Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.814
    Допаѓања:
    325.477
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 ако спрема некого би било не фер или неетички тогаш највеќе спрема мене оти еве кажа самата се ставам у ситуација да некој ме препознае и наклевети.Напротив фер е спрема луѓето што читаат затоа што мн раб им се прават зад грб,време е за мн нешта да си ги отворат очите.Јас сум карактерно таква да мн работи незнам да ги премолчам па после си трпам знам.

    Инаку незнам зошто пристапувате кон форум ако ве плашат било чиви искуства,кога он за тоа и служи?

    Но Еве чесен збор не се јавувам повеќе нит на темава нит било каде у мајчинските теми за да не имате уплав од мене.И онака одамна напорно стана да се дискутира било каде на теми од типот за и против.
     
    На wannaBeMomma, stevemila, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    225.513
    Пол:
    Женски
    Не не можеш да не се јавуваш во ниедна мајчинска тема. Сведок сум на колку мајки во кои и јас си помогнала а и Софи верувам е сведок на тоа. Не може туку така да си отидеш.
     
    Последна измена од модератор: 26 февруари 2018
    На Mari-Ja, stevemila, Centurion и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Напротив, верлина и позитивно е кога човек е реален и го кажува она што го мисли. Тоа е твоја позитивна доблест. Никогаш не ти замерив кога си ми реплицирала негативно или отсечно, зашто лично јас ги сакам и само такви во кругот на пријатели имам. Луѓе кој немаат влакна на јазик и се она што се. Нит се улизуваат нит се прават паметни. И нема зашто да се повлечеш кога никој негативно нит те сфати нит ти замери.
    Мене барем си ми се нашла во многу ситуации поврзани со синко мој и сум ти благодарна до небо за тоа. И никогаш не замерив на некој твои постови.
    Никој нема уплав од тебе, незнам како дојде до тој заклучок. Советите во темите за бебе и дете секогаш ти се на место и секогаш добродојдени иако некогаш за нешто може да не се сложиме. Па реално ни сестра со сестра немаат исти ставови, а не па жени на форум.
     
  4. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Сакаш да ти кажам нешто без влакна на јазикот? Не, не сум јас таков, ќе бидам културен. Твоите ставови се контрадикторни, ти не знаеш што сакаш. Некој член е добар, па не бил. Не требало да зборува, па требало да зборува затоа што бил добар. Во тебе владее хаос, две реченици не поврзуваш со исто мислење. Но тоа нека те средува тој што те има дома, не е наше тука на форумот да те оправаме.

    Околу лошите ставови што ги имаш мора да ти се објасни на фин начин колку се погрешни, барем да се проба. Јавно убедуваш член да затајува неправилности и криминал што се случуваат во општеството. Некој ќе се уплашел од тоа ако го читал. Да се ќутело и криело за се, затоа што било страшно. Потоа му се закануваш на тој истиот член дека ќе ја изгубел работата затоа што зборувал. Потоа ми се закануваш мене дека тоа што сум изнесувал научни статии за безбедност и ефикасност на вакцините било казниво со закон. Немаш прочитано ниту еден закон во живото очигледно, ниту една статија. Многу многу си хаос, ништо не кажа поврзано, ниту точно. Жено, среди се малце со мислите. Остави лош впечаток за себе на цел форум.
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.588
    Да се надоврзам.
    Поради истите причини, @sofi2107 има дводневен бан од темата.
     
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Покрај останатото, ова е патот на вакцините, кога не постои начин да се прекине нишката. Сега се очекува ( а многу веројатно ќе се случи, по примерот на измислените епидемии од двајца без тројца) , медијата да си ја си го заврши својот дел од работата.
    На нас ни останува само послушно да конзумираме.

    laj.jpg
     
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Драга Софи,
    Никој во форумот не плаши со баба Роги. А да, се споделуваат информации и истражувања. Не се мои туку на некои лекари и научници. И да таму има и страшни работи, за жал.

    Според ова, најдобро е да се учи на лична грешка при одлука ? Знаш дека вакцинацијата не е реверзибилен процес и дека последиците се трајни?

