Да, секако ќе дебатирам со задоволство.Се согласувам дека ако е вакцинирано не е загарантирано дека нема да заболи, но Lyssa-Rabies вирусот кој што е од фамилијата на Rhabdiviridae ќе биде помалку патоген (инфективен) и нема да остави компликации како кај невакцинирани, поради веќе постоечкото присуство на антитела. Инаку србите користат вакцини кои што сами ги подготвуваат(ТОРЛАК) па затоа се "појавиле сомнежи".Вакцините во Македонија се увезени од земји членки на ЕУ.
Во Србија: А во Македонија во тек е судски процес на група граѓани против министерството за здравство за ДТП вакцина од бугарија која не е регистрирана.
Знаејќи кој се може во денешно време да си направи портал и заради читаност на истиот воопшто не го сметам ова за веродостојно. Во Србија гарантирам дека ТОРЛАК ги произведува, а во Македонија се увезуваат од ЕУ-членки вакцините кои се задолжителни на календарот за вакцинација.
ако си медицинско лице ке знаеш дека дтпр во Македонија е од бугарско производство еден господ знае какво и што
Кога сме кај вакцината за беснило кај кучињата има ефикасност од 74%, која после само 3 години паѓа на 33%: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/29254717 Затоа се препорачуваат до 5 дози од оваа вакцина.
Зборуваме за задолжителните вакцини од календарот за имунизација! Serum Antirabicum се дава по потреба, не задолжително. П.С: Титарот на антитела со тек на време опаѓа кај сите вакцини, па затоа има ревакцинации! Но тој титар никогаш не опаѓа на 0, како кај невакцинираните.
Има 3 бугарски вакцини кои се продаваат кај нас и тоа стои на официјален сајт на министерството за здравство. Ајде најди каде е Скандалот со бугарската вакцина беше многу актуелен изминативе 4 години по медиумите, ме чуди како може медицинско лице тоа да го испуштила. А во која сфера од медицината рече работиш?
Па Бугарија е членка на ЕУ, јас кажав дека се увезуваат од земји членки, дел од нив се увезени од Бугарија.Знаете дека во фармацевтската индустрија производството(синтезата) на вакцини е најстрого регулирани? Па колкава и да им е цената мала-голема мора низ производството да поминат различно етапи на сигурносно производство. (Предклинички, клинички испитувања и сл.). Еден Аспирин произведен од Алкалоид или Крка се конкурентни за цена, но Аспирин по состав е Ацетилсалицилна киселина и кај едните и кај другите. П.С: Дипломиран доктор по медицина, моментално на специјализација.
И јас сум медицинско лице, па и јас знам што зборувам. Ама претпоставувам дека си уште студент на медицина според ова што го кажуваш, некако ми се чини како да ги читам книгите од кои учиш, а не тебе, или твој став. И да бидам искрена, можеби порадо би го вакцинирала детето со вакцини произведени во ТОРЛАК, отколку со „увезени“ од ЕУ. Пошто на времето на бивша СФРЈ, ако нешто значи, вакцините со кои се вакцинираа децата во тогашната држава беа исклучиво производство на ТОРЛАК институтот. Ако некој одбрал да не си ги вакцинира децата, не значи дека не верува во медицината базирана на докази. Напротив.
Штом знаеш дека антителата се намалуваат и ефикасноста низ годините ја снемува, тогаш согледај ја следната слика. Вакцините ги примаме во детството. После 1, 5, 10 години антителата што ги створиле тие вакцини ги нема. Штом наполниш 30 години немаш никаков вештачки имунитет од вакцина. Населението од 30 до 100 години нема вештачки имунитет, а тое е грубо 70% од населените со претпоставка дека има 100% покриеност со вакцини. За кој колективен имунитет зборуваме. Дали знаеш дека има вакцини со ефикасност 0%? А помалку од 0%? А кога сме кај тестирање на безбедноста на еден лек и неговите нус појави, ајде објасни ни на кој начин се прави тоа.
