@An-na Секако дека треба да сме реални. Воглавном постирам студии, а за воља на вистината, се потрудив да дознаам повеќе за конкретниот случај, кој веројатно и јас ќе го објавев со исто поставените прашања за причините. Гледам дека некои портали пишуваат едно, други друго. Едни викаат дека мајката прележала морбили, други дека имала озбилна бронхопнеумонија. Едни вакцинирана други не. Едни викаат дека тие постари од 1993 се под поголем ризик, други викаат, докторите не биле вакцинирани ама прележале па немале гајле. Имам чувство дека спинерите се заплеткуваат. Ако не се напраат конкретни анализи, мислам дека реалната вистина нема да се дознае Јас ќе се обидам изворно да дознаам, барем Ниш е блиску. Очигледно Србија е на тапет. Веќе многу родители во Србија одбиваат вакцинација особено MMR. Како да се подобри стапката, очигледно е да се спинува епидемија. https://www.facebook.com/notes/vakc...mije-malih-boginja-u-srbiji/1774526599245744/
Секој линк треба да се постира, не треба цензура. Bидеото што го постира @Mia.milicka го изгледав, како што и треба, да се чита и гледа сè, затоа што не сме сите родени учени со сите знаења (ping драга : -) Госпоѓата што ги застапува вакцините барем е културна и не вреѓа спротиставени мислења за разлика од некои, но ги повторува никогаш недокажаните догми: -нус појави 1 на милион , во америка значи се имаат родено 3-300 милијарди деца само во последните 30 години според оваа логика. -со студијата од 98ма почнало антивакциналното движење, а истото е старо колку и вакцините. -Намерно е непрецизна во процентите, вели во голем дел морбилите предизвикуваат компликации, не е во голем дел, во мал дел е и за нив е пишувано. -Немало ниедна студија помеѓу вакцините и аутизмот, а ги има, многу се и стануваат се популарни. -вакцината не може да ја предзвика болеста што треба да ја спречи. И тоа како може и во последниве години само на тој начин се предизвикуваат епидемиите. -не убедува дека министерството води строги правила за набавка на вакцините, во исто време кога има паралелен увоз на фалсификувани лекови веќе 5-6 години наназад и уште таа пракса не е прекината. -признава дека секој организам различно реагира на вакцина, апостериори признава опасност што значи не смее да биде задолжителна пракса. -препорачува вакцини ако има алергија на белка. зошто да се ризикува? Многу добар е линков на Yarre https://www.facebook.com/notes/vakcina-saznanja-i-neki-fakti/dizanje-panike-zbog-neproglašene-epidemije-malih-boginja-u-srbiji/1774526599245744/ Кревање паника за болест која е помалку опасна од грипот. Зошто истите тие спонзорирани од фарма индустријата организации како CDC, не дадат предупредување oд трета категорија дека секој кога оди на доктор на преглед, може да умре од настанати неочекувани компликации? Уште еднаш ќе ја повторам статистиката, затоа што бројките не лажат. Во Англија пред воведување на ММР вакцината, на популација од 55 милиони годишно умирале по ~55 лица од компликации настанати после морбили. Во исто време, околу 50.000 луѓе годишно умирале од докторска грешка или од несакано дејство на лек. Кој е поголем убиец и од што може повеќе да се искомплицира состојбата: од морбилите или од една рутинска посета на доктор? Бројките кажуваат дека докторите и фарма индустријата убиваат 1000 пати повеќе луѓе отколку морбилите кога немало вакцина за морбили. Зошто тогаш не кажуваат колку е опасно да се оди на доктор? Зошто не се занимаваат оо вистинскиот проблем? На секоја 1 смрт од морбили умираат по 1000 од фарма индустријата, зошто ова не е проблем број 1? Уште два случаи на морбили во МК, едниот е вакциниран: https://sdk.mk/index.php/makedonija...li-zarazeni-6-mesechno-bebe-40-godishen-mazh/
Еве, за ова зборував во однос на смртта на родилката во Ниш. Српското здружение за необавезна вакцинација, преку својот правен преставник веќе побарала повеќе информации, но добила многу воопштен одговор од одговорните. Се сомневаат дека морбилите се иницирани токму поради вакцините. https://www.facebook.com/notes/vakcine-info/да-ли-се-вакцинални-сој-вируса-морбила-шири-србијом-jавност-захтева-тачне-информ/1447612512014958/?qid=6514517918960897343&mf_story_key=-2224380781767476600
Уште една од глупостите на антиваксерите. Но да се вратиме на нешто што е реалност и ни чука на врата.што во комшии тоа и кај нас. Не е чудо што Ниш има најмногу случаи со морбили, антивакс гугл родителите го довеле процентот до тука и треба да си ги сносат последиците кривично,родителите да се казнуваат што си играат со здравјето на децата. 2011-97% 2017-44% вакцинираност. За жал трендот на невакцинирање ке враќа болести. Од извештајот на институт за јавно здравство во Србија. Vеćinа оbоlеlih оsоbа (94%) је nеvакcinisаna, nеpоtpunо vакcinisаna ili nеpоznаtоg vакcinаlnоg stаtusа. Толку од филмовите на антиваксерите. Последиците ги гледаме,на вакцинираните деца и невакцинираните. Во моментов и кај нас има мало дете со тешка клиничка слика од морбили,да се надеваме дека ке биде добро.