    Никако не мешај работи. Свеста на луѓето кои не вакцинираат е кристално чиста. Знам како мислиш бидејки сум бил како тебе, а ти не си била како мене. АКо некогаш станеш, во потполност ќе разбереш.
    Луѓето кои не вакцинираат, не се каат.

    А што е казниво според кој закон ? Ти можеби сакаш да е казниво различно мислење од твоето ама не е.

    Се повторуваш, прочитај погоре. Од кого неопростливо ? Зошто злобно ?

    И нормално е, а и етички. Форумските правила се јасни и нелимитирачки. Не секој го интересира секоја тема. Етиката ќе ја разбереш само ако го префрлиш зидот.

    Коментарот ми е најдобронамерен, а темата е јасна. Личните препукувања треба да ги тргнеме, а да се задржиме конкретно на различни мислења и да бараме логичност о размислувањата на тие, кои ние по автоматизам треба да им веруваме.
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Актуелната состојба во Македонија. На вестите кажуваат дека 20% бо поголемите градови не биле вакцинирани со ММР. Интересно е објаснувањето на д-р Кузмановска, која во случајов кажува нешто што е невистинито. Па прашањето е дали лаже или едноставно не се разбира од проблематикава.


    https://sdk.mk/index.php/makedonija...at-protiv-mali-sipanitsi-vo-golemite-gradovi/

    Опфатот на вакцинирани деца против морбили или мали сипаници лани е низок и е на слично ниво со оној од 2016 година, кога беа вакцинирани 82,1 отсто од бебињата со навршена една година. Според неофицијалните податоци од Институтот за јавно здравје и лани како и во 2016 година најмал е опфатот во Скопје, и изнесува 78,5 отсто. Според епидеимиолозите загрижуваки е што според најновите неофицијални бројки, покрај Скопје лани и во други пет до шест поголеми градови во земјава паднал опфатот на невакцинирани деца.

    Таа објаснува дека постојано опаѓа бројот на вакцинирани бебиња, односно во 2015 година опфатот бил 88 отсто, а 2016 82,1 отсто. опфатот пак на деца на шестгодишна возраст што примиле ревакцина со морбили е над 95 отсто.

    „Последниот регистриран смртен случај е кај дете во 2011 година, кое покрај морбили имаше и други заболувања. Со намалување на бројот на вакцинирани лица се намалува колективниот имунитет и се зголемува бројот на осетливо население, па од мали сипаници покрај невакцинирани може да се разболат и вакцинирани лица, на кои од разни други причини им се намалил имунитетот“, вели д-р Кузмановска.
     
    Последна измена: 24 февруари 2018
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.838
    Допаѓања:
    170.511
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира нешто за двете страни, што ве тера да верувате во опција 1, наместо во опција 2, и обратно, ако информациите се скроз различни? Кој е преодниот чекор?
    Најискрено ве молам за директен одговор. Ме интересира процес на размислување и тоа е единствена причина зошто ја читам темава периодов, ако некој ми одговори зошто смета дека ќе верува на процент на заштитеност од вакцини да е 90%, а не 60% или пак уште пониско како 20тина%, ќе бидам среќна (бројките од ракав се, заокружени на тоа што кажувавте страни назад).
     
    На Someonespecial, Lolipop23, *Лорена* и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Постојат студии со кои се испитува ефикасноста на вакцините. Тие студии се достапни до секого во денешно време. За разлика од студиите за безбедност за кои постои голема контрадикција, за студиите за ефикасност не постои такво нешто, затоа што само се бројат случаите на инциденција на вакцинираните и невакцинираните. Во темава е напишано многу околу ефикасноста на вакцините. Накратко:


    Пертусис вакцината има ефикасност од 9%:
    http://pediatrics.aappublications.org/content/pediatrics/early/2016/02/03/peds.2015-3326.full.pdf

    Ништо подобра не е ни заушки со само 15%:
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4140044/

    Moрбили има ефикасност од 68%, која се намалува на 50% после 8 години:
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9509644

    Вакцината за грип има ефикасност од 33% за сезоната 2016/2017 и е една од вакцините која содржи добро количество на жива, исто како и дтп:
    https://www.cdc.gov/mmwr/volumes/66/wr/mm6606a3.htm?s_cid=mm6606a3_w
    За 2017/2018 вакцината за грип има ефикасност од 1-10%
    https://www.cbsnews.com/news/this-years-flu-vaccine-may-only-be-10-effective-experts-warn/

    BCG вакцината против туберкулоза има ефикасност од 0%. Односно помала од нула посто, затоа што освен што не штити, повремено предизвикува туберкулоза.
    http://icmr.nic.in/ijmr/2013/march/ijmr_classic3.pdf
    Оваа вакцина е укината во сите развиени земји и во истите не се вакцинира против туберкулоза. Тие земји имаат најмал процент на туберкулоза.

