Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.466
    Пол:
    Женски
    И што им се подмсевате со тоа МУЖИ ,АНОНИМСИ?Вие јавни сте или такоџе сте анонимоси?
     
    На Centurion и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Јас сум доволно " муж " па верувам и повеќето кога за нешто имаме докази или сме оштетени и засегнати од вакцина да би излегле во јавност.
    На форум анонимуси може свашта да пишуваат и убедуваат.
    Ако некој е засегнат излага и говори јавно пааа и прави собир за протест. "Мужи" или народски кажано " има ја.ца" оние кој излегоа јавно и говореа на тв и по портали за силувани, злоставувани, под необјаснети причини починати и сл деца па и возрасни.
    А, доколку се имаше толкава штета од вакцини и последици ехеееее ќе беше Бум по тв и по портали а не анонимуси по форуми да делкаат се едно исто.
    Глеам прозвана сум индиректно па ете да објаснам што е " муж " а што е анонимус кој се крие и шири пропаганди за невакцинација. И делка едно те исто без усул и со упорно убедување да не се вакцинира и демек штета се имало и дрн дрн. Не вакцинираш невакцинираш. Вакцинирам и ќе вакцинирам. Ама да се тупи едно те исто.....кога гризе совеста и се препрашува човек дали згрешил, че мора секој дневно да бара начини да се убедува во тоа што направил.
    Завршив психологија па ете да дадам стручно мислење. Тоа е нелабилност кај тие луѓе. Незнам шо е толку нејасно. Да пишуваш на една те иста тема секојдневно со месеци и години....не ќе да е дека си сигурен во изборот и одлуката. Се убедуваш сам себе во нешто. И ако си сигурен во нешто не се криеш туку се разоткриваш и се бориш јавно за тоа во што си убеден. Во спротивно си смешен. И да смешни се.

    Кајјј сте бре дај излезере од школката и проговорете јавно. Со докази и аргументи. Само се шири паника од гугле и јутуб извадоци. Еднаш ај два пати се пишува....ама 500 поста од едни те исти ..хмммм не ќе да е дека се " мужи ".
    Па еве недајјјј Божеее мое дете или внуче да му се деси нешто од вакцина и да имам докази дека е 100% од вакцина, а не е во прашање генетика или вродена аномалија....јас лично па и верувам секој родител ќе излезе јавно и ќе направи тотален хаос. Абре срце низ уста ќе му извадам на секој кој би му наштетил на мое дете, ќе му го извадам и изедам да го гледа со последниот здив.
    Јас не се кријам и не би се криела да сум како индивидуи убедена во нешто или ако сакам да докажам нешто. Ич не ме занима дали вакцинира или не. Да ме интересираше и да бев како нив ќе излезев на најавна шпица на Сител и во Нова Македонија весник и по портали. Дел од форумов ме знаат, некој приватно, некој на фб и некој виртуелно овде по пораки и слики на кој сум им помагала за ИВФ и остало.
    А вие?????
    Неам зашо да се кријам.
    А, овде анонимуси може да се декларираат не како доктори, професори ... па и астронаути може да се пишат.
    Ај сеа чао.
     
    Последна измена: 23 февруари 2018
    На Sofronko, stevemila, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    'Ај сеа чао' и ја тресна вратата онака мушки. Ќе дојде време и ти да се докажеш колкав муж си, живото дава шанси нели за тоа што го говориме да го провериме во пракса.
    Да не ти се случи да имаш оштетено дете од вакцина во фамилија, затоа што во Македонија нема институција да ти потврди такво нешто. Ќе треба да одиш по Европата, да трчаш по административно бирократските медицински стапици, да си плаќаш се на приватно, да потрошиш 200.000 евра по испитувања, адвокати, патувања, детоксикација и на крај 99.9% дека нема ништо да докажеш. Ќе потрошиш 15 години за тоа, да најубавите години од животот, веројатно ќе се разболиш од мака и ти. Дали си доволно МАЖ ова да го поднесеш? Ако не ти се случило на тебе биди среќна, бидејќи има милиони деца на кои има се случило. Дури и да е 1/1000, пак се милиони деца во прашање.

