Многу е лесно сите ние овде да се правиме паметни и да кажуваме абе не сум јас во стадото....понапреден сум од сите нив... ако сите вакцинираат, е јас не. Е арно ама со тоа ништо попаметни не се правите туку чисто само се залажувате дека се издвојувате. Се додека убаво не се разгледаат двете страни и се додека убаво не се свати механизмот на делување на вакцините и механизмот на настанување на компликациите од нив мислам дека апсолутно нема потреба за држење на ставови слични на другарката на мојата комшика не вакцинирала е епа нема ни јас или пак јас сум најпаметен е пошто неам рогови да го покажам тоа ќе си седам на форуми и ќе си терам инаети. Ме немаше долго време на темава ама си ја пратам... За сите родители и идни родители: вакцината не спречува заразување од болеста, туку тоа е само поттикнување на имунитетот на детето за ако дојде во контакт со болеста да помине без симптоми или со благи симптоми. Сите вакцини се составени од делови од вируси или бактерии така наречени атенуирани и од нив детето исто така не може да се зарази. Најчесто се земаат делови од клеточниот ѕид на бактериите или вирусите со соодветна секвенца на аминокиселини која што е специфична за дадената бактерија или вирус за да организмот може тоа да го препознае како антиген т.е. како нешто што не е негово и при тоа развива одговор на тоа за уништување. Првичниот одговор од вакцината е само поттикнување на имунитетот за создавање на секундарен имунитет или за создавање на memory cells т.е. клетки кои би имале меморија која што би овозможила при повторен контакт со протеин со таа аминокиселнинска секвенца, да даде имун одговор без бурни реакции и уништување на бактеријата или вирусот или се што не е од домаќинот. При тоа нема да се ослододува хистамин или простагландини или останати инфламаторни медијатори или не знам тамо што и баш затоа таа имунаа реакција е блага. Значи организмот веќе зане како да се справи со тоа. Ова е дел од многу комплицираниот имун систем и се надевам дека барем малце ќе стане појасен механизмот на делување на вакцините за да не биде јас моето дете го вакцинирав ама тоа сепак се зарази. Некаде низ постовите прочитав нешто слично на ова..... вакцините се создадени за да овозможат разболување на луѓето за да фармацевтските компании после тоа имаат работа (можеби не беше баш вака напишано ама во овој контекст беше). Е сега мене тука не ми е јасно само една работа. Ако вакцините предизвикуваат на пример аутизам за кој нема лек....како тогаш фармацевтските компании заработуваат? Нели заработката би им била поголема ако настане некоја епидемија и тие си имаат еден антибиотик кој би го продавале по еве да речеме на пример 1000ден??? Значи автоматски целата таа теорија на заговор за фармацевтските компании пропаѓа во вода. И на крај би сакала да кажам само едно што некаде низ постовите веќе го имам кажано.... сто проценти сигурен лек не постои. Дури ниту аналгинот дури ниту аспиринот ниту витаминот Ц. Така да се е на вага и сами да си одлучиме што ќе победи. Од целава приказна највеќе ме нервира фактот дека законски се обврзуваат родителите да вакцинираат. Според мене тоа треба да биде право секој родител да си одлучи сам, нема потреба од казни и заканувања или не примање на децата во школо. Ако има последица детето од невакцинирање сам родителот ќе си ја сноси одговорноста исто како што ако има последица од вакцинирање. Може да се направи измена на законот на пример ако детето заболе од некоја болест за која не е вакцинирано и има последици кои би требало да се лечат, тогаш државата не треба да биде должна да го лечи на сметка на фондот, бидејќи според мене веќе му било овозможена превенција која што била одбиена. Значи ова е само мој предлог или мислење, како сакате наречете го и мислам дека поефикасно ќе биде отколку фамозните 500 евра.