    Дифтерија вакцината има ефикасност од 70% после 3 дози
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10657213

    Не постои вакцина со ефикаснот близу 95%. Сите вакцини после неколку години губат дејство. После 15 години нема никаква заштита од било која вакцина. Затоа секогаш при епидемиите има заболени што се вакцинирани.

    Околу безбедноста на вакцините исто така постои голема дискусија. Треба многу да читаш на темава пред да донесеш некакво мислење. Треба да потрошиш 500 часа во читање или труд со кој можеш да завршиш 1 година на факултет. Но ова е поважно од факултетот, како што и самата веќе претпоставуваш.

    Вакцините покрај виалите содржат штетни состојки, кои се посочуваат како главни кривци за автоимуните заболувања и ракот. Како најпотетни отрови се живата, алуминиумот, формалдехидот, клетки од абортиран фетус. Живата не смее да ја има во ниедни количини, алуминиумот во многу мали. Еве на пример во каква контрадикција влегува фарма индустријата за дозволеното количество на алуминиум во телото. Децата внесуваат до 100 пати повеќе алуминиум од дозволеното преку вакцините:

    [​IMG]


    Количеството на отрови како алуминиум директно влијаат на автоимуниуте заболувања., Америка, земјата во која се трошат најголемите количини на вакцини(ваксерска нација), имаат најголем проблем со аутизам. ВОедно Америка е една од најболните нации во светот.

    За пофалба е што покажа интерес кон темава, треба да се зголемува свеста по ова прашање. Родителите како и докторите знаат многу малку, обично се дознава за ммр и толку. Не е само ммр потенцијално опасна.

    ПРоблемот е и со законската регулатива. Во поразвиените земји вакцините не се задолжителни, туку препорачани. Било кој лек или медицинска интервенција е на доброволна основа. Пример за операција или анастезија треба дури и да се потпишеш дека се согласуваш. Само вакцините се задолжителни од пред неколку години, а овој закон е во колизија со законот за заштита на правата на пациентите.
    Член 6 Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција.

    Секако голем проблем освен вакцините е и храната преполна со ароми, засилувачи на вкус, конзерванси, стероиди, антибиотици, пестициди. Повеќето пестициди од минатото се канцерогени, ова е веќе докажано и истите се исфрлени од употреба. Не дека и новите не се, но треба време за да се докаже и да се забранат, затоа што фарма индсутријата секогаш негира било какво штетно дејство на пестицидите. Можеби храната да прави и поголема штета и од вакцините, ова не го знаеме. Но за почеток нема закон за задолжителност кај храната, па може да си одгледуваш сам органска храна или да купуваш органска храна. Но секако дека треба да се почне и кампања за здрава храна за сите. Јаболко прскано 16 пати не е здрава храна, да се разбереме.
     
    Последна измена: 26 февруари 2018
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.838
    Допаѓања:
    170.511
    Пол:
    Женски
    @Centurion накратко, статистика.
    Се префрлив од табл, пишењето е невозможно.
    Ако наидиш на студија која вели дека некоја вакцина штити 95% дали ќе прифатиш зошто е истражување или не, зошто се залагаш против вакцини?
    И обратно, ако вакцинираш, ама нема да поставувам такво прашање зошто колку што сфатив не вакцинираш, а не можам да си дозволам долго мислење.
     