    А противниците на задолжителната вакцинација се многубројни и ги има на сите телевизии и социјални мрежи. Излегуваат, зборуваат, информираат, предупредуваат. ГО прават овој свет подобар за сите. Ете и овде не има, ама тебе те мрзи да прочиташ нешто.
     
    Последна измена: 23 февруари 2018
    На Stories, CurlyBlossomGirl и joy1 им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.466
    Пол:
    Женски
    а од каде знаеш дека не е/не сме излезени никаде?
    еве баш објасни ми го тоа?

    од каде знаеш дека не водиме судски спорови?
    од каде знаеш дека никој не ни платил оштета?
    од каде знаеш дека никого не сме тужиле?

    еве @yarre за тебе е анонимус за мене не е.И сега?
    он ќе се каже кому сака и колку сака.Исто и јас исто и ти.И мене ме знаат преку 50 души од фемина што незначи дека со тоа го знаат и мојот приватен живот,тајни,проблеми.Тоа воопшто не ти е аргумент.

    некоректно мн од ваша страна што бркате вака некого од темата.Кој што сака и колку сака нека пишува ти имаш секогаш опција да скролаш или да игнорираш.Не разбирам зошто ги бркате?Се плашите од тоа што има да го кажат?

    треба да се плашите од оние родители што идат на форум и прашуваат која е следна вакцина,какви се реакциите од истата и слично.Е таквите се лаици.Затоа што тргнале да вакцинираат а поима немаат од што вакцинираат.
     
    На TutiFuti, ALISA0000 и Centurion им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.477
    Допаѓања:
    172.266
    Еве јас сум родител на дете оштетено од вакцина
    Кај да се бунам кај да излевам јавно?
    Усно ми е кажано дека е последица од вакцина додека за потпишување сите се тргаа настрана
    Детето ми е големо и треба да го одбележам пред сите сега во тинејџерски години според тебе
    Многу многу си зимате за право коа чепкате кај шо не ви е местото
    И сега се соочувам со нов предизвик
    запнати се да го вакцинираат со друга вакцина
    да зеам ако не па да му ставам друга може да преживее а?
     
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Не ја треснав....ја откорнав у права смисла на зборот.
    Ниедна нормална и присебна личност не би посакала на ниедно дете без разлика на пол, вероисповед и боја на кожа ништо лошо. Ни на душман не му се посакува лошо на дете. Ниеден родител не би му посакал лошо на свое дете. Секој еден го штити на свој начин.
    Ако ти мислиш дека го штитиш со невакцинирање, јас мислам дека го штитам со вакцинирање како и 80% од популацијата. Оние 20% никој не ги чепка и ги остава да живеат така. Воопшто ама воопшто не ме интересира дали вакцинираш или не.
    Кој тебе од темава те убеди да вакцинираш кој? Јас до сега не стетнав ниеден таков пост за разлика од твоите постови.
    И кажав и пак ќе кажам...
    Што ќе донесе иднината незнам, пешачки е ризик да се помине оа поминуваме. Но, знам дека доколку некој му наштети, се обиде да му наштети, помисли лошо и сл на мое дете.....срцето од уста ќе му го извадам и изедам дур го зима последниот здив!
    И човек за свое дете е спремен да баправи све и со последен здив да докаже некоја неправдина па макар и здравјето да го изгуби и на улица да остане да живее без корка леб.
    И аман веќе едно те исто се пишува и едно те исто го кажувате. Излези и ти како тие кој ги кажа и бори се за подобар живот.
     
