Да, му ставија хепатитис без да ме прашаат или известат, дојдоа само да ми кажат после неколку часа дека примил вакцина. И кога кажав дека требало да ме прашаат прво вика ај па сега ке ти донесеме потпиши се дека не сакаѓ да се вакцинира ,да, де откако му ја шибнаа веке
Здраво друштво како сте. Гледам активност голема, задолжителноста на вакцините станува се поактуелна тема. Македонка е најактивна од сите, би сакал да ја видам на ТВ дебата на страната на ваксерите. На медиумите зачестено даваат репризи од тв дебати на лекари и наводни имунолози кои треба да ги убедат родителите да вакцинираат. Но заборавија едно нешто, да донесат со себе факти. Сите емисии и дебати се исти и се сведуваат на тоа дека родителите се глупави и дезинформирани и дека читаат многу фејзбук. Јас кога растев не се плашевме од заушки, ни рубела ни сипаници, ги прележувавме најнормално. Еве како не вопситуваа: https://www.facebook.com/antiCensuraBalkan/videos/1832957910105328/ Денес во остатоците од таа прекрасна Југославија, гнојот на власт го плаши својот народ од истите тие болести. Но тоа не е се, во Америка почнаа да го плашат својот народ и од овча сипаница. Овчата сипаница е побезбедна од вода. Од засркнување со вода умреле повеќе луге него ли од овча сипаница. Овчата сипаница е една од најбезбедните болести во универзумот и не е познато да оставила никакакви последици по здравјето. Како што ве предупредував, дојде време и тоа да стане топ тема на вестите во Америка, а што е топ тема во Америка за 5 години ќе стане топ тема во Србија, по потоа кај нас. Ќе воведат и задолжителна вакцина против овчата сипаница. Онака да си знаете, не дека од вас зависи, сачувај боже, тоа не е ваша работа, некој друг си е одговорен и вие не се прашувате за тоа дали треба опасна вакцина за безопасна болест. Тоа некој друг ги правел испитувањата и нема ние што да дискутираме или да се прашаме дали треба или не. http://www.foxcarolina.com/story/38208721/dhec-confirms-outbreak-of-chicken-pox-at-upstate-school Излезе и најновата студија за штетното дејство на живата. Незнам што им требаше такво нешто, знаеме дека живата е отровна веќе 100 години, што ни требаше уште студија што покажува дека живата предизвикува аутизам и други пострашни симптоми и болести. А па може ќе ни се најде затоа што кај нас живата се користи уште во 3-4 вакцини. Овие научници откриле 99% корелација помеѓу живата и PDD. Ако не знаете што е PPD тоа е пострашно од ASD. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/29512044 Поздрав друштво, до некоја друга средба!!!
https://2012-transformacijasvijesti...okumentarac-koji-necete-gledati-na-televiziji Ovo je nažalost svijet u kojem živimo, svijet u kojem je novac Bog, a ljudska bića tek najobičnija potrošna roba
Ваквите промотори на вакцина, во соседна Србија ги испофаќаа дека се на платен список на неколку фармецевтски компании. Не би ме чудело ниту оваа, да се наоѓа на таков. Нејсе, познат индоктриниран став, на оние чија агенда се вакцините. Што повеќе тоа подобро. Башка воведување на нови докажано неучинковити вакцини. Термин - антивакцинални кампањи е измислен. Вакцинални секако да, ги има барем еднаш годишно во Скопје, во градскиот парк, кај школка. Анти - нема. Измислен непријател. Во светот, се прават демонстрации кои се за право на избор, но тоа не се антивакцинални кампањи. За жал малку и тешко за нив се дознава. Овдека, дотичнава професорка лаже: Инаку, задолжителната вакцинација е услов за запишување во градинка и во училиште според моменталните законски одредби на Република