  13. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Јас сум противник на задолжителната вакцинација. Тоа е против уставно. Ова е проблемот на слободата и човековите права од кои не смееме да се откажеме. Ако денес се откажеме од ова право, утре ќе ни одземат уште десет. Тоа се случувало во минатото и лесно може да се случи пак. Хитлер наредил насилна стерилизација на сите духовно болни. Неговиот доктор Менгеле вакцинирал десетици илјади затвореници, испитувале се на нив, буквално се што ги интересирало. Правењето на еден лек задолжителен е првиот чекор кон истото тоа општество на Хитлер каде државата може да прави врз тебе се што сака.

    Дали би прифатил вакцина со ефикасност 95%? Да, но треба да се исполнети уште неколку услови.
    -да е опасна болеста против која се вакцинира.
    -да е безбедна вакцината.

    Повеќето болести против кои се вакцинира се детски болести за кои не треба да се вакцинира. Со вакцината само се одложува болеста и истата се фаќа на старост, а тогаш е многу потешко да се прележи. Детските болести се прележуваат во детството и цел живот имаш имунитет од нив. Со вакцината имаш имунитет само неколку години. Една варичела е опасна на старост а 100% безбедна во детството. Ваксерската нација во Америка вакцинира против варичела. Лудост да, но може да очекуваме и кај нас да ја воведат во здоложителниот календар за 10тина години ако молчиме како овци.
    Некои болести како дифтерија се потешки болести и тука би прифатил вакцина. Но ДТП во минатото се покажа како деструктивна вакцина. Многу повеќе и од ММР.

    Многу е лесно да се направи безбедна вакцина, треба да е моновалентна. Тогаш нема потреба од сите останати отрови. Всушност проблемот со ММР настанал кога од моновалентна морбили преминале во ММР со алуминиум и клетки од абортиран фетус. Проблемот со ДТП е истиот, со монавалентните вакцини на дифтерија и тетанус имало многу помалку проблеми. Дури ДТ има помалку проблеми од ДТП.

    Денес не можеш да бираш против што сакаш да вакцинираш. Одат во пакет по 3,5,6 вакцини одеднаш.
     
    На kikin, yarre и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    @Centurion ,
    Мислам дека не и ја разбра поентата на @theowndemon . Јас мислам ( нека ме корегира ако грешам ) дека таа ( тој ) помислува на преклопот на размислувањата.

    Еве да ти кажам како се развиваше мојот став.
    Кога се роди син ми ( инаку вакциниран со БСЖ ), МЖ ми предложи да не го вакцинираме понатаму. Гром од ведро небо. Ме остави да копам информации. Секое копање ми создаваше паника. Го имам првото дете, сакам да го заштитам, не сакам да му наштетам. Како поминуваше време, барав човечки логичности. Барав бројки. Официјални бројки, а не медиски писанија. Читав и читав. И се чудев, бидејки и за мене вакцините беа светиот грал.
    Се ближеше времето на првите вакцини. Запнав да барам лекари кои ми се блиски. Имаше и такви и такви. До тој момент јас не знаев дека воопшто постои лекар кој би рекол против вакцина.
    Се борев, имав ѕид за рипање. Голем. Прашањата во мојата глава полека ги одговарав. Палев вага, а како одминуваше времето, вагата некако одеднаш отиде на страната против,
    Се ослободив и кога нашата матична педијатарка ( тогаш тоа беше и педијатар и превентивец заедно ) го прифати нашиот став, со блага насмевка на одобрување. Лесна и земја, почина, кратко после пензионирање.
    Понатаму беше лесно. Криво ми е што и БСЖ сме го вакцинирале.
    После само ги гледаш различностите на твоите деца во однос на вакцинираните. Верувај огромни. Никогаш, никогаш не жалиш за промената на стереотипниот став.
    Овој процес е различен кај секој човек. Некој никогаш не го менува, некој после кратко време, некој после штета настаната. Најбитното е колку ќе можеш и имаш трпение да истражуваш. Дури и од лоши примери околу тебе. А ако загребеш подлабоко, со барање на логичност, не верувам дека ќе останеш на ставот кој ти е дифолтен околу вакцините.

    И јас сум човек како и ти. И јас како и ти, сакам најдобро на моите деца. Не барам реафирмација на став, со моето пишување тука. Она што сакам е да постигнам е секој повеќе да загребе. Па после секој со свој ум. Сметам дека во повеќето случаи оној кој успеал да загребе, се одлучува да ги отфрли вакцините. Зошто тоа го кажувам. Секој родител мора да има избор. Информиран избор. Од последица од вакцина не болува само детето, болува и семејството.

