Оваа тема ми е особено битна во периодот па затоа и би сакала да дискутирам на истата. Но, најмалку сакам да се расправам, да се докажувам или да убедувам некого за нешто. Прочитајте Ве молам погоре што пишувам во упатството за вакцините стои дека заштитата е ограничена на 10 години по вакцинирањето, а не посочувам стрикно на ммр вакцината. Што се однесува до упатството за ммр го имате па прочитајте што пишува дека оваа вакцина како и останатите може да не доведе до заштита од болеста...Немора ниту со мене да се докажувате, ниту да се сложувате со мене...Консултирајте се со лекари и на нив поставии им ги сите овие прашања.Верувајте на многу прашања немаат одговор. Па и јас сум збунета токму поради поделеноста на лекарската фела во однос на вакцините. И тоа токму специјалисти во делот на имунологија, епидемиологија се воздржани, па дури и се против масовната вакцинација. За ова што се случува, значи во се повеќе земји има се повеќе противници и движења против масовна вакцинација. На ова треба да се гледа со особена посветеност, а не да се игнорира. Еве искрено не ми се допадна насилниот и наметлив државен став во Србија со поднесување на кривични пријави против оние кои имаат мислење дека треба вакцинацијата да е незадолжителна. Па секој има право на свое мислење. Ако е медицинската струка толку единствена и сигурна во своите ставови нека излезе со аргументи, па секој од она што го слуша и гледа ќе донесе заклучок. Јас имам многу неодговорени прашања во однос на вакцинирањето, многу дилеми...Едно е да дискутираме за болестите колку биле опасни пред 100 години, но мислам дека во услови на современа медицина неможеме да ги поистоветуваме тие услови. Превенција да, но во услови кога превенцијата нема штетини последици. Со оглед на тоа што вакцинацијата не е толку наивна и безазлена нормално е во современи услови да се постави прашањето за оправданост на масовна вакцинација. Медицината, науката се оди вртоглаво напред, а имаме се поболна нација и што е најжално се поболни дечиња...Па колку нови генерации на антибиотици има, па колку нови антивирусни лекови се измислени, зошто не се произведе ефикасен лек против дифтерија, против пертусис, па и доколку се заболи ефикасно да се лекува и да се избегне масовна вакцинација... И шарлахот бил некогаш смртоносна болест но денес благодарение на новата генерација на лекови повеќе не е. Еве гледаме ќе се воведуваат нови вакцини...за рота вирус, за стрептокока...и докаде ќе се оди со дозите на вакцини? И уште еднаш ќе Ви кажам, читам мислам со моја глава, и некои работи како што е колективниот имунитет ми немаат логика...Вие не мора да се согласувате со мене. Би била среќна доколку имате повеќе познавања и знаење од мене на темава па вие да ми објасните како е можен колективниот имунитет кога непорно пишува во упатството за ди те пер заштитата трае 10 години по вакцинација...
Ова е одлична поента, меѓутоа убеден сум дека постои добра причина зошто не се развива дискусија со родителот пред секоја вакцина или за сите in general. Тука на форумот имаше и медицински лица. со кои имаше дискусија, па сите, како под некоја команда - ги снема. Дискусиите не одат во прилог на вакцините. Се оди на тоа дека здраво за готово, - вакцините се добри и крај на прикаската. Секоја дискусија, впрочем како и оваа сега, може да предизвика сомнеж. Сомнежот може да предизвика истражување. Истражувањето може да предизвика барање на логичност. Логичноста е проблем. Затоа, интенцијата е да се запре дискусијата дури и пред сомнежот. Затоа не очекувај дискусија.
Ама не е исто 1 на 100 несакани последици и 10-15% неефикасност на вакцината. Првото што го наведе, го пишува не секој можен лек, не само на вакцини, но не сум сретнала да пишува за процентуална ефикасност или неефикасност за лекот кај вкупно население. За останатите прашања, јас ниеднаш така не сум настапила, туку навистина ме интересира каде пишува за работите што ги тврди дека се наведени во упатство, баш за да научам нешто ново. Со оглед на тоа дека не се држам цврсто ни за едната, ни за другата страна, затоа што сметам дека е ограничено за мене еднострано размислување, би сакала некој да ми одговори на прашањето, со релевантен доказ или можеби некое логично размислување кое може ќе ме натера да сменам став. Ова се твои зборови, не мои. Е сега, важи за ммр или не? Ако важи, на кое упатство пишува? Јас читам сите што пишуваат, и препрочитувам неколку пати, за да не ја водам дискусијата во погрешен правец, ама вака испаѓа дека ти ме носиш во различни правци.