Македонија. - Во тековната законска регулатива не постои правилник, закон, уредба за запишување на дете во градинка која бара вакцинален статус. - Училиштето бара потврда за примени вакцини, но нема право да го одбие детето ако истото не се приложи. Се забележува дека трендот на опаѓање на опсегот на вакцинација во Македонија во последните години е најизразен во урбаните средини… – Тоа се должи на повеќе фактори. Покрај постоењето на антивакцинални движења кои се активни по социјалните мрежи, состојбите како генералната недоверба на населението во јавно-здравствените политики, нетранспарентноста за начините на набавка и квалитетот на вакцините кои се користат, влијанието на информациите добиени од непроверени и непрофесионални извори кои се лесно достапни до родителите, како и ниското ниво на здравствена едукација на општото население имаат удел во ваквата состојба. Колку е ова груба манипулација. Се бара да се почитува тековниот закон, а тоа е одлуката за медицинска интервенција да биде од страна на родителот ( старателот ) на детето. Таргетот во урбаните средини ја одсликува едукацијата секако прво во урбаните средини. Токму затоа иако процентот на невакцинирани е најголем во Центар или Карпош, најмногу пријави се случуваат во помалите урбани средини. Мистериозно е како системот едноставно не „ги лови“ тие од центарот на метрополата. Сведоци сме на епидемија на мали сипаници, морбили во Србија каде што бројката на заболени за последните пет месеци достигна над 4.500 луѓе, од кои со смртен исход завршиле 12 лица. Дур не се докаже сојот на сипанците, ова е само повторувана невистина, и лошо таргетиран кривец. Исклучително битна ни е соработката со медиумите и на тоа ќе посветиме големо внимание. Се приметува од авион, Нејсе, да не ми оди постот во ветер, интересен е фактот како светиот грал - СЗО различно ја (не)информира јавноста, секако спрема потребите. Интересно е преќутувањето за епидемијата во Украина. https://stichtingvaccinvrij.nl/outb...ine-is-caused-by-recent-vaccination-campaign/
"Дајте ми сипаници, не една туку дупла доза, а ние Вас аутизам". Текст на една мајка од Хрватска со дете настрадано од аутизам, после вакцинација. http://nacija.hr/2018/05/30/dajte-nam-ospice-moze-duplu-dozu-a-mi-vama-autizam/ Оргиналниот пост: https://www.facebook.com/nina.b.nakic/posts/10213850832077722
Ете, да не се чудиме каде нашите лекари учат. Вакцини можат да се даваат и на болни деца. Препораката е од Американскиот CDC - Центар за контрола на болести. https://www.cdc.gov/vaccines/hcp/patient-ed/conversations/downloads/fs-child-sick.pdf
Eve vakcinite se bezopasni, https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10214004219391929&id=1004117169
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1939677929676312&id=1417807785196665 Се потресов од постов... Сликите, а и приказната се тажни и вознемирувачки Па уште и "haha" ставале некои доле на коментарите, што луѓе ќе беа? Србија изгледа веќе сериозно си пати од антиваксериве. Сѐ убаво објаснувате колку се безопасни болестиве, како безгрижно ги третирале нашите баби и дедовци, и на крај дека избор е на тие родители што сакаат да си ги вакцинираат своите деца и да не ве убедуваат - но ете, за некои деца болни од раѓање ниту се безопасни дури и едни сипаници, а и не смеат тие лично да бидат вакцинирани, туку родителите им се надеваат на заштитата на другите околу нив. Страшно... размислете со што си играте и за што се залагате, и оставете Карлеуши, Kat Von D и не знам уште кои таму ѕвезди најмалку релевантни за ова.
