Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.231
    Допаѓања:
    181.603
    Пол:
    Женски
    Со деца работам, знам како е кога некој сака да ме врти :) Ама од нив тоа и го очекувам. Ова од возрасен не го очекувам.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.541
    Допаѓања:
    172.750
    Од кога почнаа хпв вакцина да ставаат на девојчиња шо немат ни полни 11 години?
     
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    33.787
    Пол:
    Женски
    Дани според STIKO воведена е во календарот на вакцинација од 2013 година. Може е некој пропуст на докторот.Мојата ја прими во 2016/2017 во 4 или 5 дози.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.612
    Може. Со оглед на тоа дека педијатрите касираат пари за секоја вакцина која ќе ја дадат кај дечињата, чудо ваков пропуст да направиле :D.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.194
    Допаѓања:
    88.829
    Пол:
    Женски
    Медицината е малку покомплексна за да се научи на интернет.Само толку ке ти кажам.
    Вакцината може да се стави од 9 години.
     
  6. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    A зошто ти не ставиш ХПВ вакцина?
     
    На yarre и stilas7 им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се фатат аутизам и аутизам, крај.
    Еве имам внук со таа дијагноза и за твоја информација не е вакциниран од ММР. Можеби да беше вакциниран одма ќе се ,,откриеше" причината за аутизмот.
    Пребарај да видиш што кажува Светска здравствена организација по однос на ова прашање. Ако си човек ќр признаш дека научно е докажано дека аутизмот не е последица на вакцината ММР.
    Јас го почитувам секој став, вклучително и твојот. Нормален човек нема милион страни да постира едно исто во круг, убедувајќи ги сите за различни црни сценарија од вацините. Мојот став ќе го кажам , но никого не набедувам нешто да прави или не прави. Имајте во предвид дека секој може да прочита и свесно или не свесно да се влијае врз нечија психа.
    Јас лично ако треба ќе побарам и 10 мислења од стручни лица за оваа тема кога треба да одлучам за нешто. Овде до некаде се сее страв од вакцините.
    Искрено , не знам дали некој Ве чита, посебно линковите. Затоа ви пишав дали ви здосади.
    Јас сум вакцинирана со сите вакцини, здрва и жива сум. Цели генерации не вакцинираа без исклучок, поминувавме без температура или било што.
    Искрено, ја читам @Annath со задоволство, барем знам се што е пишано е базирано врз знаење,не е од рекла казала или чичко Гугал.
    Убаво е да се слушнат различни мислења. Вака темава е во неповрат поради вас.
    @Centurion
    Толку...
     
    На Yowannty, kikkki, marta993 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.541
    Допаѓања:
    172.750
    Која е поентата на дете од 10 години да ставиш хпв вакцина?
    Ако веке штите оти не се ставе на 14 да речиме
    10 годишно дете нема шанси да се заразе до хпв
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    109.669
    Пол:
    Женски
    Напредни генераации изгледа :tmi:
     
    На yarre и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.541
    Допаѓања:
    172.750
    претераа
    јас знам ја ставаа у 7мо оделение а сеа 5то одд ке ги боцкаат
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Вакцината има ефикасност од -44 до +20 %. За една година во САД регистрирани 24 смртни случаеви од ХПВ вакцина (September 1, 2010 and September 15, 2011). Исплатени 6 милиони долари групна оштета за 49 случаи на повреда од вакцина. Многу неефикасна накај штетна. Народот тоа го препозна и ретко кој ја става.

    Статиститките во САД покажуваат дека на 100.000 жени 16 добиваат рак за кој се претпоставува дека е поврзан со HPV.
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.459
    Пол:
    Женски
    Цел живот не штити, а во тој период тешко да добие хпв така да џабе е. И тоа штити од неколку видови хпв, а постојат над 130 видови на хпв па ти види сеа.
    А колку е испитана тоа е па друг муабет.

    Инаку за аутизмот не е само поврзан со ммр вакцината туку и со дтп.
     