Убаво ги ставаат сите во една група. Невакцинирани, непотполно вакцинирани и непознат статус. Лага која се протега со векови, уште во 1850та година, ако ја читаше книгата. Уф заборавив дека и ти не си по читањето. Не постојат непотполно вакцинирани, до пред 10 години имаше една доза, потоа видоа дека една не е доволна, сега има две. Па сите што биле вакцинирани од 1973та до 2005 ги сврстуваат во непотполно вакцинирани. Така процентот на групата заразаени и невакцинирани се зголемува, од 30% станува 80%. Ако и тој процент е мал, се додаваат уште 10-20 % чиј статус не е познат. Мојот статус не е познат. Твојот статус не е познат. Зошто? Пробај да најдиш историја за примените вакцини од Југославија. Не постојат записи. Се е фрлено. Немаме историја за примени вакцини, повеќето од нас. Така сите ние што сме вакцинирани, ако се разболиме, а голема е шансата да се разболиме затоа што примена вакцина пред 30 години нема никакво дејство денес, спаѓаме во групата со непознат статус. Таа е таа група на 93% невакцинирани, непотполно вакцинирани и непознат статус. Трик стар 170 години. Наивната маса лесно се лаже. Но затоа сме ние тука, да ги разобличиме лагите на фарма индустријата. Лагите нема така лесно да ви пројдат. Време е да се поставуваат вистинските прашања и да се добиваат вистинските одговори. МОра да се прекине со лаги и интриги. Не сме ние заморчиња кои треба да трошат хемикалии на фарма индустријата. Постојат закони и постојат здруженија кои ќе настојуваат да се почитуваат тие закони. Епидемијата на морбили на балканот настана од вакцина и тоа треба да се дознае.
Токму незаинтересираност, но и непоставување на прашања, што патем е нормална човечка особина за некаков раат, одат во прилог на контролирање на одредени ставови. Секако дека е полесно и нормално да слушаш без поговор совет од лекар. Но неретко, ниту тој не знае да каже нешто свое, успешно форматиран од медицинската струка, и инсталиран софтвер кој не дозволува никакво чепкање и модификации, без главниот администратор. Секако не се ретки ни примерите кои успеале да се оттргнат од оваа blind follower ситуација, рескирајќи си ја титулата, статусот и секако финансискиот конфор. Она што уште допринесува се политичките одлуки, кои многу лесно се донесуваат во слаби земји. Тука СЗО предлага, нашиот политички естаблишмент потвтрдува и крај на прикаската. Тоа кршење на човекови права и устав, неможе да ги наметне во една Германија, а се труди. Таму лекарот зема евра за да убеди родител да вакцинира, а кај нас лекарот превентивец се плаши за работичката, која му ја овозможува државата. Поставување на прашања не оди во прилог на засегнатата индустрија. Затоа се ретки дебатните емисии, каде се конфронтираат ставови на лекари и научници кои се за и против. Имам чувство дека индустријата ги повлекува своите играчи, за да не се зголемува прашината. А секое малце, произведува „епидемија“ и ете тангира смрт на деца, ете и родилка, иако не сака да го потврди и истражи причинителот, и гентипот. Тоа очигледно е можеби уште единственото останато оружје за контрирање на веќе радикалните промени во размислувањата и огромната популација на „одбивачи“
Прва епизода од серијалот Тhe Truth about Vaccines Многу ми се допадна , убаво е објаснето што добивме и што загубивме од вакцините. Мегу другото има и сведоштва на родители за искуствата со имунизацијата. Врвни доктори и специјалисти се дел од серијалов. Мислам дека вреди да се погледне. https://go2.thetruthaboutvaccines.c...45&a_bid=a30ace61&gl=5a5829b0595c979554da0b29
