Колективниот имунитет, го спречува настанувањето на епидемии и го штити населението кое не може да биде вакцинирано од медицински причини. Со висока стапка на имунизација, синџирот на инфекција може да биде скршен, ако не и целосно искоренет. За болест, како на пример тетаунс, која настанува со контаминирана рана, штити само тековна вакцинација. Нема друга имунолошка заштита за тетанус. Не постои. Патогенот на полио, сеуште цирулира во некои замји во развој, поради истово, потребна е понатамошна вакцинација. Во прашање е опасна болест, која завршува со смртни случаи и хендикеп. Успехот на вакцинацијата, наместо позитивни, доведува до негативни погледи. Луѓето очигледно не се свесни за фаталните последици од заразните болести.
@Centurion Или не ти ја разбраа или не ти ја прочитаа поентата. Или немаат логично објаснување. „Имунитетот на крдото“ е одлична замисла. Но има неколку нелогичности. -Ако функционира, како може да се појави епидемија (во Дизниленд на пример) на целосно вакцинирана популација. - Ако рокот на важноста на последната дадена вакцина истекува на најдоцна 30 годишна возраст, за каков имунитет на крдо збориме земајќи го во предвид сите постари од 30.
Малку кружиме и тапкаме во место. Не им одговара реалноста, подобро е да се живее во имагинарен свет каде сите се магично заштитени 85 години со теоретска заштита на вакцина која делува од 2 до 10 години. За 10тина години ќе донесат нов закон за задолжително вакцинирање, со кој секој мора да се ревакцинира на 5 години за сите болести до крајот на животот. Што мислите за таа идеја @Lianna Anna и @Cosmi? Се плашите за вашите човекови права или не ви се потребни, ќе се откажете уште од сега и ќе и ги предадете на државата=фарма индустријата? Потоа на секои 5 години, ќе воведат по 2-3 нови вакцини. Варичелата ќе стане смртоносна болест, исто како детската жолтица (ХепА). Грипот ќе стане задолжителен, затоа што убива околу 500.000 луѓе годишно, и веќе стварно нема смисла луѓето да умираат од грип. Медицината ќе го спречи тоа, оваа година се предвидува ефикасност на вакцината од грип од цели 10%, слично како и претходните 50 години. Гилeн баров синдром, најпознатиот нус ефект на вакцината на грип ќе се зголеми за еден милион проценти, но за тоа никогаш нема да има потврда од Санофи дека е предизвикано од вакцината. Неуките ликови со аутизам ќе се исмејуваат на форум на оние што се невакцинирани и здрави затоа што нормалното ќе невообичаено и чудно. Ќе биде ненормално да си нормален и здрав. За 50тина години ќе смислат уште 30 тина нови вакцини. Некои нови @Lianna Anna и @Cosmi ќе пишуваат на форум дека животот во 2017 бил страшен и неподнослив и сите ги заборавиле ефектите на смртоносните детски болести како рубела, заушки и варичела. Дали имате барем малку самопочит и се цените како човечки битија? Или во сардина да ви стават ќе ве убедат дека ве чуваат во стерилни услови за да не се разболите? Што нема да помине кај вас? Луѓе бре, во календарот треба да има само вакцина за дифтерија и полио, незадолжително (иако за полио историјата е многу магловита и треба детално да се испита) И со одличен квалитет. Сите останати сценарија не водат кон болно и ретардирани општество. На пола пат сме.