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    И јас се прашувам. Ама кога ќе влезеш да копаш, тоа е рудник. Фрапантни сознанија. Излегуваат нови и нови скандали со лажирања токму од тие на кои со децении сум верувал беспоговорно. Впрочем, многу интересни профилирања и на членови на групата има наназад. Има и многу кои ги заинтригирало да загребат што прави овој досадниов Yarre. А загребеш ли - нема назад. Поентата е да загребеш. На време. А ако загребеш и запалиш обична логика, не верувам дека ќе сакаш да видиш ни „в“ понатаму. А одлуката МОРА да биде твоја, каква и да биде. Не на лекарот, не на државата. Твоја. Како во Германија.

    Види, секој е “нормален“ на свој начин. Црни сценарија за жал има, и можеш да ги видиш, само ако сакаш да ги видиш. Никој никого не набедува. Изнесува размислувања на други стручни лица во областа.

    Која година ? Дали ти е познато дека реакции од вакцина можат да бидат и после децении ?

    Еве ти малку историја со обични графикони. Ако сакаш види. Многу, многу практични графиконски прикази на само неколку страни. Ќе ти одземат не повеќе од 3 минути од твојот живот. Се работи за официјални бројки.

    http://genesgreenbook.com/resources/obamsawin/ImmunizationGraphs-RO2009.pdf

    ПС. Не си прва со овие запазувања во темава. Лик како тебе дефилира обично на секоја 35 страна. Со исти истацкати забелешки. Тоа е нормално.

    ППС. Драго ми је што ја читаш @Annath . Секако подобро ги срочува работите. Што научи од неа ?

    Темата е таква. Тешка. Бројки. Проблеми. Не е проста како тема за лакирање нокти. Тоа е.

    Српски Инсајдер, на Б92 истражува како се измисли епидемијата за Свинскиот Грип. Од тие што им веруваш. За другите вакцини од кои ете ништо не ти е. Од истите производители.

     
    Последна измена: 30 март 2018
  14. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Аман луѓе , како да се линчувате ,таков е дијалогот на темата. Зарем ни едната ни другата страна не ги гледа недостатоците?! Се напаѓаме меѓу себе, а другите тие стручните ,компетентните и одговорноте профитираат -што од казни кон едните , што од тендери кон другите . И порано се примале вакцини , прашањата се кои, какви и колку. А сега ?!? какви биле хигиенските услови и основните услови за живот?! На кое ниво биле научните достигнувања?! Аман веќе , па сите живееме во овој модерен 21век а фармацијата работи турбо како никогаш до сега. Неколку страни наназад го дадов своето мислење , еве да дополнам, вакцинирана сум уредно дури и со ХПВ , и знаете што дијагноза високо ризичен ХПВ тип 16 и 18 до тешка дисплазија ЦИН3 , правена ЛЕЕТЗ интервенција. Поради долга борба со вирусот изгубив имунитет па сега и најсекојдневната кандида за мене може да биде хорор! НЕМОЈТЕ ве молам да се линчувате со навреди , има многу кои преживеале пекол од вакцините , а има и недопрени без последици. Руски рулет ќе да е ова. Право на избор според мене е најкоректната мерка , па секој со своето, тие што вакцинираат нели се заштитени и нема што да се плашат од другите кои не се. Тие што највеќе страдале од ова нужно зло на 21век верувајте несакаат а и неможат да зборуваат и убедуваат, секојдневно 24/7 живеат со последиците. Верувам дека и едните и другите би биле сложни барем во едно -ОДГОВОРНОСТ -мора некој да сноси одговорност , и целосна отворена информираност . Па едни витамини и минерали во упатство пишуваат за можни несакани ефекти , камо ли пак вакви коктели за општа имунизација!
     