http://icmr.nic.in/ijmr/2013/march/ijmr_classic3.pdf Oва е најголемата студија за вакцини било кога направена. Ако најдете поголема, корегирајте ме. Во оваа студија се испитува ефикасноста на BCG вакцината. Студијата се одвива во Индија во временски период од 15 години тестирана е група од 281.161 луѓе. Имало три групи на тест субјекти, скоро идентични по големина. 1. вакцинирани со висока доза на BCG (0.1mg/0.1ml), 93.312 субјекти. 2. вакцинирани со ниска доза на BCG (0.01mg.0.1ml), 93.431. субјекти. 3. невакцинирани. 94.418 субјекти. После 15 години резултатите за ефикасноста на вакцината се следни. Од секоја група се разболеле по: 1. вакцинирани со висока доза на BCG (0.1mg/0.1ml), 189 субјекти. 2. вакцинирани со ниска доза на BCG (0.01mg.0.1ml), 191 субјекти. 3. невакцинирани. 180 субјекти. Како што може да се види, вакцината против туберкулоза има ефикасност помала од 0, значи не само што не штити, туку предизвикува по некој случај на туберкулоза. Прашањето е зошто после 19 години од објавувањето на оваа студија, сеуште се ќути по ова прашање и зошто децата се троват со BCG вакцини кои предизвикуваат туберкулоза, да не зборуваме за нус појавите на вакцините? Како да се верува на фарма индустријата после ваков скандал? Ова не е дело на медицината или науката, ова е дело на фарма индустријата која ги држи сите конци во раце и ги злоупотребува медицината и науката во свои цели. Науката е во студијава која чисто кажува дека BCG вакцината има ефикаснот помала од 0. 0.202546296296296296296296296296 проценти заболуваат вакцинирани со висока доза 0.204428936862497458017146343291 проценти заболувааат вакцинирани со ниска доза 0.2034876165793968771567213197935 проценти просечно од двете вакцини 0.190641614946302611790124764346 проценти заболуваат невакцинираните. Доколку невакцинираните се земат за основа, испаѓа дека вакцината предизвикува 0.0128460016330942653665965554475 проценти или на 100.000 жители тоа се 12.8 случаи на туберкулоза директно предизвикани со BCG вакцината. На глобално ниво од 6 милијарди луѓе тоа се 770.000 случаи на Туберкулоза предизвикани од BCG вакцина. Геноцид на фарма индустријата! Врз база на резултатите од претходната студија Magna за BCG вакцината, според која се донесе заклучок дека BCG вакцината нема спречено ниту неден случај на туберкулоза, но предизвикува по 12.8 случаи на туберкулоза на 100.000 вакцинирани, најдов бројка на туберкулоза во Македонија од 2011та. Во Македонија степенот на инциденција изнесува 13/100.000 жители. Дали е конциденција што овие две бројки се совпаѓаат? Можеби е коинциденција, но можеби сите до еден да се предизвикани од вакцина. Може тоа ќе ја објасни појавата на туберкулоза кај бебињата за кој не извести еден од членовите на форумов. Како поинаку да се објасни туберкулоза кај бебе? Туберкулозата не е многу заразна болест, тешко се пренесува. Како може бебе да се зарази со туберкулоза, кога се чува во скоро стерилни домашни услови? Ако членовите на фамилијата немаат туберкулоза, нема скоро никакви шанси бебето да се разболи од туберкулоза. Логично е бебињата да се заразени од вакцината. Понатамошното истражување даде уште поинтересни факти. Развиените земји веќе ја напуштиле BCG вакцината како неефикасна, само без кревање многу фама. Некои тврдат дека нема потреба од неа, некои тврдат дека ефикасноста е 19% и тоа е мала заштита и нема потреба од неа, трети уште тврдат баснословна ефикасност од 70% ама пак ја исфрлиле од употреба. Вакцината има ефикасност помала од 0 (нула) но тоа никогаш не е јавно кажано. Зошто? Затоа што довербата во јавното здравство ќе биде раздрмана. Ако оваа вакцина има негативна ефикасност, што е со останатите вакцини? Што е со другите лекови? Што е всушност вистината? Јавното здравство е кдинапирано од фарма индустријата, ете тоа е вистината. 