Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    760 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    237 глас(а)
    23,8%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Здраво lolyta777

    Секоја одлука за делумен или комплетен прекин на вакцинирањето со цело срце ја поздравувам.
    Согласно досегашното искуство на родители кои одлучиле делумно да не вакцинираат, можам да ти го кажам следното ( или да го повторам ако претходно сум го кажал )

    Одлуката за невакцинирање ја носите Вие како родители. На кои вакцини ќе го однесеш детето зависи од вас. Одговорот на системот е различен, од никаква реакција, до судско порамнување, кое на крај, ако продолжи понатаму завршува со ослободување од постапка. Правило нема, и системот во моментот се наоѓа во небрано, како да одговори на масовната појава на невакцинирање.

    Следи го твојот родителски инстинкт и убедување, ниту една процедура нема повеќе да мисли и знае за твоето дете од самата себеси.
    Токму алергиските реакции најевидентниот резултат од вакцините, за останатите да не зборуваме.

    Браво за доблесната педијатарка и нејзиното отворено мислење.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира конкретно дали јас можам на д-рката каде што го носам син ми на вакцинација да и` кажам дека не сакам да ја прима МРП вакцината, а на пр. ДиТеПер да ја прими?
    Оваа д-рка е од постарата генерација за разлика од нашата помлада педијатарка (значи во амбулантата си има посебен оддел за вакцинација и посебна д-рка) и таа ме убедуваше дека на сите семинари што била никој не рекол дека МРП може да предизвика аутизам, дека тоа се завери на незнам си кој таму, да не ни проверувам дали детето е алергично на белка итн.итн...немало тоа никаква врска со вакцината и баш ми рече-не се глупирајте и не верувајте на сВе и Свашта, вакцинирајте си го детето и без гајле...

    Ама јас решив и нема да прима МРП, па сега како да и` кажам на д-ркава?
    Деновиве на ум сум да одам и да и` соопштам за одлуката па сакам да знам дали ми треба изјава некоја, потврда, што :?: ...Знам дека ќе си имам проблеми со неа, па однапред се информорам што да преземам за да не ме малтретира и разубедува...
    Разбрав дека ако детето е алергично на белка (да се вадам ли на таа опција ?), се носело на клиника на некое испитување и таму ќе примало вакцина ама не разбрав каква :?: и таа ли е МРП ама со поинаков состав.... :^) ...
    Со оваа жена не сакам да си имам работа- напорна, дрска, безобразна, терсене, жена пред пензија |( :@ .., мм неколку пати се има спречкано со неа, поради нејзиното понашање, а единствена е во амбулантата.
    Ако не, па да си го земам картонот од детето и на др. место да го носам за другите вакцини :?: ...некој совет Ве молам.
     
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Здраво lolyta777 .Само да ти кажам дека и дитепер не е баш безопасна.На моја роднина детето и доби грчења со тресење на телото и укочување од ревакцинација на таа вакцина а немало висока температура.И во болницата каде што лежеле имало уште четири дечиња со истото од вакцината и уште едно од првата дитепер.Добро е што им го пишале тоа во картонот па сега ке размислат дали ке продолжат со вакцини.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Со оглед дека си се одлучила на делумна (не)вакцинација, опцијата за проблеми со „ревносни“ докторки се зголемува. Нема да помогне финтата за подигање на картонот за одселување, бидејќи и да идеш кај друга, таа другата ќе види во картончето и ке ти ја бара пропуштената да ја примите.

    Како да и кажеш?
    Д-рка .......

    Сакам да ВИ кажам дека јас и маж ми одлучивме Дитепер вакцината да не ја прими нашата ќерка/син. Тоа е финална одлука, и кажете ми што да направам за да Вие немате проблем. Види и ја реакцијата, обиди се со нормален разговор. Ако не бива, кажи и оставам на Вас што понатаму, ама јас вакцината не ја давам.

    Правило е дека нема правило. Обиди се најдобро и најсмирено што можеш, ако не успее, пиши ги тука, да видиме што понатаму.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    ^^Не, не, се` уште немаме конкретна одлука донесено...
    Значи решението е конечно во однос на МРП вакцината, а за другите вакцини се` уште истражувам.
    Како што пишав, ќе ја одложам МРП до септември барем и потоа во консултација со матичната ќе донесеме одлука дали ни се овозможи да ја скокнеме МРП и да вакцинираме ДиТеПер или скрос да прекинеме со вакцинација.
    Сега за сега нека помине летово, нека потпорасне малиов, па ќе видиме.