На страна 4 од упатството кое го имате за ммр пишува дека како и за останатите вакцини така и оваа не мора да доведе до заштита од болеста...што значи според Вас ова? При секоја епидемија дел од заболените се целосно вакцинирани и објаснувањето е дека вакцината служи не да не се заболи туку доколку се заболи да се помине со полесни симптоми....Уште кога се вкучив на форумот ги поставив моите нејасни прашања прочитајте погоре...а тоа е дали вакцините штитат да не дојде до заболчување од болеста или за полесно прележување на истата? Нескромно за себе ќе кажам дека сум високо образована исклучително едуцирана личност, постојану сум на обуки, усовршување и доусовршување и не би сакала да го спуштаме нивото на расправање и докажување. Јас нема да Ви докажувам ништо, ниту пак имам намера да Ви го менувам ставот. Не го анализирајте секој мој напишан збор, доколку имате Вие повеќе знаења и искуство Ве молам повелете дадете свое мислење во однос на моите дилеми и прашања. НЕ за вакцините и НЕ за задолжителна масовна вакцинација се различни работи. Треба да знаете дека неуките луге сите си вакцинираат ниту знаат што е вакцина, ниту против кои болести се вакцинира...неуко тие луге се без прашања, без сопствени размислувања, без идеи и предлози за подобрување на нештата... Така да немојте Ве молам со такви квалификации...не се познаваме, па не доликува да се навредуваме. Еве вие ако се сметате себеси дека не сте неуки објаснете го вашето мислење што е и дали е можен колективен имунитет? Дали е оправдана масовна вакцинација во услови на вртоглаво напредување на медицината и дали треба медицината да се стреми кон иузнаоѓање на соодветни ефикасни лекови со кои успешно ќе се лекуваат болести кои биле смртоносни пред 100 години, пред се имајќи во предвид дека вакцинацијата со себе носи многу негатини последици...
Во однос на ова прашање, имам чувство дека само на балкан се крева прашина околу вакцинирањето. Во Словенија ретко кое дете не е вакцинирано, покрај редовните сите вакцинираат и против рота и против пневмококни заболувања. Се прашувам дали слепо веруваат на овдешните доктори или им е сеедно. Вакцините знам дека се произведени во Франција. При тоа да напоменам, не вакцинирањето, според закон, не претставува пречка за упис во градинка или училиште. Да оздравиме па ммр треба да ја примиме. Дали да ја одложувам се прашувам или како да постапам искрено не знам.
И двајцата ја имаат примено, ама покасно. Кога се осигурав дека здравствено се ок за да ја примат. Немаа никакви последици од неа. Ни температура.
Ама и јас тврдам дека истото го пишува на вакцината, впрочем пратив скриншот и заокружено со црвено. Да не ја праќам сликата пак, вака пишува: "Као и код примене било које вакцине, заштитни имуни одговор се не може увек развити код свих вакцинисаних особа." На македонски превод: "Како и кај примената на било која вакцина, заштитниот имун одговор не може секогаш да се развие кај сите вакцинирани личности." Значи не кај сите, туку кај некои. Појасно, некои ќе бидат 100% заштитени, некои не. Убаво што си високо едуцирана личност, меѓутоа кога дискутираш потруди се да бидеш константна во твоите тврдења, инаку се вртиме во круг. Не може еднаш пишувам вака, другпат поинаку, и на крај кога ќе ти цитирам твои постови каде што самата не си стоиш на тоа што го кажуваш, ми викаш да не ти го анализирам секој твој збор. Зошто, затоа што не ти одговара? Јас моите размислувања ги споделив и ги образложив.
Глупава ти е генерализацијава. Неуките сите вакцинираат, а овие што не вакцинираат демек учени се?! Гугл експерти! Јас еве признавам дека сум неука за медицина. Не дека не сум читала, да, ама тоа ни од далеку не ме прави стручна како некој кој животот си го посветил на тоа. Зошто тогаш воопшто се студира медицина? Ај ако не сите да читнеме нешто по интернет, да се “едуцираме” за да не бидеме неуки и да си се лечиме по дома? Велиш медицината е напредна и треба да се изнајдат лекови. Вакцинацијата е еден од начините на превенција на болестите. Секогаш е подобро да се спречи, отколку да се лечи, нели? Моите информации велат дека вакцината (како и секој лек впрочем) не штити 100%, меѓутоа (ова е мое лаичко размислување и можеби грешам) имуниот систем преку вакцинацијата се “запознава” со патогенот и доколку заболи многу полесно ќе се справи со болеста од некој што не е вакциниран.