    На SV1911, *Лорена*, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски

    Дали твојот внук прима посебен додаток ? Лицата со ПП за да зимаат посебен додаток мора да се вакцинираат -значи се уценувани од државата за месечни 4000ден. Иронија
    Не сум доктор , ниту научник , но ме ужаснува моментот кога "компетентните" уценуваат, потценуваат , и на крај избегнуваат одговорност. Кој др од нашето поднебје ќе се дрзне да ја наведе вакцина како причинител за аутизам,менингитис, епилепсија итн ?! Сум зборувала со доктори кои се оградуваат и несакаат да коментираат на темава и др кои ја поддржуваат целосно , трети не сум запознала лично .
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    252.614
    Син ми доста лошо ја преживеа ротата. Вака кога ќе почнете да пишувате глупости, крај ви нема. Никој од вас не може да ме убеди дека рота е безопасен и обичен вирус. Седум дена детево ми имаше најтежок облик на рота. Колку пати се губрше, дехидрира. Плачев како мало дете од страв. Не знаеш што поминав. Ама Гугал ова не го пишува. Всушност го пише, на официјални страници во кои се наведува дека рота може да биде и фатална особено кај мали деца до година.
    Заздравувањето е мачно и тешко потоа. Едвај детето си го средив, а до ден денес има проблеми со стомакот за кој и покрај сите анализи, нема амнеза, ама од ротата започна се.
    Затоа мајки молете се да ја донесат вакцината и вакцинирајте ги децава.
    И јас сум резервирана за вакцините, но вакцинирам.
    Некои ставови се издржани, ама вакви ме вадат од кожа.
    Вакцините помагаат детето полесно да ги помине болестите. Јас верувам да беше вакциниран од рота, ќе поминеше полесно.
     
    Последна измена: 31 март 2018
    На kukla21, oblace1, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.231
    Допаѓања:
    181.603
    Пол:
    Женски
    Јас затоа го прашав дали видел дете како изгледа со рота вирус, ама испадна дека не знае. Лицемерно е кога и едните и другите удираат со глава во ѕид и се држат до своите ставови како слеп за стап, а не искусиле на своја кожа, па се расфрлаат со истражувања и статистики.
     
    На makedonkamak и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Абе само вие двете имате гастро инфекции и само вие страдате со проливи, другите немаат такви проблеми и не знаат како изгледа рота, ешерихија, норо, кампило.
    Додека да порасне дете сите инфекции ќе ги прележи, без исклучок. Првите години по 2 по 3 на година. Во развиениот свет луѓето не се плашат од гастроентеритис.
    И се молам никогаш да не ја донесат рота вакцината. Ниту било која друга вакцина. И овие што ги имаме треба да се десеткуваат, повеќе прават штета отколку корист.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми лани, на 13 месеци имаше рота вирус, и не беше толку страшно како што опишувате. Како и секоја болест, не е лесно, ама пак не ни е лесно ни при обична настинка. Незнам како очекувате вие болестите да бидат? Беше посилно од стомачен вирус, ама поминавме и без инфузии, и без лекови... Со пробиотик, електролити и течности. дијагнозата беше поставена од еден од најдобрите педијатри.
    Инаку не е воопшто вакцинирана до сега.
    Можеби вашите дека вакцинирани полошо ги поднесуваат болестите, еве не знам.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    252.614
    Ако твоето дете имало лесна форма на рота, не значи дека јас лажам дека син ми бил во многу лоша состојба. Инаку има добар имунитет и не се разболѕва често, а е вакциниран.
    Не дојдов да ве убедувам да вакцинирате, ама немојте и вие да убедувате дека ротата е безопасна или како настинка.
    Каде се вуе едуцирате, на Гугал?
    Многу сте ми интересни вие антиваксерите, вашите деца се најздрави, останатите болни. Вашите искуства веродостојни, останатите не.

    И баш ме интересира како ја поставија дијагнозата на рота? Знаеш како единствено се поставува? Не ти треба најдобар педијатар туку наод од копрокултура.
     
    На Yowannty, kukla21, Lella и 4 други им се допаѓа ова.