    На Sofronko, stevemila, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.693
    Допаѓања:
    35.617
    Пол:
    Женски
    Кажи ми те молам, на кој начин твоето дете е оштетено од вакцината? Ако веќе имаш некаде пишано за тоа, посочи ми го постот, да не се повторуваме. Оти, тука само читам последици од вакцините, а не прочитав (може има пишано некој, ама јас не знам) некој да ја раскаже и образложи својата ситуација. Бидејќи нафрлувањата од типот: јас имав последици од вакцина, воопшто нема да ме убедат дека е така. Освен тебе и @joy1 ја имам прочитано за нејзиниот случај, за кој имам сопствено мислење, ама ќе се воздржам од истото оти не сакам да исправам криви дрини.
    Кога веќе јавно и агресивно убедувате против вакцините, нека тоа биде со докази. Јас не тврдам дека вакцините немаат во некои случаи негативни последици, ама не сум убедена и во спротивното. Впрочем, како и за сите лекарства. Негативни последици може да има од било кој лек. Што би се случило доколку вашите деца имаат реакции од анестезија, ќе излезете јавно и ќе ги убедувате сите дека не треба да примаат анестезија. Или антибиотици, или...? Има еден куп примери.
    Јас можеби работиве ги гледам црно/бело, ама ако веќе не верувам на медицината, тогаш ќе ја исклучам во целост.
     
    На Sofronko, baby-star, stevemila и 5 други им се допаѓа ова.
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Се слагам со пишаното и со секој аргумент.
    Но, дали тоа на некој му дава за право да убедува некој во нешто или да го прави несовесен родител дека вакцинира?
    Не вакцинираш и твој избор. Но, кој тебе ти кажал дека правиш со тоа злодело т.е. кој ти пишал такво нешто? Твој и мој избор е постапката на која сме се одлучиле. Нит мене нит пак тебе ти дава за право да осудуваме родителство и постапки.
    Да беше платена оштета на било кој за оштета од вакцина....ќе беше по билборди а не само на тв. Вчера на спортска фати пола милион човек па го трубеа цел ден, а не па да се деси такво нешто со вакцина.
    Еве ме живеам во Ск, опкружена со пријатели доктори, имунолози, генетичари, педијатри, трансфузиолози, еднокринолози итн, пријатели кој работат во Нова Македонија и по тв....никојјјј ама никој незнае за вакви ситуации за кој кажувате дека се во спор, отплатена оштета итн. Освен за еден случај кој е сеуште во процес зашто се истражува дали е од генетиката или вакцината.
    Ниедно дете во моја околина немало нуспојави од вакцина и сите се вакцинирани. Но, никој тоа тука не го труби и не убедува. Секој си има право на избор што и како ќе прави. Секој ид нас имаме примери и искуства и знаеме што правиме и свесно го правиме.
     
    На Sofronko, baby-star, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.477
    Допаѓања:
    172.266
    Јас немам намера да се повторувам милион пати ми е пишано а ако мислиш дека лажам ете провери наназад по моите постовина темата
    Не пишав никаде дека сум против медицината ако бев против немаш де а си ги вакцинирам децата
    Него вакцинирав до ммр додека не се деси тоа шо се деси и престанав
    Сега треба да сум луда да продолжам
    И не не терам никој да не вакцинира секој нека си праве како шо мисле дека е најдобро за своето дете ама да се дрзне и да ми рече некој дека измислувам очи ек му изкопам
     
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.874
    Допаѓања:
    13.508
    А зошто одма со навреди и со карачки тон настапувате кога некој ќе ве праша какви последици од вакцината настанале и слично? Значи вие можете да пишувате дека е опасно оние што вакцинираат, а некој кога ќе праша зошто вие не вакцинирате, одма на карање.А, пак, не дај боже некој да пише дека невакцинираните деца може да имаат последици некои, е тогаш ќе се нафрлите одма.
     
    На Sofronko, baby-star, stevemila и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Јас никого не убедувам. Убедуваат ваксерите двајца на темата. Јас објавувам научни студии, статии за ефикасноста на вакцината и историски статистики за болестите, како и законската оправданост. За криминалот на фарма индустријата низ децениите.

