Не спорам.... ама како вакцините се виновни за сето ова? Кога веќе изнесуваш вакво тврдење треба да се поткрепено, во спротивно е неосновано застрашување. Оти, болестиве што ги наброја може да се од вакцините ама може и да се од: воздухов што го дишеме, загадената почва, пластичнава храна што ја јадеме, зрачењата и радијациите, депониите и други чинители. Просто не е можно вакцините да се виновни за се.
@An-na не сум научник за да ти поткрепувам со факти што го предизвикува ракот.И лекар да прашаш одговор нема да добиеш на прашањето.Мене па мн поглуп ми е твојот аргумент,ќе прочитале ќе се исплашеле.Кој се плаши нека не го користи интернетот а уште помалце нека не седи по форуми.Неможете да очекувате сите да размислуваат како вас.Во Англија ја преќинаа Хиб вакцината(мислат таа беше) бидејки после масовната вакцинација бројот на заболени деца од леукемија страшно пораснал.Еве нивните власти и министерство веројатно имале факти на кои се потпирале штом тоа го направиле.
Здрава нација?????Навистина??? преку една жена проблем со стерилитет Леухемија рак преку еден човек автоимуни болести од кај здрава нација? имало порано волку болни од рак? имало порано волку болни мали дечиња од леухемија рак оштетувања на мозокот ?? Имало не викам не ама ни пола до сегашната бројка Зошто ??????? Запрашајте се самите Неможе да се дрзните и да кажите вакцната нема последица кога ете и во Македонија судот има пресудено оштета за девојчето од Кочани Штом судот пресудил значи некој таму докажал поврзаност на вакцина полио со траен инвалидитет на детето Аколку пресуди судски има низ светот? Спојлер: нека не отвараат оние со слабо срце https://www.facebook.com/media/set/?set=a.717551081655296.1073741825.100002012330399&type=3
Hib vakcinata redovno se dava vo Anglija https://www.nhs.uk/conditions/vaccinations/childhood-vaccines-timeline/
Да, навистина. Жално е што смртта на ова душиче се злоупотребува за нечии потреби а Блиц ( па и препишувачот Сител ) тоа го исфрла во јавност без ( верувам нарочно) да ја истражи или дознае вистинската причина за смтртта на девојченцето. Надлежните упорно преќутуваат од кој сој на морбили настрадало девојчето, а тука е прашањето и од каква ретка имунолошка болест девојчето било заболено. Жално по се е искористувањето на тагата на мајката во пропагандни цели. Еве една слична судбина. Нашите медии ретко ги пренесуваат, со оглед на контролата која ја имаат. http://istinomprotivlazi.com/compon...-alfie-je-za-14-dana-trebao-napuniti-2-godine
До кога со вакви тенденциозни текстови? Ти зборуваш за злоупотреба, а целото твое опстојување и делување на темава е токму тоа, злоупотребување и извртување на фактите онака како тебе ти одговара. Не би било лошо барем на кратко да се потрудиш да бидеш објективен, тогаш може ќе согледаш дека 80% од постовиве тука ти се хајка и заплашување.
Што е заплашување според вас? Тоа што е пишано како њус појава во самата вакцина? Ало луѓе таа њус појава на некое дете му се случила производителот ја запишал како можна и самиот производител си има свој фонд од кои ги обештетува настраданите делиња Немојте са бидите слепи
Во ред, има нус појави. Како и секој лек, впрочем. Дали тоа значи дека сите не треба да вакцнираме? Дали ако јас имам нус појава или алергиска реакција на пеницилин на пример, ти нема да го користиш во иднина, оти нели има нус појави и може дури и до смрт да доведе?! Или ова само за вакцините важи? Да се послужам со твојата констатација: Вие сте слепи, заслепени од неколку дрвја, не може да ја видите цела шума.
