Извинете што пишувам одговор по одговор, сакав само нешто да напишам за интервјуто со Луција. Очигледно девојката е паметна и има иднина во науката, ама кажува некои работи за кои далеку дека може да даде докази. И на крајот вели дека нема да го вакцинира децата затоа што ги немало болестите. Ама таа како научник треба да знае дека повеќето ги нема токму заради вакцините. Ова следното е линк од осврт на нејзината научна студија заедно со уште еден доктор, во која ги поврзале невролошките пореметувања со алуминиумот од вакцините. Навистина, тоа истражување е во најмала рака смешно и страшно е еден студент кој претендира да биде научник да се осмели да објави такви контроверзни наслови со толку многу пропусти кои и еден студент не смее да ги направи. Еве тука е опишано зошто нејзината студија не е релевантна. http://scienceblogs.com/insolence/2011/ ... -the-decr/
Другарке моја сезнајке Дали така ревносно читајки ја книгата, примети како се правени констатациите, односно изворот на информацијата, кои за воља на вистината во голем дел се од твоите омилени медицински показатели. Човекот дал је молер или столар, нема ама баш никаква врска, тој ревносно земал и собирал ТОЧНИ податоци, од докажани студии, и ги комплетирал во оваа книга. Слободно фати се за една од тие “невистини“, и идеме понатаму, ќе разглабаме. Оние другите постојат, и доктори се, ма колку и да сакаш да ги отпишеш како „оние“. Ех, сеа дај ми гитара, па да ти го пропеам, да ти биде лесно за разбирање. Нема потреба на вадење на сарказам. Едноставно немаш коментар, на јасно изнесени ставови. Симпатичната научничка од Канада, со Хрватско потекло, ја виде нејзе ? Она нежно објаснува зошто е против Била како Andrew Wakefield, па нечини. Епа тоа и е единствената замерка, што истражува и јасно кажува. Смешно? Абе дискредитацијата е единствено нешто што големото фармаколошко лоби го корисити кога некој ке зине против вакцините. Емисијата на МТВ знам дека е снимена, и гостин е еден родител, кој за мене е тотем во поглед на размислувањата за вакцините, кој се информираше за вакцините, уште пред да се родат неговите деца. Емисијата е прва од ваков јавен караткер, но не очекувам револуција во ставот околу вакцините. Ниту пак за мене многу почитуваната Аспазија Софјанова (Др. Цули) која многу ми се најде лично на нас, ќе изнесе нешто што е различно од стандардниот лекарски стереотип. Нема лекар во Македонија кој дијагонстицирал поствакцинално заболување а камоли директорката на детска клиника да каже дека вакцините се штетни. Верувам дека воопштено ке комуницира во емисијата. Обрнете внимание на ликот на родителот, не е лекар. И те молам, не ми импутирај „теми на заговор“. И почитувај го мојот ник. Или толку сакаш да ја користиш моќта на авторитетот што сама си го наметнуваш ? Претрчувајки низ темата, не оставаш таков впечаток.
