Вакцинирање и реакции после вакцина Невеста ова твое обраќање со навреди од типот ,,неписмени,, само ни дава слика за тебе. Ајде те молам кажи ни се што знаеш за вакцините, пошто гледам дека не врегаш нас што не вакцинираме дека ништо не знаеме? И не се служи со google кога ќе ни кажуваш,него од твои лични познавања ако може. Annath убаво рече, секој има право да си одлучи дали ќе вакцинира или не. И нема потреба да се тероризаат сите кои имаат спротивно мислење од твоето. Кога некој одлучил нема да го разубеди ниеден ,,запнат,, од некој форум, нападен по прашање вакцини ,,од чудни причини,, Ниту ве убедуваме вас да не ги вакцинирате ниту сакаме вие нас да не убедувате. Експерт не се побивај сам себе. Викаш Па тоа е проблемот, АКО БИЛО, немаме конкретен одговор што било.Исто нема да имаме и втор и трет пат. До кога така? Што е ова? Пак претпоставка? ,,Ви рекле за можноста да било болест...,, Ама МОЖЕБИ било болест а може и не.Никогаш нема да дознаеме.А кој ќе ризикува со живот на дете пак? И те молам немој да и кажуваш на Annath што е и како е, верувај многу повеќе знае од тебе, во сите области од медицината. И зошто да не биде од вакцината? Па она имаше осип на неколку места на главчето и на едното ноџе уште првиот ден од вакцината.Ама тогаш од температурата им беше. После па бил исто од температура ама малце пообилен,па после сипаници. Абе ајде.
Вакцинирање и реакции после вакцина Доживотен имунитет не се стекнува со вакцините, во спротивно, немаше да заболуваат вакцинирани луѓе. Вакцините наводно се даваат за полесно да се прележи болеста ако човек заболи, ама којзнае дали навистина е така. И како второ, ако ги знаеш механизмите на настанување на алергиските реакции, ќе сфатиш дека е можна алергиска реакција од вакцината. Што е многу веројатно во случајов да е тоа. И да, јас не сум вакцинирана од ММР (МоПаРу), па што?
Вакцинирање и реакции после вакцина sega nesto ke vi kazam sto ne e povezano so vakcinite a toa kazuva kolku nasata medicina e nespremna i zaostanata,pred tri godini koga dojdov ovde se razbolev kaciv visoka temperatura,ne mi pominuvase so denovi sedev doma piev paracetamol,posle nekolku dena totalno oslabena i iscrpena otidov na lekar i kazav sto mi e,doktorot odma mi dade uput za krv i krvna slika,so sto se vide deka imam nekoja infekcija na bubrezite,da bev kaj nas ke me lecea od nastinka,nikoj nemase da rece prvo krv pa da vidat sto mi e,istoto se odnesuva i za vakcinite i za bilo sto,znaat samo edno dali e toa potrebno korisno ili ne nikomu ne mu e gajle bitno tia da si ja zavrsatbrabotnata obvrska i da zemat plata
Вакцинирање и реакции после вакцина expert дрндрн дрндр дрн дрн силк добро е што поминало и можам само едно да кажам вие сте родители на детето и ваша е одговорноста кон истото.околината може да осудува, да навредува, да тепа, да казнува и еден куп други работи ама мене ништо од тоа не ме боли и не ме допира , ама затоа кога ќе го видам детето како ми пати е тоа ме боли. така да дрн дрн ќе помине од едно уво влегува од друго излегува јас знам дека моето дете е здраво и апсолутно друго не ме интересира. и само да напоменам дека кога се прележува заразна болест истата треба да се пријави и се запишува во книшката и картонот на детето дека ја прележало таа и таа заразна болест.ако оди во градинка се посочува и за која градинка станува збор.така да кога ќе одите да вакцинирате од сипаници ако сте уредно заведени ќе ви кажат дека нема потреба од вакцината бидејќи имате траен имунитет, тоа се има случено на колешка моја од работа кога синот и прележа сипаници на 9 месечна возраст и на 13 месеци им рекоа дека нема потреба од вакцинирање.
