Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ме навредуваш, јас не лажам, кажав пример што го знам.



    Не може да биде право на избор ако со тоа го загрозуваш колективното здравје. Мислиш дека мене не ми е страв како моето дете ќе изреагира на вакцините и дека не се плашам да не биде баш моето тоа едно во 10.000 или 100.000, се плашам, но тоа е што е, генерално вакцините прават повеќе добро од зло.
     
    На theowndemon, Lianna Anna и TheSecret им се допаѓа ова.
  2. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    8.929
    Пол:
    Женски
    Epa bravo za drugarka ti, komsiceto moe 4god zbori i razbira ang. A ako sum online ne znaci deka sum na komp celo vreme tuku deka moze go ostavam laptopot uklucen a jas si teram rabota (ama koj da misli neli). Inaku imas pogresna pretpostavka za mene, ne sum nervozna ili neznam sto tuku otvorena sekogas im kazuvam na lugjeto vo lice sto mislam za niv (isto i vo slucajov) bez razlika loso ili dobro. A toa sto celo vreme me citiras, tagnuvas, kontriras pokazuva deka navistina licno si se pronasla vo moite komentari zosto vo sprotivno bi gi preskoknala neli :D
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.182
    Допаѓања:
    88.715
    Пол:
    Женски
    Дали би го уважила тоа право и на родител кој одбива трансфузија и го убива своето дете,а воедно мисли дека тоа е најдоброто за него?
    Или фанатичен веган кој го изгладнува своето дете ,бидејки мисли дека таа исхрана е најдобра за него?
    До каде оди слободата и правото на избор,до каде оди располагањето со животите на децата?
    Можеме да одлучуваме за себе и своето здравје ,не за нашите деца!

    Како, никој неможе да одлучува,при патолошки,итни состојби ке одлучуваш ти или лекарот,или во здравствените домови да вработиме мајки бидејки тие знаат што е најдобро за децата?

    А бидејки родителите се луѓе кои помалку или повеке некогаш носат ирационални одлуки кои детето може да го коштаат живот,немаме апсолутно право за располагање на животите на нашите деца,туку имаат сопствени права според Уставот и повелбите на ОН за правата на децата,меѓу тие права имаат и право на медицинска заштита!
     
    Последна измена: 18 февруари 2018
    На Mikha4, CameliaMiller, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.453
    Пол:
    Женски
    @Cosmi зборуваме за Вакцина не за хитна операција.Да земеме да разглабаме за секој медицинска состојба посебно и дали би прифатиле или не дејствување за време на истата?Отвори теми соодветни па ако не ме мрзи ке образложувам.

    Инаку за секоја состојба и медицинска интервенција по член 14 и 15 од законот родителот е тој кој што одлучува и потпишува за своето дете сем ако не се работи за хитна живото загрозувачка состојба.

    лани во болница со дехидрирано дете лекарите оставиа на мене и маж ми да одлучиме дали сакам да лежиме или да си одиме дома ;)
    Што да правам не го измислив јас законот.

    И не се ни обидувај како рандом и за мене скроз небитна личност да ми наметнеш некаква си грижа на совест дека работам погрешно за своето дете.Нема да ти успее едноставно.
     
    На SV1911, Rebecca_R, Centurion и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    За жал секои 30-50 страни на форумот се извртуваат истите работи.

    Околу задолжителноста за градинка.
    ( Не постои закон/правилник/акт каде градинката треба да бара вакцинален статус при упис во градинка, или при престој на детето )


    За упис на дете во градинка, родителот треба да достави потврда за здравствената состојба на детето според член 60 став 8 од Законот за заштита на децата:

    „Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“

    При упис ова е законски, а барањето картонче за потписи излегува вон законот. Барајте писмен одговор дололку ви се заканат дека нема да ви го запишат детето. При тоа, споменете го став 1 од член 13 од истиот закон:

    „(1) Се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон.

