Полесно поминуваат вакцинирани, затоа што има некаков имунитет организмот, за конкретната болест. Кога ќе шибниш вакцина, организмот... поточно коскената срж, каде се произведуваат белите крвни зрнца, веќе ја 'учи' ДНК-та на вирусот, и тоа инфо вечно останува меморирано во нашиот организам. Кога ќе се сретне организмот со конкретниот вирус, организмот унапред има 'модел' по кој треба да се изгради конкретната верзија на антитело и само ги 'штанца' по дифолт... не мора тогаш да 'учи'.
Поентата е дека вакцинацијата од полио, перусис, дифтерија е почеста (засега) и затоа нема. Односно, вакцините си го завршиле своето. Ама, почна и таа да се одбегнува и покрај фактот што и кај нас се применуваат ацелуларни вакцини, па не е чудо и пак да се појави.
Еве , дел од презентација на Мин. за здравство на ниво на Македонија, никој не сакаше ни да ја побара, а сите као за дебата се.
Види, не треба да си родител за некои работи. Јас сум жива, а и ти, благодарение на тоа што луѓето околу нас се здрави, а ние со нашата вакцинација придонесуваме за тој колективен имунитет. На ни еден родител не му е сеедно, не мора за вакцина, верувам за се' поврзано со здравјето на детето. Далеку да е, ама многу од болестите со кои ние возрасните, вакцинирани или не, можеме да се избориме, малите деца не можат и голема е шансата да бидат фатални. Сведоци сме на скори outbreaks со смртни последици кај невакцинирани деца, но биди сигурна дека денес не умираме од дифтерија или туберколоза, најмногу затоа што 1. ги нема, постои колективен имунитет и 2. ги нема, затоа што модерната медицина и вакцинација спречуваат појава За дифтерија не сум чула, но туберколоза може да се појави кај некои поединци. Финтата е дека најверојатно нема да ги убие, иако се разболеле. Не толку одамна во минатото, туберколозата беше смртна пресуда. Што се однесува до докторите со кои работам, до 2015 купуваа вакцини од Грција, минативе 3 години тука вакцинираат.
И дифтеријaтa јa немaше вo Шпaнијa 28 гoдини,пa се пoјaви пред 3 гoд.и пoчинa невaкцинирaнo дете нa aнтивaкцинaши,кoи пoтoa гo вaкцинирaa втoрoтo дете.
само тетанус се прави ревакцина по потреба при повреда,за др вакцини не важи. Мислам дека дефинитивно не ти е јасен поимот колективен имунитет.
За диферијата мислам Софијанова зборуваше дека смртта може да настапи мноогу брзо, во рок од полвина час. Друго, моја познаничка во странство се разболела од пертусис. Ќе рече некој била вакцинирана како дете, ама ... кашлицата давела, гушела, било неподносливо. Епа, замислете едн бебе или дете да се дави со таква тешка кашлица??? Бездруго, тешко дека ќе издржи.
@makedonkamak не знам кој ги правел табелите, ама се нит периодите се исти, нит компаративни, нит извор... @CameliaMiller самото тоа што и докторите си носеле вакцини зборува многу. Јас знам уште што носат. Бидете поздравени
Официјани од Министерство за здравство. Инаку, на игнор ми се окупаторите на темата, затоа те прашав каква статистика бараш да постираат тука. Биди и ти .
Кога прв пат кај нас се појавија поливалентните (ќерка ми се роди кусо време пред тоа) во разговор со педијатрите информирана сум дека има два светски производители. ММР ja proizveduva (le) Glaxosmithkline. Освен тоа, во диспанзерите истите се чуваат во соодветни услови, при соодветна температура, транспортирани при соодветна температура и други услови кои не знам колку едно ПМВ ги исполнува.
Токму тоа сакав да го кажам. Не дај боже нешто несакано бидне, нема од каде да се бара одговорност ако се купуваат и транспортираат вакцини со часови од друга земја. Најпрво одговорноста ќе се стави на ,, неовластениот превозник". Јасно стои како треба да се превезува и како да се чува. Друго, пак ќе кажам кај нас вакцини не се произведуваат, за поливалентните има два производитела на светско ниво (освен ако не се појавил нов во меѓувреме) и овие информации се добиваат во секое време од педијатрите кои вакцинираат.
Ама они си ги носат од Грчка, од истиот производител, во фрижидерче од Хубо. И стварно не знам која е таа мед.сестра што ќе вакцинира дете со ампула од некаде донесена, надвор од здравствена установа.
Сакаш да кажеш со Гугал статистика на антивакцинари на темава. Ти, пак Софијанова ја оценуваа по стручност, овде. Не прочита? Сега на ред е Костовска.
Овој вид на нарушување на здравјето се нарекува ''имунизација'', со што ги наведува луѓето дека цела оваа програма го зајакнува имунитетот, со што истата таа програма законски е задолжителна. Со ваква програма за вакцинација се запрашал некој фармацевската индустрија која пара ја врти? Огромни пари! А болестите се шират како епидемија, и иронија од се е што истите тие луѓе повторно доаѓаат кај ''лекарите'' кои ги имаат вакцинирано за да се лечат што при тоа повторно плаќаат (за болестите кои се предизвикани од вакцините). Најпрост пример, кога во 1976 во Америка наместо одговорноста да се стави на вакцинацијата , актуелна беше тогаш епидемија на свински грип, каде што кажуваа дека тоа била причината за смртта на војник во Њу Џерси, никогаш не докажале дека починал од свински грип, а голем број на луѓе биле вакцинирани во првите почетоци на вакцинацијата дошло до смрт кај 113 луѓе во Америка, додека 75 биле парализирани, со што вакцинацијата била прекината а голем број на луѓе барале оштета за последиците од истите, поради страшни нарушувања на здравјето. Денес во светот се спроведуваат бројни примери како се вакцините здрави и потребни, со што тие на функција и оние кои треба да се полнат со милиони нарачуваат во големи количини , а медиумите никогаш не биле толку обединети и под контрола на оние кои не избираат средства за постигнување на своите цели. Никој не вели дека е нешто скришно и некој некого заплашува, ама треба да се биде реален. Поздрав
Може да се смееш колку сакаш. Ако навистина си читала научни трудови, тогаш треба да знаеш како изгледа една табела. Сигурно не вака. Нема ниту континуитет на табеларен приказ, ниту систематичност, лошо квантифицирано, без квалотативни индокатори. Па и ппт со еден куп текст изнапишан многу зборува. Јас дете до сега не сум вакцинирала, па го нема во евиденција. Затоа нит покани ми стигаат, нит нит ништо. Ете толку е добра статистиката погоре прикажана.