    Верувајте во огромна дилема сум, осебено затоа што ќерка ми ги има до сега примено сите вакцини без ниту едно прескокнување. :( Не знам искрено што е подобро, морам добро да се информирам.
    Ок, поголема е, ама има уште вакцини и таа за примање (според картонот за вакцинација и сега на 7 год. треба да прима ДиТеПер ревакцина), па и за неа треба да донесеме одлука.
    За неа сум сигурна дека нема да дозволам да ја прима ХПВ вакцината, макар и да ја платиме казната од 300 евра :!: ....ако тоа биде казната за едно 5-6 год.

    Сепак на сите Ви благодарам за издвоеното време и советите. :)
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Лолита јас колку што знам според ,,Законот за заштита на правата на пациентите,, (можеш да си го отвориш и да си ѕирнеш), имунизацијата спаѓа во медицинска интервенција и според законот никој несмее да врши било какви интервенции на тебе и твое дете (за кое ти одлучуваш), без твоја дозвола. Јасно си стои дека и да ти зависи животот од тоа имаш право со изјава да се откажеш од постапката.
    Мој совет е да си напишете една изјава дека од лични причини и убедувања сметате дека детето нетреба да ја прими МРП вакцината,потпишете се со маж ти и однесете ја во диспанзерот. Од следната вакцина ќе си продолжите најнормално. И во овој случај нема ни да имате контакт со таа дотична докторка. Никој нема право да не тера за наши деца што да правиме. Они си се заштитени ако било што се деси со детето од вакцината,а нашите деца кој ќе ги заштити освен самите ние...?
    Ич не му ја мисли за докторката, колку сака нека се љути и вика, ти гледај си на детенцето да му биде добро. На крај краева те штити законот па можеш и да ја пријавиш ако многу писка.Или да си одиш на друго место за понатамошната вакцинација.

    Ние сме на истиов памет како вас, и планираме вака да постапиме. Поздравче :*
     
    На DeMelo, lolyta777, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    silk, генерално си во право, но исто така се работи и до толкување на закон.
    Она што досега системот не реагираше веројатно се должи на малиот број на родители кои се одлучуваа да не ги вакцинираат своите најмили. Но состојбата во последната година драматично се промени, секако во правец на поинаквото размислување околу вакцините, па со тоа за штетноста и неучинковитоста на вакцините се зборува на големо и во нашата средина. Лекарите за превентива ( оние задолжени за вакцинација ) се соочуваат со енормен број на родители кои воопшто не ги вакцинираат децата, а уште поголем број е на оние кои прекинуваат откако ќе се информираат. Секако се разменуваат мислења и преку социјалните мрежи, а пристапот до информација овозможува многу брза промена на ставот околу вакцините. На фејсбук има тема -Здравје на игла не влегува - каде родители противници на вакцинирање дебатираат и поделуваат сознанија.

    Она што е битно е дека системот е разбуден. Лимитираните следбеници на законската регулатива многу ревносно почнуваат со заканите на родителите со судски казни, порамнувања и слично. Во Законот за заразни болесит се користи “Лекс Специјалис“ за ослободување на родителите, иако претходно поедини родители се повикуваат на убедувачки разговори кај надлежните инспектори, се прети со казни, па се нуди пола-пола казна, па порамнување ( ке се откажеме од постапката ако вакцинираш ) итн.

    Сите досегашни случаи каде родителите ја продолжиле постапката, и не се сложиле да вакцинираат ниту да платат казна, завршиле со ослободување од одговорноста како лекс специјалис, само што се малтретирале по судски рочишта, кои на крај со оглед дека државата ја потегнала постапката, државата си ги сноси и трошоците. Во Скопје нема ниту еден засега, а во останатите градови има повеќе случаи, зошто не знам.

    Правило е дека нема правило, или сеуште се утврдува. Она што води во главата на родителите кои не вакцинираат е токму потполната убеденост е дека ја прават вистинската одлука за своето дете, па никаква судска инстанца ( ако воопшто настане ) нема да ги спречи.

    Еве линк како изгледа во живо еден таков разговор за судско порамнунвање.
    http://www.sendspace.com/file/ssbg1l
    Кликнете на Click here to start download from sendspace

    @ Dream-Girl

    Ништо не прави, не ја примај, нема да ти дојдат дома со полицаец. Самите лекари за превенција не праат никаков проблем за ХПВ вакцината.
     