Личните шпекулации веројатно не допринесуваат на темата, па затоа и ги нареков бабина деветина, извини ако те навредив Верувам дека ке се сложиш дека медиумските кампањи особено од центрите на моќ, наспроти единка, доведува до нерамномерен однос на силите. Да имало такво земање на пари како што вели Бритиш медикал џурнал, досеа ке изналепеа докази против него. Иако генерално резервирано земам вакви извори на информации ( ЦНН води војни на блиски исток и е гласноговорник на политиката на Америка ), токму овој текст е многу информативен, особено и во крајниот пасус, на новинарот истражувач за аутизмот. @evitaperon Овој основен постулат за учинковитоста на вакцините паѓа во вода, поради две работи, а тоа е масовност и идентичен пристап кон сите организми, кои поради својата различност даваат различен одговор, и втората особено важна работа е неговата недоажливост бидејќи не постои еден ист организам кој е вакциниран и невакциниран, за да се направи конкретна споредба. Испитувањата на имноодговорите се прават исклучиво на вакцинирана популација, а и таму, зајакнат со разни отровни аѓуванти кои треба да се упаљачи на имнуноодгворот, одговорот е различен, и веднаш и после одреден период. Остатокот е обично медицинско четиво. Токму вака е решена состојбата во Словенија. Искрено се надевам дека во догледно време ќе еволуира и мислата на носителите на промените кај нас, безразлика дали се тоа родители или државни институции. Еве како демократски тоа се прави кај нас, врз неписмени и незаштитени „сироти мали хрчки“ http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=93FCD71B305CD3488DB1658FBA1F7043 Навистина е штета што придобивката за одлука за невакцинирање кај нас е лимитирана на интелектот и писменоста на родителот, кој знае дека може да одлучи. За жал во вакви неписмени и сиромашни популации, мајките на овие човечки суштества немаат појма што се случува.
Пред некое време за вакцините мислев дека се воред(имунизација ...и тн.) но сега на 17 години ме вакцинираа против тетанус, на раката ми се појавија така страшни мординки огромни, ми помодре пола рака од таа вакцина, дури до хируршки зафат стигнав и сеуште незнам дали ќе се спасам од тоа, затоа сега сметам дека вакцините се ок ама ако се прописно и уредно ставени, под лекарски надзор и сето тоа, а не како во државава , овде подоро да се забранат, од нив има повеќе штета одколку корист
jarre .....делот за индивидуализација на терпаијата ми е објаснет во некој од минатите постови....значи медицината не е стигната до тоа ниво да може да се индивидуализира терапијата. Истот тоа што ти го имаш пишани важи и за сите останати лекови, бидејќи и за таквите испитувања не можат да се најдат две потполно исти индивидуи за да се оцени дали има ефекисност терапијата.....така да и ова твое тврдење паѓа во вода. Доказ за ефикасноста на терапијата да речеме некој показател дали физички дали хемиски што може да биде измерен. Во случајов со вакцините тоа е присуството на антитела против соодветното заболување. Според тебе значи дека не треба никакви лекарства да применуваме? Сите предизвикуваат несакани ефекти, сите се испитани на такви студии каде што не е возможно да се најдат идентични испитаници и така натаму. Епа оваа твоја констатација кажи му ја на пример на некој кој што е на хронична терапија за покачен крвен притисок. И да медаљонот има две страни и тие паметните ја гледаат и другата.... е сега ти си паметен, писмен и не знам тамо што, а што правиме со навредиве за неписмена и проста народна маса? Само зошто ти не си го вакцинирал детето мене највеќе ми личи само како доказ пред другите за да покажеш дека се издвојуваш од стадото, дека си поразличен и можеби најпаметен од другите. Извини за мојата сурова вистина, но после сите овие постови јас можам само тоа да го заклучам. Сите твои информации се баш на ниво јас не ни сакам да го оспорам твоето знаење ама што е претерано е претерано.
Може ли да ги опишеш малку поконкретно симптомите и зашто бил хируршкиот зафат, мислам дека е важно да се знаат чисто и како информација за сите други кои планираат да се вакцинираат од тетанус. Каква ти е сега состојбата ?