    Само со наука се расфрлам цело време, доколку не забележа. Сакам одржани дискусии. Дали прочита еден од многуте линкови што ги објавив?

    Ниеден лек не е задолжителен. Потпишуваш согласност за анатсезија, операција. Само вакцината е задолжителна на овој свет. Тука е проблемот. И станува се полошо. Се воведуваат драконски закони кои водат кон фашизам и диктатура, дур се разбудиш нов Франциско дошол на власт. Не смееш да зборуваш јавно, не смееш да мислиш, може да те снема преку вечер. Се почнува со губењето на правата на луѓето, и тоа преку првото. Прво ни наметнаа задолжителна вакцинација, следно сакаат да не условат со училиштето ако не сме вакцинирани. Штом се донеса првите 10тина диктаторски закони, изгубена е битката. После ти даваат бројче во системот и тоа заменливо. Замисли свет во кој се за тебе одлучува државата? Тоа е сценариото по кое одиме. Во име на доброто на држават да се стерилизираат одредени единки, државата ќе одлучува кој каде ќе работи врз база на днк тест, државата ќе ти кажува што да јадеш врз база на крвната група, ќе и стават чип под кожа од раѓање со кое ќе го следат секое твое движење. Вакцините ќе бидат smart, земаш една вакцина која ги содржи сите вакцини и ги активира на одредено време (веќе е во план, не е фантастика), според распоред кој го сака државата, со ова ефективно може да ве убие бо било кој момент, без трага, слепо црево задолжително вадење, задолжително вадење на расипани заби за да спречи некој менингитис, вадење матката после родено прво дете заради одржување на популацијата. Државата ќе ти каже како да се облекуваш и каква фризура да носиш (ова го има сега во некои држави). Државата ќе ти забрани да читаш било каква литература освен таа што е напишана за задолжителните државни установи, сите останати ќе се укинат.....Тоа е твојата иднина, ако си ќутиш сега.

    Е тука е твојот проблем. Светот не е црно бел. Има неограничен број нијанси на сиво.


    Лол, да не ги смеша страните ти? Ароганцијата, нестрпливоста, карањето е во другиот табор. Патем пак ја правиме истата грешка цело време. Фарма индустријата се смее гласно колку сме смотани, пак се караме меѓу себе. Тие го прават сиот криминал, ги плаќаат политичарите да носат закони во НИВНА полза, а ние овде се караме меѓу себе. Дајте ве молам, нека се развие свеста,
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    @TheSecret има дводневен бан од темата заради навреди и несоодветен речник иако беше предупредена од модератор. Затоа Ве замолувам да дискутирате без навреди и да ги почитувате правилата на форумот. Во спротивно ќе следуваат уште банови ако се продолжи така.
     
    На cresa-jagoda, yarre, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.466
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 значи аман веќе од твоите епдимиолози,генетичари и незнам што,нема тема во која не трубиш за нив.

    зошто мислиш дека некои си лекари од твоја фамилија или пријателска линија знаат за се што се случува во државата?Неможам да те сватам ама воопшто.Тоа е исто како јас да кажам дека никој од мојата околина еве незнае за жена со седум инвитра а еве ти тврдиш дека ти си таа.Боже сачувај

    тие твои толку способни лекари дали ти кажаа дека моментално на ниво на Мкд снемува лекови за тбц и дека никој не се ни труди да ги обезбеди!Знаат ли дека им даваме лекови со одминат рок на пациентите?Знаат ли дека при манту тест ги боцкаме со вода пациентите оти вистинска течност немаме!
    знаат ли за случај каде на здрав човек му дадовме погрешни резултати од човек болен од канцер и човекот колабираше од стрес!
    знаат ли дека скоро на човек во нашиот град место жолчката му извадија брухот?
    знаат ли дека вчера во нашиот ургентен центар истепале невина лекарка?

    кажаа ли нешто од ова на тв
    имаше ли нешто на билборди?