    На lolyta777 и silk им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Maliov uste ne sme go odnele na vakcina, seriozno razmisluvam za celosen prekin na vakcinacijata.
    Mene me interesira kakvi se zdrastvenite posledici od nevakciniranje.
    Neli deteto koe e vakcinitano demek e zastiteno od soodvetnata bolest....na pr. MRP vakcinata shtiti od morbili t.e. malite sipanici...e sega me interesira shto bi mu se slucilo na organizmot na moeto dete dokolku fati sipanici, a ne e vakcinirano.
    Bi sakala da slusnam t.e da procitam mislenja od onie roditeli koi ili voopshto ne gi vakcinirale svoite deca ili pak prestanale so vakciniranjeto.Me interesiraat konkretni iskustva.
    Blagodaram odnapred.
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    јас имам филм гледано (е сега колку можи да се потпираме на филмовите назнам) ама детето беше мало
    4-5 години, и имаше од малите сипаници, мајката упорно одбиваше да го вакцинира детето и тоа умре.
    е сега недајбоже ако не е вакцинирано незнам изгледа можи да ги вакцинираш дури е болен.

    исто и знам случај во фамилијата(сега е веќе 50тина години) не беше вакциниран од големите сипаници и фати и премногу тешко поминал, одвај жив останал.

    во секој случај за било која болест, вакцината е за да му поможи на организмот, да се избори за да му помини болеста, а ако не е вакциниран и ја фати болеста можи, можи да има последици
     
  10. Frame

    Frame Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    88
    Јас се потресувам од ваква неинформираност |(
    Вакцината претставува ослабнат вирус, оној против кого се вакцинира. Со таа вакцина во телото се внесува ослабнатиот вирус со цел да се развијат антитела, односно одбранбен механизам на телото во случај тој вирус многу појак да дојде во телото да не предизвика компликации и тешкотии во лекувањето, телото преку тие веќе создадени антитела ќе има заштита , за полесно да се справиме со болеста.

    Со невакцинирањето телото нема антитела, новиот вирус е сосем ново нешто за него, акое во голема количина телото додека создаде доволен број на одбранбени механизми може да биде фатално и во овој век кога медицината е напредната.
    Може да не влијае вакцината, и да се дојде до лоши последици ако вирусот/ бактеријата, болеста се мутирани, што значи на тој начин нема заштита.

    Сепак, медицина, 21 век, не се правете попаметни од луѓе животот го посветиле за тие имунолошки истражувања
     
    На Divinebutterfly, danielka0507, expert и 3 други им се допаѓа ова.
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Тука никој не се прави попаметен од лугето што посветиле цел живот на имунолошки испитувања.Баш голем дел од тие луге кои навистина испитувале и работеле како имунолози со искрена намера да помогнат за подобрување на имунитетот,дошле до заклучок дека вакцините се штетни затоа што со ослабнатиот вирус кој треба да помогне за анти тела,внесуваш и други работи кои го ослабуваат и разболуваат организмот.Да не правиме муабет и за тоа дека со толку чести вакцини и преголем број на анти тела организмот самиот почнува да си се напага па се јавуваат и автоимуните болести.Ова се информации од лица имунолози,неврохирурзи,педијатри...кои испитувале и ги пласирале информациите во јсвноста затоа што не решиле да се занимаваат со медицината ради пари пред се,туку ради помош на лугето.
     
    На Annath, yarre и lolyta777 им се допаѓа ова.
  12. Frame

    Frame Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    88
    Јас знам дека медицината денес е бизнис. Ама тука се прави муабет за неколку вакцини , кои и тоа како можат живот да спасат.
    Јас сум вакцинирана, моите се вакцинирани, ти веројатно си вакцинирана, и на нас ништо не ни е, зошто тогаш маливе да ги изложуваме на ризик?
    Зошто недај боже ако фати некоја од тие заболувања да си ја чешаме главата и да се каеме што порано не сме реагирале?!
    Последици може да има, за се во животот во полето на медицината можни се последици, ама сепак во однос на вакцините мислам сеуште повеќе има позитивни од негативни резултати.
    Антитела сами од себе пример за сипаници нема да се создадат, а детето мора кога-тогаш да ги прележе, или сега гледам нов хит како под стаклено ѕвоно ги чуваат дома затворени, градинки никако, да не дојде во допир со некое дете со сипаници, инфексии, вируси...па кога возрасен ќе ги фати да не правиме муабет за последиците тогаш.