    (2) Забраната од ставот (1) на овој член се однесува на сите установи за социјална заштита и социјална сигурност кои решаваат за правата утврдени со закон, јавните установи за деца основани од Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата), јавните установи за деца основани од општина, општините во градот Скопје, градот Скопје и приватните установи за деца основани од правни и физички лица, правно лице запишано како агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и физичко лице кое врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитување на деца како професионална дејност.“

    Начелото за недискриминација врз основа на здравствена состојба е дополнително содржано и во законот за спречување и заштита од дискриминација во членот 3, кој гласи:

    „Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување ипоттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторскопостапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност намаргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјалнопотекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование,политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телеснапопреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравственасостојба или која било друга основа која е предвидена со закон или соратификуван меѓународен договор (во натамошниот текст: дискриминаторскаоснова). „

    А во Член 227 од Законот за заштита на децатасе регулирани санкциите за извршителите било какво дискриминаторско дејство:

    „(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое врши директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварувањето на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон (член 13)

    (2) Глобата од ставот (1) на овој член ќе се изрече и за установа за социјална заштита и социјална сигурност кои решаваат за правата утврдени со закон, како и за јавните установи за деца основани од Владата, општина, општините во градот Скопје и градот Скопје и приватните установи за деца кои се основани од правно и физичко лице и агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст. (3)“

    http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/dete.pdf

    Дополнително, според правилникот за имунопрофилакса, член 84, се “врши проверка на вакциналниот статус“ на детето, т.е. дали и кои вакцини ги има примено. Таа проверка, според правилникот се врши со увид во картонот „за имунизација“ т.е. во картонот за примени вакцини:

    „Проверка на вакциналниот статус се врши врз основ на споредување на приложената документација за сите претходни имунизации, врз основ на Картон за имунизација - Личен картон за извршена имунизација и согласно Календарот за задолжителна имунизација на лица на одредена возраст“

    Проверка на вакцинален статус не значи дека тоа треба да биде „Потврда за примени вакцини“ како што поедини градинки милуваат да кажат. Иако генерално лекарите од превенција ( внимавајте тоа не се педијатрите ) одбиваат да ви ја издадат истата ( Потврда во кое што пишува дека детето не е вакцинирано по календарот за „имунизација“ ) истата потврда може, спрема исказ на родителот да ја издаде и педијатарот, иако тоа не е негово задолжение.
    Тоа веќе е и пракса кај педијатрите.


    За училиште:


    Според законот за основно образование, член 46:

    „(2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.“

    - Ова само значи дека треба да се достави соодветен документ за вакцинскиот статус на детето, во никаков случај не и дека детето мора да биде вакцинирано за да биде запишано. Училиштето е должно да Ви го запише детето ДУРИ и да не доставите таков документ (картон за вакцини), и тоа е сосема јасно наведено во следниот став од истиот член:

    „(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.“

    Законот не го условува запишувањето со ништо друго освен со реонот, и притоа законот НАЛОЖУВА запишување под закана за глоба доколку училиштето не го стори тоа, наведено во член 172, став 1 :

    „Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако : (алинеја 16) - не ги опфати учениците од својот реон“

    Доколку немате такво картонче, давате изјава дека таков картон детето не поседува, бидејќи не е вакцинирано до сега, доколку сакате да задоволите суети кај комисијата за упис, но тоа не морате да го сторите, бидејќи нема законска санкција доколку не го сторите.


    http://bro.gov.mk/docs/zakonodavstvo/osnovno/osnovnoto_obrazovanie_103_19082008.pdf


    Заклучок на сето ова е дека вакцинацијата НЕ Е задолжителна за упис во градинка или училиште. Овие закони малкумина ги познаваат, а така било и порано.

    Јас лично, немав проблем во градинка, а кога го запишував првото дете во училиште, дојдени без потврда, сакав да видам директна реакција од психологот, па ја прашав, а потврдата за вакцини не ви треба, очекувајки да влезам во еден правен дуел. Се насмеа и ми вика, ти што мислиш дека си единствен што запишува дете без примена вакцина ?


