Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    760 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    237 глас(а)
    23,8%
  1. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    @yarre

    Имунитетот на крдото или herd immunity не можеш да кажуваш дека е глупост кога тоа е научен епидемиолошки концепт за ширењето на заразните болести и е поддржан од докази и научни истражувања.
    Токму заради тие вакцинирани, кои за среќа се помногубројни, и невакцинираните, се додека нема епидемија, може да не се плашат од болеста. Но колку се зголумува бројката на невакцинирани, се зголемува и шансата за епидемија, бидејќи невакцинираните се тие кои го шират вирусот.

    Во тие земји каде вакцините не се задолжителни горе-долу стапките на вакцинираност се слични, можеби неколку проценти помали, ете пример за Германија, во 2011 првата доза од МоПаРу ја примиле 96,6%, а втората 92,1%. Но се уште има епидемии со мали сипани.
    Еве една статија од јули годинава која кажува дека министерот за здравство на Германија го отворил прашањето вакцините да се направат да бидат задолжителни затоа што се уште имаат епидемии, додека во други држави каде вакцините се задолжителни, малите сипаници се скоро истребени.

    http://www.dw.de/measles-rise-sparks-va ... a-16932413
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Слични полемики се воделе во Германија и претходно во 2006-та година.

    http://www.dw.de/germanys-low-vaccinati ... /a-2025964

    но, ништо не е променето. Очигледно е дека правото на поединецот (human right) е неприкосновено во одлуката за вакцинација. Швајцарија и Австрија се со исти ставови по поглед на вакцините.
    Земањето на пример токму по една вакцина, за детска болест која прилично лесно се пренесува, поеднакво и на вакцинирана и на невакцинирана популација, не ја докажува теоријата за nerd immunity.

    Жена на еден мој пријател која е Германка, и работи во градинка, во Erlangen блиску Frankfurt/m ми ја објасни состојбата директно. Во Германија, вакцините не се задолжителни ниту пак има зависности за упис во градинка или школо. По правило сеуште повеќето родители почнуваат со вакцинација на децата, согласно препорачаниот календар. Многу од нив, секако со првото дете одлучуваат да ја прекинат вакцинацијата, а веќе со второто не ја ни започнуваат. Нема притисоци, нема паники, нема ништо. Она вика дека најголем процент на вакцинирани деца се оние кои доаѓаат од други земји, каде вакцинацијата е задолжителна, па по навика, нивните деца се вакцинирани. Изворните Германци, секоја година имаат се помалку вакцинации, но земајки го бројот на природен прираст на Германско и негерманско население, процентот останува висок. Бројот на вакцинирани деца, опаѓа дури во 3тата генерација на населени во Германија, но со оглед дека прирастот на негерманско со германско население се разликува со 1 спрема 2, останува дека повеќето се вакцинирани.

    1990 година, Journal of the American Medical Association констатира -
    „Иако над 95% од школската популација во Амеркика е вакцинирано против мали сипаници, големи епидемии продолжуваат да се појавуваат по школите, и во повеќето случаи се појавуваат токму во вакцинирани поединци“.

    Линкот што го даваш е одличен пример на демократија на разговор во едно нормално општество.

    На крајот, малите сипаници се лесна третирачка детска болест. „Затресла се шума - родио се миш“ ;)
     
  3. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    @yarre

    Малите сипаници не се наивна и лесно третирачка болест. Ете во линкот кој ти го стави убаво пишува дека 30% од заболените ќе имаат пнеумонија, 60% ќе треба да бидат хоспитализирани, а 1 на 1000 случаи има акутен енцафалитис, кој често завршува со смрт или ментално пореметување.
    А и плус по прележувањето останува можност по 2-5 години да се појави склерозирачки паненцефалитис кој е смртоносен и претставува задоцнета компликација од прележувањето на мали сипаници.

    Дури и да прифатиме дека вакцината има несакани последици пострашни од температура, болка и намален апетит, тие не се ни близу до овие реалните бројки за компликации од прележувањето на една така „лесна“ болест како што ти тврдиш.

    Ама мирна ти е главата и можеш децата мирно да ги пуштиш на училиште и да си играат со други деца и не се плашиш од вирусот токму заради тоа што повеќето од тие се вакцинирани и имаат мала шанса да бидат преносители кои би го заразиле твоето дете, а тоа е благодарение на задолжителниот статус на имунизацијата.

