@TheSecret , Јас немам таква моќ да ти кажам нешто што ти не сакаш да го слушнеш, ниту прочиташ. Ете ти објаснија директно, ти не па не А не знаеш ни зошто не. Идам со една скала подоле. Замисли дека после посета на позната пицерија, на стотици луѓе им се дијагностицира Ешерихија Коли. На таа пицерија, и се дозволува, самата да врши испитување, по кое таа тврди дека нема врска Ешерихијата со пицеријата. Дали ти би верувала на пицеријата и би седнала да јадеш ? Капираш ?
Не сака да капира. Но ја спомна црната кашлица. Ефикасноста на вакцината против пертусис е нецели 9% http://pediatrics.aappublications.org/content/pediatrics/early/2016/02/03/peds.2015-3326.full.pdf Или со други зборови никој не е заштитен од црната кашлица. Како за магистер, чита многу безвредна штампа. Првата статија нема никаква подршка од линкови и студии, а авторот зборува за некаква лошо спроведена студија за алуминиум. Се гледа дека не знае што точно сака да каже. Аутизмот не е супер состојба на многу невронски врски, туку состојба на изгорени нерви во мозокот. Има експерименти и студии што укажуваат како живата и алуминиумот ги уништуваат невроните. Вториот линк. Тоа е мислење на некој доктор. Точно е дека таблетите и телефоните во денешно време негативно влијаат на развојот на децата, но тоа не е аутизам. А аутизмот почна да се зголемува скоро истата година кога ги дуплираа вакцините со жива на крајот на 80тите години кога уште не беше изимислен првиот таблет. Третиот линк е од сајт со име: глас за подршка на вакцините. Текстот е пропаганда за 5то одделенци. Неука мајка на 20 години која сакала да се породи природно, да го дои детето со мајчино млеко, не сакала никакви лекови и вакцини, само не знаела зошто не ги сака вакцините, ама знаела дека се лоши. Докоторот ја прашал дали била на медицина и оваа сватила дека е многу глупава. Докторот и објаснил дека децата со аутизам се всушност прекрасни , талентирани и уметници. Докторот во приказнава не постои како ни мајката, се е измислено. Затоа што некои од децата со аутизам кога ќе пораснат големи сеуште ќе носат пелени, нема да знаат да јадат сами, некои нема да зборуваат, скоро никој нема да може да работи и ќе треба некој да се грижи за нив цел живот. Распоредот за вакцини бил совршен, измислен од најинтелигентните луѓе во светот. Го мислеле 5 години 24/7. Распоредот кој се менува на 3 години кога се додаваат уште 5-6 дози. Измислениот доктор потоа лаже дека нема интерес да вакцинира. Видовме колкав бонус добиваат за секое вакцинирано дете. ГОдишно им се собира и по 50.000долари. Потоа измислениот доктор и дал на измислената мајка пропаганден материјал за вакцините, рекламни листови и и рекол да ги прочита. Ги прочитала и била збунета. Ама продолжила да не вакцинира. Детето појавило аутизам и без вакцини, па тогаш заклучила дека вакцините се безбедни и ја вакцинирало против се. Во втората бременост се вакцинирала и самата себеси против грип која содржи жива и пиела секакви лекови, затоа што медицината била докажана. Веке не јадела ништо природнои едвај чекала да ги стави првите вакцини на своето второ дете. Првото дете со аутизам било прекрасно, гениј било, како моцарт. Многу се гордее на аутизмот. Има еден збор за вас што читате вакви колумни: gullible. Види што значи. уште малку ќе ве убеат дека аутизмот е дар.