Не ми се допага Вашиот настап, кавгаџиски што би се рекло, така не би сакала да разговарам. На страна 4 од Упатството пишува: Као што је случај и са осталим вакцинама, може се десити да вакцина Priorix нече у потпуности заштитити све вакцинисане особе. Јас стојам на се што имам напишано и не го менувам својот став. Во вакцината за ммр има упатувачка одредба со која се упатува на како и кај другите вакцини...немаат некои детални податоци, нема јасно наведено кај некои заштитата е 100%, кај други не, туку се оградуваат дека со ваксината не се целосно заштитени сите вакцинирани особи. Тоа значи дека дел од тие што се вакцинирани не се заштитени што се потврдува и при епидемии при кои заболуваат целосно вакцинирани. Ве молам не се занимавајте со мене, јас добро знам што пишувам, константна сум во моето мислење дека вакцините за сите болести од редовниот календар вклучително и ммр штитат одреден период, а кај одреден дел од вакцинираните не доаѓа до заштита од вакцинната. Незнам каде прочитавте дека го менувам мислењето? Еве Вие кажете ми, кој е процентот на вакцинирани кај кој се создаваат недоволен број антитела за да ги заштитат од болеста? Дали вакцините од редовниот календар штитат за одреден период од вакцинирањето или пружаат доживотен имунитет? Што претставува колективниот имунитет и дали навистина постои? Вас Ви беше недоличен коментарот со навреда кон сите кои имаат поинаков став дека се неуки, а сега велите и јас сум неука за медицина па си вакцинирам... Имате многу правници, но некој е специјалист за кривично, некој за стопанско, некој за граѓанско право. Има мноогу правници прашајте ги за областа која не им е специјалност нема да знаат да Ви одговорат. Затоа неуките прашањата треба да ги постават на лекарите кои се специјалисти за имунологија за епидемиологија и да бараат одговори. Вакцинацијата е медицинска интервенција и недопустливо е да не знаете што му се дава на Вашето дете. Имате право на информација, а медицината има обврска да објасни, да посочи...затоа погоре и напишав дека се потребни советувања за родителите, па секој нека донесе одлука како ќе постапува. Да добро е да се спречи а не да се лечи, меѓутоа тоагаш кога ќе нема негативни последици од превентивната постапка во случајов вакцинацијата. Имајќи ги во предвид негативните поледици кои се појавуваат после вакцинација за болести смртоносни пред 100 години сметам дека со современи лекови тие досега требаше да бидат надминати. Зошто да не бидат сите тие болести по примерот на шарлахот болести кои лесно се лекуваат? Јас неможам да кажам дека сум децидно против сите вакцини или против вакцинацијата како постапка. Но, нели сметате дека имаме право на повеќе информации и посоодветен третман и пристап. Каде е индивидуалниот пристап спрема секој пациент? Сметам дека се потребмни советувања, едукација на родителите во однос на вакцинацијата, за правото да се пријават негативни ефекти и детална евиденција на пријавени негативни ефекти од вакцинирањето.
Генрално ставот е тој, тие што вакцинираат се неуки, а другиве учени, оти прочитале неколку статии на гугл и се информирале. Ако веќе си добро поткована и информирана во медицината, треба да знаеш дека медицината и медицинските интервенции и лекови немаат никогаш 100% заштита и дека сите лекови, интервенции, процедури имаат одреден ризик фактор. Па така, глупаво е постојаното запнување за штетноста на вакцините в.с нивната корист, кога и за останатите лекови може да се каже истото. Зошто тогаш воопшто ги уживаме благодетите од медицината? Ај ако не да се лечиме дома? Се сложувам дека медицината и постапките треба да бидат безбедни. Јас верувам дека сите инволвирани се трудат тоа да биде така, меѓутоа тешко дека може да се постигне 100% безбедност. Просто невозможно е.
