@yarre Не сакам да ширам никакви паника ни закани, само го кажувам моето мислење. Всушност тоа си ти кој гарантира дека нема да добијат казна иако не го знаеш тоа, има соодветни законски акти за истото, а се повикуваш на едниствена пресуда која според македонскиот судски систем на граѓанско право не е релевентна како во системите со обичајно право. Костова баш денес рече дека имало изречени пресуди, ама се разбира мене воопшто не ми е тоа мило, ниту се ситам, напротив, знаеш дека и моето мислење е дека не само што не треба да се казнуваат, туку и не треба да бидат задолжителни. Всушност, еве уште еден член од закон кој може да се употреби како спротивставување на пресудата која ја цитираше погоре. Пресудата ја донесле затоа што не било наведено дека родителот е тој кој треба да биде казнет, е кој да биде казнет, детето? Според Законот за заштита на правата на пациентите, баш родителите/старателите/законските застапници се тие кои се наведени како застапници на малолетни лица. Затоа мислам дека пресудата од погоре е целосно сомнителна или имале многу добар адвокат. Заштита на пациент кој не е способен да даде изјава Член 15 За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа без негова согласност, за деловно неспособен или малолетен пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата од членот 14 на овој закон ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот. Се разбира, чуму се казните ако не се разумно земени во предвид сите докази кои медицинската наука ги има за ефективноста и безбедноста на вакцините. @Lepaaa Па не може да се каже дека е нова мода. Нова мода е ова целосно невакцинирање, кое не само што не е оправдано, туку е и неразумно. Иако откако постојат вакцините како задолжителни средства пропишани од државите имало луѓе кои се спротивставувале заради различни причини. Отпочетокот најчесто биле религиски причини, сметале дека болестите биле испратени од Господ за да ги казнат грешниците и не смее да се заштитува од нив. Но најголема причина подоцна станала безбедноста, затоа што вакцините за разлика од другите медицински интервенции се даваат на здрави луѓе, постои далеку помала желба да се толерираат несакани ефекти од вакцините, наспроти несакани ефекти од други медицински терапии. Исто колку што се зголемува успехот на вакцините толку се намалува ризикот од болести, дури и на невакцинираните, затоа вниманието на јавноста од ризиците од болестите се префрла на ризиците на вакцините. Сепак не е ново да не се вакцинира со некои вакцини, тие најчесто биле учените луѓе и тоа го правеле само за вакцините кои имале најмногу несакани ефекти и за кои знаеле дека болестите нема да се појават како епидемија. На пример во Југославија учените луѓе ја прескокнувале вакцината против вариола вера затоа што било болно вакцинирањето и оставало голема лузна, а имала и чести несакани ефекти. Но тие знаеле дека за да бидат безбедни мора сите околу нив да бидат вакцинирани и молчеле, за разлика од сега кога одвај чекаат да се пофалат по форумите, токму заради погрешни информации кои ги имаат за вакцините. @friendly 1. Па биди благодарна затоа што нема епидемии од дифтерија и пертусис, токму заради вакцината која сите други ја примаат за да бидат заштитени и најмалите се додека не примат вакцина. 2. Па токму тоа и го кажа вчера на вестите докторката. Рече дека не им било целта да казнат само за џабе, кога децата пак ќе останат невакцинирани и незаштитени, затоа се обидуваат да дејствуваат со давање информации, ама за жал многу лошо го прават тоа, ете на сајтот немаат никакви брошури и информации.
^ Нема потреба од цинизам, никој не гиба во вашата интима, тука се работи за НАШИ деца. Почитувајте туѓи избори различни од вашите, посебно кога нема никаква врска со вас.