    Верувај ми, и јас сум целосно да вакцинацијата не биде задолжителна, но после тоа следува намалување на опфатот со вакцина и зголемена можност за избувнување на епидемии од оваа „лесна“ болест, е тогаш треба да те прашаме дали ќе ти биде сеедно и така лесно ќе ги прифатиш познатите ризици од болеста наместо минималните од вакцината.

    Исто не е точно дека кај имигрантите во Германија имунизацијата е повисока, напротив, кај нив е 3 пати помала шансата да се невакцинирани. И не знам каков аргумент би претставувало тоа.
    http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19428862
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Размислувањето за Германија е од лице кое работи во детска градинка, кое е во директен контакт со деца/родители секојдневно.

    Малите сипаници се еден од инструментите за поттикнување на вакцинацијата во средини каде што опаѓа процентот на вакцинирани. Сеењето страв и паника со малите сипаници е одлично, но неточно кога е статистика во прашање.

    На линкот даден во претходниот пост треба да разликуваш „Може да настанат“ и “Ќе настанат“ се сосема различни работи. Секако одличен сегмент за дигање паника. И да компликации од болеста може да има ама само и само ако не се третираат. Од друга страна, малите сипаници можад да ги добијат и вакцинирани и невакцинирани, и клиничката слика е иста истацката кај двете популации.

    Има исто така многу паралелни студии кои ја докажуваат токму неучинковитоста конкретно за оваа вакцина, а кај некои вакцини, дури и самите пронаоѓачи на вакцините после одреден период, ова го тврдат.
     
  5. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Da se priklucam i jas na diskusijata Za ili Protiv vakcini .....na nikogo ne nametnuvam nisto samo iskazuvam moe mislnje bez razlika dali nekoj ke se slozi so mene ili ne ....
    Jas ne sum ni Za nitu Protiv tuku se vodam po nekoe pravilo koe mie kazano od pedijatar .....Taze mama sum i seuste ne mie vakcinirano bebeto ( 3 meseci e ) ne od pricina dali jas odbivam ili sakam tuku mie kazano deka na odredena data koga kerka mi ima pregled ke ja dobie i prvata vakcina ....Znaci nikoj mene ne mi postavi prasanje dali sakam ili ne , ni pak mi postav ultimatum deka nesto moram....Kulturno me obavestija deka na toj i toj datum ke se prima i vakcina....
    Nemozam da kazam sto ke mi recea ako kazev deka nema da ja vakciniram zatoa i ne kazuvam ....
    Inaku i jas sum stranec ovde pa mislam deka nema bas radi toa da odlucuvat dali ke stavaat ili ne vakcina ( ili potocno kazano deka nie sme naviknati na vakcini pa treba i nasite deca taka)
    Nikoj ne me prasa dali sum stranec ili ne ......Nemozam jas da prkosam na medicinata i na nesto sto se pravi so godini ili pak da se pravam deka znam poveke od lekarite ......Vakcinata i nejzinata namena se i ke ostanat so istata namena ( barem spored mene )....
    Kako sto kaza yarre tocno e deka tuka vo Germanija se rakovodat spored preporacan kalendar i do sega ne slusnav nekoja majka da ja otkaze vakcinacijata ( kontaktiram so poveke majki i toa germanki ) valjda taka sme se pogodile , a i da imase nekoj koj znaat deka otkazal vakcina ili sl ke kazea...Kako i da e toe e samo moe mislenje.
    Go svakam i stravot na site majki i jas imam strav od nesakni raboti ama ponekogas i od samiot internet mozeme samo da si stvoreme problemi....Ne velam deka citanjeto e loso no ima raboti da te izvadat od pamet a znam deka sekoj roditel najprvo ke napravi dobro negoli loso na svoeto dete....
    Neznam kako ke bidam svatena nesakam nikoj da bide navreden ....
    Ve pozz i vi posakuvam prijaten den :*
     
    На danielka0507 и pepita82 им се допаѓа ова.
  6. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Е чие мислење е порелевантно, на некој што работи во градинка или на министерот за здравство на Германија и лекари од разни профили и специјалности кои ги имаат истражено овие работи.
    Како и да е, задолжителноста на вакцината е само политичка одлука, јас верувам дека и ако се укине задолжителноста, повторно повеќето од родителите ќе бидат доволно разумни и нема да ги одбиваат.