    После дознав и кои се децата кои не се вакцинирани кај помалото дете во одделение. 4 дечиња на лекари. Плус моето. Веројатно тоа се деца на „глупави“ лекари од Државна.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Toкму затоа дискутираме со научни факти за вакцините. За да ја увидиме нивната ефикасност и безбедност, историска појава и економските мотиви, за да може секој да увиди дали и кои вакцини му се потребни.
     
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
  8. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Што да каже човек за ситуацијава, осем што не е реткост.
    Го пратам откако настана случај со Гардасил. Мајка му имајќи најдобри намери прелажана, му дала вакцина. За да го заштити. Ете го, на небото отиден прерано, кога борбата за работа на белите дробови очигледно му стана претешка.
    Човек треба да учи на туѓи грешки.

    Еве ја неговата ( и на мајка му ) потресна приказна. Лесна ти земја младо позитивно човече.

     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.182
    Допаѓања:
    88.715
    Пол:
    Женски
    Што ви е поентава со постирањето на овие стории?
    И мешате сезонски,вакцини за тешки заразни болести и ХПВ вакцини,полека малку, ги има оние кои се за битни за колектнивно здравје и оние за лично,не мешајте баби и жаби ствајки се во исти кош.

    Треба ли да постираме сега обратната страна последици од невакциниорање ?
    На секој со тешки последици од дитепер вакцина ,да видиме последици од невакциниран па да споредиме,тоа би било фер.
    Треба ли да пишам сторија како умре дете од пертусис во клиника Ребро,Загреб, во 21 век,невакцинирано од ништо...
    Треба да пишам колку родители пратам кои ги обвинуваа вакцините,бидејки така им е најлесно,а излезе друго?
    Не, нема потреба, се додека науката и 98,5%од медицината кажува ДА за вакцините,А виЕ ДВАЈЦА со реториките "Била излажана,сакала да го заштити...и денонокно постирање стории и истражувања соо години и укажувања на форуми сте за опсервација ,можеби може да ви се помогне со справување со совеста бидејки очигледно форумите не ви помагаат.

    Што се однесува до сипаниците ,сега и овде во близина,не на интернерт и јутјуб,во соседна Србија,тие безопасни сипаници однсоа 5 жртви ,а 94% од болните се невакцинирани,останатите непотполно вакцинирани.


    Покрај тоа позната антиваксерка Јована Стојковиќ доби кривична пријава од група родители за дигање паника за вакцините и свесно намалување на колективниот имунитет ,со што имаат градови со многу ниска вакцинираност со ммр.
    Oni šire paniku, broj vakcinisane dece opada, a epidemija malih boginja se širi po Srbiji. Antivakcinalisti pobeđuju. Uspeli su da obore procenat vakcinacije MMR-om u Beogradu i većim gradovima, posredno šireći epidemiju malih boginja. Usput, i dalje tvrde da je epidemija izmišljena ili da su male boginje bezazlena boelst", upozorava Stevanović
    Е сега, во Србија нема да примаат во училиште или градинка невакцинирани,тоа е една од мерките.
     
