Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Моите ставови не дигресираат ако некој не е во можност да ја види во нивната суштина. Знам како е бидејки и јас бев како вас.
    Вашите реакции се стандардни на нас кои не веруваме во се сервирано.
    И јас исто како вас се чувствував кога некој ќе ми предизвикаше когнитивна дисонанца во моите верувања, па плукав по се она што ме учеше медицинската фармацевтска наука. Ве разбирам. Знам дека чувството не е убаво кога вашиот севкупен поглед на светот, базиран на триумфот на модерната наука, медицина и технологија, се руши како кула од карти.
    Така да ако некои од моите мислења, студии од научници, или евидентни примери на очајности после вакцина, ви го нарушуваат конфорот, знајте дека сочуствувам со тоа како ви е. Можете слободно да се вратите на вашето стандардно животно клише и турските серии, и светиот грал СЗО и неговите спонзори.

    Знам дека мислите дека опстанокот на човештвото комплетно зависи од нас луѓето кои се обидуваме да ја надмудриме мајката природа.
    Знам и дека Ви е полесно да коментирате од позиција на мнозинство. Зарем мнозинството било некогаш во грешка за нешто ? :)
    Секогаш можете да поставувате прашање за моето звање, или некаков недостаток за медицинско образование. Срамота е што тоа не го поставувате на вистинското место, во медицинските факултети. Таа информација би била интересна. И секогаш можете да се расфрлате со медицински фрази. Делувате дека сте интелигентни :) Барем на самите лично.

    Јас не се каам ниту се борам со мојата совест. И така останува здравје и наредните страници, и секои 10 кога ке се појави некој да ме советува. Интересно е што истиот став го делат и останатите што не ги вакцинираат децата. Не се покајуваат. Никогаш. За разлика од оние другите, кои совеста ги јаде од моментот кога вакцинирале во диспанзер. Па ги јаде и кога ќе ја качи првата температура. Ги јаде и кога детето ќе им го смени однесувањето за 360 степени после вакцина. A претходно некаде прочитале некој глупав yarre кој само пренесувал различни размислувања и примери.

    Убави празници на сите. Со среќа со вакцините.
     
    Последна измена од модератор: 6 јануари 2018
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не мислиш дека претеруваш?! Еве јас око не можам да склопам од муабетите тука што ги правиш.. Дај олабавете малку и полека со вокабуларот
     
    Последна измена од модератор: 6 јануари 2018
    На makedonkamak, Cosmi, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    2012г се воведе можеби, но до 2014 буквално ниеден гинеколог не упатуваше трудница на испитување и на нједна не и беше кажано за ризиците од скриен шеќер во бременост. Ова не ти го каживам од ракав муабет, туку гарантирам и со сигурност потврдувам. Дали 10% од 100% жени беа запознаени со ризикот на скриен шеќер во бременост. Секоја од нив отоците ги препишуваше на бременост. Ниедна трудница не отишла ни кај Нефролог за да испита мокрача собрана од 24ч ( во тегла ) за да се воочи проблемот на отоци.
    И пак ќе повторам....сакаш заедно да идеме на Еднокринологија па да видиш колку трудници пред 2014г испитувале?
    Кажи ден и одма те носам .... пола вработени се мои луѓе па нема да има проблем да се видат записите.

    Едит : До пријателчето Јаре ;)
    Но, да не се занемари и вистината/реалноста..... едно каснување од куче, напад на малолетно дете итн. и социјалните мрежи горатттт. А, кога ова што се тврди за смрт ( многу пати пишано од одредени членови ) или фатални последици од вакцина.... ( зборам доколку се има доказ, а не онака претпоставки ) па не социјални мрежи да горат....ќе гори цело Здраство. Еве јас сум родител и Недај Боже кога би се десило такво нешто на мое дете ( како што се тврди на форумов ) .... НЕ нема на форум да типкам на тастатура, нема со комшики уз кафе да зборам..... ќе ме има на ударни Вести на Сител и на секоја социјална мрежа. Ова верувам дека секој родител кој би му се десило најлошото би го направил....буквално секој...
    Затоа олабавете сите со вакцинирање и невакцинирање со рекла кажала, на комшиката детето, на тетката итн.
    Ајде еден нека постира тука доказ и извештај за нечиј проблем за кој е виновена вакцина. Јас ниеден тука извештај не видов...ете има опција на edit photo па скријте го името.... ама дај бре еден од оние кој се сретнале со нис појавите фатални нека постира еден извештај.
     
    Последна измена: 6 јануари 2018
    На Cosmi, eli25 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    Малце си грешка. Во 2012 праќаа за скриен шеќер. Може не сите, ама дека буквално никој не праќал грешиш. Сестра ми испитуваше по тоа памтам.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.438
    Пол:
    Женски
    како тоа ти тврдиш БУКВАЛНО??
    еве јас сум трудница 2013 и ме праќаа,јас на своја рака не отидов.

