1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    714 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    224 глас(а)
    23,9%
  1. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    193
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    здравата храна и сончева светлина се еден од најбитните фактори при лекување на болни од тбц покрај терапијата.Ако болниот лежи во соба со затворени завеси и без сончева светлина Коховиот бацил може да остане во него и до 18 месеци.По протокол ги лекуваме 6-9 месеци но кај оние пациенти кој не внимаваат на исхрана,хигиена,и општата здравтсвена состоја лекувањето се пролонгира и до година и пол.Мн е битно да внесуваат витамин А и Е,мед,телешко месо,млечни продукти.Бидејки пијат 4 антибиотика на ден(и тоа доста јаки) често доаѓа до оштетување на јетрата и желудникот.Така да исхраната е од клучно дејство кај овие болни
     
    На Rebecca_R и Centurion им се допаѓа ова.
  3. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Уште додади, колкав е процентот на заболените од туберкулоза, вакцинирани вс невакцинирани.
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    имам мн пати напишано на темава дека 95% се вакцинирани и се најчесто на возраст помеѓу 25-45 години.

    последниот што е дојден месецов роден е 1990 .Најмалиот пациент од лани наваму немаше ни пет годинки.Се разболе прво мајката па детето .

    досега најмалце 10 пати моравме да правиме испитувања врз цел клас заради тоа што болен беше средношколец.И мора значи по закон да се испитаат и сите останати што биле во клас со него.Вие мислите ако не кажале јавно на тв значи нема ни болни?
     
    На yarre, alisijad, калин95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Искрено, да не беше ти на форумот немаше да дознаеме дека има епидемија на туберкулоза. Потоа ги проверив бројките и навистина имаме преку 300 случаи на туберкулоза секоја година. Информација од 2011, официјална, неофицијално може се и 2000. Збор за тоа нема на телевизиите. Зошто? Затоа што вакцините BCG се продадени и ставени. Една доза е, ревацинација нема. Таму повеќе бизнис нема, па нема потреба да се зборува за епидемијата по медиумите и да се крева паника. Покриеноста со BCG е над 95%. Кривец е вакцината, ама тоа не сакаме да се дознае. Никако народот не сме да дознае дека вакцината има ефикасност 0% како што кажуваат и студиите, кои ниту едно одговорно лице не ги прочитало, ниту е во тек со светските случувања дека таа вакцина е отфрлена.
    Но за епидемијата од детски сипаници со 7 случаи за сезона 2017/2018, веќе 6 месеци не бомбардираат.на вестите Зошто? Затоа што тоа е идеална клима да се ревакцинираат сите уште еднаш, а за тоа да се обвинат противниците на ваксерите. Информации и од прва рака од медицински персонал за ефикасноста на вакцината, сите се вакцинирани со BCG и разболени. Фала Joy1.
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.012
    Пол:
    Женски
    Одлично ,
    детска туберкулоза немавте.
    Уште еден доказ дека вакцината има 80% заштита за децата .
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.601
    Допаѓања:
    151.793
    е шо заштита има вакцината ако 5 годишно дете заболело од туберколоза ?
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    реков дека најмалиот пациент од ЛАНИ а не реков дека е првиот пациент .Сме имале и порано деца пациенти .Две годишно дете од тбц е најмалиот пациент кој јас го затекнав ,чисто информативно.
    Вакцинирани деца .
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.012
    Пол:
    Женски
    Со изнесениот податок ја потврди ефикасноста на бсж кај децата.
    Високи 80% ,а бидејки кај нас се разболуваат во просек околу 20 деца во цела МКД,и повеке!
    Останатите 20% или помалку можат да се разболат,.и тоа најчесто во семејства во каде живееле со некој кој е заболен од туберкулоза.
     
    На fana и RedRevolution им се допаѓа ова.
  10. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    На сите твои дилеми имам одговорено во вчерашните мои постови, само се вртиме во круг, ниту ти ќе ме разубедиш, ниту јас тебе очигледно, да се повторувам ме мрзи, стварно не можам веќе, можда во друга прилика.

    Јас не го осудувам пристапот до информации, но кога тие информации ги демантираат сите доктори кои ги познавам, тогаш нормално дека е подобро да ги одминам отколку да се првам поголем доктор од докторите, и кој тоа, јас која немам ни еден испит од медицина проучено во животот.

    Ако познавате барем тројца доктори во државава кои се против вакцинирањето, но специјалисти (по било што), не општи лекари, наведете ги, прва ќе одам да разговарам со нив и да ме убедат да не вакцинирам.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.601
    Допаѓања:
    151.793
    ама нели вакцинирани и заштитени од кај сеа испадна вакцинирани и заболени?
    кај е тука успешноста на вакцината
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    дури и да се ‘само’ 20 деца пак е мн затоа што тоа се деца кои се свежо вакцинирани и вакцината треба да си го одигра своето тука.Инаку колку се навистина болни ти неможеш да знаеш затоа што немаш пристап до регистарот на заболени.Тоа го имаат само вработените.
     
