Малку ми е смешен твојот однос, 'што се запнале со наука, досадни сте, дај да се инатиме без факти, со заебанции и навреди'. Јас не сум тука да те убедувам или преубедувам, ни да ти кажувам како да постапуваш во животот, ни како да ги сакаш децата. Моето време на форум не го користам да кажам или прочитам муабети од типот: леле леле, цуф цуф, цмок, кисче, што зготви за ручек, дали се нашминка, секс надвор од брак да или не... другите теми од форумот. Повеќето од времето на интернет го користам за информирање од сите сфери на општеството, како и професионално за работа. Ако го пребарам твојот профил, сигурно ќе видам дека имаш премногу слободно време кое го користиш непродуктивно, па немаш ли маж/жена/деца Јас правам општествено корисна работа затоа што дел од работите кои ги откривам ги правам достапни за останатите. Ако ти е досадна науката, тоа зборува за тебе. Скоро сите теми на сите форуми се без поткрепа со научни информации и тоа секогаш е проблем, ако имаме статистики тогаш не чини? Всушност, ја правам работата што ниту еден доктор во МК (со неколку исклучоци) не се потрудил да ја направи, истражувам колку се ефикасни и безбедни вакцините. Ти ако сакаш слободно главата - во песок, не гледам ништо лошо, не слушам ништо лошо. И тоа е начин на живот, што повеќе, така живее мнозинството а еволуцијата не научила дека овцата што се дели од стадото волкот ја јаде, ти имаш даљинско во рака, а за се друго во животот има кој да му ја мисли. Нема потреба ти да носиш одлуки за твојот живот, така? Добро, зар навистина не ти значи ништо тоа што ја разобличив најпознатата вакцина во светот BCG, како превара на столетието? Вакцина што има ефикасност помала од 0%, дека цел развиен свет ја има напуштено вакцината (без кревање паника), а третиот свет во која спаѓаме и ние, сеуште ја користи? Сакаш ли ти твоите деца и внуци да продолжат да ја користат оваа штетна неефикасна вакцина заедно со африка и индија и да ризикуваш вакцината да те инфицира со туберкулоза? Тоа ли ти е досадно, не те разбирам. Не сакаш ли да ја подигнеш твојата свест и да живееш поздраво. Очекувам едно фала барем.. Со премногу осет сум роден. Не сум навредил никого на форумот, не го критикувам ставот да се вакцинира или не, ниту донесените одлуки на членовите. Не форсирам и не препорачувам, за разлика од лианана и другарка и џои, кои на својата совест си земаат да даваат препораки. Јас препораки не давам, а критиките и се насочени само кон фарма индустријата, неукоста, корумпираните политичари, неуставните закони за задолжителна вакцинација без согласност на родителите и неспособните влади кои носат штетни одлуки за својот народ. Ако цел развиен свет пред 10 години ја напуштил BCG вакцината како неефикасна и штетна, зошто ти продолжуваш да го труеш својот народ со неа??
.....различни перцепции за форумите....различни за вакцините.......и така дур она громот....копривите....без рикверц.... Инаку да се успокоите, не се познаваме. Мислам дека не сме ни од ист град. Очигледно имаме слични перцепции во барањето на логичности и смисол.
прво @Centurion означи ме кога ме спомнуваш. второ со @Lianna Anna не сме другарки,не ја знам. трето јас не убедувам а уште помалце давам било какви препораки за било што.Јас само искуство споделував.Дали некој ќе го игнорира тоа или ќе си впери прст на чело да се преиспита што прави си е негово.
Moја грешка @joy1 , сакав да кажам @Cosmi (другарка и на Лианана). Се извинувам, сеуште сум нов на форумов и не ги знам добро членовите. Многу интересна статија, која одлично прилега на темава. И не е досадна: http://www.fakulteti.mk/news/17-12-25/ateistite_napishaa_novi_deset_zapovedi.aspx: Ова се новите десет заповеди на атеистите: 1. Бидете со отворен ум и подготвени да ги менувате своите уверувања во согласност со новите докази. 2. Настојувајте да ја прифатите најверојатната вистина, а не да верувате во она што посакувате да биде вистина. 3. Научната метода е најсигурниот начин за разбирање на природниот свет. 4. Секое лице има право на контрола врз сопственото тело. 5. Бог не е неопходен за да станете подобра личност или да живеете целосен и исполнет живот. 6. Водете сметка за последиците од вашите постапки и прифатете дека за нив мора да преземете одговорност. 7. Постапувајте кон другите онака како што сакате да постапуваат кон вас и на начин на кој разумно очекувате дека сакаат да се постапува кон нив. Имајте го на ум нивното гледиште. 8. Наша е одговорноста да се грижиме за другите, а тоа ги вклучува и идните генерации. 9. Не постои само еден исправен начин на живот. 10. Оставете го светот подобро место за живеење отколку што сте го затекнале. Со многу од набројаниве заповеди целосно се согласувам. А Вие?