    ма дај немој те молам

    темата е јасна
    или за или си против
    секој од своја причина нели?Ама никаде немаат граници ставено за тоа колку пати некој може да постира.Ти скренав пажња јас на тој дел за останатото какво мислење имаш мене не ми е гајле.

    —————————————————
     
    На TutiFuti, kikin, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Полека ми стануваш омилен лик на форумов. Продолжи да бидиш тука.
     
    На TutiFuti и yarre им се допаѓа ова.
  15. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Мешаш баби и жеби и е смешна компарацихата твоја.
    За ИВФ знаат и врапчињата зашто секој втор брачен пар е по патот на ИВФ за жал. Јас сум со 7 да, а ги има и кој се спремаат и за 10то па и 11то ИВФ. Скокни читни ја темата за ИВФ па ќе ти е јасно дали некој знае за таа проблематика или не.
    Башка може кај што си ти во таа околина незнаат многу и поедниставни работи.
    Не мешај баби и жаби и ниски компарации зашто никој тука не навлагаше во интимата дали некој правел ИВФ или има дете со поскедици од вакцина. Сосема за друго беа критиките кон оние кој ги браниш.
    И нема шо да трубам кога се факти. Ги спомнувам и ќе ги спомнувам на теми каде има неискусни и читаат каде некој се расфрла со јутуб клипови и гугле статии. Па им отварам очи дека све е лага. Ја не кријам ете и тебе ти јажав ајде ќе ве носам и ќе се напраат и генетски, тромбофилски, имунолошки па и кариотип. Ајде бујрум. На многу тука им помогнав за тие испитувања оние кој сме со ИВф, па за вас кој толку убедувате дека се има штета и деја е од вакцини еве одма ќе ви средам за испитувањата па да видиме дали игра улога вакцината до толку или најголема улога игра имуно и генетиката, па и хромозомскиот статус.
    Ти си таа која на секој пост се докажуваш колку болни има и какви ситуации кај тебе на работа што според закон и според етиката е кривично дело да споделуваш такви информации и се губи работа за тоа. Башка медицинска сестра е медицинска сестра, не е доктор кој учел повеќе од 8г за да стане доктор.
    Све што наброја од случки ги знам. Па и во Систина се дешава да се сменат резултати во брзање а не па во Клиника. Во Систина и погрешна терапија се давало а не па во Клиника.
    Да нема ни инсулин терапија, нема ни шприцеви, ни игли, ни фластери, ниту па гази итн. Ама тоа е Здраството и не е до доктирите. Сигурно они нема да купуваат матерјал.
    И на забар се дешава по грешка здрав заб да се извади.
    Вода не вбризгале сигурно и знам како идат тие работи. Исто знам и дека еден те ист пациент секојдневно иде на еден оддел и досаѓа а е здрав ко дрен.
    Не ми кажувај и раскажувај зашто знам и повеќе од тебе како и што е во Здраството, ги имам во фамилија па и во пријатели. Тендери за лекарства се на почек итн. Нема лекарства ни за децата со низок раст, ене ги секој ден се по Министерство се караат и молат за терапија.
    Одредена терапија и за нас со Ивф немаме во Мк.
    Операции за срце за бебе се иде во Бугарија.
    Ние народот собираме донации за све нешто.
    Никој па ни ја не кажувам дека Здраството и докторите ни се сјајни. Ене ги педијатри па си играат руски рукет со деца грешни терапии па и воведување на исхрана утнуваат и прават бељи.
    Знаеш дека почнаа и диезапами да препишуваат на бебиња...а се знае кој се нус појави. Кортико...па и тоа има нус појави.
    Почвата од 1999/2000г после бомбандирањето е загадена и тоа е најголем виновник за болести и последици. Во Скопје загаденоста беше екстрема и последици се знаат и пак дишеме. Па ете не шо да праиме мора да јадеме и дишеме иако знаеме дека се има нус појави. Нема органско па ни домашно. Почвата е почва.
    И со вакцините е руски рулет ама тоа е. Или вакцинираш или не. Ама неможеш да влијаеш и убедуваш некој со спротивен став.