Вакцинирање и реакции после вакцина значи кај прочита дека јас некого го осудив со мојов коментар и тоа со какви зборови ? И како веројатноста новороденче да се зарази е минимална?- па во болница ако нема шанси да се зарази не знам каде. А башка што не сите живеат во услови како моите и твоите, сиромаштија, нехигиена, села, мали места, роми, значи ајде не ги вакцинирај и да видиш епидемија. И ај да не разглабам, ваше право си е, ама не ми е јасно како може да верувате на нестручни лица што се промовираат преку интернет?
Вакцинирање и реакции после вакцина јас неписмени ги нарекувам оние кои ги читате по групи и нет дека не треба да се вакцинира!!! (а ти нели го вакцинираше детето, од кај сеа се пронајде прозвана во антивакцинарите) ??? За мене се неписмени штом не знаат дека хепатит б може да се пренесе од мајка на дете на пример!! И секако дека се понеписмени од медицинските и стучни лица за оваа област и тука за мене завршува секаква дискусија! Како можам да им верувам на неки измислени анонимуси кои градат публицитет и солат памет врз база на нивни изтражувања да нагласам преку интернет!!!!! Не дека сум ја писмена за оваа област, ама верувам на доктори, а не- на пак да кажам- неписмени!
Вакцинирање и реакции после вакцина па ништо, се коцкаш со твојот живот, а и со животот на твоето идно дете. Не дај боже да се заразиш во тек на бременост
Вакцинирање и реакции после вакцина @silk Па затоа ви реков да не оставате така, туку да си проверите. Лекарите обично поставуваат дијагноза врз основа на клиничката слика, ама сега бидејќи претходно сте ја примиле вакцината, имало значи друг фактор, не можеле така да постават дијагноза мали сипаници или рубела. Затоа постои испитување на титар на антитела, ако има антитела за рубела или за мали сипаници, значи дека тоа било, ако ги нема, ќе значи дека било реакција од вакцината. Па ете ќе кажат антителата. А зарем невакцинирањето не е ризик? Ете толку се испотресовте од оваа реакција, а ако била рубела, што е најлесната болест, а замислете некогаш во иднина, скраја да е, да биде некоја потешка болест која можело да се спречи со вакцината? @Annath Тоа зависи најмногу од карактеристиките на самата болест. За ХепБ вакцината се сметало дека ќе има само 5 години, ама последните испитувања покажуваат дека има долготрајна заштита, цел живот. На пример, магарешка кашлица има кратка заштита, негде 10 години. Ама и самото прележување од магарешка кашлица има исто толкав имунитет и заштита. Тоа што заболуваат вакцинирани луѓе не значи дека им поминал имунитетот. Како што кажав пред се зависи за која болест се работи и второ дали и организмот воопшто створил имунитет. Затоа се даваат и ревакцинации со цел да се гарантира создавање имунитет, некој организам создава имунитет при првата доза, некој при втората, некој при третата. Реално вакцините се послаби имуногени во споредба со прележувањето. За време на прележувањето се оптоварува организмот и ги активира сите имуни патишта и создава имунитет. Не, вакцните се даваат да се создаде имунитет, како што кажав зависи од организмот. Некој организам ќе создаде висок имунитет, некој низок. А некој пак има висок имунитет, ама при заразување не се активира веднаш и затоа може да се појават симптомите на болеста, ама бидејќи имунитет постоел, веднаш го убиваат причинителот и се завршува побрзо и полесно, тоа што го велиш, во споредба со прележување, каде во тој период би се создавал имунитет. Ништо. Не ја знам твојата возраст, ама веројатно твојата генерација се вакцинирани? И тоа можеби те заштитило да не ги прележиш тие три болести. Претходно илјадници години немало вакцини, природно ги прележувале болестите, ама тоа си имало своја цена. Компликациите од прележувањето се далеку почести и пострашни од евентуални компликации од вакцината. @mamaMace А зарем незаштитено дете кое би било заразено нема да пати? Чудно како луѓево гледаат околина во која сите се вакцинирани и ги нема болестите и мислат дека и ако не се вакцинира исто нема болестите да постојат. Е па, за кратко време ќе се вратат во вид на редовни епидемии и секое детенце ќе ги прележува исто како овчата сипаница што се прележува сега. Не знам зошто така и рекле, кога таа вакцина заштитува од уште две други болести.