Еве каков ефект имаше тој Ендрју Вејкфилд кој го славите и фалите и неговата лажна „студија“. Кога пред 15 години ја објави таа фамозна „студија“ предизвика огромна паника во јавноста и особено во Англија се намали процентот на вакцинирани за 50%, тоа е огромна бројка. Ефектите траат и ден денес кога редовно се јавуваат епидемии на мали сипаници, и јаре ќе рече таа болест не е ништо, ама има многу деца кои имале компликации, дури и смртни случаи. Моментално во Англија има епидемија на мали сипаници. Досега пријавени се околу 600 случаи, ама се очекуваат повеќе затоа што баш во таа област има најмногу невакцинирани. Имено кога била паниката заради „студијата“ на Вејкфилд некој локален весник имал огромна кампања против вакцините и предизвикале огромен страв кај родителите што резултирало со намалени проценти на вакцинирани со МоПаРу вакцината. Деновиве може да се видат редици пред амбулантите, родителите ги носат децата да примат вакцини. http://www.bbc.co.uk/news/uk-wales-22069552 Сакам повторно да го актуелизирам случајот со епидемијата со заушки кај нас во 2009 затоа што сакам нешто да дополнам. Одговорив поназад за бројките, ама не добив повратна информација од Моира дали е задоволителен одговорот. Еве сега најдов некои други информации за истиот случај. Дискутиравме зошто бројките се толку големи и јас дадов некои одговори, јаре рече дека било смешка да се обвинува чичкото што го возел камиончето, ама дури и ако се занемарат сите аргументи кои ги дадов, овие нови калкулации докажуваат дека вакцината сепак имала ефективност од над 70%. Што ако се вклучат и фактот дека едно и двовалентни вакцини се заведувале како да е дадена цела вакцина и тоа што имало многу мал опфат се добива одличен резултат на ефективноста на вакцините. Еве ова е пдф документ од презентација за калкулациите: http://www.ecdc.europa.eu/en/escaide/ma ... janiec.pdf Со тоа уште еднаш се докажува дека ЕФЕКТИВНОСТА и ПОТРЕБАТА од вакцините, во медицината се научно докажани одново и одново, она за што и ден денес постојат дискусии се евентуалните негативни страни од вакцините. И за ова релевантните истражувања и студии не покажуваат корелација со вакцините. Она за што дискутираме на темата е индивидуалните калкулации и размисли. Еден, двајца, петмина, пет проценти од популацијата ако не се вакцинирани и имуни нема да има сериозен ефект во смисла на зголемени ризици за епидемии, заради тоа и постојат такви кои сакаат win-win ситуација, нема да мора да се согласат ни на ризиците од вакцините, колку и да се мали тие, ни на ризиците од болестите. Но, има луѓе кои не ја сфаќаат ситуацијата и мислат дека вакцините воопшто не се потребни ако тие решиле да не се вакцинираат. Што се однесува до Тунел, не бев во можност да ја гледам цела емисија, само првиот пола час, ама се разбира генерално ми се допаѓа кога се дискутира и кога се отвораат прашања кои се земени здраво за готово. Ми беше жал за докторката што беше ставена во таква ситуација да мора да биде учтива и да ги прифати како рамномерни соговорници, кога буквално и двајцата употребија аргументи од интернет страниците за теории на заговор. Иако во еден момент си дозволи да биде малку построга кон квалификациите на соговорниците. Ќе кажам нешто повеќе за целата дискусија кога ќе ја гледам целата емисија. Она што генерално сум забележала во настапите на докторката е што кутрата секогаш се наоѓа во ситација да се оправдува зошто се уште не е воведена ацелуларната ДиТеПер, и во право е, таа вакцина е генерално побезбедна, но е 20 пати поскапа ама што да се прави, потребни се пари за споменици. Инаку неодамна прочитав дека дури и на Косово и во Албанија воведена е таа вакцина, а во светот е воведена уште пред повеќе од десет години.
