И јас истото го сфатив. Мене ми е нонсенс докторка со искуство да тврди такво нешто. Значи индиректно признава дека вакцината не штити.
Стручњаците според сознанијата и податоците кои ги имаат сметаат дека тоа е невистина. Од тука е и препораката дека после ммр вакцина може да се оди во градинка.
Не драга моја. Туку знаат дека во градинка нема дете со автоимуна болест. Затоа. Не дека го сметаат тоа за невистина.
Ти знаеш што знаат тие,па тврдиш?.Односно тоа е само твое резонирање дека само децата со автоимуни болести би се заразиле. Зошто другите не? Па градинките се полни со деца со нарушен имунитет.Лесно би фатиле се. Инаку во градинка има и деца со автоимуни болести.
јас само да ве поправам нис појава ете и во декларацијата пишува дека може да се деси до 28ден кај нас на 21 ден се руши кулата од карти
Vie imavte No,ako dobro se sekavam, kaj vas se rabotese za genetska epilepsija,a ne za nuspojava od vakcina?
Грешка си кај нас ни е епилепсија од непознато потекло а и неврологот ми рече може да е од вакцина само никој нема да ти потпише и да се изјасне јаво така да јасно е
А ти знаеш ли? зашто мислиш дека ако сопругот ти е епидемиолог дека се знаеш!? многу работи како и секогаш ќе останат зад врата и така и треба да е. едит. И ако некоја од тие работи твојот сопруг ја сподели со тебе нека си ја скине дипломата.
Јас не сум медицинар. Тоа што го пишав ваљда негде сум го прочитала. Мило ќе ми е ако е грешна информација (дека по приемот на вакцината детето е носител на вирусот)
Точно е дека е носител исто како и тие што ќе прележат морбили доживотно ќе се носители. Не е дека "им ојачал имунитетот па нема да фатат пак" туку зашто тие се носители и не можат повторно да фатат.
Одбери некој од постовите на @Centurion и повели на дебата. Очигледен е самолимитирачкиот момент поради ставот „Или си за вакцини или веруваш на дезинформации“. Добро е да те иритира темата. И кај мене така почна. И ако кажеш последен, некако на збор не се држиш За чума не постои вакцина. Никогаш не ни имало. Баш ме чуди како исчезнала ?
Фала на поканата, би сакал да имав време/да беше лична на срце темата, но гледам има добри страни на мислењето. Јас цврсто стојам за, и за лошо и добро, од мене лично гледано, За. Премногу имам истражувано и читано, не да не. Слободно време не е толку добра работа, понекогаш. Не постои вакцина за многу работи, но сепак товарот на доказ (proof of law/russel's teapot) спаѓа на оној кој тврди спротивно мислење. Последен пост од мене на темата, неутрален би сакал да излезам иако имам предрасуди когнитивни кон За, почит до наредните мислења. едит 1-не ги видов неговите постови, само еднаш пишав колку гласале за, денес направив грешка да пишам повторно без да образложам. Stay safe. Стресно е да се замараш со туѓи проблеми, ти одзема драгоцено време, се додека не ти дојде до тебе темата.. тогаш друга работа.
Прашав еднаш ама не ми одговори.Претпоставувам си член на фб во здравје со игла не влегува,и знаеш за поканите на двајца новинари за дебата ба тв.Навистина си спремен и ти и уште еден член на форумов.Зошто не се нафанете на една таква емисија,за да не излезе дека родителите што не вацинираат се неинформирани и се плашат од неквалитетни вакцини,а не од отровот на самата вакцина.