Интересен е феноменот на индректно обраќање. Завитканата форма од игра на зборови која сама по себе, лесно се распластува. Може и подобро. Може и поинаку да се долови подлогата која се наметнува. Знам за кого е наменета. @Centurion Ќе разбереш дека првиов дел од мислењево не ти е наменет тебе. Играм индиректно. Всушност, на истиот начин бев и повикана. Вакцините содржат стандардизирана количина на детоксифицирани и инактивирани типови на вируси. Детоксифицираните бактериски компоненти, резултираат со имунолошка одбрана. Локалните и општи реакции, се од минлива природа. Вакцинација во зрелоста, против тетанус и дифтерија на пример, треба да се прави на секои 10 години. И тоа е она што сите го знаеме. Повторниот контакт, после вакцинација, со истиот вирус, повеќе не води до инфекција, или барем не до болеста. Во зависност од вакцината, ваквата заштита е доживотна, или се реактивира со повторна вакцина. Меѓутоа, тетанус и дифтерија, се нешто друго. И поради заштита, мора да има ревакцинации на секои 10 години. Заради, постојано менувачкиот вирус. Поради постигнатите ниски стапки на морталитет од заразни болести, се појавуваат критични ставови за вакцините. Најчеста причина за невакцинирање, се лажните контриндикации, претставени како вообичаени инфекции. Недокажаните теории, со наводните негативни ефекти од вакцината, нема да доведат до ништо друго, освен до значителни компликации и стагнација на отстранувањето на одредени болести. 1. Новиот закон не би ми пречел. 2. Основните права не ми се ограничени. 3. Новите вакцини добро се толерираат. 4. Порано било нормално, да се биде нормален и здрав. Болеста била чудна. Така денес, не е. 5. Напредуваме, па има објаснување за се. 6. За 50 тина години, кога ќе се појави нов лик како мене, ќе објаснува за пропагандата во 2017 и ликовите како тебе. Секако, тогаш ќе има некој што ќе биде на твоја страна, па ќе го повторува истото што го презентираш сега. 7. Неуките ликови со аутизам, ти ги нарече така. Јас добро знам што значи тоа. И нигде не ги споменав како ликови, ами само за состојбата зборувам. 8. Добри пророчки способноси, како и да е. 9. Рубеола е страшно опасна по неродено дете, по плодот. Ама вие, како сакате. 10. Има начини да се изборите, ама тоа не треба да биде ваква небулозна пропаганда. 11. За стерилни услови треба да размислат оние кои не вакцинираат, а не ние, кои сме на другата страна. 12. За самопочита и ценење како човеко битие, нема да ти расправам. Друга тема е.
Малку отсатен, и одма скокање. И секако, заобиколување на прашања, кои не одговараат на дискусијата Не, така личи кога во дискусија се лимитираш на група на некакви „наши„ и „ваши“. Јас разменувам мислење со сите кои дискутираат, вклучувајќи ги и членовите кои имаат исто мислење Ме фати Целосно сум распластен Мислам дека е дегутантно да се расправа околу начинот на комуникација на соговорникот. Особено ако со тоа се обидува да се дисквалификува. Ова не проаѓа. Што се однесува до наметнување, мојата мисија ете ја разглобивте наназад Но, мојот став и сознанија остануваат непроменети. Имаше една стара, дека вистината прво се исмева, па се напаѓа, за да на крај се прифати. Правецот и желбата е токму идејата да се загребе под стереотипната информација. А после секој со своја глава. Премногу нелогичности и очајности носи вакцинацијата. Се работи за тајмингот и начинот кој кога и како сака да дознае. Дали го знаеме целосниот состав на вакцината, покрај стандадизираните количини на вируси ? Како се мерат количините на вируси при нивна изработка ? Не. Тоа го прават додатоците. Честопати организмите не реагираат надворешно, и се потенцијални сеачи на болести за кои организмот се вакцинира. Од најмалку 15 дена до 6 месеци. Тие организми се неретки причинители на епидемии во 99% вакцинирани популации а се обвинуваат невакцинираните. Од таа причина не се ни соопштува сојот, бидејќи би се видел изворот во вакцината. Да, тоа се тие видливите. Останатите реакции, остануваат темпирана бомба во организмот, кои се појавуваат во вид на автоимуни заболувњата. Од мравка ќе правиме слон ? За останатите кои се плашат од тетанус. За тетанус треба услови. Веројатноста поголема е да те