Прво да ти одговорам на претходниот пост. Сите држави водат статистика за појава на заразни болести во блиско соседство и региони,и треба да водат поради опасноста да се пренесе и можноста невакцинираните и децата кои не смеат да се вакцинираат,населението, да се заразат. Од каде знаеш што им викаат на родителите? За секоја болест која ке се појави кај детето се криви вакцините? Знам дека докторите пред вакцинирање имаат протокол.Прегледуваат, па даваат дозвола.Не е точно дека даваат дозвола да се вакцинира болно дете,не претерувајте со невистини,што направивте дека сега уште одат со шприцот и боцкаат бебиња во ходник. Докторите без крвна слика не знаат да проценат дали е детето здраво или болно? Па побогу тогаш не треба ни да прегледуваат,ке им кажат мајките леукоцити,лимфоцити итд и толку. Процент да се земе? Ајде Без завери и шпекулации. Во училишта не се вакцинираат деца.
Има доктори и доктори, ко и за сѐ друго. Тие првите во болница не ги коментирам, верувам сѐ било во најдобар ред. Најдобар впечаток ми остави докторката во Грција, која направи темелен преглед со земање на комплетна анамнеза, за нас родителите и бебето. На крај, таа ја вакцинираше малата. Не сестра. Потоа следуваа совети, во случај на тт, осип и сл. како и за исхрана во наредните 48 саати. За дополнителни прашања, ни беше достапна и телефонски. Двапати ја вакциниравме кај неа, истиот третман. Да појаснам, тогаш немаше петтовалентни и шестовалентни вакцини во Македонија, затоа изборот беше за странство. Кога ги донесоа кај нас вакцините, отидовме во еден од диспанзерите тука во СК. Што да кажам? Шок! Од хигиена, до пристап, докторката катастрофа, сестрата груба. Се преселивме во друга општина, друг диспанзер. Докторката супер. Направивме крвна слика претходниот ден, преку ноќ се појави некој осип на кожата. Докторката рече денес нема вакцина. Дојдете за три дена, ако е повлечен осипот, ќе вакцинираме. Одиме за три дена, осип нема. Ај да вакцинираме, сестрата мрзоволно станува од столче, стопира филм на лаптоп, шиба инекцијата, и си седнува пак да си го догледа филмот. Проблемот е што кај нас сѐ е до како ќе ти се погоди. А не треба да биде така. Нека направат една обука за цел медицински персонал и тоа нека се контролира. И јас сум за тоа дека треба да биде поголема свесноста и кај медицинските лица, и кај родителите. Ама да не ги ставаме сите во ист кош. Не се сите за никаде, и не се сите совршени. А за аутизмот, сите што се запнавте за него, треба да се потврди дека детето немало претходно, за да се утврди дека е од вакцината. А за да се потврди, треба да го однесете детето на дефектолог и да има долга опсервација, и пак е тешко да се утврди на таа возраст.
Значи, на форумов научив нешто ново. Државата НЕМА ШТО да води статистики за безбедноста на вакцинити, за нус појавите и се друго што го спомнавте претходно како беспотребно, ама МОРА да се води евиденција за во соседните земји? Најс!!! Како не знам што им викаат на родителите, кога јас сум родител и сум сведок? Кои шпекулации, жити се? Сите ти кажуваат сопствени искуства, ти се инатиш. Твој проблем! И не, без крвна слика НЕ МОЖЕ секогаш да се процени здравјето на една личност. Од диши не диши, и речи ААААААА, не се открива моментална здравствена состојба. Мислев се тепаш на темава како едуцирана особа, ме разочара!! Ти шириш дезинформации дека сите доктори прегледуваат и не шибаат туку така вакцини. @anastasijaki , ти даде погоре пример, јас ти дадов мој пример!!! Сакаш сите мајки да се јават со свои искуства? Ма ни тоа не би ти значело ништо. Жал ми е што се задоволувате со вакво здравство, затоа и нема ни да биде подобро никогаш!
