш.
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.122
    Пол:
    Женски
    За тебе квалитетна дискусија би била да се согласиме со твоите ставови, а се спротивно изнесено на тоа, е неважечко и неквалитетно. Кои констатации? Твоите? Излишно е дали ми се по воља или не. Важното е тука, дека се работи за невистини. Цел имам. Ама истата нема врска со темава, а уште помалку пак со дискусијава, која милуваш да ја наречеш неквалитетна.
    Повторно СЗО. Уште не ти станува јасно дека се работи за општо добро. Нема теории на заговор. Има јахти, има финансиски рекетирања. Јас не вежбам на имунитетот на моите деца. Та нели си тоа ти? Јас вакцинирам. Денес и мачката ќе ја носам на вакцинација. Или не треба?
    Свеста ја подигнаа парите. А хпв брои над 40 типови. Не знам точно. А вакцината покрива неколку од нив. Ми се чини најопасните. Уште не сме стигнале до истава, а никогаш за неа и не коментирав. ХПВ и дифтерија немаат никаква допирна точка.
    На аутизам се подеднакво изложени и вакцинирани и невекацинирани деца. Предиспозиии и гени имаат улога, а не вакцините. Контраверзноста и загриженоста, остави ги за друг пат. Овој пат, нема место тука, оти е докажано дека ммр нема врска со аутизам. Професионалниот деликт, го направи Вејкфилд. Многу успешно, како и совршено мотивиран. Поборници против фармација, овој пат со голем залет, борбата ја насочувате против истата. Не сме имале прилика да видиме жетва од болести, не сме живееле во тоа време. Затоа сега имаме прилика да видиме ирационални постапки, водени од големата илузија. Не знам соодветен начин да ти објаснам дека алуминиумот, како алуминиум хидроксид, алуминиум фосфат, калиум алуминиум сулфат, се алуминиумски соли, кои се во вакцината, во сосема минимални количини, и истите не ја надминуваат количината на оние кои ги внесуваме преку храна. Во таква количина, всушност, препорачана доза по протокол, не се опасни. Истиве го напуштаат организамот во рок од неколку дена. На вакви количини подлежат и таблетите. Малите бебиња, внесуваат алуминиум преку мајчино и преку вештачко млеко. Дали ќе правиме пропаганда против истово?
    Ти изнесуваш мислења кои не се официјален став, а како такви подлежат на планина од финансии. Не ризикуваат ништо, ами имаат доволно. Нив ги води судир на интереси и мотивација од пари. Кој да знае, ако успеат во намерата, можеби и ќе се најдат во некоја топла фотеља. Добро подгреана.
    На шарлатанската страна си ти. Никако јас. Јас не го оспорувам официјалниот став. Овците, уствари навредите, остави ги за друг пат. Не допираат до мене, а и сепак, не можеш да ги знаеш моите желби.
    Медаљата има две страни, само поради фактот, што ставовите тежат еднакво, но не и доказите. Затоа, се става истава секогаш само од предната страна.

    П.С.Според начинот на изразување и твоите ставови, ми се чини дека те познавам на повеќе полиња, освен форумот родители и деца. Дали некогаш си застапувал став со Велков? Ако така, јасно ми е се.
     
    На oblace1, Baby-bubu, sofi2107 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Насловот во форумот е прилично јасен. Ти фати од прфилирање (мое) до наметнување и поистоветување. Се само не околу вакцините. Не се дрзна ниту една студија да отвориш и прочиташ. Сметаш дека ставот е веќе направен и тој е единствениот и сите треба ( како овци ) да се држат до него.
    За нешто да прогласиш за невистина прво треба да го согледаш тоа. Ако оставиш да тоа други ти го прават, тогаш си нем follower без став. Осем основниот, дека вакцините го спасиле светот. И тука завршува твојот хоризонт.

    Абе, многу сакам да верувам на СЗО. Нејзиното постоење е токму поради таа причина. Ама не е така. Жал ми е што морам да истражувам за да дојдам до сите информации, и тие задкулисните. И дека ги дрмаат афери, и дека регистрираат вакцини уште пред да настанат болести. Свински Грип, Зика...you name it.
    И што се случи со зиките и гриповите, а прогнозата беше дека пола земјина топка ке биде заразена, а четврт ке умре...
    Имунитет не се вежба. Се уништува со вакцина, а после се вежба.
    Мојата претходна мачка, живееше 14,5 години, невакцирана. Оваа сега 4. Исто така. Одат и внатре и надвор. Сегашната имаше битка со лисица. Беснило не фати.

    Извадено до конотација. Нејсе, родителит директно ги гледаат последиците од вакцинава. Затоа и нејќат да чујат за нејзе.
    За дифтеријата уште чекам конкретно инфо, па да разгледаме. Јас ке седнам и разгледам. Не како тебе, ниту една студија не разгледа. Не мрдна од нулта позиција, како да ти се бетонирани нозете.
    Затоа реков, одбери од изнесеното, што не е точно по тебе, па да дискутираме. Остави кој број на чорапи носам, не е битно тука.

    Не ми одговори конкретно, што бара алуминиумот во огромни концентрации кај децата со аутизам? Како тој го нема кај децата без аутизам ?

    Поистиветуваш предострожност со шарлатанство. Јас изнесувам свој став врз база за мене логични наоди од стручни лица. Ти си blind follower на официјален став.
    Ако го следиш мирисот на парите, ке дојдеш до многу сознанија. Од тие лекари и научници кои имаат свој став кажи ми еден кој се нашол во топла фотеља. Обично биваат згазени од трамвај или „случајно“ излетани од пат при „случајно“ откажување на кочници. Ниту еден од нив не го продал ставот за пари.
    А во СЗО, све сами роатации и сукоби на интереси.