@Someonespecial, Како прво никој не се смее во коментарите, и не е нормално некој да се смее на нечија смрт. Второ, ова дете е болно, нема никакво имунитет, уништен е. Која болест прво ќе ја фати, од неа ќе умре. И од обична настинка или грип. Трето, на кој начин се криви противниците на задолжителната вакцинација за оваа смрт? Нели е крива медицината која не може да го излечи детево да стане здраво и нормално, да не мора да живее во балон цел живот, да не смее да излезе надвор, ниту некој да дојде на гости ни да го допре, затоа што било кој вирус или бактерија може да го убие. Четврто, можно е сојот на вирусот да е од вакцина. Најчесто е, пресно вакцинираните ги шират болестите. Бидејќи некој ќе спомне имунитет на стадото иако не знае што значи тоа, да повториме: сите ние од 10-40 години сме вакцинирани еднаш, и дејството на вакцината е исчезнато, во сите епидемии ние сме први на удар, лесно се заразуваме со болеста, но сега на оваа возраст тешко ја прележуваме, оваа болест многу лесно се прележува 4-10 годишна возраст, затоа се вика детска болест. Штом ја прележиш имун си за цел живот. Со неефикасната вакцина имаме краткотраен имунитет, доволно долг за да ја одложи болеста за тамам да ја фатиме на возрасна доба кога последиците се многу потешки. После 2000 и некоја воведоа втора вакцина, затоа што видоа дека со една ништо не прават. Резултатот го гледаме: првите двајца заразени во Србија во 2017та се 2 двојно вакцинирани деца. Сега се размислува за воведување на трета вакцина. Производителите на вакцини немаат никаква одговорност за неефикасноста на вакцините, не, тие се наградени со воведување на +1 вакцина, дополнителни милијарда долари годишно. Најстарата група на луѓе 40-100 години се невакцинирани. Имаш и една мала група од 10% кои не сакаат да се вакцинираат бидејќи сметаат дека отровите во вакцината се многу поштетни отколку самата болест која вакцините ја одложуваат. Сите 4 групи можат да се разболат и се разболуваат од морбили, по која логика едната група ја држиш за одговорна? Зошто другите 3 групи се понеодговорни? Дали за 200те други заразни болести за кои нема вакцини некој е крив? Дали фарма индустријата е крива за опасни и неефикасни вакцини или кога вакциниран ќе се разболи? Ваквите приказни се пласираат само да се иритира народот и да се сврти омразата кон една група на луѓе. Овде одговорноста се знае кој треба да ја сноси: -болницата која дозволила детето да се зарази затоа што знае дека не смее да биде во допир со друг човек. БОлницата е исто така одговорна затоа што не знае да го излечи, да му врати имунитетот кој најверојатно е уништен со некоја хемикалија, вакцина или друг производ на модерното време. -Има милиони вакви приказни за деца уништени од вакцини. Дали за тоа се кривини тие што вакцинираат? Не, крива е фарма индустријата која ни наметнува 100 непотребни, неефикасни и небезбедни вакцини. Ваксерското лоби преминува во лудило и нема граница на тоа колку вакцини ќе прими еден човек, за 100 години од сега, може ќе бидат 500 дози. Здрав човек нема да остане. Уште еден аспект е тука во прашање. Како што реков, фарма индустријата е крива за нус ефектите на вакцини, за неефикасноста на вакцините, за тоа што противуставно во многу банана држави ги прават вакцините задолжителни (Северна Македонија) и никогаш за тоа не одговарале. Но тие се толку подли, што наместо да одговараат за своите злодела, преку медиумите својата кривица ја фрлаат на некој друг и тоа баш на таа група на луѓе кои зборуваат за опасностите на производите кои излегуваат од фарма индустријата. Значи ги напаѓаат луѓето кои ги сметаат за опасност, кои може да ја кренат граѓанската свест. Затоа што најлошо нешто за една држава е доколку се крене граѓанската свет и луѓето се свесни за работите што се случуваат околу нив. Тогаш може да мислат логично и да донесат одлуку кои не им се сервирани преку медимуите кои се контролирани од фарма индустријата. Уште еден аспект за етиката. Фарма индустријата се служи со еден перверзен метод на сожалување, наоѓаат вакви болни деца, без имунитет, кои умираат од првиот вирус или бактерија што ќе