Вакцинирање и реакции после вакцина Невеста, ти ова сериозно? Дали прочита што напиша? Сите оние кои решиле да не вакцинираат ги нарече неписмени и прости, дека се занесуваат и се прават паметни. Ај прочитај си го уште еднаш коментарот, ако не ти е јасно, ќе го цитирам и ќе ги болдирам навредите и осудите. Тие родители одвоиле време да прочитаат за и против вакцините, а денес благодарение на интернетот се достапни информации до кои тешко се доаѓаше. Оној кој одлучил да не вакцинира, сигурно не решил така затоа што е мода или не знам што. До таа одлука се доаѓа со многу читање и информирање од релевантни извори. И не, сите доктори не си ги вакцинираат децата, за тоа си во заблуда. Има доста медицински лица кои се против вакцините, ама не смеат јавно да писнат. Што мислиш зошто? Ако мајката има хеп. Б, новороденото не се вакцинира, туку се третира соодветно. А може да се пренесе од мајка на дете, само ако мајката е болна или носител. Кога детето ќе се роди, тоа веќе ќе биде носител на вирусот, што фајде тогаш од вакцина? Инаку, како што кажав, јас не сум вакцинирана од ММР (чинам, воведена е 1984), и кога беше епидемијата од заушки не отидов да се вакцинирам. Мојата генерација не е вакцинирана, бидејќи ја немаше таа вакцина. Иначе, прележав рубеола, од нога што се вика. Во основно школо. Инаку, си има соодветна тема „Вакцини за или против“. Дискусијата може таму да продолжи.
Вакцинирање и реакции после вакцина да ти нацртам и обојам ако сакаш за да сфатиш, пошто си паметна ))) неписмени за областа ВАКЦИНИ! Ти имаш направено лично истражување на нет за вакциниве? Врз основа на што го изгради твојот став дека нема да вакцинираш? Ако имаш твој истражувачки труд, или блог или група лично која си ја отворила за оваа тема- ондак да спаѓаш во групата на неписмени, а загрижените родители ќе го градат својот став оврз основа на тебе неписмената, која си дознала за вакцините и нивното ’штетно дејство’ од ИНТЕРНЕТ- а не од медицински факултет на пример! Ваљда успеа да сфатиш кој е во случајов неписмен, ако не поинаку да ти објаснам не можам убаво реков дека се коцкаш со твојот живот, едноставно си имала среќа, која што не секој ја има, може твоето дете кое нема да го вакцинираш ќе ја нема таа среќа, па ќе си трескаш глава од ѕид после, не дај боже.
Вакцинирање и реакции после вакцина Јас би те замолила малку покултурно да се изразуваш. Инаку, јас до пред некое време имав ист став како тебе. Немам никаков блог, ниту пак пишувам на нет против вакцините. Имам медицинско образование, да, ги знам и двете страни многу добро, само што релевантни луѓе (замисли луѓе кои се бават со медицина долго време) ми ги отворија очите и истражував малку повеќе. После долго време размислување го донесов тој заклучок, и не верувам дека некој ќе ме премисли, со оглед на тоа што луѓе со богата пракса во медицината во Македонија ме поддржуваат во мојата одлука. Затоа, би те замолила моето дете да не го ставаш во твојата погана уста, и да престанеш да ме прозиваш, бидејќи како што гледам, немаш никаква култура и немаш поим како се дискутира.
