1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    714 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    224 глас(а)
    23,9%
  1. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Па тие болести се искоренети благодарение на вакцините, ако не се вакцинираме, постои веројатност повторно да се вратат. Имам гледано документарен како се манифестираат сипаниците кога не си вакциниран и колку се смртоносни, верувајте, една температура од два дена не е нисто во споредба со последиците ако заболиш од сипаници, а не си вакциниран. А за модерниве вакцини и сум за и не, ама пак за ХПВ би ја вакцинирала ќерка ми, оти ако недај боже заболи од тој вирус нема да си проста дека сум можела евентуално да го спречам тоа. А тоа дека доктори не ги вакцинирале своите ќерќи, не значи дека ако се доктори се знаат и за се се најинформирани сите, као што јас во мојата професија не се сметам дека совршено знам се и сум најинформирана, и ако што во сите професии има некој што подобро ги разбира и работи работите од некој друг.
     
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    И јас сум скептична во врска со новите вакцини за ХПВ и сезонски грип, не затоа што се лоши или неквалитетни, туку затоа што секоја вакцина која се пушта во промет треба да помине исвесен период на пазарот после клиничките испитувања. Тоа е единствен начин да се проверат темелно ефектите од било која вакцина. Инаку јас зборував за нашите стари и добро познати вакцини кои и ние сме ги примале. Тие мораат со закон да се примаат затоа што секое непримање претставува закана. Да, во Македонија се искоренети повеќето од овие болести, но што ако детето еве после 20-30 години треба да оди да речеме во некоја афричка земја на семинар или обичен одмор на пример. Таму уште ги има тие болести.
    Јас не реков ниту дека сте луди или не знам што, само ви дадов совет како здравствен работник.
    а инаку тоа дали е 5то валентна или 6то валентна нема врска, разликата е во технологијата на изработкаи се штеди пациентот од повеќекратно боцкање, но и тие имаат свои предности и недостатицинвооднос на комерцијалните вакцини.
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И јас не зборам за стандардните вакцини што се примаат секаде во свет, што и самата сум ги примила. И кај нас не се вакцинира од Маларија по редовна постапка, па секој што оди во Африка се вакцинира против неа или против мувата цеце и останати локални болести. За 20-30 години може ќе ја нема таа вакцина, може до тогаш ќе треба да се напие само апче,зошто уште првата година додека му се гради имунитетот на детето, да треба да му вбризгувам хемии??
    http://www.ringeraja.mk/clanek/kalendar-na-vakcinacija_559.html
    Еве список на редовни вакцини.
    3 дози на Хепатит Б уште првите 6 месеци. Јас колку што имам абер, овој вирус се добива преку крв и секс??!?
     
    На Anastasija-Velika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Така си е Мицика, вакцината се дава во три дози, така ја примаат и возрасни. Инаку, задолжителна е веќе неколку години, пред тоа немаше ваква вакцина. Првата доза се прима во болница после породувањето, после на месец дена и после тоа на 6 месеци. Така мислам дека беше. Знам дека мора така да се примаат дозите, за да има ефект, инаку во спротивно, џабе е боцкањето.
    Инаку, оваа вакцина е воведена како заштита, пред се затоа што има многу носители на вирусот на хепатит Б кои немаат поим за тоа и доста ризични групи, а бројот на заболени од оваа болест и хепатит Ц рапидно расте. Точно е дека се пренесува преку телесни течности, најчесто крв, ама ако ти кажам дека место каде што најлесно може да се заразиш со хепатитис Б и Ц е стоматолошката столица, тогаш ќе сфатиш дека навистина толку рано има потреба од ваква вакцина.
     
    На ♡BuBaLe♡ и Micika80 им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Си ја искл. опцијата за ЛП, па неможев да ти вратам порака
    Ја доцнев ДТП која се прима втора или трета доза не се сеќавам која беше на околу 3год. Се вадев дека детето е болно и не боцкам болно дете де додека не направи 4год и некој месец. Меѓувреме дома ми стигаа ,,опомени со казни,, ама ги игнорирав и од време на време се јавував да одложам :)
     
