нема врска дали он признава или не. не е докторот тој што ги правел вакцините; затоа и не треба многу да му се дава на значење. Секоја вакцина си има упатство. Нус ефектите се тие . Како за еден амоксиклав што пишува дека 1 на миљон може да повраќа и да му се врти така и за вакцините си има. Секој лек односно секој организам различно ги поднесува лековите од било кој тип. Тоа што тие препорачувале да прозбори прво дете мое мислење е дека зашто ммр највеќе има шанси да влијае на цнс. Ама ова е мое мислење. не мора да значи дека е точно.
Он советува и ги придружува родителите низ целиот тој процес на вакцинирање и сите одлуки поврзани со истото. И те како треба да е компетентен и информиран оти него ако не му даваме значење, рековме да не се правиме гугл доктори... За мене е некомплетна една таква изјава од страна на еден доктор, а често е давана, и буди сомнеж и во компетентноста на тој доктор и во споредните ефекти кои таа би ги предизвикала. Сакав само да речам да не се чудиме од каде иде стравот или преголемата претпазливост. Баш од вакви работи. Недоречени и недообјаснети.
така се препорачуваше кога се рашири аферата дека ммр предизвикува аутизам.Па ајде родителиве чим толку се плашат,нека чекаат до 2-3 да прозбори фино детето.Нели на таа возраст и се дијагностицира најпрецизно аутизам,и да не го поврзат со вакцинирањето.
Напротив. Не си давам. Имаше смајли кое го прелета. За која цел пишувам ? Па зарем треба да барам оправдување за пишување ? Зарем треба да се срамам што поделувам сознанија кои се логични ? Јас цврсто стојам зад својот став околу бесмисленоста на вакцните и нивната тотална неучинковитост ембашка очајностите што ги предизвикува. Така и пред 200 страни тука, а така и после здравје 200. Целта е загребувањето под тепихот со запалена логика. А така, на понекој ќе му стане јасно. Не од мене, туку од некои други стручни лица во областа. Ќар неам. Можеби понекогаш понекое благодарам што ми помогна да ги отворам очите. Привидната, лажна заштита што ја креираат вакцините, во многу случаи го постогнуваат обратниот ефект, па се јавуваат епидемии во комплетно вакцинирани популации, истите тригерирани токму од вакцините. Пали логика, дали постои ист организам кој е и вакциниран и невакциниран, за да би се докажала теоријата на учинковитоста. Подеднакво може да заболат и едните и другите. Моите деца прележале дел од детските болести кои порано беше препорачано да се прележат. Заштита за навек. Сурпресирањето на истите можат да предизвикаат други проблеми и нивно одлагање за подоцна, кое може да има очајно лош ефект. За останатите, не би се повтарал. Само како инфо е дека во последните 50 години полио имаш во случаи САМО од вакцинален сој. Алтернативата ја имаш, само пак ќе кажам - не ја гледаш. Секако повторно ќе можеш да пукаш по самарот кога неможеш по магарето. Деградациите одамна ми се пројдени. Поистоветуваш совет со мисија. Како јас советувам некој да не внесува некого во здравствен систем ? Пак не конташ. Лекар се консултира при евентуален проблем, не кога проблем нема. Во Италија, во тек е менување на закон за да нема поврзаност ( условување ) кој се наметна набрзинка. Ете кај нас наскоро ќе се воведе, она што во Италија ќе се трга. И битно е, како не е битно. Право на избор мора да има, особено каде што постои ризик. Ајде одбери нешто од погорново па продолжи да ме малтретираш
Мене конкретно матичната ми има кажано ммр покасно да се прими. Кажа и нејзиното покасно ја примило. Вели составот е премногу агресивен за 13м бебе. Не кажа аутизам. Сепак, и докторите не се на чисто и не се согласни си календарот.
Ова е сепак поиздржан совет. Влева некоја сигурност и делува покомпетентно. Кај мене сеуште никој ја нема примено...искрено не знам ни дали ќе ја примат. На жалост не сум наишла на некој кој компетентен и посветен да не советува. За сега имам сомнежи.
@makedonkamak вакцина за стрептокока не е задолжителна, самата си реши да ја прима. Мислам дека знаеш за која вакцина пишува @kukla21, а ако не се лажам и ти доста време ја одложи и се плашеше од истата.
Значи во моментов, немаме проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на вакцините, тек у ЕУ, за 10 години.
Не знам дали е политика, ама прв пат се испаничив од вакцина. Дури и ја однесов мојата пред месец дена за ММР, не вратија ради црвено грло. Среќа.
Мислам дека е апсолутно небитно што Косми или кој било друг ќе каже после ова. Министер е ова, доктор специјалист. Он ја има прегледувано ќерка ми, ми остави одличен впечаток.
Баш за тоа и зборував. Оние кои треба да советуваат, да споделуваат информации и да разјаснат секоја недоумица или страв се предизвикувачи на истите. И да бил човек на чисто со сам себе дека слепо ќе верува во вакцина и здравствениот систем, здравствените работници, на еден или друг начин, се честа причина за одложување или стопирање на вакцинацијата. Кој бил “паметниов” кој смислил рекламава се прашувам