- Те молам одвој време за „лажната студија“ на Dr. Andrew Wakefield. Користени се податоци од релевантни институции, а студијата е со порака дека има потреба од понатамошно истражување на вакцината, бидејки има многу случаеви на аутизам, кај кои претходела вакцината. Ниту во еден збор нема констатација од негова страна. Со неговото јавно линчување, всушност институциите се линчуваат себеси, бидејки тој користи нивни истражувања, кои во сиже ги дава, со сомнеж ( а не констатација) и предлага да се продолжи со истражувањето за евентуалната поврзаност. Го прочитав и коментарот од весникот, од тогаш и од сега. Уредникот ревносно ги вклучил и двете страни. Никаде не видов дека 50 % е намалена стапката на вакцинирање, туку 2% во Wales, и 13% конкретно во Swansea. Од целата епидемија ке излезе едно големо ништо со оглед дека малите сипаници се леснотретирачка болест. Во студијата со заушки има едно нешто што ми боде очи а тоа е употребата на „most likely“ што не смее да има во ваква студија, а во графиконите го има што го кажав и претходно, а тоа е еволуцијата на епидемиите на секои 10 години. Она што особено ми фали е информацијата за евентуалните послединци од епидемијата, со оглед дека зафатени се и вакцинирани и невакцинирани, и секако исто се третирани. Значи фали дали имало последица од епидемијата. За Тунел, ќе го пренесам ставот што го дадов и на друг форум. Генерално, емисијата ги исполни моите очекувања, и секако е едно браво, за воопшто задвижување на размислувањата на многуте родители кои за прв пат ке се сретнат со поимот невакцинирање. Колку и ние да зборуваме на оваа тема, можеме со сигурност да констатираме дека најголемит дел ( ќе шпекулирам па ќе кажам над 90%) од родителите воопшто и не размислувале на темата околу вакцините воопшто. Имам огромна почит кон Д-р Аспазија Софјанова, ( Нагалено сите ја знаеме како Д-р Цули ). Вреден истраен борец околу здравјето на сите деца. После долго време, мислам дека конечно го доби заслуженото место во Детската клиника, како директор на истата. Нема лик во државата кој не ја почитува, а еден огромен број искрено ја сака. Јас сум еден од тие, што и ја почитува и ја сака. На тоа допринесува и нејзиниот однос кон моето семејство, при решавање на проблем кој го имавме со син ми, во времето кога се роди порано. Борец и жртва до крај, до бескрај. Со оглед на ставот кој го имам по прашање на вакцините, оправдувањето на нејзиното размислување на темата го најдов во статусот и секако учењето на сите лекари по прашањето на вакцинацијата, и мислам дека нејзиниот став веројатно е различен од времето кога ги вакцинирала нејзините ќерки, но секако ниту еден лекар во Македонија, особено од рангот на Др. Цули не верувам дека ке каже дека се соменава во вакцините. Замислете преседан, да во квалитетот, учинковитоста и очајните нус ефекти, се посомнева директор на таква институција, и тоа јавно... Може да ги заборави сите оние семинари и симпозиуми каде е редовно присатна. Лично не ми се допадна моментот на дискредитација на соговорниците, кој провеа во еден момент, кога кажа дека они не се доктори за да се дискутира на темата. Цело време некако одеше округло па на ќоше, и мислам дека делот на вакцините баш и не и е проучен за да така охоло ги објективизира работите, или едноставно се обидуваше да го наметне својот лекарски авторитет, по системот, така е, така кажале американците, мора да е така. Немало пораст во автоимуни заболувања? Не ми се верува дека тоа го слушнав од нејзе... Балтазар беше во вистинското светло на емисијата. Веројатно карактерната особина, на смирен соговорник, која ја гледам на друг форум, со хируршки прецизни реченици, предизвика мое лично воодушевување, како и секој тамн одмерен пост досега. Човек да нема за што контра да му се фати. Третата особа, од некаде ми е позната, добро е што беше фармаколог, која малце ја начна онаа трета димензија за која никој не сака јавно да проговори. Многу би сакал да ја запознаам лично. Револуција по емисијата, секако нема да има, нема никаде во светот, па нема ни кај нас да има. Веројатно е доволно што барем малку ке ја замати бистрата вода која со години тече, по прашањето на вакцинацијата. Успехот го гледам, ако и само еден родител после емисијата, одлучи малку да размисли за вакцините, па што и да одлучи. А сигурно ќе бидат повеќе.