згази трамвај во град каде што го нема. https://steemit.com/vaccines/@canadian-coconut/truth-about-tetanus-infection-and-the-vaccine Ова ми делува како радикално откритите, кое дури и светската научна фела не го знае. Што правиме со вакцинираните а заболени ? Ја и не знаев дека вакцините се стаклено звоно од болеста за која се вакцинира. - Како знаеш кој вакциниран ќе заболи ? - Ако заболи како ќе се манифестира и кај вакциниран и кај невакциниран ? ( ова да не се базира на претпоставка, туку на пример ) Доживотната заштита била „измислена“ во почетоците на вакцинација. Кога виделе дека заболуваат и вакцинираните, „измислуваат“ ревакцина. Сега, ставот е дека вакцината делува одреден период и после мора да се даде ревакцина. Токму со ова, е растурен имунитетот на стадото, бидејки никој не се ревакцинира после 30 годишна возраст, а епидемии чаробно - нема Каде тоа се праат ревакцини на секои 10 години ? Ма јок. Критичните ставови околу вакцините се појавува поради: - Очајносите кои ги пратат, и огромниот број на последици, и се поголемиот број на страдалници кои јавно прозборуваат. - Неучинковитост, поради епидемии во 99% вакцинирани популации - Неиспитаност пред да се дадат во употреба ( Еве последниот скандал во Филипини ) - Лажирање на податоци во CDC, и уништување на документи од сознанија. - Креирање на лажни епидемии ( Грипови, свински грипови, Зики, Еболи.... ) и вакцини за нив уште пред да се креираат болестите, за да светската популација не падне да верува и ништо не се случи - Огромниот број трајно осакатени од вакцини. Тоа е исто како затворска казна без можност за помилување - Иако мал пријавен ( околу 10% ) секако огромен број на последици од вакцина преку VAERS - Билионски исплатени штети од вакцини, во системите каде имаат таков систем. Во МК, срамежлив е едниот случај во Кочани. - Нелогичностите кои ја пратат вакцинацијата. ....... Тебе нека ти стојат на душа родителите чии деца се трајно оштетени од вакцина, пошто ете само инфекција е. Инфекција од дијабет, аутизам, канцер.... Докажани се, само за да видиш треба скок. Ете ти наназад на темата. Кој закон ? Во Македонија, токму така. Основните права не ти се ограничени. Можеш да невакцинираш, ама и некогаш тоа право мораш да го докажуваш на системот. Така беше и за вакцините кои беа контаминирани 50 години со високо канцерогениот SV40. И супер беа, добро се толерираа. Токму така, Еве малце историја. За Аутизмот. Нема превод. „Свакога дана у сваком погледу све више и више напредујемо“ Јас искрено се надевам дека за 50 години ке нема потреба да се појавува лик како тебе. Искрено се надевам дека ке настане еволуција во мнозинството, иако ќе постојат кочници од страна на тие што имаат интерес да кочат, и нивните слепи следбеници. Се надевам дека таков лик, ако постои, ке биде збутан во некоја дупка од срам, кога еднаш ќе разбере чиви и какви ставови застапувал. А верувај не се ретки ликовите како тебе, и тоа со сменети ставови. Потребен е еден клик. Тоа е она второто од патот на вистината. Погоре напишано. Невакцинираните единки не се заразени. Заразни се вакцинираните.
Колку време ти требаше да смислиш ваков одговор? Имаше ли потреба од гуглање? Одговарам на се што сметам дека е соодветно за одговор. Не се жали џабе. Лимит. Софистицираната убавина се состои во неговото достигнување. Јас се уште не сум го постигнала. А можеби специфичноста му е токму во тоа. Ама не знаев дека истиов сум го доловила со поделба на наши и ваши. Баш е убаво да разменуваш мислења, нигде не го оспорив тоа. Зборови и личност. Дефиниција и поим. Не си ја разбрал реченицата. Разграничувај, размислувај. Секако дека е. Повторно погрешно си разбрал. Едноставно е. Воопшто немам намера да ти го дисквалификувам мислењето, освен кога ќе дојде на ред нискиот удар кој немилосрдно го истакнуваш подоле. Едвај чекам да стигнам до истиот. Ќе морам да бидам стрплива и да одговорам на се по ред. Јас не расправам за твојот начин на комуникација, всушност, за ничиј од тука, од првиот мој ден на форумов. Толку е тоа едноставно, до степен, да не ме интересира. Ама затоа ти, имаше неуспешен обид да го дискредитираш моето мислењето и да водиш дијалог на размена на