    Изборот си е на самата мајка, дали ќе иде на ризик или ќе го одгледува детето како што 99% од нас сме одгледани.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Можеби не сум соодветна да одговорам затоа што очекувате одговори од родители, а јас не сум родител, ама ете ќе си го кажам мислењето.
    Проблемот со вакцините е тоа што обичниот човек не може да го види нивниот успех во спречување болести. Не можеме да видиме како вакцината активно го заштитува детето во моментот кога било под ризик да префати некоја смртоносна болест. Но тоа го кажуваат истражувањата и статистиките кои ја потврдуваат успешноста на вакцините во спречување на епидемии од потенцијално смртоносни болести.

    Благодарение на тоа што сите во една генерација се вакцинирани, дури и невакцинираните се до одреден степен заштитени, но во погоден момент, невакцинираните стануваат преносители на болести кои може да си го доведат под ризик своето и здравјето на останатите.

    Ако се префати сипаници, на пример, се разбира би можело да се помине само со температура недела дена, ама може да настапат и посериозни компликации, во Македонија во 2011 имаше смртен случај заради мали сипаници.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Ете 40 и кусур страни пишуваме и не видов доказ дека навистина некој стручен докажал дека вакцините се штетни и препорачал да не се примаат.
    Напротив, дури и Вејкфилд, кој ја направи цела мешаница во 1998 со лажното истражување, препорачал да се вакцинираат децата со поединечни вакцини наместо со тривалентни.

    Вакцините не се даваат од каприци, си имаат своја улога. Благодарение на нив намалена е доенечката смртност и избришани се болести кои порано ги прележувало секое дете.

    Тоа што имаме таква среќа децата да ни растат во средина во која не се шират смртоносни заразни болести воопшто не ги прави вакцините непотребни. Напротив, кога се намалува бројот на вакцинирани се зголемува шансата да се вратат болестите.
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Nemoj da se potresuvash ziti se' , aj odi na pij se voda so shekjer shto bi rekla Anabel-a |(
    I od kade ti toa zakluci deka sum neinformirana. :^) ...prvo imam edno dete, ima skoro 7 god. I do sega gi ima primeno site vakcini, a vtorovo dete isto mi e vakcinirano do MRP vakcinata.
    Mene cela tema mi e iscitana I ako I ti ja pocitase onolku pati kolku sto I jas ja imam procitano I ako si majka mozebi I kje sfateshe zosto sum vo dilemi. Koga eden den kje bidesh roditel I kje procitash frapantni izjavi I koga vo ova vreme lje cekas da zaspijat decata, a ti kje listash po netov I kje sobirash informacii I kje se soocuvash so dilemi sto e najdobro za tvoeto dete osobeno koga kje doznaesh deka od vremeto koga ti si bila vakcinirana, pa do sega mnogu nesta se promenile t.e. se otkrile blagodarenie na onie koi ne molcat tuku se sprotivstavuvaat na diktatorski rezim bez pravo na izbor, dojdi togash pishuvaj kolku si informirana.

    Fala na lekcijata sto se toa vakcinite |( I fala ti na konkretnoto iskustvo so tvoeto dete. |(
     
    На Annath, yarre, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Лолита777 на фб имаш група невакцинисана деца су здравије од вакцинисане и баш сега прочитав искуство што го напишал еден родител дека во градинката каде што оди детето нејзино и е невакцинирано од сипаници,нејзиното и уште едно што не е вакцинирано си поминале со многу полесни симптоми од други што се вакцинирани.
     
    На Annath, lolyta777 и DeMelo им се допаѓа ова.
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    @Frame

    Јас па се чудам на ваква лимитираност. ;) Ова што го изнесуваш е баш како што пишува во учебниците. На овој стереотип, јасно му се спротиставуваат повторно лекари, имунолози, доктори на науки и останати стручни лица во браншата, кои имаат доблест и душа да го напуштат едностраното и унифицираното размислување, и секако ја информираат јавноста за сите ризици од вакцинацијата. Некои од нив се и животозагрозувачки.

    @Expert

    Не експерт, мене други работи ме чудат за тебе. Зошто го наметнуваш твојот женски род, кога си машко?

    Обичниот човек размизлувајќи со својот здрав разум, неможе да си ги објасни статистиките кои се фрапантно нејасни, и секако направени спрема потребите на фармаколошките гиганти. Голем дел од тие статистики се направени од самите производители на вакцини, и прифатени како доказ од СЗО, организација која катадневно ја тресат афери за мито и корупција.
    Најпрост пример дека нема доказ за учинковитоста е токму фактот дека не постои еден организам кој е истовремено вакциниран и невакциниран.
    Се друго напишано или докажано е обичен медиумско полење на главите, но секако, овој начин е најсофистицираниот, уште од како сме родени ни се пунат главите со тоа дека вакцините го спасиле светот од болести. Па секоја лага кажана 100 пати, станува вистина, тоа е нормална човечка особина која ја има во сите наши глави.
    Нарачаните истражувања не одат во прилог на родителите кои имаат фрапантни последици по здравјето на своите најмили, па бркајќи глувче, им излегува слон. Некои од нив имаа и кратко излагање тука. Значи ПАТАЛЦИ а не гаталци.