    На stevemila, Mishela, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Секоја вакцина е за индивидуална заштита. Ваксерите можат да шират невистини, но на Јована не и можат ништо. Тоа се вика слобода и демократија и на секого му е дозволено правото на мислење и слободно изразување. Девојката е многу одговорна и зборува за опасностите од вакцината. За такво нешто не постои одговорност, не во демократските земји. Таа насила не киднапирала нечие дете, па да го држи во подрум подалеку од вакцините спротивно од желбите на родителите на детето. Јована ќе пушти кривични за клевета и нарушување на угледот против тие што и пуштаат лажни кривични без основа и ќе ги добие. Јована прави општествено корисна работа, затоа што ги предупредува родителите на потенцијалните опасности од вакцините, нешто што докторите би требало да го работат, треба да и се даде награда. Ваксерите се очајни, затоа што на секој чекор излегуваат студии кои покажуваат колку неефикасни се вакцините. Колку беше добро во 70тите, една телевизија, една спикерка, една вистина, не се дознаваше апсолутно ништо. Помина времето на куранот и едноумието, слободата доаѓа со знаењето.
    Во Србија имало епидемии на морбили на неколку години, во 90тите имаа многу поголема епидемија а немаше ни противници на вакцинацијата. Ова е првпат за тоа некој да си прави реклама и бизнис со вакцини. Порано никој не бил крив, сега ги укривуваат совесните граѓани. Граѓанското здружение постави 20тина прашања, со кои треба да се види кој стрејн е најден во епидемијата, дали се шири преку вакцина и колкав е процентот на вакцинирани, додека не дадат одговор на тие прашања, на медииумите кои работат на спонзорства а најчесто за владата, не може да им се верува. Во македонија скоро сите инфицирани се вакцинирани и медицинскиот персонал кој беше тазе вакциниран (сезонски) сите фатија сипаници.

    Не кажа ваксеру, дали си родена пред 74та?
    Зошто не се потрудиш да ја намалиш смртноста на новороденчињата, секоја година умираат по 300 бебиња заради немање основни хигиенски услови во болниците и немање инкубатори.
    Од сипаници никој не умира, за нив ич не се секирај.
     
    Последна измена: 18 февруари 2018
    На yarre и joy1 им се допаѓа ова.
  11. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    8.929
    Пол:
    Женски
    Abe sto se zamaras jas se otkazav od ovie dvajca ne gi ni citam samo gi staviv na ignore. Oni si pravat loso za nivnite deca sto nevak. ne ti, batali.
     
    На stevemila, sofi2107 и Cosmi им се допаѓа ова.
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    @Cosmi За оваа збориш ? Многу интересни статистики. Особено интересно околу сипаниците во Србија.

     
  13. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Целиот став кон темава ти е погрешен. Никој не ти вика на тебе дека си погрешила и дека си смотана што си вакцинирала. Од противник на задолжително вакцинирање такво нешто нема да слушнеш. Противниците на ваксерите или анти-ваксерите се културни и образовани луѓе кои се однесуват со почит кон сите. Всушност анти - ваксерите се борат да го направат овој свет подобар за сите. Законот за задолжителна вакцинација е фашистички, неуставен, нелегитимен и во колизија со постоечките закони. Статиите што ги праќаме се научни, па ти препорачувам да ги читаш. Не те терам, но би било многу добро за тебе и твојата фамилија да имаш повеќе знаења на темата.

    Многу е важно да сватиш дека фарма индустријата ја префрла својата одговорност на дел од народот и го с'ска народот еден против друг. Фарма индустријата заработи 45 милијарди долари од вакцините во 2017 година. Фарма индустријата не превзема никаква одговорност за нус појавите на вакцините. Фарма индустријата спроведува задолжителност на вакцините во банана државите. Фарма индустријата ја префрла својата одговорност на народот. Или народот не е доволно вакциниран или нема 105.8% покриеност.