Може ли да ви се замешам во темава? Јас не сум мајка ама си имам мислење за вакцините, донесувам одлуки за вакцинирање во прашање на четириножни оти и за нив има настанато галама требаат ли секоја година или е за пари... ај да си кажам што дојдев да кажам. Секој родител мора да има право да одлучи за своето дете, без ограничувањата, и бог да чува закани и казни кога станувало збор за закони демек поради некоја загрозеност на масите. Кого потенцијално загрозуваш? Секој што се смета загрозен од тебе невакцинираниот/твоето невакцинирано дете, иди вакцинирај се ти, повели, еве ти имунитет, ќе си здрав/преживееш при епидемија, што береш веќе туѓо гајле? Невакцинираното дете си има родител да му се тресе над глава ако се разболи од болест за која веќе постои превентативна вакцина. Ама, од друга страна, се согласувам и со тоа, дека кога би дошло до масовно невакцинирање, тоа дава пат на оние искоренети болести, искоренети благодарение на вакцините, да се вратат, масовно рашират меѓу невакцинираното население, да направат тотален хаос со недостаток на здраствени ресурси, хаос и во економијата многу јасно, кога работната рака е врзана за кревет дали поради себе или поради чување на болното дете. Мриежот плус, пу пу пу ако се работи за нешто посериозно. Сепак, се додека родителот знае сам да одлучи што е најдобро за своето дете, тој највеќе си го сака и го сака најдоброто за него, а не државата, и е тој што треба да го задржи тоа право да разгледа, научи, размисли и одлучи. Дека има помодарство, има и тоа. Не секој родител кој решава да не го вакцинира детето го тоа решил врз основа на информирање со факти, па тогаш да одлучи вака или така. Тој што не вакцинира, не вакцинира ни со време ни за време на епидемија, а еве ги кај нас пред амбулантите со децата на вакцина против сипаници, кои не ги вакцинирале помали оти ни Стојна ни Севда не го вакцинирала нејзиното тогаш, а не затоа што на времето седнале и мериле кое зло е поголемо па свесно се одлучиле против вакцината.
Кога беше епидемијата ода заушки и мали сипаници во 2010 97% од заболените биле вакцинирани, а само 3% биле невакцинирани. Зошто да вакцинирам ? Ми гарарантира некој дека моето дете нема да заболи во време на епидемија доколку е вакцинираном ? Јас имам прележано заушки а бев вакцинирана, во денешно време има јаки антибиотици што секако се помалку штетни од една вакцина.
Да не се разбереме погрешно, не апелирам на никого да вакцинира. Секој има очи да се начита, мозок да размисли, па ако постои и лично искуство, од прва рака да го земе во предвид, и да си одлучи за себе. Само од постов за јаките антибиотици V вакцина, да дадам коментар, оти тој став не е вистина. Вакцините се правени за против вируси. Антибиотици инаку немаат влијание на вирусни болести. Само на бактериски, макар што еве се дрма дека се` повеќе и повеќе губат ефект поради прекумерното користење(не кај поединци, туку користење во целост), што е логично де, па и бактериите се жива работа па си еволвираат за да преживеат, ама тоа е друга тема.
Искрено ми се допаѓаат смешките на Lepaaa и baby-star. Колку што гледам во тикерите тие се млади девојки, со веројатно убави врски во кои што се сакани. Понатаму здравје боже ке станат мајки. Тогаш можеби ке се вратат на форумот токму во темата, и можеби ќе ја читаат од почеток до крај. Можеби да можеби не. Можеби системот дотогаш ќе еволуира во званична одлука на родител. Можеби и не. Но верувам дека во нивните девочешки глави ќе остане информацијата дека има и родители кои исто како нив ги сакаат своите дечиња а ете не ги вакцинираат. Добро е што сега имаат реакција, макар и саркастична. Добро е што не се без реакција. Се надевам дека ме разбирате.... За вакцините се зборува. Веројатно многу повеќе од тие кои не вакцинираат. Тие кои одлучиле да не вакцинираат, човек е многу тешко да ги разубеди. Отпорни се на догматски ликови како експерт, разни притисоци, уцени, па дури и казни ако настанат. Влегле длабоко во пандорината кутија, и разумот не им дозволува да ги вакцинираат децата, родителскиот инстикт