податоци подвлекувајќи го акцентот на моите зборови, а без да бидам означена. Јас само соодветно одговорив. А нареден пат, кога ќе бидеш поведен од желбата за дополнително дисквалификување на моите мислења, означи ме. Ќе ти се придружам. Твојата мисија ја разглоби единствено ти. Јас само ја сфатив поената. Можеш да ме обвиниш за тоа? За анахронизам, нема место тука. Остави го шаблонот на стереотипите во минатото. Одамна ја надминавме таквата фаза. Точно, секој со својата глава. Очајот и нелогичноста, припиши им ги на непотврдените факти. А за последното од твојот одговор погоре, секој за себе одлучува, како, кога и дали воопшто. Ниту јас, ниту ти, имаме право да наметнуваме. Да не се повторувам, составот како и неговата количина, ги објаснив неколку коментари претходно. Теоријата на заговор вели дека во вакцините има нешто дополнително од она што е наведено според стандардизирана количина? По стандард, со соодветни анализи, за кои не можам да ти расправам. За ова, ќе морам да гуглам. Кои додатоци? Истите оние за кои веќе објаснив дека ги има во помала количина за разлика од веќе постоечката во организмот? За ова тврдење дали има официјални податоци? Па токму така, надворешна иницијација на организмот за болест, од страна на вакцина, е речиси невозможна. Абе скроз. Не. Ти ги обвинуваш вакцинираните. Импресионирана сум. Видиливите се и најчести. Останатите не се темпирана бомба, освен ако го имаш истото мислење и за таблетарната терапија. Ами темпирана борба се гените. А начинот на кој ќе бидат поттикнати, зависи од други фактори. Автоимуните заболувања, имаат сосема друга дефиниција. Отвори си медицински речник. Го има и на гугл. 1. Гугл податоци. 2. Обвинуваш. 3. Официјално, каде? 4. Повторно обвинуваш. 5. Обвинуваш и немаш докази. 6. Тоа е исто како јас да кажам, огромен број трајно осакатени од невакцинирање. 7. Повторно неофицијални податоци. 8. За ова навистина не знам. 9. Нелогичностите мислев дека веќе ги разјаснивме. Навистина не ја поседувам способноста да ти посочам правилен начин за да разбереш. И конечно, делот до кој едвај чекав да стигнам. Како се осмелуваш да ми наметнуваш грижа на совест? За што сум јас виновна? Дали јас одлучувам за другите деца? Дали јас ширам пропаганди тука? Секоја ти чест на храброста. Јас на душа можам да ги носам само моите деца, ако погрешам во изборот кој треба јас да го донесам и тоа на нив се одрази. Никако останатите. Не одлучувам јас за нив. Ами секој родител за сопствените деца. Нареден пат, немој со вакви, емотивни и ниски удари, ами дебатирај следствено вакцините, нивниот состав итн. Да го напишеш ова, на мајка која поминала проблем со своето дете, после ммр и која престанала да вакцинира зашто мислела дека е од вакцинита, а после се убедила во спротивното, е традегидија. Таму каде што најмногу боли, не се чепка. Не за дете. Ќе разбереш ли сега? Не познаваш ти доволно добро ниту еден живот на членовите тука, за да изнесуваш вакви обвинувања. Мојата желба, е една и единствена. Да се живи и здрави сите деца, па и моите. Никогаш не би се осмелила да сугерирам дали некој да вакцинира или не. Јас спијам мирно. Не носам на душа, ничија душа. Ниту ќе дозволам тоа да ми се случи. Немам време да се расчитувам како тебе. Овој дел каде ме цитираш, не беше наменет за тебе, ами следуваше како одговор на другар ти од погоре, @Centurion кој на истиов, понатаму даде несоодветен одговор и му беше избришан. Не мислев да ти расправам за ова, ама, бидејќи знаеш магично да се појавиш кога имаш време што расте во саксија, за да го одбраниш другар ти, што е веројатно доблест, јас наздравувам за тоа. Прочитај го неговиот коментар и ќе знаеш за што зборувам. За аутизмот, би да расправам. И тоа радо, ама во друга прилика. Ќе го разбереш сега моето време што не расте во саксија. Повторно се ставаш на местото на другарчето. Драго ќе ми биде ако тогаш нема да има лик како мене. Оти верувам дека до тогаш, ќе дојде многу попаметна генерација од мојата и уште подобро ќе знае да ги осознава и разграничува работите. Па од кај да знаеме, можеби и конечно небулозните теории на заговор ќе станат само минато од моето време. И на крајот, повторно обвинуваш. Поздрав.