    Ете и од лични искуства кажува sabatini дека повеќето сепак иако не се обврзани, сепак си ги вакцинираат децата, но заради незадолжителниот статус сепак има доста кои не се вакцинирани, и тоа според истражувањата се заради немарност, а таквите како тебе кои активно се спротивставуваат се само мал број и единствено тие ќе имаат некоја придобивка од незадолжителен статус на вакцините. Но таа придобивка е чисто правна, а ја немаат здравствената придобивка како во системите каде вакцините се задолжителни и шансата за епидемија е помала. Токму во таа Германија малите сипаници се уште се ендемични, односно постојат помеѓу населението.

    И мене живо ме интересира на кое искуство или познавање се повикуваш кога велиш дека малите сипаници се лесна болест, кога сите релевантни медицински и научни податоци говорат за сериозноста на инфекцијата и заразната моќ на вирусот? Не се работи за „може да настанат“ и „ќе настанат“, туку за реални ризици кои се оформени врз основа на сознанија од претходни епидемии. И тие компликации не настануваат сама ако не се третирале, туку и заради немањето на специфичен третман и заради непредвидливодста на текот на самата инфекција, компликациите настануваат и кај оние кои се на активно надгледување и терапија.

    И остави ја таа небулоза дека добивале и вакцинирани и невакцинирани, кога си свесен за бројките. Невакцинираните иако се 5-10% од изложената група, сепак се над 80-90% од заболените. Тоа доволно докажува за ефективноста и заштитната моќ на вакцината.

    И дај ти се молам кои ти се тие паралелни студии кои ја докажувале „неучинковитоста“ и кои се тие пронаоѓачи кои тоа го тврдат?

    Еве каков е вакциналниот статус на заболените од мали сипаници. Забележи дека најголемиот број се невакцинирани.
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.PNG
      Capture.PNG
      Големина на фајлот:
      50,3 KB
      Прегледи:
      169
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    801
    Неоспорно е размислувањето на лекарите од разните профили, а со оглед дека министер за здравство е политичка фигура која често и не е од браншата, секако дека го сметам за немеродавно. Но тука ги ставам и размислувањата на лекарите исто од разните профили, кои како и во извадоците погоре се противат на вакцинацијата, па сепак и тие треба да се земат во обзир. Токму поради нив не е дојдено до промена на законот за вакцинација во Германија, иако ете се сервираат епидемии во насока тоа да се промени.

    Согласно постот на Сабатини, можеме да видиме една релаксираност во поглед на вакцинацијата. Детето „треба“ а не “мора“ да ја прими вакцината што е за тој период во распоредот. Дали ке дозволи или не ке биде нејзина одлука, а за таа каква и да е, нема да има притисок од релевантниот лекар, со закани за пријави, судови и слично. Елеганција на демократија.
    Секако ми се допадна констатацијата за нашата реална врежаност во нашата потсвест, која е таложена со генрации, дека „вакцина се прима и крај на прикаската“ па веројатно уште и толку време ке ни треба на сите нас да дојдеме до обратната ситуација. Најмалку толку време ке треба да го напуштиме стереотипот кој секојденвно преку наметнати лекарски авторитети се повторува и повторува и повторува.
    Во тој сегмент не ги обвинувам лекарите, па ниту политичките фигури, сепак и тие се под влијание на поголемите инстанци на организации како СЗО, која ги валоризира „успешните“ експерименти на фармаколошките гиганти.

    Она што сабатини не сретнала родител кој не го вакцинира своето дете, не е репер дека не постојат, дури ни во Македонија родителите кои одлучиле да не вакцинираат, тоа не го споделуваат ни со најблиските пријатели. Едноставно не се замараат да се трошат обидувајќи се да ја образложат својата одлука бидејки по автоматизам се соочуваат со еден зид, кој сеуште е многу силен, и секојдневно се зајакнува.
    На крајот, останува можноста, таква елегантна, родителот да одлучи што ке прави, и нема да биде притискан од државата да вакцинира, за да истата таа држава ги дигне рацете ако од вакцината нешто му се случи.

    Да државата Германија констатирала реална опасност во здравјето на своите жители, поради одлуката да вакцинацијата не биде задолжителна и е по одлука на родител, досега не еднаш, него 300 пати ќе го променела законот. Кај нив не верувам дека тоа е препуштено на случајноста.

    За ушинковитоста на вакцините зборев наназад, конкретно за оваа „пронајдена“ во 1970 година, е една од најконкретните, да настанува кога големите нетретирани епидемии сами од себе замираат.
    Јас барем, на нарачани графикони од СЗО не верувам, после сите оние потреси со свински грипови и инсталирани епидемии, а на останатите читатели на темата е лично право што ке констатираат.