особено. Камо среќа невакцинирањето да беше мода. Не е, далеку е од мода. Тоа е огромен проблем на млад родител со бебенце, или бебче кое е на пат. Во главата се судруваат многу работи, и одеднаш осознава некои други вистини кои се шок во најмала рака. Што да прави ? Како да го заштити своето најмило ? Како вакините сега не делувале, како предизвикувале болести ? Па нели не учеа другачие ? Зошто во некои земји вакцините не се задолжителни, зошто во некои е одлука на родител, комшиката ми кажа дека детето има аутизам, и кажале позади завеса дека е од вакицините, како ке ме разберат моите родители, ако на бебето не му дадам вакцина, што ќе речат другарките, они не ни знаат за што ги вакцинираат своите бебенца..... И уште иљадници кошмарни прашања, дур го држите малото во раце, или сеедно го носите во стомак. Крстопат каде да се тргне, се нема време, ми се јавујат од диспанзер, ме притискаат.... а зошто ме притискаат ? Го барам законот и членот од опомената на интернет, не постои, зошто не постои ? Нешто смрди.....што да правам...си го сакам моето најмило... Илијадници прашања....кои е добро да ги поставите сега, додека сте девојки, во љубов, во веројатно убави врски. Одлуката мора да е Ваша, каква и да е. Борбата на поединците во системите нема крај, тоа е стил на живот, и како што кажа еден родител, моите деца за системот се само статистика, а за мене тие се се што имам и го сакам. Се надевам дека ќе го разберете овој мој добронамерен совет. Прво како човек, второ како родител на двајца терористи, и трето како индивидуа чија примарна цел е да овозможи на своите најмили максимум од неговата моќ да им пружи се најдобро што може. Мојата 100% убеденост во одлуката ми дава за право таа да ја поделам со другите, да им ја објаснам одлуката. И да, се радувам кога ке дознаам дека има ете уште едно неоптеретено здраво детенце, кое нема изместен органзам поради тие пусти вакцини.
Мене по целото прелистување по темава најмногу ме нервира фактот на задолжително по закон, да тераат дека се нема избор, а ваму вакцините се толку кадарни, стари, евтини и неквалитетни, па види изненадување и колку вакцинирани во примерот со заушки ги фатиле, без обзир дека тие кои ги сметале за вакцирани најверојатно и добиле неадекватна вакцина, ама ставил некој решка во тефтер за завршена работа. Родителот треба да разгледа доволно, и да избере тогаш. Лекарот нема да каже свое лично мислење оти не е под такви инструкции. Кој му дава работа ќе му диктира како да си ја работи или ајт низ врата ако си многу паметен. Јас му имам кажано на мојот лекар зошто треба да ми смени лекарство и ми го смени без да се буни, ама сам никогаш не ме прашал а вакви симптоми имаш ли? Исто е за вакцините. Давајте тоа за овоа и она за оноа и ако нема прашања нема што да советувате. Лично сум скептична за новите вакцини како ХПВ што е, за кои нема доволно инфо за да човек сам пресуди што е ок што не, моментално се собира дата од вакцинирани девојчиња, и јас да би имала ќерка ќе речам не за неа. Другата страна на медалјата е искоренетите болести. Дали се искоренети? Светот е отворен. И во Кина немало случај на Полио(друго ли му е името на македонски? не се лежи недела две, парализира а нема лек за него, единствено е превентива опција) две декади искоренето додека не им е донесен вирусот повторно од мислам Пакистан дека беше. И биди паметен сега. Едно е да се има цврст став ЗА и цврст став ПРОТИВ, ама тешкото е на тој што решава и не се одлучил кој да слуша или пак опција можеби е да бара златна средина меѓу двете.
Јас многу не му ја мислам, како сите така и јас. Немам избор а колку повеќе знам толку повеќе сфаќам дека ништо незнам и се опседнувам па место да се грижам за бебето јас ќе дремам на интернет и ќе читам се и сешто и на крај ќе станам комплетно параноична а избор немам, МОРАМ. Тука децата за во школо да се запишат треба да ги имаат сите вакцини примено, значи јас дома ќе ја школувам ќерка ми? А дека имам некаква сила или влијание да сменам нешто, немам така да дали сум ЗА или ПРОТИВ нема ништо да смени.