Не дава сиже на други истражувања, туку во неговото истражување врз основа на податоци за 12 деца дава можност за поврзаност со вакцината. Иако во резултатите нема сигурна поврзаност, сепак истражувањето и тој самиот на пресконференциите го претставил како дефинитивен доказ и повикал на прекинување на ММР вакцината. Јавното линчување не било стриктно за резултатите на студијата, туку за целата контроверза околу самото истражување, заради измама, неетичност и можен конфликт на интереси. Да, точно е, не сум забележала добро. Ама пак ова е уште полошо, и со вака мало намалување на процентот се зголемува ризикот на појава на епидемии и тие се на товар на родителите кои непотребно и свесно одбиваат вакцинирање. Од претходните епидемии имаше смртни случаи. Иако, да, се согласувам дека не е некоја страшна болест, сепак се работи за болест која лесно се шири, и трае можеби и повеќе од две недели, со оглед дека можеби 10-20 проценти од случаите би барале хоспитализација, а 20% би имале компликации, и ако мал број некои би биле и со трајни ефекти, сепак не се работи за некоја така лесна болест која не би имала поголеми ефекти врз целиот здравствен систем доколку би немало вакцини. Иако нема податоци за тоа дали имало трајни компликации, во студијата се спомнуваат компликациите кај 640 случаи од вкупно 10 400. Од нив 250 биле со орхитис, тоа е воспаление на тестиси, ете и денес докторката кажа дека ова може да остане со стерилитет, 30 имале менингитис, 5 имале панкреатитис, додека 356 биле задржани на болница. Не знам зошто упорно инсистираш на тоа дека и вакцинираните и невакцинираните кои се разболеле биле третирани, да, ама ете виде дека инциденцата за болест кај вакцинираните е околу 9-17 проценти, а кај невакцинираните е над 40 проценти. И тоа е кај оваа македонската статистика која не ги вклучува факторите кои ги дискутиравме погоре, неточно запишани вакцини, прекинат ладен синџир и така натаму, ако направиме статистика за денешните вакцини кај кои се контролира квалитетот ќе добиеме уште повалидни резултатите кои се во прилог на ефективноста на вакцините во спречување на болест. Е сега ако сакаш да го прифатиш тој ризик, во ред.
Од вакцина против заушки - добиени заушки. http://www.jutarnji.hr/majka-djevoj...-zbog-opasnog-cjepiva--to-je-suludo--/807916/ Кој ли је овој медицински феномен
Казни од 500 евра доколку не го вакцинирате детето http://www.vecer.mk/?ItemID=5D57E066FE1 ... CDD1745F4A
Оффф добро.... „Тие со писмени изјави потврдуваат дека нема да го вакцинираат своето дете, поради што инспекторите за околу 200 случаи доставиле решенија за судски постапки. Казните за родителите се 500 евра, а колку досега се изречени во Министерството за здравство немаат информации, но тие апелираат до јавноста и родителите да не се дозволи да се наруши имунизацијата кај децата која години наназад успешно се реализира во земјава.“ За едно имаат информација, за друго немаат. Ех Го заплашуваат народот, демек донесени се 200 решенија за судски постапки (за кои однапред се знае дека ќе се изгубат ако стигнат до суд, што е нели доказ и последната пресуда од (чинам беше) Кавадаречкиот суд ) ама се надеваат на поколебливост и плашливост на родителите, што со судот, што со 500те евра, па да не мора да се оди на повисоки инстанци. Нека заплашуваат, кој решил да не вакцинира - нема казна што ќе го предомисли
Коментар од Дејан Се повикувам на Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми 10 ревизија, книга 1, член З 28 (Z 2, каде во точка 0 и 1 стои дека секој родител може да одбие вакцинација на своето дете не само поради здравствени причини туку и поради лично и/или верско убедување. Во издавањето на оваа книга учествувале Републичкиот завод за здравствена заштита и Министерството за здравство. Исто така се повикувам на Законот за заштита на правата на пациентите член 14 : Право на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција, Каде во став 1) се вели: Пациентот има право да прифати или одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациент.