70 години не трујат со BCG вакцина со ефикасност помала од 0, доколку порано немале начин да дознаат за неефикасноста на оваа вакцина, денес се знае и време е ова средновековна пракса да се укине! Се поставува и прашањето, зошто не се врати страшната болест од минатото пак, ако вакцината била бескорисна? Е тоа е добро прашање за размрдување на виугите. Тоа е доказ дека болестите не се искоренети благодарение на вакцините, дека се точни статистиките дека вакцините се воведени кога 99% oд болестите веќе биле искоренети, вакцините само ги пуштиле во употреба да ги 'земат' заслугите за искоренување на 'страшните' болести од минатото. Страшни се неколку, повеќето се детски болести или превари. А официјално ниту една не е искоренета од вакцина и покрај тоа што 99% се повлекле пред да биде воведена вакцината вакцината не успеала да го поништи ниту тој еден единствен 1% на болестите. Прашајте се, зошто не ве плашат со туберкулоза, туку ве плашат со морбили? Туберкулозата е многу пострашна болест од морбилите. Од туберкулоза умираат по 1.3 милиони луѓе годишно, oд морбили умираат по 70.000 годишно. Зошто се крева паника за 5 случаи на морбили а не се крева за сериозна болест како туберкулоза? Во Македонија секоја година има по 270 случаи на туберкулоза, зошто не се прогласува епидемија на туберкулоза а се прогласува епидемија за 3 случаи на детски морбили? Морбилите се 50 пати побезопасна болест од туберкулозата. Зошто и западните медиуми не креваат паника од можноста за епидемија на туберкулоза, тие ја исфрлија вакцината целосно? Одговорот е јасен: 1) Увиделе дека и со бескорисната вакцина немало епидемија. Вакцината била плацебо и болеста ја нема. Туберкулозата никогаш не била искоренета со вакцината. 2) Болеста не предизвикува епидемии. 3) Нема ефикасна вакцина против туберкулоза, па нема потреба да се шири паника. 4) BCG вакцината предизвикува туберкулоза, подобро е да се укине. Инаку земјите кои ја исфрлија од употреба BCG вакцината и не вакцинираат против туберкулоза: Америка, Канада, Шпанија, Франција, Англија, Швајцарија, Германија, Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Данска, Шведска, Норвешка, Израел, Австралија и Нов Зеланд. Останатите земји сеуште се трујат со бескорисната BCG вакцина која предизвикува туберкулоза. И бројките го кажуваат тоа. Земјите што не вакцинираат имаат во просек по 7 заболени од туберкулоза на 100.000 жители, Америка 3/100.000, Израел 4/100.000, Чешка 5/100.000, Канада 5/100.000, Австралија 6/100.000, Нов Зеланд 6/100.000, Данска 6/100.000, Норвешка 6/100.000, Финска 6/100.000, Словенија 7/100.000, Швајцарија 7/100.000, Австрија 8/100.000, Франција 8/100.000, Шведска 9/100.000, Англија 10/100.000, Шпанија 12/100.000 Во исто време земјите што вакцинираат од туберкулоза имаат далеку поголем проблем со туберкулозата. Почнувајќи од Македонија 13/100.000, Португалија 23/100.000, Бугарија 24/100.000, Колумбија 31/100.000, Босна 37/100.000, Бразил 41/100.000, Литванија 56/100.000, Кина има 67/100.000, Русија има 80/100.000 жители, Романија 84/100.000, Украина 91/100.000, Боливија 117/100.000, Индија 270/100.000, Централно Афричка Република 391/100.000, Намибија 489/100.000, Мозамбик 551/100.000 и Јужно Афричка република 834/100.000 жители. Како што може да се види, тие што вакцинираат имаат до 278 пати поголема инциденција на туберкулоза од тие што не вакцинираат. Уште еден доказ дека BCG вакцината е целосно бескорисна во спречување на туберкулоза и предизвикува туберкулоза. Заклучок: земјите што не вакцинираат имаат 100 пати помалку случаи на туберкулоза од земјите што вакцинираат.