Види, секако дека може и со твојот настап. Дојдов, кажав колку да ме има и отидов. Поткрепа јок. Барем во делот „Или си за вакцини или си за дезинформации“. И да стоиш за. Цврсто. Да? Па некако неуверливо ми е. Тенко. А слободно време никој нема на претек. Ама и да се троши за некакви „ја знам ама немам време да се образлагам“ ликови. Но нејсе. Се појавуваат на темата некаде на секој 30 страни. Колку да ги има. Јас не тврдам спротивно. Само барам да го образложиш твоето мислење. Од тоа што ете имаш читано и истражувано. Како сублимат од наученото и истражуваното. Стресно е да се фрлиш во дискусија, а после да се вадиш. Знам дека здравиот разум не ми е привилегија туку казна, бидејќи неретко морам да влегувам во дисусија со особи кои... Не сум член на споменатата група. Таму се ликови кои мешаат баби и жаби а објавуваат информации кои се и неточни и непроверени. Башка што менаџментот на групата не разбира дека прави повеќе штета со нивнот его однос. Јас сум поборник за точни и прецизни информации, а со моите ставови постојам и пред да настане фејсбук. Влегување во дебата не е неможно, но е крајно непрактично, особено што во тие дебати настануваат персонали дисквалификации од позиција на бел мантил. Ете пред некој ден имаше дебата на Телма каде токму тоа и се случи, па докторките дури и лажеа дека вакцинирањето не е медицинска интервенција. Одлуката за вакцирање или не, неможе секој да ја направи. Дебатните емисии само уште повеќе можат да го збунат веќе збунетиот родител, и истите емисии, неможат да бидат дебатни бидејќи дебата едноставно нема. За споменатата дебатна емисија, Телма прати кола по докторките, додека за останатите (prochoice) ликови - не. Ти станува јасно за каква деградирачка и усмерена дискусија може да се работи ? Еден од последните дебатни емисии која успее да се провлече без влијанија е емисијата на Тунел на онаа водителка Живкица. Се наваму е парада. А јас не сакам да сум нечив кловн.
@yarre Барем ги погледна видеата што ги постирав? Немам што да образложам, немам коњ во трката, или дете што би се рекло. И да имав, пак ке си стоев цврсто кон своите ставови. Слобода пред се, остатокот не ме занима, не е мое место тука да дебатирам. Можам едно 100нина часа материјал да постирам, и што ако дебатирам со некој пост модернист/марксист или алтернативно десно? Мислиш дека ке се убедам? Или некој што сака самиот да се чита/слуша? Фала за тагот и мислењата, јас не дискутирам понатаму, не би било убаво кон луѓето што имаат дете. За вадење од дискусија не би кажал ништо, јас само фрлив мои 2 цента и напоменав со тагнување модератор ако се контроверзни да избришат. Вакцини не ме засегаат до толку, се додека не е нешто на моја кожа. Што е следно, Бигфут/Рамна Земја/Не сме биле на месечината/Кенеди 2јца стрелци го убиле? Не ми се дебатира, би те замолил да не ме тагнуваш, не знам како да исклучам нотификација. Почит. -едит, не е тешко да одвојувам од тебе цитати и до утре да седам, ама не ми се троши време. (се надевам ова го свати без навреда, како што и планирав, не напаѓам личност туку идејата, незнам, сеуште кафето не го допив) -edit2: гледам дека се сложуваме и имаш истражено на темата, продолжи ако имаш време, не сакам да се мешам јас, грешка и не убаво од моја страна беше првиот и коментарите после тоа.
Поради што истече времето, би сакал да напоменам цитати пар- Обиди се да ја кажеш вистината, без обзир на се, алтернативата е полоша.. Не е баш безбедно да зборуваш на тема, ама уште полошо е да НЕ зборуваш. Ако стоиш цврсто, не се извинуваш и артикулираш мислења, луѓе без поткрепени мислења ке се раштркаат. -За крај би рекол, прво би сакал да си го средам сопствениот живот пред да дебатирам нешто поопширно, не би било фер спрема себе да продолжам на темава барем во догледна иднина.
Па затоа и реков некој поинформиран,попоткован со факти треба да учествува,за да им ја "затвори"културно и со факт устата на докторите кои ке гостуваат.Овака и на 1тв и на телма и некна на 21тв излегоа родителите што не вакцинираат,ептен изгубен случај и безпотребно испаничени,и покрај тоа што некои прашања што им ги постави родителот на преку скајп,др не ги одговорија туку замачкаа очи.А јасно ми е дека и со таа цел се правени емисиите.