  6. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    За сите фемина-мамички, т.е. за вакцинацијата на дечињата можам (како немајка, но со положен испит имунологија) да пишам еден извадок од книгата, а тоа оди вака:
    Вакцинацијата кај децата започнува на возраст од 2 месеци. Препорачаната програма за детска имунизација во Америка корегирана во 2002 година од Американската Академија за Педијатрија ги вклучува следните вакцини:
    хепатитис Б
    дифтерија-пертусис - прва вакцинација - тетанус ДПаТ комбинирана вакцина
    неактивна (Салк) полио-вакцина (ИПВ),оралната вакцина (Сабин) не се препорачува повеќе за употреба во САД
    Сипаници (морбили и рубеола)-заушки-рубеола (ММП) комбинирана вакцина
    Хемифилус инфлуенца (ХиБ)вакцина
    Варичела зостер (вар) вакцина за мала сипаница
    Кољугирана пнеумококина вакцина (ПЦВ) која е ново додадена ан листата
    Како додаток Хепатитис А вакцината на 18 месеци и вакцина против грип после 6 месеци се препорачува за деца кои се во популации каде има висок ризик.

    Ова е за америка, нели, али ете таму дечињата со ова ги вакцинираат.
    Треба да се потсетам на некои работи од материјалот па да ви пишам пак.
    поздрав за сите фемина-мајки и нивните дечиња :*
     
  7. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Jас пак ќе пишам во истава тема само зошто се замислив дека и јас утре (дај Боже) ќе бидам мајка и ќе ги имам истите сомнежи и мисли кои вие сега ги имате. Па... еве повторно нешто од имуношка тема:
    Децата покажуваат потреба од повеќекратно дозирање (повторна инокулација) на соодветни временски интервали за постигнување на ефективен имунитет. Во првите месеци од животот на новороденчето, причината за ова можеби е издржливоста на циркулирачките мајкини антитела во младото новороденче (дете од раќање до 12 или 24 месеци). На пример, пасивно стекнатите мајкини антитела се врзуваат за делови (епитопи) на ДТП вакцината и ја блокираат адекватната активација на имуниот систем, затоа овој тип на вакцини мора да се дава неколку пати по отстранувањето на мајкините антитела од крвотокот на новороденчето, со цел да се постигне адекватен имунитет. Пасивно стекнатите антитела од мајката исто така интерферираат со афективноста на вакцината за заушки, поради таа причина ММР вакцината не се дава пред 12-15 месечна возраст. Во земјките од Третиот Сцет, како и да е, вакцината за заушки се дава на 9 месечна возраст, иако сеуште се присутни мајкините антитела, затоа што 30-50% од новороденчињата во овие земји ја добиваат болеста уште пред 15 месечна возраст. Потребна е повеќекратна имунизација со полио вакцина за да се осигура создавање на адекватен имун одговор на секој од 3те вида на полио вируси од кои е направена вакцината.

    Ете зошто децата се носеле на ревакцинација...зошто треба крвотокот на новороденчето да се очисти од мајкините антитела и да може адекватно да се имунизира...хммм...
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски

    Ни напред ни назад, незнаеме што да правиме, еден доктор едно вели, друг друго и времето си мине, а на крај пак ќе ја ставиме изгледа.
     
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Запозната сум со тврдењата на скептиците кои се борат за укинување на вакцините како непотребни и штетни во модерната медицина.

    Ако моментално истражувате и сте во недоумица дали да го вакцинирате вашето дете, не дозволувајте да ве едуцираат анонимни луѓе на интернет, советувајте се со лекари и педијатри кои лично се одговорни за вашето и здравјето на вашето дете.

    Ако мислите дека спаѓате во некоја ризична група, а педијатарот не ви изгледа доволно согурен во работата, побарајте совет од друг, никако не оставајте последната информација која ќе ви го оформи мислењето да биде таа што сте ја прочитале на интернет форуми.

    Еве за почеток еден добар текст во кој се спомнува мислењето од некој македонски лекар кој ја брани потребата од вакцини.
    http://www.teamoderna.com.mk/index.php/ ... 80-vakcini
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми паднало на памет да не ја носам ќерка ми на вакцинација. Јас сум ги примила сите вакцини од прва до последна, така ќе биде и со неа. Зошто би ризикувала да не стекне имунизација на заразни болести кои можат да бидат смртоносни.
     
    На zalosna и girl1985 им се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    http://danas.net.hr/znanost/tamna-strana-cjepiva -Ова е интервју од научен истражувач на вакцините. A за оние кои сакаат мислење од доктор еве едно интервју со докторка од Хрватска.http://www.naturala.hr/interview--dr--l ... 1-dio/419/ само еден исечок од интервјутоN: Kada se govori o toksičnosti cjepiva, na koje se konkretno nuspojave misli?

