Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    759 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    237 глас(а)
    23,8%
  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Expert баш експертски даде научно и медицински докази за вакцините.
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Аха, значи фалеше само твојот непотребен коментар за да се комплетира сликата ЗА вакцини?

    Први сте нешто да напишете, после не ви чинат луѓето на форумот, многу напаѓале, не разговарале. Гледам од муабетов (и јас се вбројувам во случајов) многу паметни работи излегоа.

    Ај секој нека види прво во себе, после нека ја бара кривицата кај друг, престанете со патетики.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Добро Моира што ти е тебе?
    Во секоја тема мора да ме нападниш ако некаде коментирам.
    И зошто мојот коментар би бил непотребен,а твојот демек е на место.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    кои се тие од кои што постои реална опасност да се зарази?
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Секој има право на избор,каков и да е - го почитувам.Не мислам дека е мода,мислам дека е страв на родителите за своите деца.Никој не е помалку родител доколку не се одлучи од оној кој е за вакцина.

    Погоре,Евита Перон има многу убаво напишано,се согласувам со секој нејзин збор.Мило ми што вакви кадри излегуваат со познавања,кои се релевантни.

    И уште едно прашање.Со секој антибиотик кој го давате или било кој друг лек,свесни сме дека има несакани последици.Дали кај 1 од 100 или 1од 1000,може да има нус ефекти,опишани како ретки или многу ретки ,но сепак постојат и се евидентирани.Ама мораш да го пиеш ако сакаш да оздравиш.
    Исто и со вакцините.

    И не ,не верувам во нешто што не е научно докажано,аутизмот дека е последица од вакцината.Може да е само тригер.

    Се најдов засегната по прашањето,моите деца се вакцинирани,и Конкретно за новава вакцина за ХПВ,не би ја вакцинирала ќерка ми.Таа штити само од 4 видови на високоризичен ХПВ.(што е со другите)
    Би ја заштитила само со едукација,се додека не излезе некоја која би заштитила од сите типови.

    И јас сум мајка и имам соодветно образование,за да одлучам.
     
    На Annath, mimiiiii, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Хепатитис Б,инфлуенца,дифтерија,тетанус,детска парализа,мали сипаници,рубеола,заушки,туберкулоза,дифтерија.Од сите кои се опфатени со календарот за имунизација.Од сите постои опасност од зараза.
     
  7. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Oф леле да се вакцинира или не , е право на мислење на секој родител . Некои сакаат ,оние кои не сакаат ни со 500 казни а не со казна од 500 евра нема да вакцинираат и не се „надмудрувајте“ . Моето гледиште е вакво и е само мое нема за цел да убеди било кого во било што и се однесува само на моето дете ( може ќе влијае на некој да си офолми своја одлука ) , Сметам дека ќерка ми треба да ги прими сите вакцини од вакциналниот календар со исклучок на една . ХПВ Вакцината . Зошто оваа не ? Прво не штити од сите типови на ХПВ и како резултат на тоа таа може да биде заразена повторно од овој вирус , како и да зарази некого .Според мене прашање на време е кога и другите типови ќе станат причинители на малигноми (Ца на цервикс ) затоа што тоа е патот кон кој мутираат , па значи вакцинава нема да биде доволна . Трето и најбитно кога веќе вакцината не нуди 100% заштита од сите типови не гледам зашто да оптеретувам имунолошки систем со неа . Кога на ова ќе додадаме дека сеуште во македонија не се поминати првите 10 години од нејзина употреба за да се ревидираат резултатите и бидејќи немаме податок за било каков канцер во семејството , излегува мојата одлука не за оваа вакцина .Додека ќерка ми наполни 12 години тие 10 години ќе поминат дали ќе ја сменам одлуката не знам, но не се знае дали ивакцината ќе остане во вакциналниот календар . На крајот ако во таа година одлуката ми е иста деќа ќерка ми со оваа вакцина нема да се вакцинира ни суд ни ништо нема да ме премисли
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Како не е мода невакцинирањето? Се нешто ново кое го следат доволно луѓе може да се каже мода. И ќе се навратам на првиот ми пост на оваа тема. Родителиве во Англија еве, најновата епидемија, на времето слушнале од некоја мајка во мама и бебе група дека нема да вакцинира оти вакцината била лоша и не вакцинирале бебето. А прашај ги зошто 90 % најмалку ќе ти речат оти така слушнале од други. Бум епидемија сега, и ајде сите на ред за вакцина на децата. Тоа од сипаници, ќе прелжат повеќето без многу компликации, а ако беше нешто пострашно, еве полио кој го земав за пример во искоренетите болести ама се пренесле од друга држава после толку години? Кој ти гарантира дека нема да ни тропне на врата во наша околност? Светот е отворен за сите да мрдаат кој каде видел, некој нешто ќе внесе кога и да е. Колку мајки ќе дремат пред амбуланта со невакцинирани деца тогаш? Ќе има ли за сите вакцина во тој даден период или ќе се тепаат жени која да е на ред со детето. Оти при реален страв за малите, очекувано е дека малку ќе е подруго размислувањето кај повеќето родители.