    Се умира и од анестезија ене почина млада пациентка.
    И јас не потпишував за ниедна абестезија ништо.
    Со Ивф примаме ние жените терапија која да се соберете вие неколку толку вкупно за 100г нема да испиете и примите. И да се со нус појави ама сме ги употребиле за некој позитивен исход. И вакцините имаат позитивен исход.
    Од 119 за и 58 против на темава само 2 случаи се пишани со негативни искуства од вакцина. Кај се останатите исвен оние 2јца кој деноноќно трубат по темава.
    Неможе од 2милиона популација и нека се и 10.000 оштетени од вакцина...останатите што ? Ете ги никому ништо. Ок ете и 50.000 нека не вакцинираат, а останатите сме совесни родители што вакцинираме.
    И доста со тоа здраството вакво здраството такво. Тоа е и...ќе смениме ние нешто на форумов?
    Се умира од све Недај Боже и покрај зграда поминуваш и саксија ќе падне над глава, ќе не удри кола на пешачки, по скали ќе се стумбаме, лифтон ќе ми се откачи итн.
    И да за повеќето работи кој ги наброја се има пишувано и по портали и новини.
    Незнам за што само тече дискусијава која сепак на крај секој со свој став останува.
    И никој не ја оспорува твојата болка и твоето искуство кое си го поминала. Тука не навлагам зашто би било неетички и неубаво да зборам на таа тема. Недај Боже на никој па ни на најголемиот душман. Мајки сме и им се тресеме и на најмала настинка а не па на нешто полошо. Ама нее океј да се шири страв кај оние кој немаат познавање или стручно лице во опкружение и да се вадат од памет. За тоа беше дискусијата која изкезе од колосек. Ок секој нека пишуца ама неможе да убедуца и да плаши со квази линкови и видеа.
    Убава вечер и ја напуштам темава зашто веќе се упропасти и нее како што беше.
    И према тебе лично немам ништо, нит те знам нит познавам ( од форум неможеш да знаеш кој каков е и што е ) и немам намера нит да се расправам нит замеравам. Мајки сме и форумов е катче каде секоја се луфтура од обврските, бара и дава совети поврзани за дете. Ја прекинувам дискусијава и почит имам сепак зашто за многу работи поврзани со исхрана и здравје си ми се нашла и немам намера да се замерувам.
    Убава вечер.
     
    На Sofronko, fana, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.466
    Пол:
    Женски
    никој против никого нема ништо @sofi2107 .Денес сме тука утре веќе не,голема работа.Живот имало и пред и после форум.Сосем друга ми беше поентата на што ти скренав пажња ама очигледно е дека вооопшто не се разбравме.

    за кривично дело се сметаат споделување на
    Лични податоци ама нив никаде не ги изнесов.Да се плашев од бркање работа немаше никогаш ништо да споделувам.Ти да ме заплашуваш неможеш.Мн добро знам до каде можам да одам а каде е границата.

    еве поздрав мајка и од мене
    имај и ти убава вечер
     
    На Centurion, yarre, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.075
    Допаѓања:
    225.511
    Пол:
    Женски
    Има членови на форум за и против.
    Има доктори за и против.
    Има специјалисти за и против.
    Не ми е јасно зошто членови повикувате за јавно излегување зашто не доктори? Што не излезат тие на јавна дебата? Што членови да се прават стручњаци!?
    И запамтете една работа. Ко што вие имате круг на доктори што се за вакцина некој има круг доктори што се против. Слушнете ја другата страна не вреѓајте. На крај без разлика на ништо само вие одлучувате за своето дете.
     