Јас сум лаик за темава, знам само едно дете за кое лекарите им тврдеа на родителите дека е аутистично, а овие беа убедени дека тоа е од вакцина, се додека не се преселија во Германија и не им потврдија официјално после долги испитувања дека детето всушност нема аутизам туку се работи за вроден мозочен проблем, не знам точно како се вика тоа што го има. Доколку не постоеа вакцините и ден денес ќе постоеа страшни епидемии на болести кои се искоренети и фатални, ќе умираа по стотици и илјадници луѓе за кратки временски периоди, да се разбереме, подобро е еден на 10.000 луѓе да има лоша реакција на вакцина отколку 1.000 мртви од полио за краток временски период од неколку месеци, овие бројки ги лупам онака, но разбирате што сакам да кажам. Невакцинираните деца претставуваат опасност за вакцинираните, тие деца го намалуваат колективвниот имунитет, и драго ми е ако е вистина тоа што разбрав дека невакцинираните деца не ги примаат во градинка, а не треба ни во школо.
Да ве прашам јас нешто. Дали можете барем еднаш да формулирате тема како што треба? Не е потенцирано за какви вакцини станува збор. На пример луѓе примаат вакцини бидејќи се алергични на нешто. А тие вакцини им го спасуваат животот и им го стабилизираат организмот. Значи треба добро да се потенцира на какви вакцини се однесува.
Ако ја прочиташ темата ќе ги најдеш сите одговори. Се што кажа е погрешно. Чекај малце, темава не е добро поставена, што значи тоа? Какви се тие вакцини против алергија? Да не си измешал вакцини со лекови?
Се е логично и вистинито, а и не кажав многу, кажи што не е точно. Мене не ме интересира дали некоја ваакцина на еден од 10.000 или 100.000 луѓе ќе му делува лошо, кога останатите 9.999 или 99.999 се спасиле себе си а воедно и околината од некакво заболување.
Да те прашам против кои болести се вакцинира нема да знаеш да кажеш. Се е дискутирано повеќе пати. Ова е лага. Според актуелните закони децата не треба да се вакцинирани за да одат градинка или училиште. Најверојатно си трол.
да?Ма немој против законски е дете да се отпише од градинка или школо.Зошто тогаш учитечлките,психологот,директорот не се побуниа што не е вакцинирана?
Јас ти кажав што знам, индиректно знам за случајов, не сум јас инволвирана, и не мораш на кавга да тераш ‘‘ма немој‘‘.
погрешно си разбрала.Во наш круг на пријатели скоро никој не е вакциниран од децата а на школо и во градинка одат баш сите
Во школо знам дека одат, затоа што е задолжително, но ова го имам слушнато за градинка, а реков дека треба да биде така и со школите, всушност треба да биде задолжително вакцинирање.
Затоа што лаже дека некои негде избркале дете од градника затоа што било невакцинирано. Такво нешто не е можно. Директорот ќе заработи кривична пријава и ќе остане без работа а со добар адвокат и градинката (државата) може да плати дебела оштета.
за кого како.За мене е право на избор исто како и секој вид на лекување(алтернатива,хемотерапија,антибиотици итн).Никој освен мене за мое тело ,мој живот неможе да одлучува,ниту за моите деца.Го правам она што мислам дека е исправно а не сум единствена.Ти во секој случај како вакцинирана би требала да си ‘скроз заштитена’ од болестите така да немора да се плашиш од нас монструмите што не вакцинраме.
@TheSecret Сега и ти ли не ме тагнуваш за да не прочитам а Нема што јас да се пронаогам во твоите постови кога јас месечно ќе се уклучам и ќе пишам дали 10 мислења , за разлика од тебе што си секојдневно онлајн. Инаку и другарка ми е магистер на филозофски факултет па англиски разбира колку да се снајде ако отиде некаде, па ни толку уствари , пред да се фалиш со титулата имај во предвид дека кај нас во нашава земјичка дипломата не е репер за ништо. @RedRevolution не е точно дека не ги примаат во градинка, моево почна неодамна да оди, однесовме празна потврда заверена на нотар и тоа беше се, ако раководителите на градинката не прават проблем кој фактор сум јас или некој друг родител да кажува дали нечие дете ќе оди во градинка или не уствари јас не ни знам кое дете е вакцинирано кое не е, исто како што и тие не знаат за моето дали е или не е. Ние со невакцинираните деца треба да се плашиме од вакцинираните затоа што по примањето на вакцината наредните неколку недели се потенцијални преносители на вирусот за кој се вакцинирани. Инаку во склоп на темата...