    Сега кај оние кои како јаре, заземале строг став на невакцинирање, до поентата да своите родители ги нарече терористи оти го вакцинирале како дете, најверојатно нема да вакцинира свое дете ни при епидемија на нешто пострашно од сипаница или заушки. Па колку е тоа разумно е знак прашалник, а и поентата на темава всушност.
     
    На mimiiiii, ph.orhideja и baby-star им се допаѓа ова.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Лошо и површно читаш, па затоа и такви површни размислувања. Моите родители не ги нареков терористи. Децата од милина ги нареков терористи.

    Него друго ми беше. Ај вака една синтагма. Како родителите кои не ги вакцинираат своите деца да ги заштитат од децата кои се вакцинирани, со оглед дека после вакцинацијата на некои вакцини тие се преносители на болестите, и во многу ситуации, токму вакцините се причинители на епидемиите ?
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Се согласувам imelda, ама мислам дека друго е Англија, а друго е Македонија и слични на неа земји каде што прво се пуштаат новиве вакцини и не` користат небаре како заморчиња. И тоа додава зачин + на скептичноста на родителите. Се разбира, сигурно постојат многу вакцини кои се достапни тука и се навистина добри, полезни, неопходни, ама ја знаете приказната за овчарот што викал „Волк! Волк!“? Е ова е тоа. По такво некое разочарување, невозможно е некои луѓе да го сфатат сериозно секој нареден обид...за жал.

    А и ова...

    Сум изгубила драга личност (и тоа пред неколку години) од вакцина и и самата кога одам да примам, на момент ќе се стресам. Малку е руски рулет ситуацијата...од кај знаеш дека ти не си илјадитиот/10.000тиот. Особено на родители ретко им се ризикува за нивните деца.
     
    На ph.orhideja и imelda им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Грешка во читање. Ама мислењето не ми е површно, мислам. Одговорот на тоа е на прашањето. Би вакцинирал ти свое дете при епидемија на Полио и покрај твојот став или не?
     
  12. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Навистина ми е жал што си изгубила драга личност поради вакцина, да руски рулет е. Но поентата ми е дека сепак, да не постојат вакцините, многу луѓе ќе страдаат. Уште еднаш жалам за загубата. Но мојот став е да за вакцините. Веројатно и самите научници доктори што ги пронашле вакцините се свесни за ризикот. А тек колкава е нивната одговорност. Но се спасуваат и животи со нив.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Да, да, те сфаќам. :) Само сакав да кажам дека кога е некоја драга/блиска личност во прашање и психата и емоциите поинаку функционираат и не ретко не ти даваат јасно да ја перципираш ситуацијата.

    Ни на крај памет не ми паднало да ја оспорувам одговорноста на лекарите. Баш сум човек кој доста ја почитува таа професија.
     
    На Lepaaa, artemis и baby-star им се допаѓа ова.
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Ни под точка разно. Див Полио не постои, а можноста за евентуална зараза се од носителите на вирусот, секако добиен само и само преку вакцина. Вакцинирана единка е секогаш асимптоматски резервар на инфекција, па затоа и последните забележени случаи на детска парализа се докажани токму поради самата вакцина или директен конктакт на изметот ов вакцинирано дете со здрав човек. Една мајка во Хрватска доби одштета од државата, и откако се докажа дека нејзиното дете настрада од детска парализа поради полио вакцината. Со оглед дека не можеше многу да му напредне состојбата на детето, мајката ги подари парите. Имаше на ХТВ, на латиница, ќе се обидам да го најдам линкот на јутјуб.

    Инаку еве како големите како Глаксо Смит Клајн „ги проверуваат“ вакцините. Дури и апла признаваат дека не ја проверуваат ефективноста.

    http://childhealthsafety.wordpress....snt-work-gsk-says-we-never-bothered-to-check/
     
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Нешто Експрет ми ја нема. |(

    Се извинувам што ќе ја вратам оваа информација повторно за епидемијата на мали сипаници во Англија, но сметам дека треба да се чујат и одговорите од нападнатиот доктор.

    Симтоматично е што неговиот коментар и можност за појава на Англиските ТВ канали, во последен момент е откажан. Но секако да е жив и здрав Јутјуб, неговите размислувања, се јавно достапни.
    Во видеото ја објаснува причината за епидемијата, и секако успешноста на вакцнацијата како заштита од заушките, дури и фрла ракавица, за дуел со докторот кој успеа да го заќути, за една отворена дебата врз база на научни сознанија ( Scientific debate )

    додека пишаниот транскрипт, го има на

    Доколку некој член на форумот има време и желба, одлично би било да го преведе, за да биде достапен за останатите.