Сум за вакцини и многу јасно дека се испитани,а сите оние кои се издвојуваат од толпата и не се вакцинираат не си прават ништо добро. Всушност вакцините се атениурани,значи не се живи,и како што објасна Евита од вирусите се зема само дел од нивниот клеточен ѕид,кои внесени во организмот не можат да го предизвикаат истото заболување,туку го поттикнуваат имунолошкиот систем доколку утре се сретне со тој вирус. Тоа е нешто слично кога плодот добива антитела од мајката. Во врска со ефикасноста на вакцините во последно време се шират големи дезинформации и невистини,со цел популацијата да го одбегне масивното вакцинирање. Но што ќе донесе сето тоа,кога на пример никој не би се вакцинирал? Зарем нема да има епидемии и пандемии на различни вируси,за кој организмот сам по себе не може да дејствува,доколку во истиот нема вакцина против тој вирус. Во врска со ХПВ вакцината,сега засега лично не ја одобрувам,ниту ја оспорувам,со единствена разлика заради тоа што се уште не е поминато доволно време да се увидат предностите и маните на истата и дали и како заштитува од хпв. Но со оглед дека истата моментално заштитува само од 4 видови на хпв,мислам дека ќе се работи на нејзино подобрување и модифицирање. Во врска со аутизмот,кој некаде беше спомнат низ темата,според некои нерелевантни податоци дека само и само е последица на вакцините не се согласувам. Има толку ауститични деца кои воопшто не се вакцинирани ,па пак се заболени со аутизам. Инаку сите педијатри се сложни во истата констатација дека аутизмот е предвесник,односно предсостојба на шизофренија,па затоа многу нерелевантни и нестручни лица си земаат за цел и можност да тврдат лажни мислења,дека аутизмот е последица само на вакцините.
ОК, верувам дека ова е твојот став. Просто да ти е мерак да ги аплицираш. Од каде сеа ова ? Многу е храбро да се констатира оваа сличност. И слично не е исто со исто нели ? Не, имаш милијарда примери на епидемии во комплетно вакцинирани популации. ...... а дотогаш невините девојчиња ке бидат испитни зајачиња..... Ајде, каде ? Еве ти невакцинирана популација - Амиши во Америка. Каква е состојбата таму со аутизмот ? НЕ ПОСТОИ! Лелеј ама корелација направи...
Мала корекција, Амишите вакцинираат (не сите, но сѐ почесто во последните години) и кај нив е аутизмот во постојан пораст. Две информации заслужуваат посебно внимание: Амишите кои вакцинираат примаат многу помалку вакцини него останатата популација и нивото на аутизам кај нив е околу 1 на 271 за разлика од 1 према 100 кај другата популација. http://www.opposingviews.com/i/myth-ami ... ave-autism Се наметнува заклучокот дека кај невакцинираните Амиши нема аутизам иако е несфатливо сеуште да нема научна студија која тоа би го потврдила.
Моето сознание е од 2005 година, и тогаш единстено дете со аутизам беше усвоено детенце од неамишка територија, ( чинам Кинезче или Германче, ама вакцинирани по календар ) Веројатно во меѓуувреме настанал поголем притисок врз населението, па почнале да ги вакцинираат, но, согласно она што најдов, сеупте во екстремно мал број, и само селективно. Секако сеуште над 90 % од популацијата е невакцинран. Таа студија амиши/аутизам, на некого нема да му биде во прилог да ја направи нели ? Наместо тоа ќе направат еден куп студии дека вакцината нема врска со аутизам, и дека Амишите се специјален вид на луѓе кај кој Аутизмот не напаѓа. Еве еден потазе став и размислување. http://slumz.boxden.com/f605/may-20...don-t-get-vaccinations-possible-link-1756343/
Имам информација дека од година ќе се воведуваат прочистени вакцини,кои на балканот веќе се користат за разлика кај нас,каде што им се даваат само на дечиња со посебни потреби кои се со многу подобар квалитет од овие вакцини сега. Исто така слушнав дека некои родители ги набавувале од Врање,дали некој знае како и кој ги добавува,зошто сепак за тоа е потребен посебен транспорт?