    Во западните општества не се работи за свест, туку се работи за казна ако прекршиш закон. Затоа и така добро функционираат, без пријатели кои мораш да ги имаш за да завршиш работа. Во конкретниот случај невакцинирањето е факултативно и не е казниво ако не го вакцинираш детето.

    Неучинковитоста на вакцините, со огромното бомбардирање на имуниот систем, можеш да го видиш во Холандската студија дадена наназад во темата.
    Ако сакаш.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Една многу добра пријателка одби да го вакцинира бебето (сега веќе момченце).
    Нејзината мајка и кажувала лоши искуства кога неа (на пријателкава) ја вакцинирале, и одвај и го спасиле животот.
    Така таа многу се информираше од разни извори и крајниот резултат беше да не го вакцинира.
    Разговараше со маж и, му објасна и тој се согласи со неа.

    Имаше и многу осуди од блиските, од видот: што ако му се случи нешто, како ќе живееш тогаш...
    Но, повеќе од јасно е дека мајката го сака најдоброто за своето дете, па и под цена тоа да е различно со останатите мислења..

    Сега засега, детето е живо, здраво, со голем имунитет, немало ни грип, никогаш не примило антибиотик...
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    ziveam vo stranstvo no se porodiv dole kaj nas,ovde vakcinite ne se zadolzitelni moite deca posto se bliznacinja gi primija samo tie na raganje i nisto vise i ne planiram ni da im pustam zasto za bolesti koi veke ne postojat
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    Silk како сте??? Пиши ни, ве мислиме
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    Meu фала што не мислите,ние уште не сме добри,нажалост. Замисли вчера станувам од спиење,малава исфрлана дупло повеќе од претходниот ден. На детска клиника ни рекоа дека е од температурата што ја доби од вакцината, ама дека само по мешето и грбчето треба да се нафрли,а јас гледам дека и по раце нозе,лице врат...цела лом. Буквално беше како географска карта со мали брумчиња а на некои места и поголемки. И хитно се развртевме по приватниве болници (дека празник вчера) и едвај добивме некој во Систина. И замисли докторов ја гледа и ни вика МОРБИЛИ. Мала сипаница. Ни даде антибиотик, пудра,ц-витамин и ни кажа дека за 2-3 недели се ќе и помине.
    И ајде некако ни олесни дека барем не е последица од вакциниве, кога сабајлево станувам детево чисто,бело. Само понекое мало точкиче по рачињата и ноџињата.И пак се насекирав.Незнам што е ова.Мала сипаница за 1-2 дена не поминува. Апетит никаков, плачење по цели денови, ужаснооо е поспана,само спие, се буди и пак плаче за спиење... Незнам што да мислам и кај веќе да се обратам.Ми се згадија и болници и доктори.
    Колку живо, енергично и весело детенце имав, сега е кенкаво,плачливо поспано,без апетит, бледо,со подочњаци, млитаво...... ;( ;( ;( Ми го упропастија детето...лелеее ќе убијам некој :@
     
  12. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    силк има убави совети за чистење на организмот после вакцини во групите што се на фејсбук
    здравје на игла не влегува или невакцинисана деца су здравија од...без разлика дали ги подржуваш или не има добри рецепти за чистење на организмот по природен пат што на доста деца им помогнало.имаат датотеки со рецепти.со помин нека е и брзо да оздравете.ако ти треба информации во македонија каде да најдеш некои од состојките слободно прашај.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    Silk познавам луѓе чии деца фатиле сипаница како бебиња и за некои 5-6дена им поминала, многу брзо, дури викаат неосетно. Е сега не биле многу брунчиња, онака само по некоја. А ова вашето што бидна, како може никој да не знае, не ми влегува во глава.... срамота.
    И ај сега кажи ми вие сте ги прележале овие сипаници, а ти ќе треба пак да ја вакцинираш на годинка од оваа сипаница.
    Ние дефинитивно одлучивме, се откажуваме од вакцините, сега веќе ќе бараме информации да видиме што се документи се потребнид а се поднесат, веќе стапивме во контакт со луѓе кои се откажале од вакцини, па ќе се консултираме.
    Дај Боже Силк оваа тортура веќе да помине, пак да сте весели и насмеани, ве гушкаме :*
     
