Многу е интересна научната студија што ја прати @yarre a e во врска со тетанус вакцината. Имено, научниците добро го проучиле тетанус токсинот и виделе дека едниот дел од токсинот, Тетанус Токсин Фрагент Ц (TTC) е заслужен за спојување со нервите и транспортирање низ нервниот систем, но е нетоксичен. Интригирани од неговиот генетски дизајн за ефикасно да се спојува со нервите, решиле да го искористат овој нетоксичен дел од токсинот со цел пренесат терапевтски протеини до моторните нерви. Но има еден проблем, сите пациенти денес се вакцинирани против тетанус и имаат антителата против тетанус токсинот и би се врзале со тетанус токсинот затоа што антителата не знаат да препознаат дека овој тетанус токсин се користи за медицински цели, тие ќе се врзат за него и ќе го неутрализираат. Затоа се направила оваа студија во која се следи текот на ТТC+протеинот низ организмот, кои за оваа цел се обоени - флуоресцентни, кај вакцинирани лица. Резултат: токсинот слободно се движи низ организмот, антителата воопшто не го попречуваат тетанус токсинот. https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1002/jnr.20847 Интересно е што ова не е антиваксерска студија, која има за цел да покаже дека тетанус вакцината е неефикасна. Не, оваа студија има за цел да покаже дека нов тип на терапија која користи тетанус токсин може да се користи кај лица вакцинирани со тетанус вакцина. Тетанус вакцината е магична. Ем делува и спречува тетанус инфекции кога е потребно да спречи болест, ем не попречува тетанус токсин кога треба да се се користи за медицински цели. Магија.
Yeah right...теши се само... гледам дека претходниве генерации родени најдоцна до 70тите глава не можат да кренат од автоимуни болести. Ете колку се наследни....
Nekogas ne ni znaes deka imas avtoimuna bolest. Ete jas koga doznav deka ja imam i majka mi ispita zosto e nasledna pa izleze deka i ona ima
Мутација на ген... а причини за тоа се многу... башка тригери за гените еден куп, меѓу кои и вакцините. Па сега верувај, или не, тоа е факт. Имунитетот си функционира на одреден начин, ако е престимулиран е бељата... а вакцините се хиперстимулација.
За тебе зборам... за мајка ти не знам, таа може само генот го носела, што мутирал кај тебе. Велиш дека испитала за да види дали ја има болеста откако тебе ти ја откриле, а дотогаш не знаела дека ја има
Како еден од многубројните фактори за појавување на автоимуните болести се создавање на тешки метали во организмот. Во вакцините и сами знаеме дека содржат жива и алуминиум. Еве едно видео што се случува кога ќе се спојат жива и алуминиум. А со вакцините го внесуваме во телото https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=835806799919270&id=121083388058285
За оние кои вакцинираат. Информирајте се претходно за стандардните и нестандардните реакции кои настануваат веднаш по вакцинирање. Многу е важно навремено препоразнавање на реакциите после вакцина и евентуално колку е можно нивно соодветно третирање. Особено се важни невролошките реакции кои самата мајка може многу успешно да ги препознае.
http://webserver.rilin.state.ri.us/BillText/BillText18/SenateText18/S2670.pdf Во конгресот ќе се разгледува срамниот акт од 1986 година Vaccine Injury Act, со кој на фарма индустријата се дава целосен имунитет од нус појавите од вакцините. Иронично нели, од вакцините треба децата да добиваат имунитет, а не фарма индустријата. Но со многу мито и корупирани политичари во 1986та година го туркаат тој закон во употреба со кој фарма индустријата не смее никогаш да биде одговорна за повреди или смрт настанати од вакцина. После тоа веднаш се дуплира бројот на вакцини. По десетина години се труплира.Сега во америка тој изнесува 70 дози на вакцини до 18 години. Вакцините се прават задолжителни (со можност за exemption). Профитот е осигуран. 55 милијарди долари годишно со тенденција да стане 200 милијарди до 2030та, затоа што во план е да се ревакцинираат и возрасните уште 50тина пати. Повредените од вакцини? Колатерална штета, 1 од 100 во Америка ќе добијат оштета од судот за повредени од вакцина. Аутизмот во САД е зголемен 2500 пати. Има 150 студии кои покажуваат врска помеѓу алиминиум и жива (состојки во вакцината) и аутизам, но CDC одбива да ја потврди врската. Сега ќе се разгледува повторно овој криминален и геноциден закон кој е против уставен. Доколку има правда ќе се поништи. Фарма индустријата ќе почне да плаќа милијарди долари оштета.Целта е: -да се укинат повеќето штетни и непотребни вакцини. Повеќето болести се нормални детски болести кои треба да се прележат додека сме деца. Вакцините само ги одложуваат за повозрасна доба кога се многу поопасни. -да се воведат побезбедните едновалентни вакцини. -да се укине задолжителноста која почна да ни си пика во врат. -да почнат да се тестираат вакцините за безбедност. Сега тоа не се прави, нема контрола група со која се споредуваат вакцините, затоа што вакцините не се третираат како лекови. Тие се исклучок.
Во развиените земји родителите кои вакцинираат се потпишуваат за согласност , што значи во целост се информирани за можни нус појави-несакани ефекти од вакцината. Воедно истите тие држави имаат фондови за паричен надомест или парична помош на оштетените. Значи НЕ е задолжителна вакцинацијата, постои некој кој ја превзема одговорноста за истата и пак има задоволителен процент на "имунизација"! Проблемот кај нас е што НИКОЈ НЕ те информира во целост (не сме "стручни" да разбереме изгледа ) , а најтрагично е што тие истите кои наметнуваат задолжителна вакцинација НЕ превземаат одговорност! Јас сум за ПРАВО на избор , и мора да постои одреден орган кој ќе застане како одговорен и ќе ги прифаќа евентуално настанатите штети од вакцини ,орган кој ќе влее доверба на луѓето кои вакцинираат . Дали ние спаѓаме во тие развиени земји?! Дали се користат истите вакцини ?! Оваа тема е многу опсежна ,за некого иритантна,а пак за друг премногу болна.
