За жал. знам... и за тоа се криви докторите... кога сум била мала, мене ми пишеле антибиотик за температура, кашлица, растечено носе, црвено грлце.... за се. Удавена сум во Макропен од најмала возраст. И не само мене... сите мои врсници. Така лечеле докторите тогаш, па останало кај многу луѓе дека антибиотик се дава за се. На моите родители им требаше време да сфатат дека антибиотик делува на бактерија, а не на вирус. Пак е вина на докторите, големата доверба на пациентите на нивните зборови!!! И до ден денес мајки на дечиња ми викаат... ете само што го заврши антибиотикот, пак антибиотик. Прашувам зошто... ми викаат докторката пишала, да не се спуштело на гради.... Што да се спушти??? Така ли се завршува за доктор? Наслушај, нема ништо... нати антибиотик, да не се спушти...Тоа го прави нашата матична, а јас рецептите ги фрлам в канта. И после ја носам во приватна болница, и педијатарката ми вика, според КС ова не е за антибиотик, само кревајте имунитет, тоа е тоа.
Знам, исто и јас до крајници на секои две недели со антибиотик. Инекции задолжително. Погрешно сме лечени како деца со антибиотик. После се освестивме дека последици има и од онаа задолжителност со КС доведе до буквално расправање со докторите да се даваат антибиотици. Од што луѓето беа научени буквално да мора да добијат вакво нешто.Ова се случуваше, имам близок мат. доктор. Додека од понов датум,можам да кажам дека има разлика. Барем во нашиот случај. Ќерка ми има 3 години и 4 месеци , антибиотик примила само два пати поради стомачен вирус. Едниот пат доби инекција во која имаша антибиотик и направи дополнителн проблем со стомачето нејзино. Втор пат во инфузија и тоа на детско одделение. Матичниот педијатар е многу строг по однос на ова прашање. Ниту еднаш нема препишано антибиотик за растечен нос и слично. Едноставно е доктор кој не препишува антибиотик или било кој лек ако оцени дека нема потреба од истиот. Сите доктори да се внимателни со децата, супер ќе беше. Во разговор со мајки за докторот секогаш добивав коментар- " Тој не дава ништо".Под ништо се подразбира антибиотик.
@makedonkamak Од што се прават вакцините, односно што содржат истите, дали си запознаена? Исто, оние кои се ЗА вакцините, а гледам по анкетата ги има во поголем број, од оние кои се ПРОТИВ секако доколку имаш информација за истото?
Истово е образложено низ темата, да не повторуваме исти работи во круг. Низ темата се опфатени сите овие прашања околу и за составот.
Ubavo se sekavam deka drugarka od skolo imase difterija lezese vo bolnica, toa bese kraj na 80 ili pocetok na 90. Ne odese vo skolo cel mesec, ovie ne im se pravi statistiki definitivno. Za ova se odi vo grad Skopje I se bara pristap do informacii za site bolesti vo delot za statistiki.
Ова можеш да го најдеш на официјалната страна на Министерството за здравство, изработена од прим. др Ј.К. Ако тие немаат статистика, кој ќе има?
Позитиво на денот: Италија го поништи противуставниот закон за задолжителна вакцинација: https://www.ft.com/content/afd472be-996c-11e8-9702-5946bae86e6d
and? и папата во италија се праи верник со чист ум и душа,па испаѓа на виделина по некој случај на педофилија. Сакам да кажам,не е се толку позитивно ко што е пласирано во јавноста...
Sporedbava ama nikako ne mi odi. A eve da receme vaka: Drzavite i SZO promoviraat i prisiluvaat na vakcinacija, a mnogu od doktprite koi se najupateni svoite deca ne gi vakciniraat.... Sto mislis zosto?
Што значи ова? Сега веќе вакцините не се задолжителни во италија? Фала господи Фала бога Слава му Бев толку испаничена толку застрашена дека требав законски да вакцинирам. Значи не морам повеќе нели? Сиве овие месеци во огромен страв живеев ако верувате. Инаку секој ден гледам вести ама ништо од ова немам видено слушнато Чудно Баш ќе пребарам сега на италјански медиуми.
Таму не се задолжителни туку по своја воља. Јас и кажав на докторката и она рече како сакаш ти така ако не сакаш кажи ми ќе запишам и нема повеќе писма да праќаме. Така и бидна. Имав ужасни искуства со 2 вакцини не баш славно помимавме и на толку останавме. Во италија беа засолжителни е сега членот вика дека не се повеќе барав на нет ама ништо не најдов а како ударна вест ви требало да ја има Инаку се против многу италјанциве сега го слушав разговорот од погоре на италјански што е од протестот и гледам дека луѓето се многу револтирани Е сега законот е укинат или не не знам нека каже некој нека даде линк јас не успеав да најдам на гугл.
И јас истото го читав. Ама ударна вест дека е укината немам видено. Инаку знам дека парријава сегашна кажа на избори тука дека ќе бидат укинати.
чим се збори ќе биде. не се плаши. документ нешто од вакцините имаш? нели велат ако има нус да се однесе детето пак кај што е боцкано ... Јас не го однесов таму..