    На yarre и silk им се допаѓа ова.
  14. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    pametno sto ke se otkazete citajki mnogu za vakcinite nekade procitav-VAKCINITE SE NAPRAVENI ZA MASOVNO UNISTUVANJE NA COVESTVOTO-,koga ke razmislis i mnogu e vistinito
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    @silk

    Еве и тука да ти одговорам. Целата клиничка слика одговара на мали сипаници, точно исто такви исфрлувања се појавуваат, прво на телото, а после и на ектремитетите, ама според лесните симптоми и брзината на поминување многу повеќе одговара на рубела. И плус затоа што моментално има епидемија на рубела во источна Европа целосно е можно да дошло во контакт со некој заболен.
    Точно кај рубелата иако се очекува температура и треска недела-две, осипот поминува за само 2-3 дена, исто како кај вас.
    Еве како изгледа осипот од рубела:
    [​IMG]

    Мило ми е што веќе било подобро, ама пак ќе се повторам, не ми се допаѓа како многу лесно оформувате ставови. Смртно бевте преплашени заради состојбата и треската, која ете можно е да не била од вакцината, туку напротив, од болест која се превенира со вакцина и што е вашиот став? Веднаш решавате дека повеќе не сакате вакцина да видите, а ако било рубела, тоа најверојатно ја префатило од некој навакциниран.

    Не смеете да оставите само на тоа. Убавезно да си барате да ви проверат антитела и да се види дали навистина било некоја болест или од вакцината.
    Нема потреба од никакво чистење или некои рецепти кои ќе направат повеќе штета. На пример еден рецепт е да се чистеле со зеолит кој е штетен, особено за бебиња.
    Нема што да се чисти после вакцинација. Самиот организам се справува со антигените кои се даваат за имунитет, а останатите делови од вакцината како адјувантите се органски соединенија во мали количини кои за брзо време се исфрлаат од организмот.
    Ами како да не било вистинито. Тоа е чиста глупост и жално што луѓето навистина веруваат во тоа. Благодарение на вакцините се целосно елиминирани полио и вариола вера кои го десеткувале населението до само пред 60-70 години. И плус отстранети се уште неколку болести кои исто претставувале помали ризици по здравјето особено на децата.
    До само пред 60 години од 1000 живородени деца до 5 години умирале 150, денес таа бројка е 11. Тоа намалување не е само благодарение на вакцините, ама тие имаат огромен удел.
    Масовно уништување на човештвото :worried:
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    taka procitav,ziveam vo stranstvo ovde vakcinite se samoza onoj koj saka znaci dobrovolno,i sigurno ne se pozaostanati od nas pa toa e taka,za sekoe zosto ima zatoa
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    mamaMace уште не сум ги посетила овие групиве на фејсбук иако занм за нив,ама еве сега маката ќе ме натера. И да, ги поддржувам апсолутно, а ако нешто ми треба ќе те контактирам обавезно. Фала ти многу

    Мeu, е баш ти е добро прашањево, и јас на истото помислив, еве ако продолжиме со вакциниве,што ќе биде со вакцината? Јас сум сигурна дека пак би и ја ставиле, мислиш гајле им е што непотребно ќе ти внесуваат вируси. Ќе ти кажат и така има детето сега траен имунитет,ништо нема да му смета.
    Не верувам веќе на никој, и никад више не го носам детево на лекар. Тешки трауми си здоби, го утепаа од боцкање,вадење крв, прегледување...Сега ќе види обичен човек во бело облечен и вришти на цел глас.
    А за вакцинирањево и ние дефинитивно се откажуваме, ма ни прочистени ни никакви...Отров е и вака и така. Еве овие денови спремам некоја изјава, ќе ја составам убаво и ќе им ја дадам,еден примерок препорачано, еден таму на рака. Па како што слушам дека не ги примале веќе изјавите и спремна сум да им викнам и медиуми и инспекција. Убаво и вие што сте одлучиле така, стварно грев е ова што го прават со децата.
    Цмокче до вас :*

