Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    :) пак истиот филм со вакцините. Ама овие од новите се, прочистени, подобри...
    А до сега со што ги боцкавме децата? (facepalm)
    Инаку околу темава со вакциниве некако фокусот е на ммр и на аутизам а реално многу повеќе случаи има на дечиња со последици од дитепер.
    Што се однесува до ммр, после примањето на вакцината дечиња кои немале никакви алергии и нетолерантност на нешто стануваат нетолерантни на лактоза, на глутен, на казеин...Имам еден куп такви примери околу себе. Кај некој поизразени кај некои со послаба реакција.Докторката во диспанзер ми рече дека до сега не ја поврзувале вакцината со нив ама имало нагло зголемување на број на дечиња со гастролошки проблеми кои претходно ги немале- ама немало начин да се докаже дека вакцината е причинителот. :x Вас може да ви е ситен проблем ама мајка која треба здраво да нарани детенце со ваков проблем прашајте ја како и секој ден. Алергиите на храна се најчеста последица од ммр, ама на кого колку ми е битно. Ако не е аутизам не се важи работава. Стотици нусефекти има од една вакцина, кои поизразени, кои се јавуваат подоцна...
     
    На emkaemka и yarre им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Она е ептен за. Без грам сомнеж. Ете, ти си реална. Јас кажав дека доста доктори што знам не вакцинираат или носат од странство. Излезе рекла-казала слушам, да консултирам стручно лице. @TarantulaA министеров стручен ли е?

    Кога кажав дека дитепер е "пострашна" ми рекоа тука плашам трудници.
     
    Последна измена од модератор: 22 август 2018
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Постои нешто што се вика Статистика и истата е во комплетна полза за про вакцинација.
    Исто постои и лоша стратегија, идиотски ПР, и партиски идиотизам, како што можете да видите во случајот со Вилипче.
     
    На TarantulaA, CameliaMiller, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Знаеш што ми има кажано доктор за примена на статистика во медицина? Успех од 50% што значи?
     
  5. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Пишав порано овде дека кога бев на разговор со докторка за вакцините ми рече: "Деее што си се исплашила толку за ммр, дтп е стопати пострашна" и ова со чекањево да прозбори и прооди детето била чиста глупост што докторите само ја измислиле. Нејзини зборови се ова. Демек родителиве наплашени од аутизам се повеќе не вакцинираат ,па ете за да не биде детето зборуваше и одеше до пред вакцината донесете ги кога ќе прозборат и проодат убаво. Тоа мене лично не ми е никаква утеха ниту пак ме убеди да вакцинирам со вакцина која штетата што ја нанела може да исплива на површина и години подоцна.
     
    На yarre, referentka и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Ете сеа ќе почнам да верувам повеќе во нашиве доктори,и да барам повеќе мислења за дијагнозите.Само за пари кој да лапне повеќе од тендерите на сметка на здравјето наше.Сега иде најдоброто хахаххах циркуз.
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.106
    Допаѓања:
    225.620
    Пол:
    Женски
    Поголем доказ дека не третираат ко џукели од ова нема.
    Ако сакате асални вакцини гласајте ме. Ако не ќе ги трујам децата и ќе ве казнам ако не боцкате
     
    На NarCis@, emkaemka, TarantulaA и 7 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.825
    Допаѓања:
    325.620
    Пол:
    Женски
    Filipce испадна бетер и од Нино
     
    На NarCis@, TarantulaA, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    Не е задолжително, но во најава е да биде од наредна година.
    Не се плаши членката од ммр, општо бара инфо за се.
    Јас кога почнав да читам т.е сите мајки тој период на големо одбегнуваа да боцкаат. Немаше некој што тогаш ја прими. Јас отидов во септември на 18 месеци кс да провериме пред боцкање, испадна леу. покачени. Дете без симптоми. После следеше стомачен вирус и трауми доби од лекар, боцкање итн...
    Затоа пишам секаде , барајте стручно мислење околу истово. Со Ммр најлесно помина, сега за стреотокока не знам како ке ја однесам? Плаче штом слушне збор - вакцна.
    Малиот го вакцинираш , ти,?
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    88.872
    Пол:
    Женски
    Многу лош и глуп политички маркетинг.Друго нема што да се каже на оваа глупост!
    Се надевам дека лекарите ке реагираат или ке ја повлече.
     