Имаат основа да казнуваат, досега претпоставувам не казнувале затоа што и не сакале. Родителите кои се повикуваат на законот за здравствена заштита според кој можат да одбијат третман има отстапка за третман кој може да го загрози животот на лицето или на околината, а токму тоа се однесува на вакцините. „Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица.“ Сепак, јас верувам дека и не се правело толку голем притисок на урбаните родители затоа што биле во мал број, но со ширењето на шпекулациите преку интернетот свесни сме дека тој број се зголемува, сепак задолжителноста најмногу се однесува на групи со зголемен ризик и групи кои немаат можност навреме да се лекуваат ако се заразат, пред се мислам на Ромската популација и руралната популација, и токму за нив најавија и теренска вакцинација од денеска. Инаку мило ми е што се покренуваат овие прашања, само не знам колку се од министерството спремни да се справат со шпекулациите кои сега ќе се прошират на поголем дел од популацијата. На нивната страница нема ниту една брошура или текст кој ги покрива овие прашања, можеле да се потрудат со неколку реченици да напишат нивни аргументи, или пак да ги преведат од страниците на министерствата на другите земји. Инаку еве дека е потребен поголем опфат со вакцинација, особено на ризичните групи кои и имаат помала вакцинација и поголема шанса да го пренесат вирусот. Еве една студија за епидемиите од мали сипаници во перидот 2008-2011 и како се следеле типовите на вирусот, откриено е дека неколку случаи се пренесле преку припадници на ромската популација кои како работници работеле во странство и откако се вратиле во Бугарија го пренесле и вуросот каде се заразени 20 000 луѓе, и на 40% од нив им била потребна хоспитализација и имало 24 смртни случаи. Еве за следењето на типовите на вирусот и пренесувањето http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3381563/ Еве за епидемијата во Швајцарија од 2009 каде имало над 4000 пријавени случаи, а 600 од нив имале комликации и им била потребна хоспитализација. http://www.eurosurveillance.org/VIEWART ... LEID=19443 Токму заради ризикот од вакви епидемии и постојат вакви програми за задолжителност за да се осигура висок опфат и помал ризик од пренесување на заразата.
Eve samo da vi kazam vo Uk ima epidemija na sipanici,se vakciniran na golemo.Tie roditeli sto bile protiv vakcinite,sega gi nosat decata na vakcinacija zosto rabotava e alarmantna.Tuka izvestuvaat deka ovaa epidemija e nastanata od faktot sto roditelite ne gi vakcinirale decata,poradi izvestajot deka vakcinite se povrzani so autizmot,i tuka naveduvaat deka toa istrazuvanje e nevalidno i gi urgiraat roditelite da ne se vodat od nego za zdravjeto na svoite deca.Ova jas ne go pisuvam od pamet tuku bese vo vesti,vesnik,i se otvori posebna klinika koja rabotese samo za vakcinacija i izvestai koi gi citav.pozz
На која основа ќе казнуваат? И зошто мислиш дека до сега не казнувале зошто „не сакале“, а не затоа што немаат основа? Теренска вакцинација можат да спроведат само кај Ромската популација, зошто тие нит читаат, нит се замараат, ако им кажат и 10 вакцини ќе ви ставиме во 1 ден - сите 10 ќе ги примат (без лична навреда кон никого, мене повеќе ме вреѓа оваа селективност на државата и експериментите што ги прават со ваквите популации). Кажи ми во која нормална демократска држава се оди по училишта и се вакцинираат малолетни лица без присуство и согласност на родител? Зошто германците си потпишуваат согласност за да се стави вакцината? Можеби така државата се заштитува ако, скраја да е, настане некаков проблем од истата, хм? И зошто им даваат брошури со информации за можни последици од секоја вакцина, за сами и трезвено да размислат и донесат издржана одлука? Во последниот пасос и самата кажуваш како државата неспремно влета во целава кампања. За нив е доволна собиранката во Градски парк, музичкиот хепенинг, испринтаните флаери (кои ние ќе ги платиме од 500те евра казна) и кревањето галама во комбинација со заплашување и „насочување“ на муабетот дека Немате избор, мора да вакцинирате. Јаре знам следеше информации за донесени одлуки по судовите за ова прашање, ќе го замолам ако може да сподели со нас дали ВООПШТО некогаш има изречена одлука за казнување на родители заради невакцинирање. И како може во една изјава во овој текст да смеша „Вакцините во државата се квалитетни, безбедни и ефикасни“ (очигледно алудирајќи на постоечките и изминати типови на вакцини) со во исто време „-Наскоро очекуваме позитивен сигнал и средства за поливалентните вакцини, односно пето и шесто валантните кои овозможуваат истовремена заштита од повеќе болести“ - Само тоа?! Демек бенефитот од новиве е само што штитат од „повеќе болести“ (а замисли, тоа се истите што ги ставаме и кај нас само собрани во 1 боцкање) истовремено? Зарем ова треба да ми е прифатливо објаснување?? Софијанова излезе со изјава - Да,се согласувам дека ни требаат поквалитетни петовалентни вакцини. Костовска од друга страна, изјавува дека СЕГА мора да се вакцинираме,за да не не`казнат или не дај Боже однесат на суд, притоа убедувајќи не` дека сегашните вакцини се безбедни и квалитетни? На кого да му верувам, кога и двете доаѓаат како глас на државата? Да почекам да донесат петовалентни (поквалитетни и побезбедни, од нив помала температура ќе ми кренела ќерка ми) или уште веднаш да одам да и` ги стават моменталните, не-толку-квалитетни,ама ефикасни и безбедни???? Кој ќе ми ја реши дилемата на мене како родител на дете во оваа држава?