Спомна 3 важни аспекти: задолжителност, одговорност и информираност. Вакцините се исклучок од сите правила. -задолжителноста на вакцините е противуставна, затоа што се меша на физичкиот интегритет на човековото битие, без лична согласност. Исто така е во спротивност на законот за заштита на пациенти кој не дозволува медицинска интервенција без согласност, во спротивност на сите потпишани меѓународни конвенции. -одговорност. Во претходната ТВ емисија што ја објавивме на која настапуваа само ваксери, едниот ваксер рече дека државата гарантира одговорност во случај на оштета или смрт и го наведоа случајот на инвадилитет предизвикан од полио вакцина во Кочани за кој државата исплати 100.000 евра. Тоа не е целосната вистина. Како прво, државата не сакаше да исплати никаква оштета, оштетените ја тужеа државата десетина години и на крај го добија случајот. Државата се правеше глувонема на својата политика на задолжително вакцинирање. Државата не е одговорна, се најде приклештена зад судско решение и мораше да плати, ваксерот лаже дека државата е одговорна. Второ, таа сума е премногу мала за да ги задоволи потребите на живот на таквата личност, настрана страдањата и изгубената перспектива. Требаше да исплати 200 милиони евра. -информираноста. Секоја држава тежнее за мирни, неинформирани и послушни поданици кои живеат во мрак. Посебно тоа беше истакнато во претходното оштество каде некој друг мислеше за нас, некој друг ни кажуваше како треба да се гледа на светот. Ни сега не е нешто поразлично. Власта секогаш бара тотална неинформираност на народот. Затоа многу се плашат од новите средства за информирање како што е интернетот, затоа што врз интернетот немаат никаква контрола. Ние со помош на интернетот дојдовме до базата на податоци со научни студии и сами проверивме колку се ефикасни вакцините (многу малку) и се информиравме за целата историја на болестите и вакцините и за актуелните случувања на оваа тема. Овие информации не му беа понудени на ниту едно лице во Р.Македонија. Оние ваксери што излегуваат на ТВ без дебати (затоа што не покануваат противници на задолжителната вакцина) имаат многу малку информации.
https://www.slobodenpecat.mk/vesti/...al-vo-karposh-tsentar-iznesuva-samo-80-otsto/ Велат дека министерот, како лекар, бил еден од врвните. Како министер, ми останува двоумењето, дали е или не е свесен за притискање со познатата агенда, пред менување на законите околу вакцинацијата. Претходеше изјавата во Црна Гора дека вакцините мора да станат задолжителни ( останавме Босна, Црна Гора и Македонија со екс-Ју законот, каде сеуште вакцинирањето е одлука на родител ). Вака исто беше и во Хрватска ( под притисок на СЗО ). И таму им се намалуваше ( и сеуште се намалува и покрај задолжителноста ) бројот на вакцинирани. Според мои сознанија, во 2 превентивни поликлиники една во Центар и Карпош опфатот е далеку под овие 80, (Центарската е 56 а Карпошовата 61 во 2017) . Убеденоста на родителот е она на кој никој не сака да рачуна. Или што би рекол еден татко: - И да ме казнат, тоа би биле најдобро вложените пари во мојот живот.
Лудаци: ќе се прошири календарот за инумицација со две нови вакцини за рота вируси и пнеумокот, а ќе се исфрлат две стари вакцини. Замислите да се вратат морбили, црна кашлица. Секоја лоша вест од западот со закаснување иди и кај нас, затоа ги пратам случувањата во светот. Рота вакцината на Paul Proffit која моментално е суспендирана како многу опасна сака да ја донесе кај нас и другата која се користи во америка која е бескорисна. ХПВ која е ефикасно средство за убивање веќе десетина години пробуваат да ја убацат, среќа никој не ја прима, освен оние што се целосно неинформирани. Замисли да се вратат детските сипаници, кои никогаш не исчезнале, мислам стварно замисли, милијарда години се тука со нас и 3 децении примаме полуефикасни вакцини (со ефикаснот 50% во траење од 8 години) кои само ја одложуваат болеста за 5-10 години, секоја година имаме епидемии од неколку десетини до стотини, ама замисли да се вратат бре, ќе го снема човештвото. Пертусисот се јавува исклучиво кај вакцинираните популации затоа што вакцината е целосно неефикасна http://pediatrics.aappublications.org/content/pediatrics/early/2016/02/03/peds.2015-3326.full.pdf Значи кај има толку голема одбивност против вакцините во државава тој насила ќе воведува уште две нови. Нацист. Треба да му се земе лиценцата на овој, само заради изјавата замисли да се вратат сипаниците. Такво нешто може да каже кретен кој не знае да чита, не доктор.
Од што да ми здосади? Од тоа што некој недоквакан ми ја крои судбината? Овај сака да ти воведе уште 2 нови непроверени, неефикасни и опасни вакцини. И ќе ги воведе ако не се побуниме. Тебе сеедно ти е?
Многу ги релативизираш работите. Иако во странство не е задолжителна вакцинацијата, една од вакцините која ја ставиле сите што ги знам е за рота вирус.
Кај мене не е во редовниот календар за имунизација. За поголемата, пред 2-2.5 години, не ми ја ни понудија, не знаев дека постои. На средната ја ставив. Тоа беше пред околу 6-9 месеци. При последниот систематски за најмалото, минатата недела, повторно не прашаа дали сакаме. Претпоставувам е нешто ново последниве две години...