го фатат. Прават сторија од тоа и ја употребуваат во својата ваксерска кампања. Тие профитираат од ваквите смртни случаеви. Нив воопшто не му е гајле дека умрело некое болно дете, но се надеваат дека вие ќе се сожалите, а тие ќе ви посочат каде да го истурите вашиот гнев. Ваксерското лоби го прави тоа изминатите 15 години. Таа сторија е надополнета со измислен факт за имунитет на стадото (за кој видовме дека не постои) кои наводно ќе ги штити сите. Но потоа уште одат чекор понатаму, велат, да вакцинирате сите, за да ги спасиме оние што не смеат да вакцинираат. Значи тука се игра со емоциите но се занемаруваат статискитите на болните. Да претпоставиме дека вакви деца без имунитет се 1 на 10.000. Тие на овој начин препорачуваат да се вакцинираат 10.000 здрави деца за да се направат 2% услови да не се разболи едно дете кое нема имунитет. Но ако се погледне реално на ситуацијата, ти тераш 10.000 здрави деца да примат опасни вакцини за да спасиш 1 болно дете. Која е логиката во тоа? Нели медицината треба да не напраив здрави, а не болни? Ако од тие 10.000 деца, со вакцини се разболат 250 од аутизам, 15 умрат од сидс, и уште 500 други се разболат од другите нус појави на вакцината, дали тоа е пожелен резултат? 1000 уништени животи во обид да се спаси 1, кој најверојатно не може да се спаси никако со денешната медицина,која не знае да го лечи, а тоа кога тогаш ќе фати некој вирус. Во исто време додека ја прават сторијата, треба да се знае дека медицината и фарма индустријата документирано убиваат околу 15-20 милиони луѓе годишно, од докторска грешка или нус појава на лек. Дали некој одговараше за овие луѓе? Не. Дали кажаа на телевизија колку луѓе се убиени? Не. Ама кажуваат за детска сипаница од која умираат во просек 30 луѓе годишно во Европа. Епа вие видете што ви се сервира на телевизија и тргнете ги розевите наочари. Уште една да резумираме, не се криви луѓето, луѓето не ги предизвикуваат болестите. Ниту пак вирусите некогаш ќе си заминат од овој свет, премногу се способни за преживување, тие ќе постојат долго после нас, досега ниту еден вирус не е истребен, сите се тука. Неинформиран народ многу лесно се манипулира и владее, затоа реков, ова не е битка помеѓу родителите, крива е фарма индустријата и системот за здравство.
Дали јас тоа убаво те разбрав?!?! Криво е детето со сипаници за смртта на девојчето? Во постот никаде не прочитав дека детето со сипаници било или не било вакцинирано. Јас на тие што ја шират оваа ужасно тешка и тажна животна прича би им извадила очи за ширење страв и не човечна злоупотреба на тешката судбина на тоа кутро девојче што ја користат како кампања за вакцини. Девојчето е со еден куп дијагнози за жал без никаков имунитет, се прашувам дали е така родено со тие дијагнози? Ти стварно веруваш дека вакцинираните деца не добиваат и не шират сипаници ? ! Дали ги разбираш дијагнозите - состојбите на девојчето ?! Знаеш дека децата кои страдаат од аутоимуни болести НЕ ги вакцинираат ова не по избор на родител туку на лекар . Значи?!?! Институтот сместува девојче со куп дијагнози и никаков имунитет (дали и кои вакцини ги примило?) во иста соба со момче со сипаници (вакцинирано или не никаде не пишува) заклучок криви се не вакцинираните?!?
Абе не мора да ги вакцинирате, шо има врска. Нека се вратат сите болести и ќе седиме во карантини како за време на црната чума. Еее.. па и вие. Ако нема луѓе, уште поарно за планетата.
@WildMk , Чумата е 'искоренета' без вакцина. Како и сите останати болести. Повеќето болести против кои се вакцинира се сметаат за безопасни детски болести кои треба да се прежелат да се стекне доживотен имунитет, само неколку болести се опасни и за нив може да се вакцинира, секако секој со право на избор. Вакцината нуди привремена заштита. Се е објаснето во изминатите 100тина страни. Информирај се. Знаењето не ти е непријател, напротив.
@WildMk Да те замолам во пар реченици да ми го објасниш твојот топик, онака со свои зборови, како што ти го разбираш. Ако сакаш секако.
Повеќе невакцинирани> поголема можност за заболување од таа болест> поголема веројатност некој случај да заврши со смрт.