Како не се вакцинираат во училишта деца? Сега може има промени но јас се сеќавам убаво во осмо одделение не вакцинираа во училница, систематските прегледи и вакцинирањето беа во училници. Децата кои тогаш ќе беа отсутни или болни па немаше да ги боцнат идеа накнадно во поликлиниката за вакцинирање. Во средно во четврта година тетанус исто во училница. И во основно и во средното беа истите медицински лица од поликлиниката во мојата населба т.е општина.
Не читаш добро,за жал. МК неможе да прави истражувања ,а евиденција има.Толку. На што си ти сведок ? Ти сама пишуваше дека твоето дете не го вакцинираш и плакаш казни за тоа. Ти лекар не си, па од таму остави на лекарите да го работат тоа што знаат, Сајковски или било кој друг добро знае да процени дали е детето болно или не и без крвна слика. Јас не ширам дезинформации,туку ти.(проценти итд..)Не шибаат вакцини без преглед,тоа е протокол ,а и анастасијаки пиша дека детето било прегледано пред вакцина од Сајковски..што го потврдува тоа што го пишувам. Кажи кој педијатар,лекар во кој диспанзер дал дозвола да се вакцинира болно дете? Или тоа болно е дијагностицирано болно од страна на мајките?
А прочита што јас пишав дека му ставија вакцина без да ги почекаме резултатите од брисот од носот, или побитно беше да се стави отколку да се почека. Понеделник на една недела старост му ја ставија вакцината, па му зедоа брис, среда резултатот беше позитивен и му дадоа терапија капки за носето. Бактеријата сигурно уште од болницата си ја имавме закачено. Можеби треба за доказ да приложам тука слика од педијатриската книшка со датумот на ставената вакцина, листот со наплата за брисот, а потоа и резултатот.
Ти пиша дека си ги видела како излегуваат од училиште ,што не значи и дека вакцинирале. Две деца имам во училиште и никогаш не се вакцинирани на училиште,туку во диспанзер. Прочитав...И што очекуваш сега јас да ти одговорам? можеби бактерија во нос и не е причина за одлагање на вакцина,си требала да ги прашаш наместо сама да заклучуваш.
Како така вакцинираат без да проверат резултати од брисеви? Јас кај што ги вакцинирам децата има еден стар доктор. Можеби веќе е во пензија. Самиот кажа дека детето треба да е потполно здраво за да се вакцинира.
Точно, не вакцинирам, и платив казни, поради тоа што не сакаа да земат предвид дека ќерка ми е анемична, и покрај што однесов резултат. Мене двајца педијатри ми рекоа дека толку анемично дете не е пожелно да се вакцинира, додека не се среди крвната слика. Во диспанзер ми рекоа, мајка тоа е глупост, нема врска. И си платив казна. Има нешто нејасно?
тоа беше друг муабет.Ги вакцинираа затоа што и ќерка ми беше во тој клас па не викнаа сите родители да присуствуваме на боцкањето
Тие не можат еден попис да направат, ти очекуваш повеќе Се согласувам дека здравството ни е распаднато до крај.
Nema profesionalen pristap, nema voednacen pristap, medicinskiot personal ni e neobucen, lezeren i bezobrazen zatoa sto si pominuvaat kompletno bez nikakva odgovornost. Mozwbi ova, mozebi ona...nema mozebi, osnovno e da se pocituvaat i roditelite...ako ne bilo pricina doktorot imal obrska da pojasni...jasno e...a jas da istrazuvav i dojdov do mnogu podatoci deka imame neobucen personal, deka ima nevoednacena praksa za vakciniranje, odredeni lekari baraat krvna slika, drugi voopsto ne, nema prezemeno merki vo slucaj da snema struja i nikoj ne nosi odgovornost za prekinuvanje na ladniot lanec...
