Малку ти е избрзан одговоров. Рипни, па кажи оп не за џабе рекле старите. И јас бев/сум про вакцини, па како се роди бебе, не ми е сеедно да го боцкам. Афери со вакцини, здравствен систем убиј боже и се одложувам. Колку повеќе читам, некои работи ми стануваат нелогични.. Колективен имунитет. Што е тоа и како се мери? Колку % од населението се вакцинирани? Колку % е успешноста кај вакцинираните? Колку "трае" вакцината временски? Колкав % од населението повеќе не е заштитето иако е вакцинирано? Колкав % се вакцинјрани по стари протоколи и се нецелосно вакцинирани по ново? Не ми е целта да зборувам против вакцинација, ама некои работи и те како не држат здрава логика. И да. Имам блиски доктори кои не ги вакцинираа долго децата, па на крај ги вакцинираа, ама носеа вакцини од странство.
Без статистички детали, освен ова: Колку луѓе има на планетава? Кога последно, направила заразна болест 'покољ', да испоумрат неколку милиони? Дали за тие последни болести од кои испоумреа повеќе луѓе има вакцини? Да не беше толку напредната медицината, меѓу кое и вакцинацијата, немаше да бидеме 7 и пол милијарди, едно-две, некоја болест заразна ќе се појавува- и ќе покоси некое милионче. СИДА, ебола, птичји грип, свински грип итн... тие се болести кои го загрозуваат глобалното здравје, и за нив, замисли... не постојат вакцини... Мислам.. за гриповиве 'трчаат' секоја година нови вакцини произведуваат, ама веќе наредна, еволуирал вирусот, и ај на ново.. без вакцини...
@Emilija-Emce Ај, прочитај каде јас го лоцирав проблемот. Сакала ти или не, докторите, ние пациентите ги научивме така. Оди , прочитај има и вакава тема, сама ќе си заклучиш до кој степен е нашиот менталитет. Повеќето мислат дека кога ќе се породат или пред да се породат, мора да почастат за да ги гледаат како пациенти, пример. Толкувај онака како што сум напишала, жената го лечела детето на лекар, па после не била задоволна и продолжила со само лечење како знаела и умеела на Гугал ( тоа се реченици на членката) . Ај, замисли ти да не го однесела навреме детето, а детето секако и било под медицински надзор подолг период ( повеќе од година ). Да не го третирала медицински ќе го загрозела детето. Што е не јасно? А, ти не ми одговори дали ја имаш статистиката видено, да расчепкаме околу тоа? Може такви бројки не ви идат во корист на вашето убедување и ќе молчите како ништо да не е т.е да не се побиете себе си. @katte82 Кажи , де ? Зошто те исмеваше докторката? Признај, дека на докторката си и кажувала како да ти го лечат детето од што си читала на Гугал, ти. На тој начин им го плукаш нивното знаење во лице, друга причина за такво нешто не гледам. Не сакаш да признаеш затоа и премолчи на прашањето.
Ај сега @Centurion и @yarre ќе ги повикам да ги објават пак статистиките, па ако сакаш и ти побарај наназад колку "епидемии" имало низ годините од болестите против кои се вакцинира. Ако повеќе од пола од вкупната популација е невакцинирана и делумно вакциниранана, а и веќе дејството на вакцината минало, каков колективен имунитет има?
А од која болест за која има вакцина имало масовно умирање? Ја не сум чула... И да има, се неколку илјади во прашање, и тоа обично зиро пациент е некој невакциниран, кој го загрозил здравјето на илијадници околу него.
Па кај бил тука колективниот имунитет да ги заштити. Еден невакциниран направил покољ на илјадници. Ама логика.
Е таква е логиката. Имаш степен на безбедност. И кондомот не штити 100%... и ништо впрочем.. но ова е најдобро - до сега измислено.
Па нормално ќе има враќање на стари болести кога се помалку и помалку се вакцинира, а светот е толку рашетан и често мигрира, така што ова е уште една потврда дека вакцините се едниствена (засега) превенција од одредени заболувања. Некој горе пишал повисок стандард, па зарем вакцината не е израз на повисок стандард? А за афричките земји не зборувајте, имам близок што работеше баш за тие хуманитарни организации и кој самиот кажа дека во одредени не така мали делови има страшен отпор кон вакцинацијата од страна на тамошното население и се уште прибегнуваат кон застарени, т.е природни форми на лекување.
Ти со сила се правиш или што е работава? За тој колективен имунитет праша едно илјада пати и во неколку поста ти напишав околу него, сега пак прашуваш исто ? Планираш да прашуваш се дур некој не ти даде одговор кој сакаш да го чуеш ?!?! Ќе ти дадам пример за колективен имунитет. Лани на Косово епидемија од сипаници, огромен број на заразени од кои 35 ДУШИ МРТВИ. СИТЕ 35 НЕВАКЦИНИРАНИ. Останатите заразени (вакцинирани) минуваат со лесен третман. За разлика од 35те жртвени јагненца. Ја гледаш разликата !??!?! Прогуглај за да видиш дека не лупам глупости, јас поставив и линк наназад ама кој да прочита ?!?!?!
Ама не е од еден невакциниран. Туку што бројката на невакцинирани се зголеми драстично, а луѓето мигрираат. Одат, се враќаат, стапуваат во контакт со тукашни невакцинирани и болеста се шири, не треба многу. Убаво кажа една членка погоре, бебе недоспеано за вакцинирање е изложено на голем ризик токму поради ова. Кога 95% од населението во сооодветната возраст би било вакцинално покриено, не би имало простор вакво нешто да се случи, ниту пак, при евентуално при престанок на дејството на вакцината во одреден период од животот ( за што не знам дали има доказ) не би имало болест која би ја зафатила повозрасната генерација.
Студии, научни трудови, линкови, референци и тебе наменети и за останатите. И мои мислења секако. Ајде моето мислење не го уважувајте, ама уважувајте трудови на истакнати научници кои апелираат секојдневно да се престане со ова new age брљавење. Зошто читате селективно не ми е јасно. ПС тебе сега ти е тешко и да провериш за информацијата што ти ја пишав за Косово, 1 реченица на Гугл е, а не па да ги читаш километарските трудови што ги имам поставено наназад низ темава.
Дали вакцинирањето значи дека и ако се заболиш, со полесно ќе помине болеста? Дали значи дека овие 30 во Дебар каде е прогласена епидемија да не биле вакцинирани ќе поминеле пострашно? Дали тие 30 дошле во допир со вакцинирани кои не оболеле од болеста само заради тоа што имале вакцина? Што ако некој роднина од Дебар дојде у Сити мол?
Читам моментално трудови за исхрана. Чим имам време ќе прочитам и ова. Ќе ги побарам твоите мислења. Па пребарај назад. Не беа квази извори. А кога имало полио? Може статистика официјална?
Ама ако се продолжи со невакцинирањето ќе се вратат на голема врата и полио и дифтерија и пертусисот кој Тоа го зборувам цело време, но не е само од Дебар во Скопје, туку миграции на светско ниво. Па по Скопјево, низ трговски најмалку три странски јазици ќе чуеш. А ова со невакцинирањево е тренд во цел свет. Ајде сипаниците може да минат без коммликации, ама полиото е страшно... А за дифтеријата да не зборуваме, смртта може да настапи прилично брзо.