    Ново видео со Јована. Одлична е, од емисија на емисија се подобра. Паметна, убава и елоквентна. Ваксерите се нервираат затоа што е таква.
    Cliff notes:
    -Неколку психопатски педијатри ќе и пишувале наводно пријави. ОСнова секако за пријава нема.
    -Задолжителноста е во позаостанатите земји, во поразвиените не. Народот во позатостанатите земји бил глуп и не знаел сам да избере, па затоа со закон ќе му се нареди.
    -србија имала четири години покриеност за ммр во периодот од 1984-2016. Противниците на ваксерите во Србија се активни само последните 10 години.
    -2007 и 2009 покриеноста со ММР била над 95% и имало епидемија на морбили. Тогаш не се зборувало за противниците на ваксерите. Тогаш ваксерската политика беше прикриена, ваксерското лоби работеше непречено во сенка. Свеста на народот беше на ниско ниво.
    -австрија нема задолжителна вакцинација. Во периодот од 1984-2013 немале ниту еднаш покриеност над 95%. Од 2003 имаат епидемии секоја година. Но нема ваксери како Косми да крева паника за сипаници.
    -Белгија имаат покриеност со ДТП 99% за сите години. На 2-3 години имаат дифтерија. Немаат задолжителна вакцинација. Не креваат паника за дифтерија или морбили.
    -швајцарија. Никогаш немале покриеност над 95% за ммр. Немаат задолжителна вакцинација. Не креваат паника за епдиемиите.
    -кина има задолжителна вакцинација и покриеност со ММР над 99%. Имаат епидемии од морбили кои бројат и по 60.000 инфицирани.
    -шведска има покриеност за ДТП од 99% оф 1986та.. Стотина случаеви на пертусис..
    -Англија. 84-2016 немаат идеална покриеност со ммр. Незадолжителна.
    -Романија. До 2011 голема покриеност, потоа мала. Епидемиите на исто ниво цело време.
    -Германија по неколку илјади инфицирани од морбили секоја година, нема задолжителна.Имаат и дифтерија со 99.9% покриеност на ДТП.
    -колективниот имунитет- колективна лага.
    -колегите нејзини кои сакале да ги промовираат вакцините, условувале таа да не биде во студио. Се плашеле од дуел. Не е чудно затоа што женаа е поткована со знаења а тие се неинформирани комплетно, но добро знаат да сеат страв и да ги обвинуваат противниците на ваксерите.
    -првите случаи на морбили во Косово 2017 се двајца целосно вакцинирани со по две вакцини ммр. Документирано со датум.
    -лагите за непознат статус на вакцинација. Манипулираат со бројките. Ако е непознат статус ги ставаат во невакцинирани. Не постојат лица о непознат статус, сите се вакцинирани во Србија.
    -лагите за нецелосно вакцинирани кои исто така ги обелоденивме. Сите вакцинирани од 1973-2010 сега се нецелосно вакцинирани. Зошто? Затоа што вакцината има дејство помало од лижавче, но во ниту еден случај не смее да се каже дека вакцината е крива, кривицата се префрла пак на народот. Од тука лагите и на ваксерот Косми со 93%.
    -Доколку вакцинираните, нецелосно вакцинираните и непознатите се претстават како се навистина- вакцинирани, 67% од заболените се вакцинирани. До пред појавата на противниците на ваксерите (пред 10тина години) за епидемиите не се укривуваше никој. Сега се криви противниците на вакцините што вакцинирани заболуваат. Но вистинските бројки се закопани, во јавноста се изнесуваат лагите, како оние на Косми.
    -ваксината само го поместува периодот на забоување од детство во старост, кога е многу потешко да се прележи болеста. Но без гајле, фарма индустријата има идеја- се вика ревакцинација. Сите што се вакцинирани 1,2,3,5 пати се недоволно вакцинирани. Треба уште една доза.
    -уништен натален имунитет против морбили, затоа што вакцинираната мајка нема прележано морбили, сега бебето е изложено на морбили до првата година. Вакцината е спас.
    -и србите ништо не учат на медициснки факултет за вакцините. Вкупно во 7 години студии имала само 19 страни материјал.
    -она што го повторив многу пати. Морбилите во Англија пред воведувањето на вакцината беше 99.96%. Вакцината не спречи ништо. Но не пишува така во рекламниот материјал.
    -Шарлах е уште една болест која целосно ја снемало, а за која никогаш не е измислена вакцина. Порано била сметана за опасна и смртоносна.
    -дефиниција за морбили во Англија пред вакцината: блага болест со ниска смртност, детска болест. Имало песни за морбилите како нормална детска фаза.
    -смртност од слепо црево 0.5%. Смртност од морбили 0.0003%.
    -фарма индустријата ја префрла својата одговорност на дел од народот и го с'ска народот еден против друг.
    -вакцинираните се разболуваат и асимптоматски ги шират болестите.
    -набројување на признатите нус појави на вакцините. Тешки имиња.
    ова само до 30та минута... изгледајте го целото видео.
     