Под „посебен транспорт“ се мисли на константна Т од 2-8 степени, зошто мора да се запази тој „синџир“ на одржување на температурата. Не знам какви земаат од Врање, можам да ти кажам само дека од Грчка се зема Инфанрикс.
Да но сепак мора да постои одреден човек кој тоа го добавува а да е се спроведено како што треба. А Infanrix IPV+Hib/ Инфанрикс ИПВ +Хиб е прочистен или?
„Прочистени“ вакцини се вакцини кои не се помалку штетни и неделотворни од „непрочистените“. Токму на овие „прочистените“ се правени компарации за вкупната штетни последици и неделотворност. Многу родители дознавајќи за можните последици на вакцините се обидуваат да ја намалат грижата на совест тражејќи да набават „прочистени“ вакцини, и со тоа мислејќи дека ја урамнотежиле состојбата, дека тие се подобри, имаат помали нуспојави и помали трајни последини, а сеуште нивното вкупно размислување, брачниот партнер, и секако околината нема доволно храброст да отиде понатаму и комплетно престане ( или не ни почне ) со вакцинирање. Единствена сигурна вакцина е вакцината која никогаш нема да се искористи. "The only safe vaccine is a vaccine that is never used." --Dr. James A. Shannon National Institutes of Health Во прилог повеќе размислувања околу вакцините на доктори и научници. Наоружајте се со логика, и одвојте време за нив. http://rense.com/general7/onlysafe.htm
Не ми е намерата да навлегувам во дискусија која ке води кон караница и препукавање,или да навредам некој кој е против вакцините...Ама како бре и ние и вие што како деца сте ги примиле сите вакцини сме здрави и прави,а сега од еднаш нашиве деца се загрозени од нив?!? И не зборам за поединици него цели генерации вакцинирани и во школо и како бебиња се здрави и прави, а нашите деца дека од мочка правени одма аутистични дека примиле вакцина. Па да не биле тие вакцини пола свет сега ке го немаше.Од туберкулоза ке умираше народ на секој чекор. Не само вакцините,да не беа лековите кај ке бевме сеа. Ако е така треба и антибиотици да не пиеме ,пошто и тие се штетни.Дијазепами и апчиња од тој вид да не се произведуваат бидејки на големо се злоупотребуваат. Факт е дека големите фармацевтски куки прават превари ,пласираат неквалитет,кријат податоци ..Ама па од друга страна и воздухов што го дишеме кој знае што се има у него па ете не мораме да дишеме. Нормално секој со свој памет знае што е најдобро за неговото дете,ама од моја лична гледна точка никогаш не би ризикувала да не му ставам на детето вакцина само ради некои нови истражувања за кои не сум сигурна дали навистина се веродостојни или базирани врз основа на трка за пари и слава.
.... ама си викаш, ај да си кажам и ја Дали сме здрави и прави ? Заврти се околу себе? Па зарем не гледаш дека пензионерите се се поретка популација. Луѓето не стигнуваат да дочекаат пензија, или ако ја дочекаат кратко ја тераат. Кажи му фала на бога што ти си ок. Изгледа не си видела искривени по улица како последица од вакцина ? За СИДС случаевите нема во весник да прочиташ, ни од твое време ни сеа.. Со зголемување на бројот на вакцини и ревакцини линеарно се зголемуваат автоимуните заболувања... Вакцините се темпирана бомба која ја носиш во тело. Тимеросалот кој е пострашен и од живата којзнае каде ке застане на патот во организмот. Ете ако застане во панкреас бујрум дијабет... Си земав произволно да го искоментирам твојот произволен коментар, секако без караница и препукување, само класично разменување на мислење...