@ Moira Точно баш така. За родител кој одлучил да не вакцинира, нема цена што е спремен да ја плати. Во Америка, луѓе се селат од држава во држава. Што се однесува до мене лично, доколку дојде до казна, тоа би биле моите најдобро инвестирани 500 Евра во мојот живот. Здравјето на моето дете согласно со мојата одлука секако е бесценето. @ expert Е циркус! Не сакале ? Воопшто не е прашање дали се сака или не, туку се работи до закон. Ако треба ке се спроведува. Законски е законот да се спроведува, нели ? Тука секако се раздвојуваат 2 работи: - Невакцинирање поради одлука на родител ( по основ на пренесено право на пациент на одбивање на медицинска интервенција врз малолетно дете ). Тука може да се сликаат, а доказ се случаевите каде родителите се ослободени дури на апелација, и покрај гњаважата, успеваат да се изборат за своето право, со закон загарантирано. Ова се случува само во градовите во внатрешноста, а согласно мојата проверка од пред 4 дена, во Скопје нема ниту еден случај за пријава против родител, во Основен Суд Скопје. - Невакцинација поради немар - тука законот би те лупал поради немарност на родител. Но јас ете не сум немарен родител. Еве во кратки црти како изгледа сублиматот на една судска пресуда во корист на родител од Кавадараци. Во истиот контекст се ослободени сите кои ја издржале догматската тортура на некој едноумен инспектор. Фала богу ретки се дури и во внатрешноста во Македонија, а во Скопје нема ниту еден. Значи на родителот е да одлучи да не вакцинира, а за се друго можат да Ви се фатат. 500 Евриќа се еден од стандардните заплашувачки методи, кои не функционираат. ,,ottuka proizleguva deka i pokraj toa shto obvrska na roditelot, staratelot pokraj drugite obvrski koi kako roditel ili staratel gi ima, e da go podlozi svoeto dete na imunizacija po kalendar na imunizacija protiv navedenite bolesti od zakonot za zashtita na naselenieto od zarazni bolesti, no vo istiot ovoj zakon, kako lex specijalis konkretno ne e predvidena odgovornost za roditelot ili staratelot, shto znachi deka za obvinetiot vo konkretniot sluchaj ne e predvidena odgovornost za prekrshokot koja proizleguva i od kaznenata odredba na chl. 67 st.1 T6, od zakonot za zashtita na naselenieto od zarazni bolesti, kade stoi ,, so parichna kazna od 300 do 500 eur kje se kazni za prekrshok fizichko lice za dejstvie od T6, ako odvie vakciniranje za bolesti utvrdeni vo chlen 33 na ovoj zakon ili zashtita so specifichni imunoglobulini, ili zahtita so lekovi. sudot utvrdi deka ne postojat uslovi za poveduvanje na prekrshochna postapka, pa soglasno cl.84 st 1 i 2, T5 od ZP odluchi kako vo izrekata na reshenieto,, inaku, vo presudata stoi deka ,,vakcinacijata e zadolzitelna no vo istiot chlen ne e sankcionirana obvrskata za roditelot ili staratelot dokolku negovoto dete ne bide podlozeno na zadolzitelna imunizacija po kalendar,, И да не иде овој пост во ветер, еве како „сиротите мали хрчки“ во Пакистан се одбрануваат од вакцинација. За жал единствен начин е со убивање на докторите, кои па не се криви воопшто. Погледнете го линкот. Да ти се поврати од хуманоста на вакцините. Како убаво и лесно си вежбаат во Африка. Мислите дека ние сме си поштедени ? Еве ви еден искрен цитат од родител од фејсбук Nije da ja sumnjam u mogucnost povecanja broj ljudi koji ce misliti individualno a ne kolektivno. Nego sam odusevljen time da je jedan Servantes video sto vecina ni danas ne vidi, a to je da je borba pojedinca tesko penjanje uz planinu kojoj se ne nazire vrh. Dobro je to sto kada se jednom u coveku upali lampica ona se vise ne gasi. Mi u porodici sve radimo da nasom svetloscu osvetlimo i tudje zivote da osete toplinu kojom zraci istina. Nisam pesimista, ali sam i realista. Za mene ovo nije borba, za mene je ovo jedini nacin zivota. I kada nikoga vise ne bi bilo na ovoj strani mene to ne bi brinulo. Je ru ovom slucaju dajem sebi za pravo da kazem da najvise na ovome svetu volimo ja i moja supruga nasu decu i da sve sto cinimo , cinimo zbog njih. I Bozijim blagoslovom imamo tri cerkice. Kada ih pogledam u oci znam sta mi je ciniti. Za mene su one simbol neizmerne ljubavi a za drustvo samo statistika.