4 дена, 3 саати, 25 минути и 14 секунди. После гуглав. Ама тешко се носам со твојот прилично адвокатски начин на скокање вон контекст И не се жалам, има смајли. Ама прелетано Како што велиш ти софистицирана убавина е во неговото достигнување. Знам, таму бев. И го прескокнав. Тек ти коа ќе го прескокнеш, ќе разбереш. До тогаш ништо. А тоа доловување, јас знам да го прочитам и кога несвесно ќе го напишеш. Ја сфати поентата. Дали ќе бидеш љубезна да ми кажеш што сфати ? Јас напишав Правецот и желбата е токму идејата да се загребе под стереотипната информација. А после секој со своја глава. Премногу нелогичности и очајности носи вакцинацијата. Се работи за тајмингот и начинот кој кога и како сака да дознае. Каде виде анахронизам ? Шаблонот на стереотипите се повторува низ историјата, за да во одредено време, еволуира и го надрасне самиот шаблон. И дај ти се молам, никој не наметнува. Или можеби ти. Јас само гласно размислувам, и споделувам. Повторно научници и лекари, кои секако дека излегуваат од шаблонскиот патерн, во моментот кога воочуваат и нелогичност и очајност. Тоа погоре, не постои. Јас барам да знам што и колку точно се става во вакцина. Производител имаат право да не го дадат тоа, дали знаеш ? Билокоја количина на алуминиум во телото на детето не е дозволена. Крај на прикаската. Видливите се најчести, ама најчести видливи. А најчестите невидливи можеме само да ги погодуваме. И не посегај по гените. Оти за аутизам имаш растење во „генетска' предиспозиција за 30.000 % во последните 30 години. Ти личи тебе тоа на гени ? Наметнување грижа на совест? Не туку директно омаловажување на родители кои имаат деца со проблеми после вакцинација. Ти напиша: Најчеста причина за невакцинирање, се лажните контриндикации, претставени како вообичаени инфекции. Кои се за тебе лажни контраиндикации, еве одбери подлисток од билокоја вакцина, и кажи ми таа и таа се лажни. ? Ти си толку сигурна дека од вакцина никогаш неможе да има проблем ? Ако е така дискусијава џабе ја водиме. Немаш време, а одма одговараш И јас немам, ама имаш доза на симпатичност во прерипувањето и извртувањето на работите па ете јас губам време. Иако и јас сметам дека оваа дискусија е досадна и непрактична. Па од наредниот пост, ке се обидам само да изнесувам размислувања и студии. Многу е досадно да се комуницира со ваков чери пикинг соговорник Ех, баш ми е криво што не сум го прочитал неговиот одговор, но и веројатно си ја постигнала целта. Инаку, @Centurion ако си уште тука, значат многу твоите конкретни размислувања. А ја користам и приликата да те поканам да се запознаеме. Не си ласкај. За некого да обвиниш треба став за да се обвини. Ти си во правец на софистицирана убавина за стигање на лимитот. Така сама напиша. Јас не можам да те обвинам. Што ќе биде во иднина, останува здравје, сите да видиме. Јас изразив надеж врз база на историја, ти врз база на грешките и очајностите кои се провлекуваат уште од времето на Едвар Џенер. Од неговото време е првата вакцина, првата жртва од вакцината и првото одбегнување на вакцината. Не од вчера. Процесот на еволуција за размислувањата за вакцините исто така оди напред, иако тие кои имаат интерес, го кочат. Поимот теорија на заговор го измислиле тие кои немаат или не сакаат да дадат објаснување на многу логичности. И ете, пак, ако сакаш можеп низ призма на времето, да видиш колку од тие тн. теории, после извесно време се обистиниле, кога не можел да додржи балонот на задржувањата на вистините. И да, баш како што и рече. Да осознава и разграничува. Токму тоа. Нелогичности. Оти и јас бев како тебе, па почнав да барам логичности во вакцините. До ден денес не најдов. Ама па погледни, бројот на разграничувачи расте. Земи ја бројката, пред 10 години и сега. Заради квалитетност на дискусија, и да не допринесувам во твојата желба да ја направиш неинтересна за читање, ќе се обидам да се воздржам од понатамошни непрактични писанија и вешто прескокнување. Твоја задача е да ги исправуваш моите понатамошни констатации. Со контра теза. Со линк. Ако сакаш. И ако имаш време.
5000 деца се вонредно вакцинирани од ммр, во градинка, без систематски преглед, без дозвола од родител. Информација директно од санитарен инспектор. Во Скопје. Не знам точно во кои градинки.