    Да обивиниш мајка дека детето и има дијабет бидејки она не испитала у бременост скриен шеќер е исто како да обвиниш мајка дека детето и се родило со помала тежина оти не јадела доволно или го родила предвреме оти не пазела на се.За мене едното е еквивалент на другото.

    Можеме до утре да нагаѓаме зошто некој има дијабетис.
     
    На Annath, *Amethyst*, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Еве другарки мои породени од 2002 па до 2014 ниедна нема испитано буквално. Слободно еве и темата на форумов разлистај ја за скриен шеќер па преброј ги оние пред 2014г.

    Ти си била и испитала врз основа на тоа дека работиш во Здраство и си колку толку упатена.
    Да трврдам БУКВАЛНО и стојам зад она кое го тврдам.
    Големината на бебе ( раѓање на покрупно или поситно бебе ) е и генетска не само преписка на скриен шеќер.
    За раѓање предвреме и дијабет не е само поврзан скриениот шеќер туку многу други работи.
    Серклаж, скратено грло, бактерии, не адекватна терапија соодветна на историјата на трудницата, близначка па и бременост со тројќи, тромбофилски мутации, плацента превиа, презреана плацента, хромозомски дефект итн. Сце ова доведува до предвремен пораѓај, а од некој од наведените до аномалија на плодот.

    Не дека ме мрзи да се објаснувам....празник е и нема поента да се натегаме и убедуваме. Кој како мисли си прави.
     
    Последна измена од модератор: 6 јануари 2018
    На oblace1 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.689
    Допаѓања:
    35.604
    Пол:
    Женски
    И во 2014 не беше задолжително скриен шеќер. Јас се породив во јуни, во април испитував на моја иницијатива. Можеби на хартија било задолжително, ама во пракса дека сите праќале, не баш. И сега не ги праќаат сите да испитуваат :x

    Јас би сакала да и се заблагодарам на @Lianna Anna за стручноста и времето што го вложува тука. Ми ги смири и тие малку стравови што ги имав околу вакцинацијата. Сега чекам малава да сврзе барем три недели да биде здрава и ја носам на ММР или ревакцина ДиТеПер, зависи како ќе ме советуваат.
    Сакам да прашам хемоглобин 105 дали може да биде пречка за вакцинација?
     
    На Lianna Anna, Cosmi, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    @An-na јас ја нлсам крвната слика па таму докторката прво ја разгледува ( сите параметри ги зима во обзир ) па одлучува дали ќе го вакцинира. Најубаво да прашаш на лице место таму, сепак и хемоглобинот зависи и кд возраста ( различни се вредностите и параметрите ).
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.438
    Пол:
    Женски
    без разлика на возраста испод 100 не е пожелно да се вакцинира.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    88.689
    Пол:
    Женски
    Yeah! Вие не верувате во сервирано!(facepalm)
    Верувате во разноразни отпадници на на науката и медицината ,на теории на заговор ,опседнати сте ,говорите со ист јазик,постирате исти линкови ,веке видени на сите антивакцинални кампањи,портали,медиуми и форуми,а сте страшно лицемерни,раѓајте ги децата во шума ,а не во болница,за да бидете доследни,бидејки и од целосната анестезија има нуспојави ,а богами и последици страшни.Немате што да барате вие од вашиот табор во болница,никогаш ,бидејки официјалниот став на медицинската струка вие го отфрлате!

    Јас неколку пати тебе те прашувам која е користа на ширењето на вашата нова ткн антивакцине религија,пари,или смирување совест?
    Да придобиете уште луѓе односно алтернативни богови кои иако самите се вакцинирани ке ги оставаат децата невакцинирани,ускратени за превенција која струката ја препорачува,зошто?
    Види јас немам против алтернтивна медицина,но вашите постови кои ги постирате овде со поединечни случаи на нуспојави кои се признаваат и случуваат,а игнорирате масовни масакри од епидемии и користа на вакцините и колективниот имунитет,говори едно, дека сакате да плашите луѓе и во тоа како читам сте успеале.Но,не сте вие виновни јас веке сугерирав во претходните постови на модераторите дека вашите постови се за алтернатива.
    Невакцинирање кое се препорачува од нестручни поединци кои ја игнорираат струката (надрилекарство)е казнено дело во некои земји.(незнам како е кај нас.)А ти овде тоа го правиш на несигурни мајки,исто постирав во претходни постови,и не си бил санкциониран.Друг пат кога ке препорачуваш ,прави препрака со изјава име и презиме,да сносиш одговорност .

    И уште еднаш
    Детското здравје е свето,за него треба да одлучуваат едуцирани т.е лекари,а не гоогле родители стручњаци базирани на отфрлени истражувања,јутјуб клипчиња и веб страни без кредибилитет.