Sama kaza ne sum fatila bidejki sum bila zastitena so vakcinata. Sto poveke sakas? Jas izbrav da si go zastitam moeto dete so vakcina a za drugite ic ne mi cue sekoj roditel si e odgovoren za svoeto. Taka da se odjavuvam od razgovorov
Незнам што Ви е поентата со наведување на овој пост. Јас немам напишано дека не сум ја фатила болеста бидејќи сум била заштитена со вакцина. Тоа го пишавте Вие дека мајка Ви Ве мешала со братучетка и за да фатите морбили ама не сте ги префатила затоа што сте биле заштитена од вакцина. Јас само го коментирав од Вас напишаното дека ми е чудно зошто кога веќе Ве вакцинирала, мајка Ви Ве мешала со други деца да ја префатите болеста... Да, секој родител е одговорен за своето дете, како Вие така и јас го мислам најдоброто за своето дете. Затоа сме впрочем на форумов, додека немав дете воопшто не читав за вакцини. Но откако имам дете сметам дека имаме ние родителите право на информација, навремено и целосно информирање од надлежни стручни лица за тоа што е вакцинација, кој е календарот на вакцинација придобивки и негативни ефекти од вакцинирањето... Мојот став е дека во однос на вакцините има многу малку стручни и целосно запознаени, а тоа се имунолозите и епидемиолозите. Останатите немаат целосни познавања за вакцинацијата и затоа реков прашањата треба да се постауваат на лекари специјалисти во областа на вакцинирањето...Јас не сум специјалист епидемиолог, имунолог, не сум ниту лекар по општа медицина. Јас не сум против вакцинирањето. Јас имам прашања во однос на вакцинирањето и сметам дека сите ние родителите заслужуваме да бидеме повикани на советување и да ни биде објаснето што е вакцинација, календарот на вакцинација, последиците од невакцинирање, но и можните негативни последици од вакцинација. Неспорно е дека медицината, технологијата, животниот стандард одат вртоглаво напред. Затоа и сметам дека болести кои биле смртоносни досега требаше да бидат надминати. Има нови болести, вакцини против нив, а и старите остануваат, па до колку дози на вакцини ќе се отиде? Јас ја почитувам медицината како наука, но сметам дека како и секоја друга наука треба да напредува, да се развива, а за тоа се неопходни истражувања, изнапоѓање на нови подобри методи и минимизирање на штетите. Па многу од лековите со сериозни негативни ефекти се исфрлени од употреба, воведени се нови подобри. За повеќето болести имате избор на лекови, и го земате лекот ако користа од лекот е поголема од штетата што може да ја предизвика. Но овде се работи за состојба во која сте болни и преземате ризик да се излекувате. Имајте во предвид дека при вакцинација се вакцинираат здрави деца и неможе а да не се постави прашањето дали е поголема користа или штетата.
И во Германија е слично. Поголемиот дел од популацијата се вакцинира. Разликата меѓу Германија и Словенија е во задолжителноста. Се што носи ризик, МОРА да има избор.
Ама испаѓа затоа што не се согласувам со тебе и ти ги вадам постовите каде што различно тврдиш, јас имам кавгаџиски настап. И никаде не напишав дека менуваш мислење, туку менуваш тврдења. Бидејќи рече дека правиш истражувања, знаеш дека изворите кои ги пласираш треба да се веродостојни и да се држиш до нив. Јас не ти го анализирам секој твој збор, туку ти ги вадам на видело твоите постови, за сама да си прочиташ што си напишала. Ти се лутиш што не оди во твоја корист, а јас испаѓам кавгаџија. Е не може така. Види го прикачениот фајл 396148 Еве го. Пак со слика и заокружено. Твојата реченица иако не се совпаѓа со оваа на сликата од самото упатство, поентата е таа. Ама пишува дека може да се случи, што значи може и да не се случи, кај сите. И јас цело време пишувам дека нема такви податоци во упатството за вакцини со наведен процент на неуспешност. Еве друг твој пост спротивен на претходниот: Напиши дека процентите ти се од истражувања, не од упатства, така нема сама да се демантираш. Да ти одговорам на прашањата. Немам такви податоци. Ама може да побарам да видам дали воопшто се направени такви истражувања. За секоја одредена вакцина има посебно упатство, во кое се наведени одговорите на твоите прашања. Општо за сите вакцини од календарот за имунизација не можеме да зборуваме. Што значи можеш и сама да добиеш одговор директно од упатствата ако си ги симнеш. https://365.com.mk/249765/vaktsinatsija-imunitetot-na-stadoto-eve-kako-rabotat/amp Накратко што е колективен имунитет. Не знам дали мене ме прашуваш дали знам што е, или ти не знаеш, па бараш објаснување. Како и да е, линкот е мојот одговор. А дали постои, што ако ти кажам да, кога ти си убедена дека не постои. Така што, мојот одговор е сувишен. И за на крај, мојата дискусија со тебе е крајно културна, без ниедна навреда кон тебе. Ако ја има некаде, цитирај ме и еве јавно пред форумот ќе ти се извинам. Иако ти ме нарече на некој начин кавгаџија, односно дека имам кавгаџиски пристап кон тебе. Ако не ти се допаѓа што ти вадам црно на бело твои постови каде што се гледа твојата непровереност на информации, тогаш воопшто не треба ни да влегуваш во дискусија ако не си подготвена да се справиш со истата и кога не оди во твој прилог.