Yarre не знам зошто имаш таков впечаток дека ако некоја овде има контра став од вашиот дека веднаш сака да наложи нешто друго или пак во најмала рака да ве омаловажи вас родителите. Точно е дека вие кои сте родители имате и родителски инстикт и свој став во врска со вакцините или со што и да било друго,кој не секогаш ќе соодвестува со мојот или на некој друг. Така да сега и ти саркастично разговараш,бидејќи ете ти си родител и знаеш се,а ние кои сме НЕродители појма немаме од животот. Кога ти имаш право да произнесеш свое мислење тука,тогаш и јас имам право да си го кажам моето. А бидејќи сум медицински едуцирана знам колку и зошто се важни вакцините,и затоа мојот став е ЗА а притоа никој не ве навреди или убедува вие кои сте со став ПРОТИВ вакцините. Ваш избор,
Мене повторно, за жал не ми беше одговорено зошто кога требаше да го вакцинирам моето бебе, на закажаниот датум, а и после 2-3 недели во болницата во местото каде живеам немаше вакцина ДТП? Иии да претпоставиме дека ете се случи епидемија (некоја мајка како мене не го вакцинирала своето дете), нема вакцини, што правиме, ќе чекаме да се распише тендер, па ова, она и оде воз у кукуруз. Второ, зошто кога ХПВ вакцината не е задолжителна ги уценуваат родителите на девојчињата дека доколку не ја примат истата нема да може да се запишат во средно училиште? Трето, каква вакцина се става за заштита од некој мутиран птичји или свински грип? Немој сега да ми кажете дека благодарение на вакцинацијата од свински или птичји грип, овој вирус или што и да е е искоренет и го нема или нема да го има?
Едно од најголемите светски достигнувања во здравството е вакцината против полио. Исто и откривањето на пеницилинот. Цел свет се бори да најде вакцина против сида. Ако нема вакцини против вируси, или антибиотици против бактерии, што би било? Ај да бидеме искрени, амбулантите се полни поради секое накашлување на детенце, сите се клукаат со антибиотици и кога треба и кога не треба, а сега против вакцините? Секогаш постои ризик, но поголем е ризикот ако нема вакцинирање, тоа е моето мислење. Можеби некој ќе настрада од вакцина, но илјадници ке се спасат. Тука веќе станува збор за заштита на човештвото преку заштита на поединецот. Е сега, прашање на избор, тоа е дискутабилно, но тогаш можеби би настанал хаос, верувајте како што земјата е се’ посиромашна, болестите се’ повеќе ќе се враќаат. Јас го кажав моето мислење.
Болдираната реченица е најголемата причина зошто се поголем број на родители се одлучуваат против вакцинирањето на своето дете. А болдираното се кажува онака нај ноншалантно као еееее па вие што му ја мислете ете некое ќе настрада, големо чудо, ако се погоди баш вашето епааааааа извинете не сте имале среќа, ќе си го чувате болното дете ваше си е, битно е илјадниците што ќе се спасат. Мене како родител не ми се битни тие илјадници, битно ми е само моето дете и како што имам кажано предходно пола, пола сум со вакцините, ги има примено само тие од кои што постои реална опасност да се зарази, а за болести кои се непостоечки нема да го вакцинирам.
Моето прашање воопшто не беше цинично поставено. Во зависност од моменталното расположение (дури го читате) можете различно да го протолкувате. Разговарав со блиска личност, која е бремена и таа го имаше истиот став како повеќето од вас тука т.е. не за вакцините. Пробав да читам со ред, стигнав до негде, искрено зошто темава е преполна со закони, препукувања, ми се смачи и решив да прашам. Извинете ме за неинформираноста на оваа тема и фала Богу, и јас еден ден ќе имам МОИ деца и сакам да знам нешто повеќе околу тоа. Нема потреба од вакви спротивставувања (ете и јас така ги сфатив вашите коментари).