Од мојот пост на истава страничка. Заменете го СЗО со доброчинителот Били и неговата налудничава сопруга. Се прашувам кои се останатите земји - среќни потенцијални добитнички ? Некоја од афричките земји ? И сеа ајде навали народе, на бесплатни вакцини, оние за кои во фаза на испитување, ќе завршат во некоја држава како нашава. http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...онија&id=448feaf5-fd84-4a69-920e-4b6ec17d7802
270 годишно во Мкд?Ма јок мн повеќе се.Ако само кај нас во Гв годишно заболуваат 30-40 души што останува за Тетово,Скопје,истокот?Гарантирам дека се повеќе
Бил е таков добротвор во последнава деценија што носи геноцид на совеста, кај ќе му оди душата? Нека ги поклoнува милијардите, пак нема да се спаси. Меѓу другото се сомничи за геноцидот во Индија со полио вакцините кои предизвикале инвалидитет кај 50.000 деца и вакцини што предизвикуваат стерилитет во женската африканска популација http://www.healthmap.org/ai.php?4990603&trto=en&trfr=en&pid142 https://www.globalresearch.ca/mass-...fertility-agent-in-un-tetanus-vaccine/5431664 Да си ги боцка децата и внуците со 9то валентните вакцини. Може и повеќе да се сега, информацијава е од 2011та. Вистинското прашање е зошто Sanofi не превземе одговорност за целовековната штета што ја направи со своите бескорисни вакцини кои предизвикуваат болест? Еве гледаат да ја заташкаат работата, во 2016та прекинале со производство на BCG, ама не било поврзано со квалитетот на производот, као 'немале репорматеријали'. Мижи Митро дати бајам! http://www.sanofipasteur.ca/node/50701 Свесно продаваа бескорисни вакцини од 1920та година до ден денешен. Знаеле целе време дека се бескорисни, знаеле и дека предизвикуваат туберкулоза кај бебињата но 100 години ги продавале, намерно, за профит, за пари. Ефикасност на BCG помала од 0%, сите развиени земји прекинуваат со BCG, Sanofi прекинува со производство на BCG, ама се си е во ред. КАЗНИ НЕМА ДА ПЛАЌА НИКОЈ. Казни ќе плаќаат родителите во Македонија што ќе одбијат да ги боцкаат своите деца со BCG. Македонија си спие и продолжува да вакцинира со вакцини кои се исфрлени од цел развиен свет и секоја година имаме по 300 заболени бебиња од туберкулоза. А Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје потврди 3 случаи на морбили. Едно бебе кое е премало да биде вакцинирано и двајца вакцинирани. СРАМ му е да каже дека се вакцинирани, па лаже дека се вакцинирани само со 1 доза. Лаже! Детето е на 5 години и втората вакцина треба да ја прими на 6. Значи вакцинирано е по РАСПОРЕД. Возрасниот човек е 40 години и е вакциниран со една доза, колку што беше потребно и препорачано до пред неколку години, значи и тој е вакциниран ПО РАСПОРЕД. 40 години вакцинираа со по 1 доза, тоа беше препорачаната доза и сега сите 1.580.000 жители (од 1.600.000 колку што останаа во Македонија) се СО една доза и спаѓаат во групата нецелосно вакцинирани. Колку лежерно си го префрлаат проблемот во луѓето а не во вакцината. За 30 години кога мнозинство ќе станат вакцинираните со 2 дози на MMR а случаите на морбили ќе се зголемат ќе воведат трета вакцина па 99% од население ПАК ќе стане нецелосно вакцинирано со 'само' 2 дози. Па три дози, и така натаму, важно секогаш 99% од населението е нецелосно вакцинирано. Секогаш треба да се прими уште една доза +. Но никогаш проблемот не е во вакцината и политиката на вакцинирање, секогаш е во луѓето кои се секогаш недоволно вакцинирани. Односот на Караџовски е неискрен, затоа што алудира на тоа дека заболените не се вакцинирани, што е лага. Во случајов нема никаква опасност од епидемија, болеста не е опасна, нема потреба да се лажи, но тој ЛАЖИ. https://www.slobodenpecat.mk/vesti/tri-sluchai-morbili-vo-skopje-kumanovo-tetovo/ Вакцинираното дете на 5 години ВЕЌЕ НЕМА ИМУНИТЕТ против морбили, имунитетот што вештачки требаше да му го даде вакцината. ТОј имунитет као требаше да трае доживотно, така ја рекламираа MMR вакцината, додека да се види дека не трае ни 4 години, па кога веќе не можеше да поминат со изговорот дека за СЕ се криви невакцинираните (1%) ја воведоа и втората доза. Замислете сега, вакцината што требаше да обезбеди доживотен имунитет мора да се повтори веќе на 6 годишна возраст, затоа што наеднаш губи дејство после само 5 години. Одговорност anyone? 