Колешке, вие како медицинско лице треба да имате свој став секако но да биде базиран на докази, тие докази се донесени после многугодишни истражувања.Развојот на медицината и фармацијата е секојдневна не го оспорив никако квалитетот на ТОРЛАК, но новите петто-шесто валентни вакцини се далеку попрочистени и поупотребливи.За жал, расколот и во медицинската фела доведе до сомнеж кај родителите што е оправдано.Малкумина знаат дека дел од еминентните педијатри имаат склучен бизнис со грчки аптеки за луѓето од таму да ги купуваат вакцините, со изговор дека нашите се "сомнителни". Претходно ти одговорив, антителата своевтемено опаѓаат па затоа има ревакцинации, но никогаш имунитетот не паѓа на 0 како кај невакцинираните.Слободно доколку сте медицинско лице ќе дебатираме за Имунологија, и имунолошката реакција што настанува при првична и секоја следна средба на организмот со истиот инфективен агенс.
Дали ти е јасно што е ефикасност на вакцина? Скоро никогаш бројот на антитела не паѓа на нула, но има граница под која организмот веќе не е ефикасен во борба со болеста. Што мислиш сега за колективниот имунитет кој со 100% покриеност а вакцинација во пракса е помалку од 30%?
Прашањето го поставив бидејќи некои анти ваксери се изјаснуваат дека дури ни во тој случај не би дозволиле вакцина.
Што е проблемот со моето прашање? Најнормално е. Или не ви одговара дека ќе треба да пишеш дека ќе се вакцинирате?
Не постои граница под која организмот веќе не е ефикасен.. Би ти препорачала да читаш малку Имунологија, ќе ти станат многу работи појасни Бесцелно е реплицирањето, доколку не разговараме за факти и докази (кои што впрочем СЗО ги поставува)
Секако дека постои и на тој начин се тестираат вакцините за ефикасност кога тестирањето се прави само преку детекција на антитела. п.с што специјализираш?
http://24vesti.com.mk/24-analiza-postoi-li-opasnost-od-epidemija-na-morbili-i-kaj-nas Ова е последната дебата кај нас, слушни ако не сакаш да читаш Посети ја и страната на СЗО, ќе сфатиш колку грешиш
Ќе ја погледнам и оваа дебата. Јас се читам и се гледам. За почеток само, во 2018та во МКД има 3 случаи од кои 2 се импортирале од Србија. Од двата едниот е вакциниран. Првин проба да го скрие фактот Второто нешто што го кажува е дека всушност појма нема колку од вакцинираните развиле антитела. Или со други зборови појма нема колку е ефикасноста на вакцината. Ме чуди како не ве научиле на факултет дека постои минимално ниво на антитела испод кое организмот не е заштитен. Еве ти пример за тетанус The minimum protective level is 0.15 IU/ml (32). This means that 14% of the adult sera tested had levels below this limit.
Не ми е јaснo зoштo не би ми oдгoвaрaлo дa нaпишaм декa ќе вaкцинирaм. Јaс никaде не нaпишaв декa сум прoтив медицинaтa генерaлнo или прoтив лекoви и сл. Амa мнoгу е aктуелнo тaкви длaбoки искзи дa се дaвaaт. Не вaкцинирa- шaрлaтaн е. Ете ме фaти вo небрaнo, секoјa чест. Сaмo ти си ги пoмешaлa лoнчињaтa мaлку. Еднo е дa примaм вaкцинa зa тетaнус или беснилo oткoгa сум се бoцнaлa нa 'рѓaвa шaјкa или ме кaснaлo беснo куче a другo е дa се вaкцинирaм oд истoтo без претхoднa пoтребa. Пoсебнo aкo пoрaди истoтo пoстoи мoжнoст дa ми се случaт уште 100 несaкaни нус пoјaви зa кoј финo лепo си се знaе декa се мoжни- црнo нa белo.
Јас никаде не напишав дека си против медицината, и не ми ставај зборови во уста. Работата е дека кога ќе ви дојде јајцето на газот тогаш „ќе вакцинирам“, и тогаш вакцините ви се океј и заборавате на сите лоши последици кои може да настанат од нив. А тука делите памет дека имало во нив штетни состојки, дека се најголемото зло што постои итн, ама тоа се додека не ви притреба вакцина.