Вакцинирање и реакции после вакцина Погана уста бе? И за ова ’погана’ прашај стручно лице да ти објасни што значи. Ај биди ми поздравена, само немав намера лично да вреѓам, а ти тоа штотуку го направи, но некој си ја има мувата на капата.
Вакцинирање и реакции после вакцина @nevesta Нема потреба од таков груб речник и навреди. Родителите кои се одлучуваат да ја одбијат вакцинацијата далеку од тоа дека им мислат лошо на своите деца. Се разбира дека нивната намера е најдоброто за нивните деца. Само проблемот е кога се употребуваат недоволно стручни податоци или пак шпекулации и дезинформации врз кои се зановаат најголемиот број од аргументите против вакцините. Реалноста е дека и ако одлучат за да не ги вакцинираат своите деца, можеби знаат, а можеби и не, ама нивните деца се релативно безбедни, се додека нема епидемии, токму затоа што сите други деца околу се вакцинирани и општиот имунитет не дозволува да се појават епидемии.
Вакцинирање и реакции после вакцина Ти си таа што цело време навредува. Те заболе? Не. Ни мене. Јас си ја немам мувата на капата. Ако сакаш да вакцинираш, терај, не мора да ги нарекуваш неписмени оние кои не вакцинираат. Твој избор, твое право. Мој избор, мое право. И готово. Се ежам од луѓе што по секоја цена сакаат да докажат дека се во право. Чукнете си ги главите малце, доста со тој синдром на стадо.
Вакцинирање и реакции после вакцина e sega da ti kazam nesto vo vrska so ova,jas bev 18 dena vo bolnica,za tie denovi viodv svasta,sdam vo hodnik imav poseta a eden maz cekase da mu kazat kako se zenata i bebeto negovi stotuku porodeni,izleguva doktorkata i vika dobri se samo mora da gi prefrlime na infektivna klinika zasto bebeto ima sipanici taka rodeno....znaci nema pravilo
Е па тоа е уште една причина за постоењето на вакцините. Иако се сомневам дека тоа биле мали сипаници, туку овие обичните. На запад и за тие обичните имаат вакцини затоа што иако се лесни за прележување, сепак постојат ризици за компликации и за вакви случаи како што кажуваш. А особено затоа што во последно време се открива дека и малите сипаници се ризици за плодот исто како рубелата ако ги фати бремена жена, резултираат со невролошки дефекти, проблеми со кожата и со очите.
Од финансиски причини. Според Стратегијата за имунизација од Министерството планираат да се ревидира распоредот на вакцините и да се воведат ротавирус и пнеумококна вакцина до 2020 година. Иако би имале голем придонес и овие вакцини, сепак не се приоритет. Она што мора да се направи што поскоро и за кое мора да има јавен интерес е замена на сегашната целоклеточна ДиТеПер со ацелуларна, прочистена. Ама и за тоа единствена причина се финансиите. Досегашната вакцина ја купуваат за 32 денари по доза, а таа новата чини 560 денари по доза, ама придонесот е огромен затоа што од таа вакцина нема температура како несакана реакција и е побезбедна. Некаде прочитав дека дури и Косово и Албанија ја имаат воведено. Инаку според таа некоја динамика за воведување и промена на календарот се планира прво да се воведе пет или шествалентна вакцина која би заменувала ДиТепер, ХиБ и полио. Потоа во следната фаза воведување на пнеумококна вакцина, и потоа воведување на ротавирус вакцина. И тоа се планира да се направи до 2020, ама не смее да се чека дотогаш за да се смени сегашната ДиТеПер, мора да постои притисок од јавноста.
zenata bila vakcinirana a deteto se rodi so sipanici i ne bila vo kontakt so zaboleni znaci dzabe vakcina
Кога веќе спомнавте прочистени вакцини - како да се дојде до нив? Знам дека на клиника ги ставаат ама што треба - потврда од матичен, врски или нешто друго?