Cekaj nauka? Mislis ova sto go pravis e nauka? Me nasmea stvarno. Pa ti cela medicinska nauka iljadnici godini nanazad ja negiras so tvojot stav, ete toa ne mi e jasno. Pa veke ako tolku se velicis so "opstokorisna rabota", so antivakcerski stavovi i sakas da " pomognes" na nacijata zosto se kries/kriete zad anonimen forum? Zosto ne izlezete vo javnost? Za bsg-to, ne sum go procitala tvojot post, (ne ni planiram) tuku kaj ziveeme znaes? Znaes deka balkanot e i odsekogas bil podracje na tbc taka. Drugo, dokolku nekoj imal nekakva "posledica od vakcina" si se zaprasal kakvi geni nosi toj? Dali e taa posledica direktno od vakcinata ili toj veke si bil genetski preodreden za toa? Zosto se sto ni se slucuva se ni e zapisano vo genite veruvaj. Od kaj znaes nekoj si prapotomok sto bolest imal, a ete cim tolku dobro gi razbiras rabotite, istrazuvas i vremeto na net za toa go koristis zosto ne pobaras nesto za ova, za toa kako vsusnost gi nasleduvame site bolesti, deka nekogas iako nemame simptomi sepak sme nositeli na toj da recam los gen koj e.vinovnik za nekoja bolest pa nekoj nas vnuk ke go nasledi. Vo nekoi slucai vakcinata go potiknuva bas toj gen da proraboti i se slucuva toa sto se slucuva za zal, koga organizmot ne e spremen da se bori protiv toa (sto pak ke recam i toa e nasledno). NO, ako nekoj od tolpata se izdvojuva so vakva sitacija toa ne znaci deka po difolt i site drugi isto ke reagiraat na vakcinata.
@TheSecret Какво кредо. „Илјадници години наназад“. Колку пуко непознавање. Ти не знаеш ниту кога е првата вакцина дадена. Јас еве нема да се насмеам. Трагично е. Никој не ја негира медицинската наука. Но илузорно е да истата ја ограничуваме на лекари и научници кои се против вакцини, и лекари и научници кои се за. Особено ако сакаш ( а очиглено не сакаш ) да разбереш дека медаљата има две страни. Јас на пример не се кријам, многу луѓе ме познаваат, а моите ставови и сознанија секако нема да допрат до оној кој едноставно не сака да слушне. Тоа е нормално. Ѕидот не го градам јас, туку ти. Верувај имам многу пријатели. Уште повеќе благодарни, каде јас сум бил тригерот на почетокот на размислувањето. Останатото си го направиле самите, кога почнале да се интересираат „што се*е овој yarre“. До тригерот е и до зидот е. Тоа ти неможеш да го разбереш. Барем со така цврст ѕид околу тебе. Ако некогаш го бутнеш, ќе разбереш што сакам да ти кажам. Штета што не го прочита. Ќе разбереше ( ако можеше) многу корисни работи. Ако упалеше логика, е тек тогаш немаше да ти текне да напишеш небулоза која е во заминување. Осем ако не сакаат да се продолжи експериментот у трети држави како нашата. Бидејќи во нивните или не е воведена, или е напуштена, или е во фаза на напуштање. Како неучинковита. Лекарите милуваат да кажат дека аутизмот е генетска болест. Можеби и е. Ама со таква експлозија од генетски аутизам има после воведување на MMR, рационален човек би се замислил. Независно дали вакцината е причинител или „само тригер“. Резултатот е ист и очаен. @Centurion извини што се вмешав.