    Уште едно повторување на стереотипна лага. Жалосно е што токму невакцинираните се во средина на извор на зараза, а тоа се токму вакцинираните дечиња.

    Сипаниците ги поминуваат и вакцинираните и невакцинираните, ама баш исто. Еден од примерите се и моите деца. Комликации можат да настанат ретко ( скоро никад ) и тоа само во случаеви кога сипаниците не се третираат, откако ке се задобијат. А кој родител не би ги третирал ?
    Дај да го разгледаме тој еден случај во Македонија, целосно, ако има информација за него, вака служи само како пример за беспотрено паничење.

    Штета, лимитот е една незгодна работа. ;) Јас пак обратно, видов многу, и лекари, и професори, и доктори на медицина, видов и запознав родители кои имаат неповратно оштетени дечиња, токму од вакцините. Знам и тоа дека во МК не постои лекар кој ке даде поствакцинална дијагноза, додека лекарите во соседните земји немаат проблем тоа да го констатираат преку дијагноза.

    Нема тука никакви каприци, има само разум, и секако желбата да се направи најдоброто за своето најмило. Вакцинирањето не е мода. Очигледно е дека и кај нас како и секаде во светот, полека се става крај на вакцинацијата. Пандрината кутија е отворена, интензивно во последните 15 години, особено последните 2-3. Нема назад.

    Од срце се радувам кога ке дознаам за секое ново невакцинирано детенце.

    Од каприц? :rofl: Ова ти е најнов бисер.
     
    На Annath и bebaa им се допаѓа ова.
  18. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    Лолита 777 има и македонска фб група Здравје на игла не влегува.
    мое искуство е НЕ за вакцините.5 годишно дете последна вакцина на 13 месеци и никогаш повеќе.
    Второ дете 10 месеци никогаш невакцинирано, извинете само бсг прими на клиника.
    читајте и добро размислете ваша е одлуката дали ќе ги вакцинирате децата. ние, јас и мм, за нашите одлучивме НЕвакцинираме.
     
    На lolyta777, bebaa и silk им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    @ lolyta777

    Ова што го констатираш за жал е единствениот пристап на еден млад родител кој почнува да истражува. Согласни сме дека информациите за вакцините се многу генерализирани, и сосема малку скоро ич не се кажува на родителот кои се и последиците ( барем оние кои и самите производители а и СЗО се дрзнува да ги каже ). За жал по нас родителите, во овој момент така е направено системското решение, и треба време да помине ( вклучително борба со свеста, борба за промена на правила, разни притисоци ) за да дојде до еден похуман начин на одлука за вакцинацијата.

    Некои родители размислуваат и се спротиставуваат на вакцинацијата, некои размислуваат и не се спротиставуваат, некои пак не ни размислуваат, оставајќи одлуката да ја прави системот за нив.
    За жал ке помине уште многу време ( дури и да е најкратко исто се фаќа ) во кој период уште многу мали срциња ќе ја добијат порцијата на вакцините.

    Родителот е тој кој што МОРА да одлучува за сите интервенции до полнолетсво, како што впрочем е во други поразвиени држави.

    @ сите

    Инаку имунитетот на крдото, за кое што зборуваме тука, констатирав и зошто е глупост. И сега уште една работа, ако тој имунитет на крдо ( повеќето заштитени со вакцина па демек ги штитат и оние невакцинираните ) како функционира во земјите каде вакцинацијата е незадолжителна? Зарем тамошните власти, ако го признаваат ова измислено лажи да те лажам правило, би пристанале да вакцинацијата биде изборна на родителот?
    Блазеси им на родителите кои живеат во такви системи. А пред се блазеси им на нивните деца.
     
    На lolyta777 и Annath им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^
    Аман со ова -држави во кои родителите се прашуваат за вакцинација. Па во тие држави рачунаат на здравата свест на родителите на кои откако ќе им биде убаво објаснето се за вакцините, нормално дека нема да има или ретки ќе бидат тие што ќе речат -не.
     
    На kallias и baby-star им се допаѓа ова.