    Вакцинирањето треба да остане законска обврска со казна овде баш поради ова што се случува на оваа тема,неедуцирани ликови читајќи тенденциозни написи да одлучуваат за превенција од болести на децата.
     
    Последна измена: 6 јануари 2018
    На oblace1, Baby-bubu, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    198
    Jas bev bremena 2013 i me ispratija da proveruvam skrien seker.
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Лиана, одговараш на цитирана порака но твојот одговор не е поврзан со цитираното, знаеш ли што пишува на англиски?

    Не видов yarre да убедува ниту да сугерира на некоја мајка да не вакцинира. Само пушта научни студии со линкови. Но ти сугерираш и убедуваш некој да вакцинира. Дали ти треба да бидеш одговорна за нус ефектите од вакцина? Дали прочита нешто од линковите што ги прати Yarre или сеуште се си знаеш од раѓање и нема потреба да читаш, затоа што имаш доктори дома?

    Уште некој имаше примариус доктор дома, дајте нешто корисно на темава дадете. Побијте ги научните студии на јарре.

    По трет пат да повторам, бидејќи ќе бидам прашан уште еднаш: противник сум на задолжителната вакцинација бидејќи е нелегална. Секоја медицинска интервенција е со согласност со пациентот. Законот за заразни болести се коси со законот за заштита на правата на пациентите.
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На yarre, stilas7, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.122
    Пол:
    Женски
    Не. Те чекав тебе да ми преведеш. :D

    Да не треба и секој збор да ви го цитирам?! Прво побиј ми го мислењето, ако можеш. И еве ти одговори ми на прашањата, оти не сака другар ти. Па после држи ми предавања за англиски. :D
     
    На Someonespecial и Cosmi им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    88.689
    Пол:
    Женски
    @Centurion
    Да ги читам неговите линкови кои секаде ги има ,па не ми е овој прв форум,ме има и на други странски,секаде позната песна, истите линкови се фрлаат,а смисол на форум е дискусија ,а не постојано лепење линкови.
    А башка ..
    Не постои ниту еден доказ дека едно невакцинирано дете е позаштитено од див полио и дифтерија од вакцинирано !
    Треба ли уште да дискутираме дали треба да се вакцинираат децата?
    И со кое право еден родител смета дека неговото невакцинирано дете против дифтерија ке се избори без вакцина и тоа да го тестира на грбот на детето?
    Затоа вакцините мораат да бидат задолжителни! Па и ради конвенцијата на правата на децата.

    Не виде,Има на стр.167 ги постирав неговите сугестии ,а беа игнорирани од негова страна.
    Со која цел плаши мајки?
    Ама ,тоа ке му биде последен пат да сугерира,будно ја следам темава,а форумов е јавен....

    Јас го подржувам официјалниот став на медицината и науката.Вакцинирање!
    Со сите нус појави и бенефити.


    Не се бавам со надрилекарство ! Кој сака нека го лечи своето дете од полио или дифтерија со чај афричка љубичица .Негов проблем,но жално за детето.

    Задолжителна или не,доволно е да се види процентот на вакцинирани во државите каде не задолжителна и нивниот календар ,околу 95%
    Секаде е висок.
    Ризикот кај нас е што гоогле е достапен секому,па гуглачите изиграваат поголеми лекари од лекарите.Кај нив државите го решиле со поинакви механизми,
    Родителите немаат апсолутно право на нивната волја во одлучување на медицинските интервенции!

    Завчера во Ниш беше погребано 2 годишно дете од компликации од морбили,невакцинирано,кој сега треба да сноси одговорност?
    Државата која пропишала обврска за вакцинирање или родителите противници на вакцинирање?
    Одговорете антивакцинаши?
    https://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2018&mm=01&dd=02&nav_category=16&nav_id=1342820
    Од сите хоспитализирани 91%се невакцинирани или со непотполна вакцинација.Каде затаил природниот имунитет на невакцинираните?
    Говори ли нешто податоков?
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2018
    На makedonkamak, Lianna Anna, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.438
    Пол:
    Женски
    детето што умрело имало хипоплазија на плучата од само раѓање(веројатно) така да имало и индикација да не биде вакцинирано.

    Кога сме кај Србија во Бања Лука умре бебе од 4 месеци 2-3 дена по полио вакцината.Зошто тоа дете не го спомнува никој?Не е вредно за спомнување м?
     
    На *Лорена* и stilas7 им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.180
    Допаѓања:
    88.689
    Пол:
    Женски
    Прашањето беше кој ке сноси одговорност?
    Одговорниот лекар има изјава дека детето било родено пред време и со помалку развиени плуќа,но и дека родителите се покајале поради одлуката да не го вакцинираат,што значи можело да биде вакцинирано,керка ми е родена исто така но е вакцинирана со сите вакцини.
    Линк за бебето во Бања Лука,секако е вредно но не можам да најдам.
     