    Инаку еве го и кривецот.



     
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Тука сум јаре :hai:

    И што ако се слушне изјавата на Вејкфилд? Кажува дека препорачувал наместо со тривалентната ММР да се вакцинираат со едновалентни вакцини. Што? Најголемиот идол на движењето против вакцините препорачува да се вакцинираме? И тоа не со новите повеќевалентни вакцини, туку со едновалентни вакцини.

    Немам време да го тумачам целото, главно зборува за поврзаноста на вакцините со некои заболувања кои оттогаш во неколку студии беа отфрлени, и кажува дека не била негова вина што многу деца останале невакцинирани.
    И не знам зошто мисли дека потребна е дебата во живо на телевизија, тоа значи дека се откажал од научните методи во рамките на научната јавност која се одвива преку peer reviewed статии.

    Можеби не е негова директна вина, ете спомнавме дека епидемијата се случува во една општина каде имало весник кој имал интензивни статии против вакцините. Не дај боже, еден ден во иднина можеби кога ќе се сумираат резултатите од некоја епидемија можеби ќе дојдат до заклучок дека најбројни се деца чии родители биле членови на форуми каде јаре пишувал за своите ставови.

    @tessie
    Инаку можеби е неучтиво и немарно, ама баш ме интересираше, ако не е тајна, од која вакцина беше смртниот случај?
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Не експерт, зашто неучтиво... :)
    Беше пред неколку години, помала бев и не знам искрено од која вакцина (има едно 15ина години со сигурност), само знам дека сите велеа дека е од вакцината затоа што откако ја примил почнале да му се јавуваат компликации, а немал здравствен проблем претходно.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Јас сега при чепкање видов пак, дека Вејкфиелд, на кој јаре му се клања(извини :lol: ), добил пола милион фунти од адвокати кои сакале да судат производители на вакцини, заборавил да го спомне тоа во неговата студија. :)
     
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Не ми се верувам дека со сила се правиш она што не си.

    Па ти го омаловажи човекот дека он е виновен за епидемијата на мали сипаници. Не се потруди да ја дадеш и другата страна. Тој е обвинет од владата на нејзиното височество, во Велика Британија, а ти како експерт, си го земаш здраво за готово, и „немаш време“ да го тумачиш целото. Па да, нема потреба да го тумачиш, големите центи на моќ тоа веќе го направиле, а ти си го консумираш како готов производ, секако лимитирано.

    Нејсе, јас деновиве ќе го преведам на македонски, и ке го пласирам тука во целост, за да слободоумниот читател може да ја види и другата страна, и секако точно и самостојно да ја процени прикаската на обвинувањата. За оние со понавање на англиски, изјавата е извонредно лесна за разбирање. Токму слободоумноста на Вејкфилд и јавното изнесување на потенцијални проблеми во популацијата поради вакцината, го довела до тоа да големите ценри на моќ ја употребиле единствената опција што ја имале да го спречат во неговата човечка намера, а тоа е многу јаката медиумска кампања за негова дисквалификација, секако поддржана од спонзорите, произведувачи на вакцини.

    Инаку, од сипаници се умира, особено кога ке се постави погрешна дијагноза, а за тоа се накалеми дека не бил вакциниран.

    http://childhealthsafety.wordpress.com/2013/04/22/south-wales-death-mother-blames-docs/

    Имелда,

    Да, фала му на бога што има вакви луѓе кои својата човечност кон најмладата популација особено, ја ставаат пред својата кариера, имајќи муда, јавно да се спротистави на тие лобија. Многу од нив нагло стануваат богати, а некои и ги гази трамвај.
    Тоа со адвокатите е интересна состојба, веројатно намирисале готов случај кој можат да го добијат во судовите. Прочепај пак кај што си сурфала па дај да видиме и ние, вака е само бабина деветина.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Не мислам дека Вејкфиелд ја имал целта да биде отстранет од лиценца ама за доброто на децата кога примил пари, туку се полажал по парите како и многу други би, ова е моја спекулација. Дали ги има земено пред да ја објави студијата или не е едно да си каже он, но секако е контрадикторна ситуација. Неговите ко-автори од студијата побарале имињата да им се тргнат кога разбрале дека е платен, што може да укаже на тоа дека биле измамени, или овој не делил пари додека делил и мислење аааа нема ни го така. :lol:
    Не продавам бабини диветини. Немој така сега, си имам ишјус дека стареам, држи зборот баба подалеку од мене :D Кажувам што сум прочитала, а за веродостојноста на инфото не гарантирам, од си ен ен е. Не си наидел на тоа? Повели.


    http://edition.cnn.com/2011/HEALTH/01/0 ... index.html