    Бројките јасни, еве @Centurion ги сожвакува да станат кристално јасни. Запалете логика, прочитајте. Дознајте ги двете страни, не се врзувајте само за едната како слеп за стап. Нема скриени намери, нема конспирации.

    Јас иако како и сите други имам обврски во животот, секој кој сака може да ме контактира и приватно, за тет а тет муабет. Секогаш ке најдам време. За мене, успех е секое здраво и имунонекомпромитирано детенце.
     
    На Lolipop23, Centurion, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Најново патешествие со HPV вакцината која кај нас не е воопшто популарна и покриеноста и е околу 30%? Треба што побрзо да се укине затоа што вакцинава предизвикува рак. Студиите веќе покажале дека HPV вакцината кај лицата кои веќе го имаат во себе вирусот во неактивна форма, ги зголемува процентите за рак за 44%.
     
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    За истава вакцина баш и Аспазија Софијанова во една прилика кажа дека не баш најсигурна т.е дека не е сеуште доволно испитана. Исто и дека таа на нејзино дете не би ја ставила.
    Последно прочитав дека во Србија истава вакцина влегува во задолжителна во нивниот календар за имунизација.
    Истиве вакцини се примаат кај нас во две дози т.е две вакцини ако не се лажам во рок од 60 ден треба да се примат. Познавам девојчиња што истата ја примија без никакви компликации натаму.

    https://sdk.mk/index.php/makedonija/za-gradinka-uchilishte-
    vaktsinatsijata-mora-da-e-zadolzhitelna-veli-ministerot-filipche/#.Wo8VYxDuLVI.facebook
    Не е лош ова, но да се рализира и поправи нешто сум За.
     
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.489
    Допаѓања:
    172.367
    Во мојот случај прво дете редовно вакцинирано до 6години кога прими ревакцина на ммр За 20дена доби епилептични напади Таму престанав со вакцинирање Не ми треба ни изтражување ни ништо кога доктор невролог ми потрврди дека можно е да е од вакцина на самата вакцина постое како нус појава
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Реакцијата од вакцините не е унифицирана. Кај секој организам е различно. Токму затоа е таканаречен „руски рулет“. Предиспозициите за лош резултат после вакцина зависат од многу фактори, кои па се различни кај секое дете. Згора на ова временскиот момент е битен, со оглед дека реакции се јавуваат дури и после декади, што наназад го видовме низ разни студии.
    Кој е процентот на сигурноста дена недајбоже проблемот нема да настане на твоето дете ?
    Препознавањето на последица од вакцина, дури и визулено може да го направи педијатар со пракса. Отекувања на мозокот има кај сите случаи на аутопсија на дечиња, починати после вакцина.
    Еве став на еден педијатар. Кратко е, 6 минути со превод.

     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.184
    Допаѓања:
    88.744
    Пол:
    Женски
    Зошто е важен колективниот имунитет и колкава е штетата на антивакциналната мода која ја пропагираат месии на интернет и по форуми, за жал ке го учиме од лоши примери,во Србија 6 жртва од последици од морбили,е дете со основна болест поради кои не можело да се вакцинира.

    https://www.blic.rs/vesti/drustvo/s...ja-preminulo-dete-4-iz-vranjske-banje/pbx80t4

    Dаnа 1.3.2018. gоdinе Кliničкi cеntаr Niš priјаviо је smrtni ishоd коd dеtеtа uzrаstа čеtiri gоdinе iz Vrаnjsке bаnjе, које niје bilо vакcinisаnо. Bоlеst је lаbоrаtоriјsкi pоtvrđеnа, а u кliničкоm tокu dоšlо је dо rаzvоја zаpаljеnjа plućа.
     
  20. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Не знаат

    A ти ако се плашиш толку од сипаници што не се вакцинираш? Зошто живееш во страв, штом работиш со деца вакцинирај се на 2-3 години и ќе бидеш заштитена од сипаници, нема да шириш паника на форумов.