    На kikin, *Лорена*, stevemila и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.183
    Допаѓања:
    88.733
    Пол:
    Женски
    Случајно или не ,како и за вакцините споделувате се што ке најдете на интернет,човек и да сака не може да ве земе за сериозни.Погледни што пишуваш овде.

    https://forum.femina.mk/threads/Искуства-и-совети-околу-терапии-медикаменти-прегледи-и-сл.27902/page-18#post-3810076
    Има разлика од изнесување и образложување став за и против.,до, сум се „освестил“ ,"информирал" па сега сакам сите да ги "освестам" или да ги 'научам",тоа го прават форумски месии,а со цел проповедање или наведување .
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.466
    Пол:
    Женски
    а што е спорно тука?
    за ова имаше предупредување од агенцијата за лекови на нивниот сајт.Не го измислив јас.
     
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Мајка нит имав намера нит па можам да те заплашувам. Во друг контекст беше пишаното.
    Еве да разложам....информации од типот : ова се деси, овака се направи, оној почина, на оној му извадија бубрег место слезина ( пример ) , оној лек е смртоносен, од она се колабура, и стаија вода место инфузија и сл. Богами неетички и нефер пред све. Дали сте помислиле на оние кој читаат а воопшто ете не се упатени, немаат извори на случки, немаат близок кпј работи во здраство, немаат искуства и сл. што ќе биде и како ќе влијае на нив она што ќе го прочитаат?
    Еве јас за себе лично ќе ти одговорам иако можеби и не те интересира ама еве општо за останати кој читаат, а верувам дека дел и ќе се пронајдат.
    Стотина пати сум знаела за нечиј исход од ИВФ како ќе заврши ( нели од она кажаното и целокупна терапија, историја и симптоми ) , за одредена бременост, ене за во темана за шум на срце, за препонските кила, за одредена аномалија и сл. овие се тематиките кој ги познавам, сум ги учела, читала, искусила, доживеала и тн. Амааа никогаш никогаш не сум се дрзнала да и кажам на некоја што ќе се деси и каков ќе е крајниот исход или пример да дадам за некој кој го поминал тоа. Ќе им ја убијам психата пред да им помогнам. Ете затоа некогаш е поубаво некој работи да се преќутат.
    Ете ти знаеш за некој неправилности, знае и друг и знам и јас. Ама оние кој не се упатени нема потреба беспотребно да им се влева страв. Се има специјалисти кој тоа би им го кажале и објасниле.
    Зашто да се плашат мајќи со постови од типот : не вакцинирајте може она и она да се деси. Тоа едно дете на комшиката умре од вакцина. Тоа на оној има трајно оштетување. Тоа е парализирано итн. Нема потреба од такви постови ако самиот тој кој го пишува не е илволвиран и не му се десило на него.
    Океј ти за твојот случај си кажа и длабока почит за тоа што го сподели и тоа е сосема друго. Башка тебе те има во многу теми и никој не те спомна тебе како форумџика која напаѓа или убедува на темава. За сосема други две особи беше дискусијата во која се вмеша и за сосема друго беше дускусијата. Немаше врска со вакцинирање или невакцинурање. Туку со тупење се едно исто со денови, месеци и години на една те иста тема. И упорно и упорно влевање на паника и страв кај оние неупатените со намера да си ја смират својата свест и да си ги оправдаат постапките.
    Незнам зашто само Модераторите тоа го дозволуваат и дозволуваат такви постови кој според закон се казниви. Кој сакате адвокат прашајте го ќе ви каже дека е Кривично дело и казниво со закон.
    Ок да пишеш мислење зашто си ЗА или зашто си ПРОТИВ, но да шириш пропаганда со страв, со заплашување ( погоре што пишав ) е неопростливо и злобно.
    Но, постови од незасегнати личности кој деноноќно се на една тема....не е баш нормално нит етички. Па и сумливо е.
    Ова не беше наменето за тебе, само објаснето за што ескалираше дискусијата и зашто се започна и за кого беше почната.
    Убава вечер мајка.
     
    На Sofronko, mimiiiii, Kom.pot и 8 други им се допаѓа ова.