Немте никаква поента во своите излагања, освен токму распшравање, докажување, што мене секако не ми е целта ниту имам потреба од тоа. Јас Ве упатив на страна 4 од Упатството, и од таму цитирав. Како и да е мене суштината ми е дискусија за факти, околности и искуства околу вакцинацијата за да го изградам сопствениот став и да одлучам што да правам. Јас не тврдам ништо, пишувам мислење кое ми е формирано врз основа на тоа што досега го имам прочитано. ИКое мислење ми е непроверено, дека вакцинацијата не нуди 100% заштита - проверено е и го пишува во упатствата, дека има ограничено времетраење на заштита, проверено е и исто така го пишува во упатството за ди те пер...така да воопшто не ни морате да се замарате за да барате непроверени податоци, подобро ако сте за дебата кажете го Вашето мислење, информирајте не со податоци со кои Вие располагате.Јас сум за флексибилен пријателски разговор, а Вие навистина ја терате на расправање. Ве молам олабавете се, не се расправајте со мене. Ви посакувам секое добро и Вам и на Вашите дечиња. Имајте убав ден.
Погрешно сфаќате, тоа е целиот проблем во дискусијава. Јас нема да ги наречам тие што вакцинираат неуки, само ќе кажам дека најголемиот дел не се доволно информирани околу вакцините. Знаат дека има вакцинација и ги носат децата, и тоа е тоа. Дури и лекарите, со исклучок на оние кои се специјалисти по имунологија, не знаат доволно околу самите вакцини бидејќи на факултет не се учи многу за нив, туку само мал дел од имунологијата е посветен на нив. Знам дека е така, оти и јас учев по истите книги. Пишано е дека се спас на човештвото од заразните болести и му помагаат на организмот да се избори со нив и дека се најголема придобивка на човештвото. И ништо подетално не е објаснето, да тргнам од состав, начин на дејство, времетраење, ефикасност. Ништо. Затоа ќе ги наречам неинформирани. И себеси ќе се наречам неинформирана, оти мислам дека не сум прочитала или научила доволно околу вакцините, И покрај сето читање и комуникација со медицински лица одбрав да вакцинирам. А не можам да кажам дека овие што гуглаат се стручни, само читаат и се информираат, не велам, не тврдам дека се 100% во право. Ама не ги дочекувам на нож, туку читам што имаат да кажат. Кога читаш на интернет треба да знаеш да одделиш релевантни аргументи од фејк информации. А тоа не е лесно, бидејќи секој денес може да напише било што и тоа да стане факт во виртуелниот свет.
Најолабавено дискутирам За да стигнам до информации, да, се распрашувам, читам, проверувам. Како поинаку би стигнала до одговори? Според сѐ што напиша, мислам дека твојот став е изграден и твојата одлука е донесена. И јас искрено, ама најискрено го почитувам. Исто и јас сум против задолжителната вакцинација и исто така сакам сама да донесам одлука кои вакцини ќе ги прими моето дете, а не сите наведени во календарот за имунизација. Пријателски да ја завршиме дискусијата, за да може во други теми да бидеме тука една за друга @Annath скроз истото размислување го делам со тебе Како што пишав претходно, не сакам да се ограничувам и да заземам една страна, кога утре мојот став може да се смени од било која причина.
Кажи ми Ана, кој е релевантен извор на информации според тебе? Еве викаш дека дури и лекарите не се доволно информирани. Тогаш кој е? На кого да веруваме? Сигурно не на интернет “експерти” кои може и најдобронамерно ги делат информациите, ама може да бидат погрешни. И да, според мене и едниве (информираниве) и другиве (неинформираниве) се неуки. Медицинско лице си и знаеш колку труд треба да вложиш за да се едуцираш и образуваш во струката, така што... Да било така едноставно, сите ќе бевме експерти за се. Јас решив да верувам на стручни лица во кои имам доверба и кои сметам дека се експерти во својата област. Бев во голема недоумица долго време, ама на крајот пресеков дека ќе вакцинирам. Ниту една од статииве по интернетот кои ги прочитав ( а прочитав прилично) не ме убедија во спротивното.
Јас не знам како ги примаат децата по градинки и школи кога не се вакцинирани. Се сеќавам за мене и брат ми обавезно ни бараа доказ за примени вакцини кога се запишуваме средно, тоа беше дел од задолжителната документација при упис. Туку, пред некој ден пак излезе вест дека во Србија имало (по не знам кој пат) епидемија од морбили од која починале над 15тина НЕВАКЦИНИРАНИ деца. Значи пак се апелира за да ги вакцинираат и после друг е крив. Луѓе, во 21ви век живеете. Некои луѓе како со сила да сакаат да донесат епидемија по светов.