@kukla21 Плачки има колку сакаш, може и до зајдување да дојде Уплав да фатиш Некаде на 4-ри месеци мислам беше ја боцнавме малата и таа не почна да плаче и мед. сестра ми вели на шега- Дебелко е твоево , не осети (шега беше секако). Се согласувам потопно со тебе дека на гугал доктор не се стaнува. Сепак за здравје се работи и сами да изиграваме нешто што не сме некако не ми е во ред. Треба информации секако. Јас кога и да прашав педијатари или лекари за мислење на темава, секогаш добивав одговор дека на погрешен начин се информираме преку интернет, дека не читаме официјани студии и податоци. Не знам дали имаш гледано гостувања на Д-р Софијанова конкретно на темава или пак видеа т.е интервјуа во кои има објаснувано многу за истово како и порака до сите родители да се ваккцинираат децата. Исто и Д.р Сајковски го имам слушано. Значи за се што не интересира треба да се обратиме до стручни лица, а не овде. Ова со министерот Филипче- постирано е поназад, но никој не кометира и не даде мислење зошто поинтересни се гугал експертите и нивните гугал трудови. https://sdk.mk/index.php/makedonija...-da-e-zadolzhitelna-veli-ministerot-filipche/ Веројатно ќе се работи на реализација на истото по препораките и во договор со СЗО. Добро би било конечно некој да направи некоја нова реформа кон подобро, ете меѓудругото за обезбедување поскапи вакцини и воведување две нови вакцини во календарот за имунизација. Мое размислување е ако можеш детето да го заштитиш, тоа и да го направиш. Ете имаше дебата неколку страни пред ова дека Рота висрусот е ,,обично проливче,, као, а за истиот вирус хосптализација и третман во болница и тоа како треба. Кога можеш детето да го заштитиш од тие голготи зошто и да не се воведе новата вакцина. За заштитата од вакцините во подоцнежните години ќе прашам баш деновиве стручно мислење и ќе споделам за истото. Да не зборуваме напамет само. Претпоствувам дека организмот полесно би се изборил со некоја болест доколку ете да речеме е вакциниран за истото и као заштитата после одреден број години завршила ( сето ова со претпоставка ). @joy1 Искрено не ми е во ред сега и ракот овде да се спомнува. Не може се да се препишва на вакцината. Генерциски тука некаде сме јас и ти и претпоствувам дека и ти си вакцинирана со сите вакцини. Никој не спомна аутизам, ни ништо. Вакцината ни беше нормална појава и сите така ја имавме сфатено. Поминувавме и без температура и потресување. Признај дека беше така. За казната, не е до плаќањето само. Не е до полнење на буџетот.
Јас и мм одлучивме да го вакцинираме малото. И стигнавме до примени вакцини од болница, 6 и 5 валентната и толку. Престануваме. Не знам до кога ама после долги и длабоки истражувања на мм кој е некаде низ тие води со сргументи и ставови ми раскажа зошто мисли дека е опасно да го вакцинираме детето. Постојат и опасности кога се одлјчува да не се вакцинира, но кога ќе ги ставиш на вага помалку тежи невакцинирањето. Ставањето вакцина е живо коцкаље со здравјето на вашето дете, никогаш нема да бидете потполно сигурни дека мултифакторијалноста нема да изигра така да вакцината разори некој здрав систем на детето и предизвика некоја болест. Оние кои одлучувате да вакцинирате, правете го тоа на сосема сосема здраво дете и дете кое никако не е слабокрвно. Особено да не е слабокрвно, бидејќи трансферинот кој врши трансфер на железото до мозокот лесно го врзувал и алуминиумот, па во отсуство на железо и незаситен трансферин истиот си врзува молркули жива/алуминиум и др токсини за мозокот и ги носи лесно низ мозочнаѕа бароера бидејќи се многу ситни. Списокот на ваквини кои се примале во 1983 и 2013 е многу различен. Некогашниот е многу краток што прави разлика, а исто така технологијата е толку напредна што адјувансите пр алуминиум хидроксидот во вакцините некогаш бил огромна молекула која не можела да поминр фо мозокот а сега е така уситнета да прелесно минува и штети.... уште мал милион научни факти можам да набројам. Секој со својот избор. Само не е пропаганда антивакцинирањето за жал...до вчера и јас така мислев и вакцинирав....мм рече ќе стопираме засега а јас по се раскажано се согласив. Едит. Факт е дека епидемии од стари болести ќе земат замав за кратко. Ама пре да се борам со тоа отколку со аутизам или леукемија.
Не ,него значи дека дете што имало тешка њус појава треба да прекине да се вакцинира понатаму и да не се терети родителот законски тоа ми беше поентата Пенцилинот ти ке одлучиш дали ке го примиш а тука јас избор со вакцината немам капираш во што е разликата нели?
@yarre i @Centurion членови ли сте на групата здравје на игла не влегува.Не можевте ли да бидете гости на дебатата на 21тв моментално што оди на тв.Водителката ги покани родителите да бидат гости.
Еве јас ако може да ти одговорам.Еве изгледај го кога ке имаш време видеово за др Ребека Карли која е една од оние што имаат цела студија со докази за тоа како штетат вакцините на човекот.Кога ке имам време ке најдам и други имунолоџо,невролози со докази исто.Знам оти има затоа што ги имам читано и гледано предходно. Неможев со тел да направам копи пејст.
Вакви “експерти” нема никогаш да ме убедат Ќе најдам време и ќе и го разгледам и сајтот, ама не верувам дека ќе го сменам мислењево. Вакви “експерти” се изначитав додека бев во недоумица дали да вакцинирам. Многу зборуваат, а ништо не кажуваат. А може и јас не можам да ги разберам, којзнае
Или си за вакцини, или веруваш на дезинформации. Трето нема. Многу ме иритира темава. Последен пост од мене. (ако не сакате 10000 примери со истражувања, батали спектруми аутистички ово оно, боље вакцина него ли чума)