40 години не боцкаа со вакцини кои не биле ефикасни и наместо доживотен, давале имунитет за 1-2 години. Каде е одговорноста на фарма индустријата? Зошто ме боцкале со неефикасни вакцини за кои морало да ризикувам нус појави и здравје? Кога ќе превземат одговорност за својата работа? Тие боцкаат 7 милијарди луѓе, внесуваат хемикалии во нашите тела, кога ќе видиме одговорност за нивната работа? Кога нивните вакцини не функционираат и предизвикуваат болести одговорот е секогаш - ПОВЕЌЕ ВАКЦИНИ! Епа тоа не е никаква казна, тоа е НАГРАДА. Затоа што продаваат неефикасни вакцини добиваат уште поголем пазар, ДА ПРОДАВААТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ВАКЦИНИ! Замислете сега, вие работите како дограмаџија, ама дограмата што ја местите е со лош квалитет. Фуре, влегува вода, луѓето настинуваат често, а пластиката е кинеска рециклирана радиоактивна и предизвикува и рак. Оној што ја купил дограмата 10 години се обидува да ви докаже дека дограмата не ја бидува, дека ги разболува, а вие му се исмевате, го правите дека не е стручен, тој немал школо за дограмаџија, не знае што зборува. Но кога после многу години се докаже дека дограмата навистина е проблематична, вие само викате: абе проблем е што дограмата е стара, да ти наместам ја уште една дограма, оваа е од индонезија, ќе стои до кинеската. И така ви мести уште една дограма со индонезиска рециклирана радиоактивна пластика која исто така прави промаја. Пак се жалите на дограмата и пак 10 години ве игнорираат и после ви местат трета дограма, пак кинеска затоа што некој друг дограмаџија утврдил дека кинеската била подобра од индонезиската, да стои во вашиот дом, веднаш до втората дограма. Така имате 3 неквалитетни дограми, внатре е веќе промаја, а од смрдеа не се дише. Дограмаџијата се фали како пред тој да биди роден луѓето немале ПВЦ дограма и живееле во среден век, благодарение на новата кинеска ПВЦ дограма денес сите се среќни и задоволни, а во суштина он од дограми заработил милиони а вие сте се ги изгубиле парите по судови докажувајќи дека дограмата е чкарт. Но дограмаџијата решава дека ваквото оштество со многу чкарт дограми одлично му одговара и решава истото да го урами со закон, го потплаќа министерот за урбанизам, агенцијата за заштита на правата на потрошувачките, премиерот дека секој мора да има барем по 3 кинески дограми во секоја соба. Законот е за енергетска ефикасност на домовите, тој што ќе одбие е неначитан и глуп, не се грижи за трошењето на енергијата и загадувањето на средината и мора да плати казна од 300 до 700 евра. Секогаш кога станува актулено јавното мислење дека дограмите се со лош квалитет се вградува уште по една дограма додека цел стан не стане дограма. Во случај кога луѓето ќе умрат од промајата или од радиоактивните пластики велите дека не им ја бивало куќата, домаќинот бил неук и незнаел да изгради куќа, не е до дограмата. Кој му е крив што не бил школуван и успешен па да си купи квалитетна куќа, а ако бил богат и успешен тогаш бил налудничав штом пројавил вакви идеи кои се спротивни на официјалните дограмаџиски ставови. Сите дограмаџиски студии покажале дека од дограмата не може да има промаја, од промајата не се настинува, а од радиоактивните пластики не се заболува од рак. Има илјадници студии кои покажале дека радиоактивноста не предизвикува рак, науката не греши. Тоа е таа паралелна реалност. А да се вратиме во нашата или во шведската. Во малата Шведска со (огромна) вакцинална покриеност со MMR вакцина од 97% и втората доза од 95% во 2017та имале 30 случаи на Морбили. Кај нас MMR покриеноста е ниска со околу 65% (се плашат да ги кажат и вистинските бројки а веројатно не ги ни знаат) и имаме сличен процент на заболени. Но ние имаме 'епидемија' од морбили и паника и доктори кои лажат.