Ако не е функционален чуму пријавување? Дали лекарот ти кажува дека можеш сам да пријавиш ? 90% од родителите не знаат дека можат да пријават, а останатите 10% докторот ги убедува на прва дека „гарант' не е од вакцината, онака од око. Скромните 15 пријави кој некој ги спомна тука се очигледна шега на 2 милиони граѓани. И хипотетички, детето има реакција на вакцина, трајно оштетување. Прво што ќе помислиш е дали ќе пријавиш на системот или ќе се акаш по доктори за да го спасуваш, а тие ( повеќето ) ќе те вртат во круг ? Осем неколкуте случаи на договорни репарации во милионски износи, каде по пат на договор исплатија. Еве што вика Софјанова во едно интервју: Софијанова: “Вакцините не предизвикуваат аутизам...но сепак...можеби...евентуално ДА....... А и други проблеми.......“ https://www.facebook.com/vaxdisc/videos/1725202807693899/ Од пред неколку години, под притисок на јавноста, поради фактот што училиштата не се здравствени институции за медицински интервенции, оваа пракса за среќа се напушти и родителите МОРААТ да бидат присатни со децата во диспанзерите. Колку што разбирам, во руралните средини, сеуште оваа пракса не е напуштена. Како и поштарските повици на диспанзерите за вакцинација кои повикувањето на вакцинација го прават преку училиштата иако за тоа училиштата како образовни а не поштарски институции не се обврзани и истото го прават противзаконито.
Istoto mi se sluci, odnosno sosema slicno, nastinato dete uste pd bolnica si fatil nekoe virusce i sestrata bez da se napravi pregled go vakcinira, demek ne se sekiraj ovaa vakcina ne pravi negativni efekti mi vika...i detevo so nepolni 20 dena edvaj go opraviv, kaslase sirpticko, omalaksano, dusata me bolese. Go odnesov vo sistina na pedijatar mnogu sum i blagodarna na doktorkata, vnimayelno i posveteno go sledese, pravevme inhalacii i fala mu na boga mu pomina. Se pozaliv jas deka sostojbata mu se vlosi od vakcina no naiduvas na negatorski stav na prosta necovecna arogancija...tolku
Не очекувам никаков одговор од тебе, но ти упорно тврдеше дека сите доктори се одговорни, прегледуваат темелно, водат грижа за се, а јас имам сосема поинакво искуство и тоа во приватна клиника. Инаку ако бактерија во нос не е за одлагање не знам што е..детето треба да е потолно здраво пред да прими вакцина, а бактерија не ми е поим за здраво дете. И да вакцинираа во училиштата, пишав и погоре, нас не вакцинираа, во основно во осмо одд за порано не се секавам и во средно во четврта година доагаа медицински лица од поликлиника чаир, имавме систематски преглед и не вакцинираа . Оние деца кои беа отсутни одеа после во поликлиниката за вакцина. Брат ми исто така беше вакцинирам во школо но веројатно се освестија после 20 и кусур години дека вакцина не се прима во училишта па последната вакцина во основно во 2016та ја прими директно во диспанзерот на поликлиниката.
Кај нас еве 2018 година е па сеуште тераат с таа пракса шрво диши диши се зема крав се става вакцина а резултати од крвта утре дента се даваат и шо фајде зимаат крв? за да се изперат дека ете да направена е кс идиоти
А ти си обучена да правиш истраги и заклучоци кој е обучен или необучен медицински кадар? И од тука да заклучуваш и генерализираш за нашиот медицински кадар. Ајде ти се молам, новороденче ти го боцнала сестрата без преглед,продавање турски серии. Стојам на тоа дека поголем дел нашите доктори се одговорни. Твоето дете било прегледано пред вакцина од Сајковски. И од матичниот педијатар, исто така.После прегледот дадена дозвола за вакцинирање.Во брисот во нос нашле бактерија која е прашање дали е причина за одлагање. Но,наместо да ги прашаш дали носна бактерија без клиничка слика е причина за одложување или не,ти сметаш дека знаеш повеке од нив,а тоа нив не им паднало на памет кога му земале брис,па и покрај тоа двајцата лекари одлучиле да се вакцинира,но секако мајките најдобро знаат.
не читаш убаво ПРВО е вакцинирано детето па е добиен резултатот од брис.Можело да се почека со вакцинирањето дур не стигнал резултатот.Докторот заклучил дека детето е за вакцина врз основа на општ преглед.И ракот не дава првите месеци клиничка слима ама на крај умираш од него и зошто на крај детето добило антибиотик во нос ако немало клиничка слика за истото?