Нема проблем @yarre, мило ми е што се вмеша. Но дискусијата со жената е: не прочитав ништо, ја да ти кажам, се е генетско. Епа не е ништо генетско. Досегашното истражување мое не нашло на ниеден доказ дека гените се криви за нешто (правило број 2. Настојувајте да ја прифатите најверојатната вистина, а не да верувате во она што посакувате да биде вистина), што не ја исклучува можноста дека се, со појава на нови докази може да се смени ставот (Правило број 1. Бидете со отворен ум и подготвени да ги менувате своите уверувања во согласност со новите докази.). Но има многу постоечки докази дека живата и алуминиумот (кои се наоѓаат во вакцините) ги уништуваат нервите. Аутизмот не е болест, туку симптом на уништени нерви од жива, алуминиум или некој друг отров. @TheSecret, прочитај ако сакаш дискусија да развиеме. Зошто не читаш, како сакаш да знаеш Посебно за BCG вакцината и нејзината целосна неефикасност, мора да прочиташ. Тоа е превара на столетието. Десетина милијарди луѓе во изминативе 100 години се вакцинирани со штетна вакцина со ефикасност помала од нула. Развиените земји ја укинале и имаат најмал проблем со туберкулозата, земјите од третиот свет сеуште мака мачат со туберкулозата. Просто е правилото: Земјите што вакцинираат со BCG - имаат туберкулоза. Земјите што не вакцинираат со BCG - немаат туберкулоза. Развиените земји ја укинуваат систематски пред 15-20 години и туберкулозата се намалува уште повеќе. Дури и фарма индустријата ја има признаено неефикасноста, портпаролот на фарма индустријата, CDC не ја препорачува таа вакцина. ГЛедај чудо болеста е на најниско ниво од било кога. Болеста ја нема во развиениот свет благодарение НЕ на вакцината. Ова е уште една болест што е скоро искоренета без вакцина, како и повеќето болести. Ние во Македонија имаме проблем, сеуште ја користиме неефикаснава вакцина. Треба да ја укинеме, што побрзо, тоа подобро за нашите поколенија. Правило број 10. Оставете го светот подобро место за живеење отколку што сте го затекнале. Се повеќе селебрити личности се информираат и заземаат став против задолжителната вакцинација: https://www.facebook.com/thefreethoughtprojectcom/videos/1832063710347221/ Свеста на народот е на повисоко ниво секој ден, благодарение на науката и делењето на знаењето. Ништо од тоа немаше да биде можно без интернетот, немаше да има групи и граѓански здруженија во кои се делат вести информации, немаше да имаме пристап до научни студии. Фарма индустријата плаче за времето кога никој не можеше да дознае ништо.
Мене ме горат уши, ми црвенаат образи, а тоа трачање по форум, на една посеризона тема, и тоа без да бидам означена. Што е? Фалам? Ако знаеш да читаш, ќе видиш дека ова што си го напишал важи за тебе. Никогаш, во ниту едно мое мислење не сум препорачала или пак не дај боже убедувала. Се што сум пишувала било реплика на вашите мислења. Ако тебе те гризе совест, јас мирно спијам. За да ти разјаснам, еве, еден од многуте примери за препораки и убедувања: Уште мал милион вакви и слични постојат во вашите мислења. Во ред е. Гледам дека не разбираш. Иначе ќе ти беше јасно дека @joy1 застапува, односно има спротивен став од мојот. Фер е да означиш. А гледам, не знаеш ниту никот да ми го напишеш правилно. Мора да е многу комплициран за тебе. За да ти биде полесно, викај ме Ана. Да. Со @Cosmi секој ден пиеме кафе заедно. Многу добри другарки сме. Додека пиеме кафе, смислуваме интриги како да ги дискредитираме вашите мислења и како се повеќе да убедуваме родители да вакцинираат. Оти ние немаме друга работа. Ох, чекај. Тоа сте ти и @yarre. Нов си на форумов. И остануваш нов. Затоа што те интересира само оваа тема. И повторно правиш грешки во истата. А за другите сметаш дека се неквалитетни. А видиш, да разгледаше по форумов, ќе видише дека не се сите теми кафе муабети. Па немаше да мелеш празна слама за истото. Друга работа. Јас напишав мислење, кое ти требаше да го побиеш. Соодветно. Ама тоа е она што послабо ти оди, па затоа секогаш се насочуваш кон лични препукувања. Поздрав тука, Јаре. Фати си го другар ти под рака и продолжете со она во кое сте најдобри. Истражувања за контра вакцини. Не за друго, ами ретко добра комедија можам да најдам, па тогаш, како замена за истото ги читам вашите мислења. Прилично многу ме забавувате. ------ Се обидов да ве игнорирам, ама гледам дека во темава упорно ме споменувате. Изоставете ме нареден пат. Имате вие многу попаметни работи од трачање. Или, сепак не?