    Dr. Gajski: Neposredni štetni učinci dobro su poznati i navode ih i proizvođači. Najčešće su to lokalne reakcije poput bola i crvenila, pa i gnojne upale na mjestu uboda, odnosno sustavne reakcije kao što je povišena temperatura, osip, glavobolja, bolovi u zglobovima i slično. Ponekad se može pojaviti i klinička slika bolesti protiv koje se dijete cijepilo. Tako je prošle godine 111 djece u Hrvatskoj oboljelo od zaušnjaka nakon cijepljenja MoPaRu vakcinom. Moguće su i teške nuspojave poput trombocitopenije (manjak trombocita u krvi koji dovodi do krvarenja), alergijskih reakcija, pa i anafilaktičkog šoka koji, iako vrlo rijetko, može imati smrtni ishod. Spominje se i vrlo rijetka mogućnost encefalitisa (upala mozga), meningitisa, neuropatije... Neke su serije cjepiva zbog nuspojava i povučene s tržišta.Poseban problem predstavljaju bolesti koje se javljaju s vremenskim odmakom, a naročitu pozornost privlači sve veća pojavnost autoimunih bolesti (dijabetes tip I, multipla skleroza, reumatoidni artritis, sistemski lupus, Crohnova bolest i slično), te astme i alergija. Cjepiva, naime, djeluju na imunološki sustav. I naš stručnjak, imunolog Srećko Sladoljev upozorava da uporna višekratna inokulacija stranog antigena može konačno dovesti do hiperstimulacije imunosnog sustava i proizvodnje protutijela na tkiva vlastita organizma.
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Ова мислење ме изреволтира за да се пријавам на форумот.
    Зошто да постои потценување на други мислења контра вакцинирање, ако тие мислења не се кажани директно од некој наш директен лекар/педијатар и слично, поборник на вакцинирањето? Зарем се малку студии објавени на интернет, студии од врвни епидемиолози и научници, ( не молери и столари - со извинување на овие две професии ) и тие треба да се помалку важни ? Па Луј Пастер не бил лекар во прва рака, а неговата теорија за вакцина се смета за првата вакцина.

    Јас, и мојата нелекарска маленкост, како и верувам сите родители на овој свет, секогаш ке се спротиставувам на светската глупост наречена превенција и со тоа ќе им овозможам подобар живот на моите најмили.

    На еден друг форум има една многу содржајна тема по ова прашање. Да, во Македонија веќе постои немал број на родители кои не ги вакцинираат своите деца, а се повеќе дознавам за деца на лекари ( сега веќе возрасни луѓе ) кои и во претходниот систем не биле вакцинирани.

    Еве за почеток, пошто објавивте линк со еминентен професор од Скопје, проверете дали негоивте две деца се вакцинирани, па после видете колку му држи зборот во статијата.

    Вакцини, НЕ !

    Одлуката на родителот да не го вакцинира своето дете му е загарантирана со ЗЗЗ во делот на одбивање на медицинска интервенција. Согласно ова, родителите кои не ги вакцинираат своите деца немаат никаков законски проблем. Проверено, функционално.
    Детална евалуација на вакцините, одговорно тврдам, не постои, како што исто не постои евалуација на 3 во 1 и 5 во 1 вакцините, за НЕ штетноста за нивното кумулативно дејство. Дали тоа што не е докажано дека е штетно, автоматски станува НЕштетно ?
    Никогаш не би се поштедил од текстови и студии против вакцини објавени од секаков профил на луѓе, било да се професори доктори епидемиолози, било да се машински инжињери кои професијата не ги спречува да се информираат. И секако текстовите од родителите паталци од вакцините, од нив никогаш не би се поштедил
    Дали ќе коментирам дали да го вакцинирам моето дете ? Ау, да не коментирам дали е потребно ? Многу слободен исказ.

    Болестите НЕ се искоренети од вакцините, а практично и не би можеле да бидат, бидејќи вакцините, гледано низ временска призма се јавуваат на замирањето на еволуцијата на болестите.
     
    На Anastasija-Velika, DeMelo и bebaa им се допаѓа ова.
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    @yarre

    Советувам да не ги земаат сите мислења како релевантни затоа што од лично искуство знам дека сите сакаат да се прават паметни, а најлошо што има многу неедуцирани кои од што се неедуцирани не сфаќаат дека грешат.