    Многу прашања настрана од темата а ?
    Да, сум слушнал за неа. Таа сепак е „понова“ од мене. Нејзе колку знам тригерот да ги разгледува вакцините и почнал кога и починала свекрвата после сезонската „пензионерска“ вакцина. Мене далеку пред тоа. Ја сум постар на темата. Можеби она од мене фатила нишка ;)

    Гушни го мачето. Нека пази ветеринарот каде го боцка со вакцината. Не е редок бројот на животните со фибросаркома после вакцина. Стискам палци.

    Топла препорака да го ѕирнете во душата на родителите на деца оштетени од вакцина.

     
    Последна измена од модератор: 10 декември 2017
    На do-re-mi, alisijad, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.583
    Пол:
    Женски
    Сит на гладен не верува.
     
    На Centurion, joy1 и alisijad им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.874
    Допаѓања:
    13.508
    А ти имаш лошо искуство со вакцините?
     
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.502
    Пол:
    Женски
    Ако добро се сеќавам бебето на пријателка на @vitamina починало по вакцината на 6 месеци. :( И потврдено е дека е од вакцината. Ми се врежуваат во памтењето вакви случаи, и општо од темава на сите мајки и блиски на деца со негативни реакции од вакцините. Поголема причина да се сомневаме дека нешто не е во ред, нема!
     
    На Annath и vitamina им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.122
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што ќе те разочарам, ама не абдицирам од мојот став по основ темата. Сегментите кои ги истакнав се за и во склоп на истата. Наметнувам? Јас? Та нели ти тврдиш дека јас сум фоловер без став? Мислам дека тема, психологија на човек, не ти соодветсвува. Јас само одговарам на твоите мислења, следствено начинот на кој ги пишуваш. Не знаеш што сметам за држењето на еден и единствен став. А уште помалку за овците. Не знам како се осмелуваш да тврдиш. Не мислам дека има потреба да бидам гугл стручњак и да бомбардирам тука со линкови кои секако дека за мојата и твоја вистина, ги има многу. Толку многу студии имам читано, што веќе на памет ги знам. И не доаѓам тука со претходни подготовки, оти сметам дека знам доволно без да имам гугл заднина. Што не значи дека моето дополнително едуцирање престанува тука. Аматерско, ама вредно. Невистините се на твоја страна. Онаа која не сакаш да ја напуштиш, а и не мораш, оти тоа е твојата вистина. Само немој да се браниш со напад дека јас прогласувам невистина без да согледам. Оти исто така, многу невестини прогласуваш и ти.
    Афера рече? И повеќе од јасно. Затоа и дефиницијата е таква каква што е. Афера. Ич да не жалиш. Истражувај. Нема ништо лошо во надоградба, особено не во сопствена корист. Не би знаела да ти одговорам околу регестрирани вакцини пред настанување на вирусот. Просветли ме. А ниту пак сум слушнала прогнози какви тврдиш дека имало. Можеби. Не знам. Ете за таквите вакцини, за воља на вистинита, не сум читала. Мојата прва мачка, иако сосема неважно во моментов, живееше 17 години. Па и повеќе. Вакцинирана. Имунитетот се поттикнува со вакцината. Се активира имуниот систем, а се спротивно на тоа е чин на вежба и надеж.
    Одговорив. Изгледа дека не сакаш да читаш. Алуминиум се внесува преку храна, млеко, па дури и вода за пиење. Она што не го знаеш, оти некој те лаже, е тоа дека го има во сечиј организам, а неговата количина е еднаква или помала од онаа во вакцините.
    Да. Исто нели како што ги отепаа оние кои најдоа лек за хив, рак итн. Многу веродостојно. И за таквите имаше научни студии, од доктори кои беа или се обидуваа да бидат во топла фотеља. Сознанија за некој таков конкретен немам. Веројатно имаш ти. Оти ти ги знаеш аферите во СЗО. Не јас. Слепилото ете, остави ми го мене. Од кај знаеш, можеби ми е убаво вака слепа и заблудена. Па доаѓа некој како тебе да ми ги отвори очите. Оти таквите како мене, мислиш дека не знаат да читаат меѓу редови. А логиката задржи ја за себе. Многу добро ти оди. Ме наведуваш да пишувам за сосема друга тематика. Чиниш дефинираме сарказам и иронија, а потоа пишуваш за чин на поистоветување, одмолчување и наведување и заобиколување на основната тема. Не е до тебе проблемот. До мене е. Изгледа дека јас паднав на провокација. Ретко, ама ми се случува.
    Или, со други зборови, си научил како да ги извадиш моите мислења од основата која им ја придавам. На жалост, има многу родители кои ги гледаат последиците од невакцинирање. Бројни се и едните и другите. Морам да признаам. Се тоа, е изолирано од вакцините. Фактот кој не се прифаќа, а на кој често се анкцентира, е тоа што таквата раздвоеност е надоместокот кој фали. Разгледувај и понатаму. Истото го правам и јас. Само што имам една поинаква сфера на согледување и осознавање околу научните студии кои ги изнесуваш. Можеби се се, ама научни не. Убаво објаснив што не е точно. Не мислам, ниту до сега има доказ дека аутизмот и вакцините се поврзани. Ти велам, читај подлабински. Ах, повторно да се враќам на дифтерија? Не сум професор, а пак епидемиолог уште помалку. Не мислам, а и не сакам да држам предавања за нешто што веќе го знаеш. Дали сакаш да признаеш, гледам од изнесеното.
    Благодарам што одговори. Прости, можеби те смешав со некој друг, помалку сличен на тебе. Мачка еве ја ми се мази. Освен локална реакција, друго и не очекувам. Ако воопшто ја има и оваа.
     
    На Baby-bubu, theowndemon, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    На Cosmi и stevemila им се допаѓа ова.