Ниедна болест не е безопасна и ниедна вакцина не е безопасна. Тоа е единствената вистина!!! Поздрав, и баш ми е мило што вашето дете има супер имунитет, ама како тогаш фатило толку тежок облик на рота вирус?
Кое арогантно однесување!!! Ниту си видел, ниту осетил, и понатаму зборуваш според тоа што си прочитал. Значи прочитал! И те молам, не ми кажувај за светот. Знаеш, и ние имаме прошетано и имаме пријателства надвор од мк. Барем јас информациите ги добивам од прва рака, не од прочитано, па уште да убедувам жени на фемина по цели денови Како и секое дете, некое полесно поминува, некое не. Ама ако ти е полесно да мислиш дека детето затоа што не ти е вакцинирано, има појак имунитет, ете нека ти биде. Ама примериве во моја околина, не покажуваат така. Еве другарка има две деца и не ги вакцинира, се соочуваат со истите болести како и вакцинираните. И едното полесно поминува, другото потешко, двете невакцинирани. И? На што се должи тоа?
Тоа ми беше иронично кажано... Муабетот ми беше дека, пак ќе речам, не е секогаш толку страшно како што се претставува. Како што реков, секоја болест МОЖЕ да биде опасна, поради компликации, ама и секоја вакцина може да биде опасна. Затоа треба да боде право на избор. Никогаш не би му рекла на некој да не вакцинира, или да вакцинира. Не би сакала некој на душа да го земам и во двата случаи.
1. Ќерка ти прележала рота вирус во поблага форма (според тебе не е страшно ние како што опишуваме). 2. Не е вакцинирана досега. 3. Според тебе, децата што се вакцинирани потешко ги поднесуваат болестите, ама не знаеш. Каде е иронијата? I don`t get it
Зошто де толку сакаш да ми го анализираш муабетот? Не сметам дека е потребна вакцина за рота вирус. И кај моето дете се покажа правилна одлуката. Кој како прележува и кој има повеќе имунитет ми беше кажано иронично, затоа што е вечна тема меѓу ваксерите, и анти ваксерите. Еве, на пример гледаш, пецнав малку, и одма побудив емоции кај вас, се запаливте тоа и ми беше поентата. Јас не вакцинирам, ама никогаш не сум делела памет да се следи мојот пример на никого. Треба уште нешто?
Ти го анализирам муабетот, за да видам што пропуштам и не сфаќам, ама уствари ти не си константна во тоа што го пишуваш и сега испаѓа дека јас се замарам со тебе. Бтв, и јас никого не убедувам за вакцини, и исто така моето дете нема да ги прими сите вакцини за кои јас сметам дека нема потреба. Значи не сум нит ваксер, нит антиваксер. Ако не вакцинираш воопшто, тоа те прави антиваксер, што значи иронијата која ја потенцираш, воопшто не ти држи место. И за крај, последниве мислења околу рота вирусот што ги пишавме, немаше никакво убедување да вакцинираат сите, туку дека не е наивен вирус, како што некои го прикажуваат. Треба да се донесе вакцината и да биде изборна за кој сака, кој не сака, не мора.
@NarCis@ не постои наивна болест. И една обична настинка може да се искомплицира. Пак тоа нема врска со вакцините. Ако рота вирусот кај некој поминува тешко а кај некои лесно... Реакцијата од вакцина кај некои поминува лесно, кај некои тешко, со трајни последици. Кои сме ние тука, на еден форум, да докажуваме што е подобро, кога се е индивидуално. Се сложувам со тебе, вакцинирањето треба да е избор.
Секој тука си го споделува искуството, а некој се подбива и шегува на сметка на тој што поминал низ тоа патешествие и убедува дека е обичен пролив (јас би напишала дијареа), но секој со речникот. Прочитај ги мислењата на членот @Centurion и ќе ти стане јасно за што ти зборувам. Исто и прочитај за рота вирусот и биди среќна што лесно сте поминале. Не е обична настинка, не е обичен вирус, има повеќе типови, сте го фатиле полесниот, ако воопшто бил рота вирус, затоа што, како што ти кажа членката, тој се потврдува само со копрокултура, не со искусен педијатар.
@NarCis@ јас зборот пролив не го употребив, незнам зошто ме спомнуваш за тоа? Имаше многу мајки кои споделија лоши искуства со вакцините, беа исмевани, нарекувани неедуцирани. Исто и една мајка сподели дека детето и имало рота вирус, и пробуваа да ја разубедат дека немало, оти не им одеше во прилог на муабетот.
Не те спомнав тебе, туку ти го спомнав членот со неговиот речник и неговите мислења. Препрочитај уште еднаш. И муабетот беше конкретно за вакцината против рота вирус. Тоа што си читала претходно за навредите кон мајките кои имале несакани ефекти од други вакцини, тој разговор ќе го тераш со тие членови. За ова убедување мислиш? Ова самиот член (антиваксер) си го кажа, болдираното. Никој, ништо не го убедил.
Во моја околина децата со рота вурус што им беа, сите беа хоспитализирани. За обичен пролив не сум сретнала толку честа хоспитализација
Нема што да ми текне. Читам, не наоѓам. Еве цитирај го мислењето на кое мислиш. Исто. Некои дури со последици останаа. А да не спомнувам дека кај нас условите се тие и капацитетот е тој, па не можат сите пациенти да се опслужат. Супер е ако се донесе вакцината, нека е изборна, кој сака бујрум.
Јас ретко ве читам, конкретно се вклучив за рота вакцината оти имам страшно лошо искуство со вирусот. Пробувате да ме убедите дека е обична дијареа. Не е. Секогаш кај потврдена рота следува хоспитализација, децата дехидрираат оти имаат над 20 столици на ден. И ако сето ова може да се ублажи со вакцина, јас сум за. Некои вакцини ни се неопходни. Јас сум на ставот да имаме избор која вакцина да ја ставеме. Да имав ќерка, ХПВ никогаш немаше да ја ставам.
Не морам да цитирам, за мене се работи. Инаку ги хоспитализираат за да не дехидрираат дома, да добиваат инфузии редовно. Ќерка ми среќа многу течности пиеше и цицаше, па ја пратевме редовно, немаше потреба од хоспитализација. За право ако испиеше од било што повеќе од 2 голтки наеднаш, одма ќе го исповратеше, ама се трудевме често по малку да прима течности. Како што реков, не беше лесно, ама не беше ни престрашно кај нас. Помина, тоа е најважно
Ептен ќе заминеме во оф топици, но на прашањето дали се потврди рота вирусот со копрокултура, ти не одговори. Во исто мислење ти се напишани двете реченици. Еве ние сметаме дека е потребна вакцина против рота вирус, за тие што сакаат. А тебе ништо нема да ти смени ако стане дури и задолжителна, оти и така не вакцинираш, нели?