Не знам дали има ваков случај или не (не читав претходно нешто многу) ама знам за случај каде им има стигнато судска покана и казна од околу 300 евра за непримање на четири вакцини од новороденче до некоја си двегодишна возраст. Повеќе детали не знам.
уште една недела ке правиме 2 месеци,треба да се вакцинираме,јас и маж ми сме против вакцинирање,но слушам дека се плаќале казни,па нема да можам да го запишам детето во школо,стварно незнам што да правам...ако може совет?? ви благодарам
Јаре не си во тек со законите. Таа пресуда можеби е пред 2008 кога имаше промени во законите. Моментално казната може да се изрече според Законот за заштита на населението од заразни болести. Прекршочни одредби, член 67, точка 6: ЕДИТ: Сепак изгледа дека пресудата е донесена според истиот овој закон. Само не ми изгледа воопшто логична. Па родителот, старателот е тој кој одбива, и токму затоа го кажав она погоре дека веројатно немало голема желба. Сепак не сум правник за да знам како се толкуваат закони. Член 67 Глоба во износ од 300 до 650 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако: ... 6) одбие вакцинирање за болестите утврдени во членот 33 на овој закон или заштита со специфичен имуноглобулин (член 34) или заштита со лекови (член 36); ... Еве го членот 33 од истиот закон: Член 33 Имунопрофилакса се спроведува со вакцини (вакцинација) или со примена на специфични имуноглобулини (серопрофилакса). Вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус инфлуенца тип Б (Хиб) и вирусен хепатитис Б. Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис. Министерот, на предлог на Комисијата за заразни болести, може да одреди вакцинација и за други заразни болести. Еве и линк за законот: http://mz.gov.mk/wp-content/uploads/201 ... -tekst.pdf Според законот единствено не е задолжителна ХПВ вакцината, ако во меѓувреме не донесле некоја измена, а немаат направено промена во законот на линкот. Единствено, законски, вакцинација може да се избегне ако Комисијата за имунизација одобри невакцинирање поради контраиндикации. Не знам дали сите кои имаат алергија или други контраиндикации мора да поминат преку комисијата за одобрување на невакцинирање. Контраиндикациите за примање на вакцина, трајни или привремени, се регулираат со Правилникот за имунизација, членови 6-11. Спорен него сите трајни контраиндикации мора да поминат преку Комисијата. Еве линк за правилникот: http://mz.gov.mk/wp-content/uploads/201 ... vilnik.pdf Јас иако моментално сум на став ЗА вакцините, сепак сметам дека ваква ригорозност не е потребна. И така повеќето родители се свесни луѓе кои ќе ги вакцинираат своите деца. Само што не гледам причини за невакцинирање, ефективноста на вакцините е докажана, ризикот од болестите кои се превенираат и од компликациите од нив е постоечки. Ризиците од вакцините се далеку помали од ризиците од болестите, а оние за кои се шпекулира како за некои долгорочни пореметувања како аутизам и други дегенеративни заболувања не се докажани дури има и докази дека не предизвикуваат. Деновиве прочитав една изјава во врска со епидемијата во Англија, гласеше вака некако: „Бегајќи од стравот од непознатото, се изложивме на ризикот кој е реален и го знаевме дека постои.“