    Експерт нема што тебе да ти се допаѓа или не што ние оформуваме мислења на еден или друг начин. Ние сме тие кои ќе одлучиме па макар и без некоја посебна причина ако сакаме. Еве ти како експерт ни кажуваш рубела, па други такви експерти ни кажуваат сипаници,па трети од вакцината. Битното е дека моево дете се изнамачи, а од сите експерти кои ја прегледаа добивме различни мислења а помош никаква. Толку ли се стручни што сите имаат различни мислења?
    И да не е реакција од вакцината, зарем сум мрдната да ја оставам и понатаму во рацете на тие нестручни доктори? Па ако обични морбили неможат 10 души да се сложат (што се најпроста работа), што ќе биде ако недај боже бидне нешто посериозно од некоја вакцина? Додека го испрегледаат детето на 100 места којзнае што ќе му се случи. Врска немаат. А јас не оставам на случајност дали ќе биде или нема да биде.Се изгорев еднаш, и пак не се сопнувам на исти камен.Ти слободно вакцинирај си ги децата, и немој да вршиш тортури по луѓе и да проповедаш ВАКЦИНИРАЊЕ. Можеби тоа ти е работа ама нас не ни е гајле ти што што работиш. Не не бркај по сите форуми, ваљда па не те плаќаат до толку...

    Рак се сложувам со тебе апсолутно. Само ние овде божем сме најпаметни па знаеме и по 300 вакцини да им даваме за болести кои се искоренети прд сто години. До 20 години неможат да се спасат децава од ревакцинации.Срамота
     
    На yarre и rak11 им се допаѓа ова.
  18. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    како бе верувате у се што ќе прочитате? гугл ќе не образува? ако се штетни немаше и самите доктори да си ги вакцинираат децата, не туку се занесувајте и правите многу паметни- во една дискусија на нет со една личност која е категорично против вакцините и пропагира на сите страни како не треба да се вакцинира, не знаеше основно нешто а тоа е како се пренесува хепатит б, а притоа се расправа со сите како нема потреба новороденче да биде вакцинирано од истата вакцина!!!!
    значи секакви неписмени, што прочитале два реда на нет одма мислиш знаат нешто! вакцинирајте си ги децата, не туку не враќајте уназад 5 века! Видовте каков хаос настана со заушкине пред некоја год.кога сите што ја пропуштиле вакцината или не биле немерно вакцинирани трчаа да се вакцинираат! Толку и треба на една епидемија да се прошири не дај боже. И не можеш ти да мислиш каков живот ќе живее утре твоето дете, а што ако се деси војна, или елементарна непогода, или на одмор негде нешто не дај боже било што- кај ќе барате вакцини и лекови???
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.158
    Пол:
    Женски
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    Nevesta, како прво, нема потреба со такви зборови да ги осудуваш оние кои решиле да не ги вакцинираат децата. И јас нема да вакцинирам повеќе, ама тоа не ми дава за право да ги напаѓам родителите кои решиле да вакцинираат. Го почитувам нивниот став.
    А што се однесува до хеп. Б, сите знаеме како се пренесува, а веројатноста новороденче, бебе и мало дете да заболи од хепатит Б е многу мала. А вакцината штити најмногу 5 години. Така што, дискутабилно е тоа што на новородени им се дава таква вакцина. Освен тоа, читав дека се размислува за тоа ХПВ вакцината да се става веднаш после раѓање, што е тотална небулоза. И да, верувам дека вакцините целно се ставаат за намалување на бројот на светската популација. Но проблем е што луѓето полека се освестуваат, некој само затоа што се информирал на време, друг затоа што се изгорел. Инаку, не верувам дека малото на Силк имало рубеола или морбили, повеќе шанси има да е алергија на некоја состојка од вакцината.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Вакцинирање и реакции после вакцина

    @silk
    Па тоа е уште една причина детенцето да биде заштитено со вакцини, за утре да не мора да биде оставено на милост и немилост на некои полустручни лекари кои нема да препознаат дали е рубела, или заушки, или настинка, или магарешка кашлица.
    Ама од што сте се изгорела? Па самите кажавте дека ви рекле за можноста тоа да било болест, а не реакција од вакцина. Ако после такви паники заради болест која се спречува со вакцина, вие решавате да не се вакцинира, не знам што да речам.
    Ако состојбата била заради мали сипаници или рубела, нема никаква причина зошто да не се даде МоПаРу, таа штити уште од две болести, а постоечкиот имунитет од едната нема да има никаков штетен ефект, напротив организмот нема да има потреба да го создава и него.

    @Annath
    Се разбира дека има можност, дури и новороденче да заболи од ХепБ, особено детенце од школска возраст. Ама вакцината најмногу се дава за заштита подоцна во животот. И не е 5 години заштитата, туку цел живот, ако се даде на новороденче.
    Е да бе, алергија, пет дена после вакцината. Скраја да е, алергијата од некоја компонента на вакцина се покажува веднаш по ставањето на вакцината.