Многу е едноставно. Кога дискусијата ти е досадна, не цитираш, ами напротив, игнорираш. Предлагам наредниот пат да ги прескокнуваш моите мислења. Времето што го одвоив за да ти одговорам и времето кое би го одвоила за читање на целата оваа тема, не е исто. Не наметнувај. Повторно. Во ниту едно мое мислење не омаловажив мајка која имала проблем со дете, заради она или ова. Особено не затоа што и самата минував низ проблем. Јас знам колку боли. Од друга страна, упорно се обидуваш да ми наметнеш вина. Не знам за што. Нигде ништо повеќе од вакцина немам споменато. Биди доблесен и искрен. Не е убаво да поставуваш вакви стази. На крајот, можеш лесно да клизнеш. Нема чери пикинг. Одговорено ти е на се. А на моите одговори, добивам твои, дека така не е и крај. Значи крај. Нема тука простор за дискусија. Фино. Се што кажав, негираш, оти било од СЗО. Ок. Немам намера да специфицирам зошто не е така, особено не на твојот начин. Навистина е штета што не го прочита коментарот кој беше избришан. Жалам. А трагедијата е во тоа што што мислиш дека јас сум ја постигнала целта. Знам на што поентираш. Ама грешиш. Ова е моментот, кој сметам дека е соодветен за мое повлекување од дискусијата. Ако понатаму имаш прашања или било какви тврдења, во однос на темата, а кои не вклучуваат директен виновник, односно мене, за состојбите кои се случуваат, тогаш ќе дебатирам. Во спротивно, јас прекинувам со играта на зборови, која ја бираш за начин, тогаш, кога очигледно ти е досадно и радо ми ја наметнуваш. И после јас сум била адвокатот. Сега, би било фер, да завршиме тука и да престанеме да ги занимаваме феминкиве. П.С. Има многу начини да се постигне софистицирана убавина. За мене нема лимит.
Во претходните постови го спомнав VAERS. За тие кои не знаат, тоа во Америка е државна институција која служи за пријавување на последици од вакцина. https://vaers.hhs.gov/index.html Системот служи за пријавување на несакани реакции од вакцина. Иако се смета дека под 10% од случаевите се пријавени, преку системот за исплата (National Vaccine Injury Compensation Program -VICP) на компензација од штета од вакцина, исплатени се преку 4 милијарди долари на родители чии деца настрадале од вакцина од 1988 година наваму. https://www.hrsa.gov/sites/default/files/hrsa/vaccine-compensation/vicp-monthly-report-12-2017.pdf Има и многу побарувања од родители со деца од аутизам, кои се исплатени. https://worldmercuryproject.org/wp-content/uploads/2016/10/PaceLawReview-VICP-UnansweredQs.pdf Во контекст на вербата, што треба да се има кон научниците и лекарите промотори на вакцинацијата, еве како ( за жал ) изгледа класично потплатување. Реномираниот Англиски Гардијан објавува, https://www.theguardian.com/science/2006/dec/08/smoking.frontpagenews Коинциденцијата во медицината е временски ограничена. Има свој рок на траење, кој е од прилика долг колку што траат парите за одбрана на "коинциденцијата". За жал, уништените животи се сведок на времето на "коинциденцијата", и тоа за жал се уште е така.
Не ме чуди ова оти ние како држава одамна го достигнавме дното на дна. Уште да имаше некој да пријави да се побуни да се собере народот да го каже својот глас ама не впрочем се е заташкано под тепих во државава а народот си ги сносува последиците сам како знае и умее. Никој нит чул нит видол а они профитот си го тераат. Во Англија да се случи ова оние надлежните одма ќе литат од работа по брза постпка па ќе доаѓаат инспекции па сведочење ама нашава држава е уникат во мизирии.
Самата инспекторка проба да ме увери дека тоа ЗАКОН им го дозволува. Потоа дојдовме до заклучок дека не е така, а јас спремам претставка до Народен правобранител, да се излезе на терен и истражи работата, бидејќи и мое дете може да биде засегнато во иднина.
а замисли колку од тие деца се со бактерија во носе во грло?Заради тоа што во градинката секогаш се собрани сите вируси и бактерии на куп меѓу децата
A sto ke napravis otkako e bocnato? I da tuzis i da dobies nazad nema. Tuku ako moze navreme da se zboruva so vospitivackite pa tie da izvestat dokolku dojde do vakciniranje. Ako ima nekoj info za koja gradinka se raboti Ve molam pisete. A i brojkava 5000 deca e mnogu visoka za edna pa i poveke gradinki da se vo prasanje.