@cecilia Не, не и не. Немора децата да се вакцинирани за да се запишат во школо. Тоа е една многу добро протната лага. Во оделението на син ми, 3 дечиња не се вакцинирани, и не се вакцинираат. И ете ги, во прво одделение. Не ми је јасно од каде е тој мит дека децата мора да се вакцинирани за да можат да се запишат во школо. Кога јас, дури и напоменав, при упис дека детето не ми е вакцинирано, ми се насмејаа, и ми викаат, а што мислиш дека е единствено? Видов дека многу родители кои не ги вакцинираат децата, едноставно не влегуваат во вакви форумски ниту билокакви полемики на таа тема. Едноставно тераат, знаејќи дека можеби во пошироката јавност нема да бидат разбрани. Бејби-Стар, Ти немаше став, ти имаше спрдачење. Јас од тебе не видов дискусија... Не ја оспорувам твојата медицинска едукација, но ниедна професија, вклучувајќи ја медицинската, не смее да биде ограничувачки фактор во твојот понатамошен развој како индивидуа, со сопствени размислувања. Впрочем и медицината еволуира, контролирано но сепак еволуира. Она што довчера беше најдобар лек, одобрен од сите релевантни институции, веќе утре може да биде укинат поради огромни нуспојави. Lepaa, Многу ми е криво што форумите или фејсбук, се во моментот можеби единственото средство за информација која е различна од класичниот стереотип на едностраното информирање од државата, минстерството за здравство и слично. Кај нас не се нудат повеќе информации од релевантни институции, како по примерот на други држави каде на родителот му се сервира се од информација па се остава на негова одлука. Во нашите општества, родителите кои не вакцинираат се шиканирани и од системот но и од лимитирано образованите околу себе кои ја слушнале само едностраната сторија за вакцините. Тие родители не се моќни да направат дружба во парк, не се моќни да влијаат на системот, не се моќни ни да се спротистават на стереотипната догма, која со децении се инсталирала во популацијата. Но, ние не сме новост, во блиската околина, а секако и во светот ден денес постојат вакви спротиставувања. Мене лично ме радува фактот што догмата околу вакцините полека но сигурно влегува во историјата, и се надевам дека моите деца, ќе немаат потреба да размислуваат за нив. А за прашањата, дај конкретно прашање, верувам дека секој ќе го даде своето мислење. Темата збунува, ама за жал и догмата со многу неодговорени прашања.
Yarre јас баш од тебе низ целата тема воопшто не видов продуктивна дискусија,туку само излагање на твојот став,цело време како невакцинирањето е спас од сите болести. Тоа можеби е ок за тебе,но немој да даваш реплики на секој пост кој не се соодвестува со твојот. Поздрав,
Не гледам ништо кажано во контекст на дискусијата. Не` опиша НАС, „модерни родители кои фураат нова мода“, за после да кажеш дека твојот контра став не значи дека не` омаловажуваш. Ти од старт го направи тоа. Кажете што имате да кажете, дајте повеќе информации, дајте да помогнеме на родителите кои се во дилема, и не анализирајте многу личности, посебно не со саркастични коментари, тие нема на никого да помогнат.
Јас само го искажав мојот став, нели за тоа служи форумот. А не давав никакви лични забелешки како што добив за мојот дека е тоа ноншалантно кажано. Како е кажано може да се сфати ако е слушнато. Значи воопшто не е ноншалантно, и не реков дека е големо чудо ако некое дете настрада (непотребно вадење од контекст и додавање некажани зборови како - големо чудо). Секако дека за секоја мајка нејзиното дете е цел свет, но човекот е социјално суштество и не живее сам туку со другите, и јас се грижам и за едне човек и за целото човештво, а не само за моето. На крајот, ваш е изборот, ама се повеќе човек не може да искаже мислење а да не е нападнат. Значи, тоа е мојот став, вие кажете си го својот. Тоа е форум. За тоа постои.
А каде се најде ти омаловажена? Со тоа што кажав дека со последната еволуција на интернетот и се и сешто напишано дека невакцинирањето стана нова мода. Па стана.Искрено и не е за лутење. Ваш избор е дали и што ќе правите со вашето дете,меѓутоа колку повеќе има родители кои не ги вакцинираат децата,факт е дека ќе има и повеќе болести. Значи човек не смее ништо да напише форумот без да се нападне.И тоа е факт.Ама баш во секоја тема.
Напаѓаш индиректно со изјави кои не помагаат во ниту еден сегмент на темава, затоа изреагирав. Мислиш дека НИЕ те нападнавме тебе? И тоа е факт? Ај употреби го твоето медицинско знаење, и наместо психолошки да и` пристапуваш на темава, дај факти што си ги учела, да научиме и ние нешто што не знаеме.