Америка на пат да стане Германија, барем кога се правата за одлука за вакцини во прашање. Трамп го стави камен темелникот за укинување на задолжителноста на вакцините во Америка. На чело на CDC треба да дојде и Роберт Кенеди Џр, кој во минатото прашуваше многу „незгодни“ прашања околу одобрувањта, учинковитоста и секако последиците од вакцините. Дали е на повидок нова ера во демократијата преку барата, или овие обиди ќе завршат под тркалата на некој трамвај, останува да видиме. Trump Lays Groundwork To Ban Mandatory Vaccinations Across U.S. http://yournewswire.com/trump-ban-mandatory-vaccinations/ Инаку, дограма, за оние кои не знаат. (едн.) дограмата Вид збор: Именка, женски род Градежна дрвенарија (прозорци, врати). Англиски: carpentry Турски: Архаизам , Архитектура и градба @Centurion Алал ти плајваз
Трамп имаше предизборно ветување дека ќе формира комисија кои ќе направат долгорочна студија за штетното дејство на вакцините на чело со Кенеди. Со тоа ги доби гласовите на противниците на задолжителната вакцинација. Јас мислам дека нема да направи ништо, тој сепак е бизнисмен, а фарма индустријата располага со вишок милијарди кои лесно можат да се слејат во неговиот џеб. Многу е едноставно, обртот на фарма индустријата е поголем од буџетот на САД. Кога тоа ќе се сфати, тогаш се осознава кој навистина владее со Америка.
Во 200 години истражување не успеале да направат една студија во која ги споредуваат вакцинираните со невакцинираните.
А зошто би направиле таква студија? Верувај да имаше потреба , некој даааааалеку попаметен од тебе и од мене ќе направеше. Со оглед на тоа што има невакцинирана популација доволно е само да се споредат тие единки со вакцинираните и готова прича. Не труете со квази сајтовите и научните трудови без никаков обзир за останатите кој имаат различно мислење од вашето, кои ќе ги ваквинираат своите деца и ги сакаат своите деца исто колку вие вашите. Не разбирам која ви е поентата на сите овие извадоци? Го сожалувате моето дете што јас како нејзин родител (по ваше монструм) одлучив да ја вакцинирам, а вие се трудуте да ме одвратите од идејата и да ми ја дигнете свеста на повисоко ниво? Стварно е доста! Доволно ни е на сите од само еден пост да сфатиме дека сте против вакцинирањето и нема потреба од верглање едно те исто бидејќи НЕМА да им го смените ВИЕ мислењето на оние кој одлучиле да ги вакцинираат своите деца кој повторно ќе нагласам дека ги сакаат исто колку и вие вашите. Ова е форум во кој мора да сме помирени со фактот дека овде секој има право на свое мислење, истото мора да се почитува и не смее да се наметнува некому. На крајот на краиштата не сум ни должна некому да полагам сметка ЗОШТО јас ќе ја вакцинирам ќерка ми, ниту па мене ми е гајле зошто некој нема тоа да го направи. И така другари. Ај поздрав
читам ке се воведува уште една вакцина за девојчињата и жените.И тоа деветтовалентна.Против хпв.Дел од проектот на Бил Гејтс.Мене ме интересира дали ја има/ќе ја има секаде или кај нас ке се воведе како есперимент врз жените?Претпоставувам дека ја нема затоа што самиот министер истакна дека Мкд ке биде една од петте земји каде ќе ја има вакцината.Мојот гинеколог е строго против вакцина против хпв.
Ајдееее дo тaму ли спaднaвме. Бил Гејтс свoите експерименти oд вaкцини ги буткaше вo Африкa зa дa ги "спaси" нели. Пa дoбрo, реaлнo и тукa сме негде.
Кога ќе не стават за нешто први - експереиментираат. Кога нема кај нас - затуцани сме, кај нас дур дојде. Крај не ни се фаќа.