Аман бре експерт, ти како да се ситиш на родителите кои треба да бидат казнети поради убедувањето против вакцините, знаејќи дека со таа одлука прават добро за своето најмило. Па и ние сме обични родители, од крв и месо, и ние сме обични родители кои го сакаат своето најмило, најдрагоцено. Ниту сме криминалци, ниту убијци. И ние сме обожавачи на вредноста која сме ја создале олицетворена во дечиња, богатството на хуманите односи и љубовта. Не ми е јасна твојата потреба, прво да ги изнауплашиш родителиве цитирајки закони и тоа болдирани, за да после тоа и самата увидиш дека законот е баш и така направен, за да може сепак родителот да не биде казнет. Како онаа Јадранка си, Костова ли како беше. Да, сите родители треба да знаат дека одлуката за невакцинрање не е казнива согласно тековната законска регулатива. Значи не постои казнет родител во Скопје, и сите досегашни случаи потегнати во судовите во внатрешноста се решени во корист на родителите дури и оние кои завршиле на апелација. Скоро ќе имам точни бројки. Она што треба да знаат е дека нивната цврста одлука против вакцините е нивно елементарно право, на пациент, а за тоа зад себе ја имаат Меѓународната Квалификација на Болести, каде потписник е РМ, и секако многу фаличниот закон за заштита на населението од заразни болести, кој го даде ти на линкот. Затоа и родителите ( име и презиме не можам да дадам, но целата постапка ја имам кај себе ) се ослободени од понатамошни правни дејствија, и среќно си живеат во еден град во централна Македонија. Нехумано во целата состојба е заплашувањето, на кое обично подлегнуваат родителите во таканаречените постапки „на порамнување“ каде користејќи го незнаењето на правната регулатива на родителите, вршат притисок во стилот - „вакцинирај - ќе ја повлечеме тужбата“. Да напоменам, ова се случува само во внатрешноста на Македонија. Да, вакви случаи има повеќе низ Македонија и се класичен пример на уцена од државниот апарат, поедини догматски поединци и слично. Треба и да се знае дека не постои правилник за непримање на невакцинирани деца во градинки и училиште, туку потврди за здравствена состојба на детето, каде информацијата за вакцините е составен дел. Делот за вакцини може да биде и празен. Ниту една инстанца во градинките и школите нема права да одбие упис поради невакцинирање, па евентуалниот притисок врз родителите останува една голема шарена лага, и се користи за убедување да се вакцинира. Да, и во градинките и во школите примаат невакцинирани деца, но само од родители кои си ги знаат правата. Сите останати подлегнуваат на заплашувањата и притисоците. Не заборавај, не постои казна, која ќе го спречи родителот да направи нешто против здравјето на своето дете, секако верувајќи во одлуката која ја донел, макар таа и се косела со стандардните догматски стереотипи за вакцинација.
Едно кратко инфо,мм кога ме однесоа на бокс на 11.04 отишол кај педијатарот на Гак да потпише дека нема малиот да прима ниту една вакцина. Пред да си одиме не само ме праша тогаш дежурната докторка зошто и како сме решиле и тоа беше се. Така да не ширете дезинформации за казните,твое право е дали ќе вакцинираш или не !
А мене чисто информативно, ме интересира од кога почна ова со не-вакцинирањето? Дали тоа е, да речам "нова мода" или...?
Имам две прашања, па ако може некој да ми одговори. 1. Зошто кога малото требаше да ја прими ДТП (дитерија, тетанус, пертусис) вакцината и го однесовме на закажаниот датум ни беше кажано дека во моментот нема вакцини, и ќе бидеме известени кога да го однесеме. Што ќе се случеше доколку во тој период се појавеше епидемија на некоја од тие болести? 2. Казната за невакцинација е 500 евра, ќе ја платам и дали тогаш моето дете ќе престане да биде закана за општеството.