    Последна измена: 18 февруари 2018
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.182
    Допаѓања:
    88.715
    Пол:
    Женски
    Уште аргумент плус зошто вакцинацијата мора да остане задолжителна.
     
    Последна измена од модератор: 18 февруари 2018
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    НЕ кажа дали си родена пред 1974та?
     
  16. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Се ова што постирате се изолирани случаи, еден во милион, страшно е, точно, најстрашно е, и никој од нас не сака баш неговото дете да е тоа едно. Но нели е себично секој кога би се ослонувал на вакцинираните деца да му го чуваат грбот, вакцинираните треба да го чуават колективниот имунитет, а најзначајно е за оние кои од оправдани причини не смеат да примаат вакцини, како хронично болните и оние кои имаат малигни заболувања.

    Порано мислите дека немало деца кои лошо изреагирале на вакцина, имало сигурно исто толкав процент колку и денес, но тогаш немаше интернет, немаше гугл и јутуб, само во тоа е разликата.

    Правото што си го препишувате да бидете бунтовници кога се работи за колективното здравје,не се вика демократија, туку себичност.

    Штета што не постојат некакви тестови да може да се знае однапред дали некој би имал лоша реакција на одредена вакцина за да би можеле да се спречат ваквите случаи.
     
    На stevemila, TheSecret и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    точно е тоа дека подобро е 1 него 1000.
    точно е и тоа дека невакцинираните се во поризична ситуација него вакцинираните.
    Но имам две прашања.

    Ако толку веруваш дека вакцината штити зошто се плашиш од не вакцинирано дете ако твоето е вакцинирано?
    И второ прашање
    велиш бољи 1 да отиде него 1000. А што ако тоа едно е твоето што ќе отиде ради вакцина? Дали се уште така ќе мислиш и дур го ставаш во земја ќе велиш-ај барем не отидоа уште 999??
     
    На *Лорена*, Rebecca_R и joy1 им се допаѓа ова.
  18. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    1. Се плшам дека кога ќе се намножат невакцинирани еден тон деца, ќе се вратат и болестите, вакцинираните не се комплетно имуни на сите болести за кои примиле вакцина но барем можат да се надеваат дека ќе ги преживеат.

    2. А што треба да правам, ќе превземам ризик како и сите останати совесни родители, а па ако сите почнеме да размислуваме како вас и не ги вакцинираме децата, ене ти го истиот одговор од претходната реченица, ќе се вратат болестите, и тогаш не само моето, него и твоето и уште илјадници ќе отидат, ама ја и ти ќе останеме пошо сме вакцинирани и?
     
    На stevemila, TheSecret и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    225.505
    Пол:
    Женски
    А кај тоа пишува дека кога 99% од децата биле вакцинирани дека немало болести? ?
    и патем ако ти мислиш дека си совесна а јас дека не сум може за мене е обратно нели? живи били па видели што ќе испадне за 20 год со ова. Да не почне цела генерација во исто време да не функционира ко што треба ради совеста на родителите.

    вакцината е за имунитет. вакцината е заштита. Но како може да боцкате кога во сајд ефект стои смрт не сте ми јасни. ..
    И јас сакав да боцкам не велам не. Но сега откако прочитав разгледав помуабетив сфатив дека јас ЌЕ БОЦКАМ само кога ќе нема смртност дисхармоничност и аутизам во сајд ефект од нив. Па до утре кажувај ти колку јас не сум совесна а ти си. И еве да ти се стресат коските мојот иде во градинка не вакциниран. чувај дома дете зошто не дај боже знаеш..
     
    На bebaa, *Лорена* и joy1 им се допаѓа ова.
  20. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Ти си прочитала такво нешто во упатство на вакцина?
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.