Само пренесуваме она што некој квалификуван за тоа размислува. Овие информации не ги споделуваат докторите, иако треба баш тие да го прават тоа. Ги споделуваат само некои доктори. Во тој поглед некаде наназад ги ставив во групи. - Доктори кои целосно веруваат во она што им се сервира од страна на презентерите и функционираат по систем на слеп води слеп. - Доктори кои се свесни за ризиците и опасностите од вакцините, но сепак за да си го зачуваат платичето и евентуалното спонзорирано шетање, препорачуваат вакцини и се трудат да имаат што помал број на одбивачи. Овие се делат на све групи: За туѓи деца препорачуваат а за свои не. - Доктори свесни на ризиците преќутно се сложуваат родителот да не вакцинира. Ваква лекарка имав среќа да е на моите деца. Обично успешно се носи со пресингот наметнат „од горе“ за што поголем број на вакцинирани. Овие „позади завеса“ го кажуваат својот став, обично само кај родители каде што ќе осетат дека можат. - Доктори кои јавно се спротиставуваат на вакцините, неретко шиканирани од остатокот од фелата. Вистинска реткост кај нас, а во светот неретко мистериозно ги снемува. За ова реков дека ти го плеснал у фаца. Особено за The art of talking without saying anything. И те погодил. И што сеа? Тоа е со вистините низ историјата. Секогаш без исклучок. Прво исмевани, па напаѓани, за да на крај се прифатат. Ти си кај исмевањето.
Лианана, шубо ти е признај, се ни изнакажа и ти олесна Ни недостасуваше твојата мудрост на темава. Вистина никогаш не сме можеле да ги побиеме твоите факти, јас додуша не ни можев да ги разберам, не сум ти на ниво. Се трудиме да не те вознемируваме, никој те нема означено (кај смеeш змеј да будиш : ), но беше спомната за пример на човек што дава стручни препораки за вакцинирање. Тоа е голема одговорност што си ја превземаш на твојата совест, одговорност што никој на овој свет не сака да ја носи. Сите институции се прават луди кога ќе дојде до оштетување од вакцина, никој не сака да превземе одговорност, чиста конциденција се настанатите нус појави или криви биле таму некои гени, a oбично родителите се луди или глупи. Јас не мислам да давам никакви препораки и во иднина, затоа спијам помирно од тебе. Секој треба да си донесе одлука. И нема да критикувам одлуки, секако. Уште една добра статија за вакцините и реалност во која живееме. Никогаш не се направени студии за безбедноста на вакцините, но без проблем се донесуваат нови закони за двојно или тројно повеќе задолжителни вакцини, со претпоставка дека безбедни. Никакви студии за безбедност: https://jonrappoport.wordpress.com/2018/01/29/basic-vaccine-lies-in-the-world-of-fake-news/
Ноуп. На иронија и сарказам не реагирам, ниту пак на нешто насочено директно кон мене. Не можам со вас. Се откажав од темава. А сепак имав убаво мислење за тебе. Сам ми го докажа спротивното. Рече оној кој во темава за пример го посочи Менгеле. Вау. Секоја чест човеку на знаењето кое го поседуваш. Просто ти завидувам. Дотолку, што не можам ниту да спијам. Стручните препораки, совршено добро ти прелегаат тебе. Супер ги презентираш. Те молам, продолжи да ме забавуваш.
Не можам да не кажам, ќе пукнам. И ќе ми избришат пост, а и ќе ме нападнат овие двајцава... Ама, само тие се учени и читани. Ние сироти, за нас буквар немаше...ние сме глупи, тие ги завршија сите можни факултети. Па и уште не признаваат што и како се учи на медицина. Не знам само дали пијат лекови, зошто ако го прочиташ упатствата на гз ќе паднеш какви се последици има од нив, се до коматозни состојби. Зошто и против пеницилин не се буните??? Еве јас сум имала пеницилински шок, зошто да смее и тој да се произведува ако дава такви реакции. Ете, штетни се вакцините, и сега што??? Едино што може да се постигне е некој неинформиран родител да не го вакцинира своето дете. Зарем ќе забранат вакцини само затоа што еве, има двајца што знаат се, и учат од статии на нет и се караат на фемина??? Во моја фамилија има доста лекари, не оние општине кои ги посетуваме често и ни велат ок вакцинирај. Доктори кои излегле многу подалеку од границиве наши и кои виделе све и свашта. Примариуси. Па не ми е јасно зошто тие се уште вакцинираат. Ова испадна дека аутизам и туберкулоза се добива само ако вакцинираш. Ајде пукајте сега, вреѓајте и извадете уште некое линкче. Глупи ние, сироти ние.