    Не велам дека и вие сте еден од нив затоа што поштено си кажувате дека не сте медицинско образуван. Ама грешите кога сугерирате "Вакцини Не". Прашањето не е толку едноставно за толку едноставен одговор. И јас поштено си кажувам дека моето средно медицинско образование не ми е доволно за да дискутирам, а нема да дискутирам копирајќи мислења од разни извори.
    Ете мило ми е што мислењето на лекарот кое го пренесов ве испровоцирало да се регистрирате, можеби со вашето знаење ќе придонесете кон поголемо разбирање на темава и промена на ставот. Препорачајте извор каде да има релевантни аргументи против вакцините. Јас, на пример, иако немам медицинско образование, вака по форуми и на интернет имам читано аргументи за и против и еве не ме убедиле дека вакцините се непотребни и затоа предупредувам да се чуваат од нерелевантни мислења, особено од полуедуцирани лекари кои појма немаат за контроверзноста на овие прашања.

    И уште нешто да додадам. Има разлика од ставот дека сите вакцини се целосно непотребни и ставот дека родителиге имаат право на информирано одбивање на медицински услуги.
    Првиот став е буквално да се оди против современата медицина. А пак за вториот може да се дискутира.
     
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    според моето искуство (погоре имам напишано што му се слчци на син ми) да се прашувам и да е до мене нема ни преостанатите вакцини да ги прими а боже здравје за второ ако се попаѓам во нашава битолска крш болница има да ги испоредам сите па ако му стиска нека згрешат пак
    а пак да се прашувам јас вакцина никако нема да му ставам
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    .expert: Препорачајте извор каде да има релевантни аргументи против вакцините.
    [/quote]
    Разгледај ги линковите погоре што ги имам постирано-интервјуа со луѓе што не се лаици и се доста компетентни за да разговараат на темава можеби и ке те подзамислат малце :!:
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Интернетот е корисен од една страна , но и штетен од друга , се пласираат многу информации кои не секогаш се неверодостојни , како можете да речете дека нема да ги вакцинирате децата :^) тбц ја нема веќе со години бидејки има вакцинација, тетанус ако се исече детето од рѓсано железо како ќе биде заштитено или веднаш серум ке треба да прима барем јас како дете 100 пати сум се бодела од шајки ако не сум била вакцинирана кој знае што ќе било со мене и да не набројувам други .. и нема доктор кој не го вакцинира своето дете . Освен за хпв вакцината , оваа сеуште не е проверена и знам дека многу ја одбиваат и не е дел од календарот за вакцинација.
    Или ова американциве аутистични биле децата од вакцините.
     
  17. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Мими извини но ставот ти е малку нападен а и во некоja др тема поврзана со медицина те сретнав и баш те запомнив по непотребно контранюе без да се разгледаат сите аспекти, не сме тука да се напагаме едни со други, маjkи сме побогу тука сме да споделиме искуства и да им го пружиме наjдоброто на нашите малечки.
    И секако дека ке кажам не за вакцини од кина, со живи вируси, со жива внатре и со еден куп нус поjaви.
    Сигурно дека секоj родител го сака наjдоброто за своето дете и ке ги бара сите можни начини да му го пружи истото.
    Ти кажуваш дека др. Ги вакцинираат но изоставуваш еден важен дел, дека сите одат со врски на клиника, на ацелуарни, без нус поjaви, тоа треба да им се пружи на сите деца.
    Мене срце ми стега кога ке прочитам некоj случаj co копликации ради вакцина, и веруваj не се мал бр, но вешто ги криjaт.(др. Нормално)
    И нормално секоj родител ке се запрашашто ако не даj боже.... Не сакам ни да споменам.
    Ние имаме 10 месеци не сме примиле, здравje, сме во план од Грчка да земимеи со едно боцканюе да ги поминиме сите.
     
  18. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Здраво expert,
    Мислам дека е ок дискусијата да ја водиме без персирање. Се надевам се сложуваш, од аспект на исто рамниште, и двајцата сме родители ( јас машки родител ).
    Одлуката - “Вакцини НЕ“ е токму наједноставниот одговор на вакцинирањето, иако секако има и други начини, а тоа е селективна вакинација и одложена вакцинација. Моето мислење е дека останатите две варијанти не го исклучуваат ризокот од вакцинацијата, можеби делумно го намалуваат.