    Последна измена: 22 август 2018
    На NarCis@, TarantulaA, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @makedonkamak поливалентните ги прими, имаше голем оток на цела нога, нигде во картонот не внесе докторката дека изреагира така иако пријавив. Ревакцината од таа причина не ја ставам, иако покани добивам секоја недела. ММР не ја примаме дури не направиме алерго тест, а пред 3 години не ми го признаваат во диспанзер. И после тоа ќе размислувам дали ќе ја прими ако не е алергичен на јајце.
     
    На NarCis@ и makedonkamak им се допаѓа ова.
  12. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Не, ова е одлично признание дека во македонија стига се најлошо по квалитет.
     
    На emkaemka, anastasijaki, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Па нели глупави бевме, не му верувавме на системот, читавме од гугл, неинформирани, прости, секакви. Требаше да му веруваме на здравството, а не на квази статии на нет. Еве послушавме твој совет, сега му веруваме на министерот, и на нашето здравство. Ќе вакцинираме кога ќе влеземе во еу.
     
    На emkaemka, kukla21, katte82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    Душиче, а што ти даде објасување докторката за тоа?
    На ревакцина мојава без температура, а со малку дијареа вечерта помина.
    Добро, испитај ти се што мора и послр одлучи за Ммр. Мојава помина најлесно, исто и внука ми, а таа во градинка одеше,плус.
     
  15. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    https://www.dw.com/mk/филипче-антивакциналните-кампањи-се-темелат-на-псевдонаука/a-43577021

    Филипче: Антивакциналните кампањи се темелат на псевдонаука
    Државата во целост гарантира за квалитетот на вакцините, вели во интервју за Дојче Веле министерот за здравство Венко Филипче. Смета дека не смее да остане несанкционирано ширењето невистини и замајувањето на јавноста.---гарантирал во април сега август пу пу не важи.

    Во минатото имаше бројни поплаки за квалитетот на вакцините. Дали државата и Вие како министер гарантирате за квалитетот на вакцините во земјава?

    Во потполност се гарантира за квалитетот на вакцините, затоа што истите се од реномирани производители од земји на Европската унија (Франција, Белгија, Бугарија) одобрени производители од страна на СЗО кои ги исполнуваат сите потребни стандарди. Вакцините од производителот до краен корисник – децата, се транспортираат, складираат и чуваат на соодветна температура од 2-8 степени. Секоја пратка се прима и проверува од страна на преставници од Министерство за здравство и Агенцијата за лекови, а Агенцијата за лекови по опсежните анализи издава одобрение за пуштање во промет. Да напоменам дека овие вакцини се употребуваат и во земјите каде се произведуваат.-----Аха европски вакцини за у нато и во еу,а досегашниве кинески беа или?
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    88.872
    Пол:
    Женски
    Зарем не ја гледате политичкава позадина?:headbang:

    Најсмешни сте што и вие го користите истиов маркетинг како некаков доказ на сопствените ставови.
    :lol:
     
    На Yowannty, TarantulaA, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @makedonkamak од лепенките за температура е беше одговорот. Цела недела имаше црвен оток по должина на бутот до долу, рекација на течноста од вакцините.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Ама доктор е нели треба да му верувам а да не читам на интернет или како што љубите да кажете гугул?Ти политичка позадина гледаш од оваа изјава и кампања?!
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    88.872
    Пол:
    Женски
    Да, треба.
    Ти не гледаш во изјавава политичка кампања?
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Не бе, срцка, тебе те послушувам, како што не учеше. Од сега не верувам на статии на нет, само на министерот. Сепак е релевантен извор човекот. :)
     
    На Centurion, emkaemka и kukla21 им се допаѓа ова.