Премудра Лианана, те молам за совет. Зошто во светот се шири паника за една болест а се премолчува за друга? Сега е актуелна епидемијата на морбили во европа http://telma.com.mk/trojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-morbili-vo-evropa/ Ќе умрат десетина од компликации на морбили и цела година ќе слушаме за оваа епидемија и страшните морбили. Во исто време околу 7 милиони европјани ќе умрат од други болести. Во исто време околу милион европјани ќе умрат од докторска грешка или нус ефект на лек од фарма индустријата, но никогаш нема да слушнеме за нив. Ќе слушаме за морбилите и антиваксерите, кои за се се криви. Зошто се слуша за 5 смртни случаи од една болест а не се слуша за 7 милиони смртни случаи од другите болести. Дали тие 5 се поважни од 7 милиони? Мене вестите од медиумиве ми немаат логика, па можеби ти знаеш да ни дадеш одговор, досега за се си имала.
@Цвет88 Пеницилинот (ако уште се произведува) не е задолжителен. Ниту било која друга хемикалија, суплемент или лек. Ниту туната. Ништо не е задолжително на овој свет, само вакцините. Противуставен закон донесоа цреповите во парламентов. Вакцината може да е само препорачана, а не и задолжителна. А како би се чувствувала ти пеницилинот да е задолжителен и после појавена реакција на пеницилин да мора да примаш пак, уште 20-30 пати? Затоа што такви се правилата за вакцините, нема исклучоци, ќе мора да плаќаш казни и да одиш на суд доколку се противиш. Илјадници случаи кога докторите се правеле слепи на нус појава и повторно дале вакцина но вториот пат нус појавата била многу пострашна. Никој не дава поштеда од вакцини. Неписмениве доктори по диспанзериве вакцинираат се по ред, и болни и настинати и со температура и секакви. И во цел свет кај што е задолжителна е така, не поштедуваат никого, вакцинираат се освен оние што се на хемотерапија. Ако имаш доктори во фамилијата, примариуси или било што , донеси ги на темава. Нека побијат било кој факт, студија или статистика. Добредојдени се. Јас сум тука да учам, не да се карам
Кукле не се само родителите или обичните граѓани антивакцинари.Против се и доктори,имунолози,поранешни вработени во производство на ваквини,невролози и многу други едуцирани во областа на медицината кои јавно кажуваат за тоа колку лошо влијае вакцината на здравјето и колку воопшто не помага туку одмага.Така да воопшто не држи вода сликата што си ја објавила. И не не ги напаѓам родителите што вакцинираат.Се разбира дека тие исто како и оние кои не вакцинираат,се трудат да му го дадат на своето најмило најдоброто.
Доктор во европа или америка ако јавно проговори за нус појавите на вакцината може да се збогува со кариерата. Затоа 99% ќутат.
@Centurion Пред повеќе месеци, поради причини неповрзани со темава, посетивме повеќе специјалисти за детска медицина во Германија. Првото прашање кое ми го поставија при составувањето на анамнеза беше дали вакцинирам, кога последен пат малата има примено вакцина, какви биле реакциите, дали сме забележале промени после примањето на последната вакцина... Најискрено страв ме фати мене и после тој разговор, ммр, која не ни беше ставена, нема ни да ја ставам.
Да, последнава деценија искусен доктор при донесување дијагноза прашува за скоро примени вакцини. Секако, не во Македонија. Заушки, морбили и рубела се нормални болести или беа пред неколку децении, така што можеш да бидеш спокојна околу невакцинирањето со ммр. Смртност по правило има од секоја болест, но битен е процентот. Како што објавив и претходно, 5-7 милиони европјани ќе умрат од разни болести, 0.5-1 милион ќе умрат од докторска грешка, 10 ќе умрат од морбили, не 10 милиони, туку 10 единки. Во Англија пред воведување на вакцината за морбили од популација 55 милиони во просек умирале по 55 луѓе од комликации на морбили, тоа е процентот на смртност и тие се фактите, никогаш не требаше да се прави вакцина за оваа болест на прво место, затоа што смртноста е премала. Се крева паника за нерелевантна болест, се лае на грешниот кривец, се замајува народот, не се решаваат вистинските проблеми и се продаваат се повеќе вакции и се носат се полоши закони со кои се одземаат правата на луѓето.
Епа ете нека ве послушаат. Нека ги забранат. Ама зошто ли не ве слушаат вас??? Моите доктори се докажуваат во установи. И се докажале.