На интернет можеш да прочиташ се и сешто. Твое е да одбереш од кои извори ќе црпеш информации и факти, дали од светско признаени организации и верифицирани научници, или пак од налудничави 'Френкенштајни ' со пропаднати кариери, на кои им е потребно некој ваков скандал, за да се вратат на големата сцена. Ендру Вејкфилд кој што претходно го споменав како основач на движењето за анти вакцинација, има донесено заклучок за повржаност на ММР со аутизмот, со истражување правено врз 12 деца. Некои од тие деца дури и биле со предизспозиции за аутизам. После целата истрага врз него се открило и пронашле докази дека тој уствари соработувал со фирма која произведува апарати за брзо откривање аутизам,што би направило бум на пазарот, и како што споменав бил дикредитиран и му била одземена дозволата за работа. Огромна сума на пари е во прашање и адвокатите го имат намирисано како добар материјал иако се работи за смешна бројка од 12 поединечни случаи. Како одговор, за погазување на оваа теза, Данците прават истражување врз скоро пола милион деца во 2002 и се покажува негативно. Потоа следат Американците со истражување врз 100 000 случаи.. И пак негативно . 12> 500 000 ? 12> 100 000 ?
Здраво @lovestoneddd , Може ли да ми дадеш линкови од твоиве извори, за се подолу изнесеното. Ти Благодарам.
Налудничави родители може и со пропаднати кариери можеби и невработени за да де грижат за своето дете. Се читаш ли што пишуваш имај почит барем кај оние што трпат оштетувања од вакцини 1 во 1 000 000 според СЗО. И да докажано е дека вакцините предизвикуваат аутизам!
Интересно е што родителите чии деца не се вакцинирани, кога се појавија сипаници во градинка не ги носеа децата во градинка. Мајка се дрзна на воспитачката да и рече , да пренесе на родителите СИТЕ децата да ги однесеме крв да им проверат, па кое е носител на вирус на сипаница да си седело дома Нека си го вакцинира и нека не малтретира туѓи деца и фамилии
Eдинствениот "доказ" е поврзаноста на вакцините и симптомите на аутизам преку возраста. На иста возраст се појавуваат симптомите и се примаат некои вакцини. Инаку научно не е докажано.
А зошто баш за аутизам и ммр сте се фатиле? Дитепер е далеку поопасна вакцина. @referentka очигледно не се на чисто со вакцинирање. Ако си добел одлука треба да си ја почитуваш со сите позитивни и негативни страни.
Кој родител каква одлука си донел-така нека си тера. Не се мешам. Ама кога ќе почне да ми се меша и да ми сугерира, ми пречи.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2831678/ https://www.bmj.com/content/342/bmj.c7452.long http://pedsplus.org/pdf/a11.pdf https://jamanetwork.com/journals/jama/fullarticle/2275444 ( Journal of the American Medical Association. ) https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10376617 http://www.who.int/vaccine_safety/committee/topics/thiomersal/questions/en/ Имам уште мал милион, почни од овие, има за даунлоад публикации од научни центри и од двете инволвирани страни. Се фативме за аутизмот т.е ммр пошто од таму почнува секој сомнеж за исправноста и ефикаснота на вакцините, и како најславна теза, најмногу внимание и се обрнува од антиваксерите. По кој основ дитеперот е опасна вакцина ? Образложи.
Луѓе, јас на 24 години ставив Ммр вакцина.Постеше можност, ја искористив. Освен убодот што ме болеше, ништо друго немав како симптом. Еве , податоци за 2017- Податоците се превземени од zdravstvo.gov.mk, изготвени од Прим. Д-р Јованка Костоска
Како така пишете научно е докажано и треба да ви веруваме како слепи ? Цело време се расфрлате со докази, ама дајте конкретен, не на зборови. Еве дај ми референца од научен труд, и со задоволство ќе прочитам. Звучиш исто како погоре оној ( кој не му е место тука ) што вика докажана била врската меѓу ммр и аутизмот.
Како сака нека звучам. Немаш пристап до библиотеката за да ти споделам научни трудови. Не ми е целта да се докажувам ниту надммудрувам. За моето дете јас носам одлуки. Затоа ќе го вакцинирам по мој календар.
Зошто тогаш се регистрираат и исплаќаат оштети од вакцини ако нема компликации од истите? Ако се спроведе целосно оваа постапка на глобално ниво мислам дека бројката ќе биде далеку поголема од што е моментално. Успут дали воопшто имаме ресурси и опрема во Мк за такви истражувања ма да чисто сумљам. Два пати кандида не ми регистрираат на брисеви, а од авион се гледа . Туку ај да ги почитуваме "научниците" а "франкештајните" ќе се нервираат што наодот од лабароторија не се поклапа и вели здрав си како дрен ,па франкештај мора да импровизира и да те советува за на приватно да си отидеш да може да постави дијагноза па да лечи! А не дај боже да треба некои сериозни испитувања д се прават на државно , ако немаш кеш тешко дека ќе дојдеш до дијагноза и лек! И сега кај кој "научник " да одам за информации и консултации за имунизација ?
Темава е да разменуваме мислења.Зошто коментираш ако не мислиш да се докажеш т.е да го докажеш твојот став и да надмудриш неиостомисленик. Кога изнесуваш доказ - докажи го. Не рекла казала.
Ти кажав, не можеш да пристапиш до библиотеката за да ти пратам линк. На гугл сигурно има нешто, на сколар не знам колку отворени сајтови има. Јас за муабет сум тука. Не да ставам линкови кои гарант никој не ги чита.
Линковите се информации, кој сака да се информира. Не од чув-начув муабети, на стринка снашката, е па нејзин братучед, третото дете негово се разболе од вакцина. Ете така звучите антиваксерите. Јас од мои 10 години слушам и читам за вакцини, скоро пола фамилија ми се во тоа поле, кој во странство кој тука, и кога тие одлучиле да ме вакцинираат прописно, им верувам. Ако најдеш нешто прати ми па да продискутираме, ако не да сме живи и здрави.
Што да помисли? Ќе се едуцира и ќе донесе одлука за своето дете или ќе се ослони на докторот. Јас за други не носам одлуки, ниту наметнувам мислење. За разлика од тебе ко ваксер и @yarre @Centurion од другата страна. Јас не сум антиваксер. Ќе вакцинирам, ама покасно. Здравје, бебе ќе биде 9 месеци кога ќе почнам. Еден доктор не ми рече дека ми е грешна одлуката. Не велам ни дека сум во право. Така решив на база на прочитано. Од ммр не се плашам.
Јас го подржувам официјалниот став на СЗО,вакцинацијата и вакциналниот календар.И? Ке се едуцира?Како еден економист ке се едуцира за вакцини? Ги плашиш идните мајки неосновано со твоите паушални постови. А ако веке паушално пиша за дитепер вакцината колку е поопасна, кажи во исто време и какви се дифтерија,неонатален тетанус и пертусис како болести. (Ко вчера со муабетот сите сме имале морбили како деца,па после кога имало толку морбили )