  17. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    @Cosmi и откажи се од твоите права како човек, ако тоа е твојата воља. Не биди човек, биди бројка во системот. Ние ќе се бориме и за тебе.
    Шансите за компликации кај морбили кај здраво дете се многу мали, помали од грип. Умрело дете од морбили? А што е со 10-30 милиони пациенти годишно умираат заради грешка на здравствениот систем? Доколку сме развиени на ниво на Америkа, кај нас тоа би значело 2000 пациенти годишно, но бидејќи здравството ни е пред колапс, таа бројkа е веројатно 10.000 пациенти. Имаш ли совест за тие луѓе што се убиени заради несовесно работење.
    Просекот во Америка е 1 од 40 деца страдаат од аутизам. Во Македонија се знае таа бројка? Ние немаме аутизам, ниту регистрираме некакви нус ефекти. Ама по некоја логика и кај нас треба да е истата.
    Ако вакцините се толку безбедни, зошто ниеден доктор не сака да потпише дека зема целосна одговорност за последиците од вакцината? Никој од здравството не прифаќа одговорност, знаат да боцнат и да продолжат со кафето муабетот. Додека нема одговорност, не смее да има нелегални среднововно црковни закони за задолжителност на некаква догма.
    И повторно се навраќаш на дифтеријата, како единствена логична вакцина, за која и јас се сложувам, затоа што другите се превара или непотребни, Но што е со останатите 200 заразни болести за кои нема вакцина? Што ќе правиш во врска со нив, зошто не бараш кривец?
    Ти слепо форсираш твој став и сакаш да го наметнеш на другите, па дури и се закануваш на другите што мислат поинаку. Па да ја затвориме темата, зошто дискусија да има.
    Јас сум човек и барам да се почитуваат моите права. Каде што има ризик не смее да има задолжителност. ТОа најмногу ми смета. Тоа сме го научиле во втората светска војна кога нацистите експериментирале врз заробениците и тогаш се усвоени конвенциите за човековите права и слободи.
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На Rebecca_R, verba, yarre и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.438
    Пол:
    Женски
    незнам што е спорно и зошто вината аутоматски се префрла на мајката кога самите лекари препорачуваат ммр да не се прима пред навршени три години.Детето може да било со поМала килажа,послаба крв,болно подолг период па да она одложувала.Во ваков случај кој и да е разбирам ќе рече можев вака можев така да направам.И мајка ми кога почина од рак одпосле си кажав дека веројатно можев повеќе да направам пред да дојде болеста.Тоа е во човековата природа што незначи дека она стварно е крива.Има деца порано родени 2-3 недели но и деца родено во седми месец како детето што умрело.Верувам секој би чекал со вакцинирање кај такво дете.

    -За Бања Лука и бебето има доста по српските форуми.Ако не те мрзи гуглај,2011 мислам беше.И не само тоа бебе туку три паднаа во ист ден во кома после полиото.За жал едното не се разбуди
     
  19. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Како пред само 3 децении се гледало на морбилите. Како најнормална детска болест:

    [​IMG]




    А денес го плашат народот ко да е чума. 55 случаи на морбили, на вестите 6 месеци, кризи, 100.000 вакцини, итни мерки....сите ќе се опорават доколку немаат уште некоја болест па да умрат од другата болест. а во истото тоа време неколку илјади луѓе се убиени од здравството. Ниеден збор не е кажан за нив. Замајувањето на народот со лажни проблеми и дефокусирањето од вистинските, тоа е слонот во собата.
     
    На verba, yarre, *Лорена* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    @Cosmi , смешно е што го нападна членот Yarre затоа што е премногу начитан, веројатно е еден од најинформираните личности во државава на тема вакцини. Сите доктори заедно од цела држава не знаат колку тој што знае на тема вакцини. Не дека Yarre е премногу интелигентен, но е детален и вложил многу труд и време, а докторите немале потреба да читаат ниту им било сервирано на факултет. Професијата не им налага да се информираат, немаат никаква одговорност.
    И ти се исмеваш на човек што вложил толкав труд да запознае подобро за една важна тема за здравството. Потоа велиш дека ти не читаш, ти веруваш во .... доктор, татко ти, сестра ти, дечко ти, кои исто така не читале на таа тема.....твоето знаење е религија. Ти слепо веруваш. ти си премногу мрзлива да вложиш труд и време да се информираш и згора на тоа ти ги исмеваш оние што учат. Многу слаби наставници си имала во училиште и ти поставиле поглед кон светот кој не е истражувачки, ти си готован.
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На verba, yarre и stilas7 им се допаѓа ова.