    Мислењето на лекарот воопшто не ме испровоцирало, тоа е став на лекар кој и да сака нешто друго да каже, нема да го направи во јавен медиум, особено во поднебје како нашето. Со тоа би си потпишал крај на својата работа. Не го занемарувај фактот на реченицата, провери дали истиот тој лекар ги има вакцинирано своите две деца. Излагањето е супер за широка популација, ама не е меродавно за родителското право на одлука, која секако е тешка и за многу нови родители е нова, бидејќи бега од стереотипот на размисувањата околу вакцините.
    По интернет секако се може да се најде и прочита, но никој не може да биде помалку писмен или хендикепиран ако не е лекар по професија. Контра вакцините одат многу видувања на голем број на луѓе, стручни и нестручни, но интересен е фактот дека никој од тие што се за вакцинирање не им контрира, бидејќи и немаат реални аргументи за вакцинирањето, осем оној стандардниот кој го кажуваат а тоа е “ лекар сум - треба да се вакцинра детето, знаеш ли вакцините од што се штитат “

    За Современата Медицина, и нејзините постулати, ќе ти кажам само едно, истата опстојува на база на бизнис од фармаколошките гиганти, земи да видиш од каде се финансира Светската Здравствена Организација (WHO) па се ке ти стане јасно. На фармаколошките гиганти не им одговара здрав и мртов човек, се друго се мноооооогу големи пари.

    stefi23 имаш родителско право да одбиеш вакцинација при породување, тоа во Скопје се прави и во државните и приватните породилишта без поголеми проблеми, осем инвизиторскиот поглед на некоја сестра. Одлуката е твое право!

    1. ТБЦ Вакцината не ја искоренила туберкулозата, бидејки е “пронајдена“ кога туберкулозата била на самракот на исчезнување, сама од себе, со зголемени хигиенски навики. Заболените во МК денес од ТБЦ се 50-50 вакцинирани/невакцинирани.

    2. Тетанус - знаеш ли каде го има вирусот во твоето секојдневно опкружување ? На одстојан измет од коњ, задржан подолго време на некоја зарѓана површина. Секако доколку треба се прима серум во болница, независно дали детето е вакцинирано или не. Вирус на тетанус не постои. ( Пак не поради вакцината туку поради воведување на многу подобри хигиенски стандарди во последните 100 години )


    Во прилог на мојата дискусија сакам да ви дадам еден одличен пример за студија направена во Холандија каде се опфатени и вакцинрани и невакцинрани дечиња (вкупно 645), и следени се сите нивни медицински истории, и секако правени се прибелешки од родителска страна.
    Се работи за 4 страни, со оглед дека се табели, табели кои многу кажуваат, бројчана зависност на други болести со вакцината. Погледнете ја зависноста на обичните настинки само, и се ќе ви стане јасно.

    Студијата е направена со математички показатели, за штетното дејство не треба човек да е примариус.

    Линк

    http://www.vaccination.inoz.com/Vacc vs unvacc results survey.pdf

    И уште еден линк, во контекст на темата. Се работи за една особа, која се вика Anita Petek, која не е лекар по професија но тоа не ја спречило да истражува. Нејзиното истражување, во 12 продолжетоци може да се види на

    http://www.youtube.com/watch?v=FzB1Kv5Hado

    има синхронизација на српски.
     
    На Anastasija-Velika и DeMelo им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам ако мислиш дека ставот ми е нападен и ако се чуствуваш нападнато , нормално дека секоја мајка сака најдобро , мене не ми беше поентата за вакцините во нашето здравство доколку имате можност да набавите поквалитетни вакцини слободно мислам дека е и многу попаметно , но мене ми беше за тоа што мислат дека децата не треба воопшто да се вакцинираат и читаат по интернет сигурно не и прават услуга на децата ако не ги заштитат треба да се консултираат со стручно лице , па од интернет ќе најдам многу различни статии за против и за , можам да кажам дека има и неквалитетни вакцини кај нас :sweat: ама дека вакцините се корисни и те како . За тетанус спомнато да серум се прима ама многу е појака заштита доколку си вакциниран , серум го препишуваат за заштита доколку вакцината е поодамна примена , (јас на овие години се ревакцинирав дека често се сечам :D ) .
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Недај Боже да се исече дете или возрасен од рѓосано железо или стапне на шајка како прво се носи веднаш на лекар и таму веднаш му даваат серум без разлика дали и кога е вакцинирано. А зошто? Затоа што таа вакцина е знак ? дали реагирала и колку реагирала али се зема некој си просек дека 6мес-1год као има антитела во организмот.
    И сега, се поставува прашањето колкаво е дејството на вакцината? :geek:

    За овој факт, има релевантни докази НЕ теории. Имам дете во фамилија со ваков проблем чии родители после милион испитувања и се и сешто докажаа, само ете немаа храброст и сила да се борат со државата.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.