@yarre Ова е чисто твоја констатација која нема никаква основа. Баш спротивно, пензионерите стануваат се побројни, а воедно и се зголемува и очекуваниот живоtен век, не само во светот, туку и кај нас. Не велам дека тоа е единствено заради вакцините, ама многу придонесле за намалување на детската смртност, период во кој овие болести кои се превенираат се најопасни. Тоа е најголемото прашање кога се дискутира за нешто како вакцините. Дали некои состојби и болести се навистина последица од вакцината. Не можам со една реченица да исклучам или да опфатам се, тоа е материја која секојдневно се испитува, секојдневно се истражува, и мора да се дискутира посебно. Неправилно би било сега јас да речам дека не е точно и нема поврзаност, исто како што е неточно ти со твојата една реченица која не се темели на никаков доказ да ги отфрлаш вакцините. Ризикот од вакцините е далеку помал отколку ризикот кога не би се дале. Ајде дај податоци и извор од каде си го сретнал и дознал ова. Не само што нема најдено поврзаност, туку нема најдено ни таква линеарно зголемување како што велиш ти. Дури и сега ова е ново истражување од Оксфорд објавено пред неколку недели, кое пронашло дека нема поврзаност на вакцините со гилан баре синдромот. Досега се сметаше дека има поврзаност. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23580737 Е како да не. Вакцините дејствуваат во првите часови, денови или недели (зависи од вакцината) после давањето. Ако има некој ефект, како температура, се гледа во овој период. Толку, потоа само си се копираат памтечките клетки од нашиот имун систем за да се одржува имунитетот. Немаш добро разбрано. Не постои нешто како темпирана бомба, во научната јавност се зборува за можни ефекти кои се случуваат во овој период.
Не постои НИТУ ЕДНА студија на кумулативно дејство на вакцините. Нус појавите од типот на темепратура и потечено раче/ноџе се најмалото нешто што се случуваат и тоа само после самата вакцинација. Ќе ми дозволиш да не ги коментирам останатите работи кои веќе ги коментирав на темата, меѓу кои и тоа дека вакцините не спасиле од детските болести, работа која е ноторна глупост, со оглед дека вакцините се имплементираат како „имунизација“ долго после завршување или на самиот крај на епидемиите, а најголема продобивка на нивното намалување се токму подобрите сантирарни и севкупни услови на живеење. Еве едно размислување со многу интересни коментари подолу. http://www.thehealthyhomeeconomist.com/why-vaccines-are-scientific-fraud/ Еве една победа на родител, и исплатена одштета за детето кое добило аутизам, тригериран од вакцина. Секако не е до парите, колку до доказот на проблемот настанат поради вакцината http://childhealthsafety.wordpress.com/2009/06/14/juliawinsmmrcase/ Еве бројки од Британија и Јапонија, кои ја покажуваат егзактната поврзаност http://childhealthsafety.wordpress.com/2009/06/03/japvaxautism/ И секако интересни и конкретни изјави на специјалисти во областа во поглед на вакцините и аутизмот. http://childhealthsafety.wordpress....y-us-government-merck’s-director-of vaccines/ И секако, најважно и најважно од се што ке прочиташ се мајките на дечињата околу нас кои имаат добиено поствакцинални дијагнози за нивните дечиња, кои за жал немаат помош. Често тие мајки го повторуваат она - да знаев што можат да направат вакцините, никогаш нема да дозволев да го вакцинираат моето дете. За жал - касно. Штетата е направена и нема назад.
@yarre Значи повторно се враќаме на почетокот. Ако се сеќаваш вака и го започнавме разговорот пред неколку месеци. Упорно давав линкови и се обидував да дадам објаснување дека ова тврдење е одамна разоткриено и неточно. Болестите си постоеле и биле ризик. Знам дека линковите и текстовите ги прескокна, ама еве дали е потребно да ги дадам повторно тие линкови? Дали нешто може да го смени твоето мислење? Не може да дискутираме за нешто друго ако не го прифаќаш основното, а тоа е ризикот од болестите против кои се вакцинира.