  13. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Болеста има латентна фаза која може да трае и 10тина години пред да почнат да се покажуваат симптомите. Затоа возрасните се почести заболени од децата.
     
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Луѓе вакцинирајтесе луѓе, немојте само болести да нафатите, не се грижете за нас невакцинираните, вие сте безбедни а ние не претставуваме опасност за вас бидејќи вас ви ставиле ''имунитет'' со игла.
    Пак упорно во круг се вртиме и никако да разберете дека секој за себе одлучува.
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.012
    Пол:
    Женски
    Вакцината си има ефикасност од околу80- 85% што значи остатокот можат да се разболат.
    Прво е прашање дали се и тие 20 деца вакцинирани .
    Второ , вакцината си ја игра улогата во превенција ,мислам апсурдно е да тврдиме поинаку покрај податоците кои ги имаме,а најбитно е што штити од туберкулозен менингит и милијарната туберкулоза .
    Така да од туберколоза нема да ги заштитиме со лимонада со ѓумбир туку со бсж.
    Бројот на туберколозни официјално се соопштува. Од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза,координативното тело и министерството за здравство.
     
    На TheSecret и RedRevolution им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.601
    Допаѓања:
    151.793
    нема тука никаква добивка од вакцината
    се гледа колку штите
    јасно е
    ете кој е за ке му ги дадам со драго срце и вакцините од моите две деца *2 од се
     
  17. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Почнува и со очигледно лажење сега. Измислува бројки од 85%, а во науката бројките се 0% и 19%. Големата студија со 280.000 субјекти кажува дека е чиста нула. Сите земји ја исфрлаат вакцинава како небезбедна и неефикасна. Праксата во МК говори дека сите разболени се вакцинирани, што е логично затоа што покриеноста со BCG е над 95%. Туберуколзата не се спречува, нажалост само се лекува. Лекувањето на тубрекулоза со антибиотици е долготрајно а може и да се повтори затоа што е потешка болест, Медиумите ни збор за овој проблем кој веројатно трае со децении. Проблем кој не можат да го препишат на противниците на ваксерите, затоа што покриеноста е целосна, ниту на народот, затоа што за оваа вакцина не се бара ревакцинација. Од пред неколку години е тргната ревакцинацијата, затоа што студиите покажаа дека со втората вакцина и тие малку антитела што ги има организмот ги снемува, ревакцинацијата со BCG е контраефективна. Значи не можат топката да ја префрлат ни кај народот и да речат 'нецелосно вакциниран'. Штом не може одговорноста да се префрли кај никој, таа се прикрива, вакцината и фарма индустријата не можат да бидат криви. На сметка на тоа страда науката и медицина, кои добиваат лоша слика, а фарма индустријата поминува неказнето.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  18. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    785
    Кога ќе слушнам ваков коментар, се потсеќам на себе, пред многу години. Потенцијал има, и мислам дека малку фали.

    Океј, чим сакаш да се лимитираш на лица кои лично ги познаваш. Зарем сите пеачи што ти се допаѓаат, ги знаеш лично ? Купуваш кола само ако лично го знаеш инжинерот кој го конструирал ? :)

    Јас познавам 9, со зборови (девет). Од нив, 3ца ендокринолози, 1 трансфузист ( доктор на науки по плазми ) , 1 од инфективна, 3 педијатри, и 1 што го запознав пред скоро, не сакаше да ми каже каков лекар е. Познавам и родители на деца, чии деца не се вакцинираат, а знам дека се лекари вработени во државна, а не знам специјалност. Кај помалото дете во одделение се децата.
    Кај нив за жал неможеш да одиш директно бидејки нема да ти кажат поради ризикот кој го има секој јавно ќе каже нешто против. Го чува лепчето.
    Но.ако сакаш можеш да најдеш такви лекари специјалисти. Ако сакаш.
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Одлична критика на др.Сузан.

    Како една грешка во софтверот поништила десетици илјади студии во период од децении.

    За типот на алуминиумот во вакцините.

    Зошто HPV вакцината е поопасна од другите вакцини.

    Зошто ДТП беше поопасна вакцина од другите вакцини.

    За грешките во означувањето на составот на вакцините. Повеќе од деценија производителите пишувале во упатствата погрешен состав на вакцините. До ден денешен немаат одговарано за оваа 'грешка'

    Уште од 2004 се бара замена на отровниот алуминиум. До ден денешен не е најдена, вакцините сеуште се со алуминиум.

     
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Samo sto procitav post vo edna grupa na fb za detence so crna kaslica -pertusis :( A ne e edno za zal. Prodolzete so nevakciniranje vase si e